Политика
Зрелост
Пишува: Слободан ЧАШУЛЕИзборите се испит на зрелоста на една нација. Која и да е нација на светот, без исклучок….
В недела и македонската нација оди на проверка. Двојна.Под нација ги подразбирам сите народи на кои им припаѓа нашата држава, без исклучок. Тоа е, впрочем, еден од двата наши испита што ги полагаме в недела, најголемата, би рекол, проверка на нашата зрелост: дали сме спремни на македонската нација да гледаме како на квалитетен собирок на македонскиот народ, на Албанците, Турците, Србите, Ромите, Власите, Бошњаците и сите други неспомнати Нигеријци, Суданци, Евреи и Палестинци, Арапи… Бугари и Грци!В недела се гласа и за таквиот квалитетен исчекор на нашето комплексно општество од 19 во 21 век. Вистински квантен скок! Ако се потврдат анкетите, Македонија ќе ја докаже својата зрелост со влегувањето на Имер Селмани во вториот, отсуден круг! Таквата завршница на овие бледи, недоречени и во сенката на криминалот избори, во последен момент ќе им донесе вистински квалитет. Имер Селмани не ќе може да го достигне својот и албанскиот дострел на векот, без македонската зрелост и спремност и тие со таквото гласање да се најдат во друштвото на ретките народи, граѓани на светот, на новиот храбар свет!Пробивањето на Селмани низ предрасудите што на обете страни на овој наш заеднички од по трње до зрелоста виреат со години, плод на манипулација од голем маштап, ќе ја разоружа групацијата непомирени и развластени наследници на “авангардата на работничката класа”, што небаре Јеховини сведоци ни проповедаат катаклизмичен суден ден со секоја победа на ВМРО-ДПМНЕ! Не само што ќе докажеме дека не е грев да се гласа за муслиман, туку дека Бог е во народот со сите негови лица. Морам, тука, со едно браво Попе, на отецот од Неготино да му одадам признание. Да, победата е од Бога дадена, но Бог е во сите нас! Во демократиите на слободни граѓани, и политиката паѓа пред волјата на нацијата!Со трката Ѓорге Иванов – Имер Селмани во вториот круг ќе ги разоружаме и сите оние кои уште од сега бараат на овие избори скачка за да ги прогласат за недобри. Имено, со кој аргумент таканаречената “меѓународна заедница” ќе ја правда својата немоќ пред етничкото чистење што Грција и нејзиниот шовинизам (да не речам нацизам) го спроведува врз сите нас, која го тера Брисел и сите земји-членки да одат против својата волја и вредностите на Унијата и да бараат од Македонија да капитулира, небаре во војна, пред условот за прием сведен на себепоништување?! Сосема речито ќе ì одржиме лекција на ЕУ во лицето на Грција и ќе покажеме колку далеку сме ги надминале нивните стандарди. Нема лутење, господа, Грција и нејзиниот фашизам се лицето на Европа пред нашите граѓани. Нашите луѓе, идните граѓани и на ЕУ се постојано изложени на лагите на таквите како Љубомир Данаилов Фрчкоски и нему сличните дека треба да потклекнеме, да се поништиме и да извршиме ЕУ-таназија за да му удоволиме на грчкиот фашизам. Тие тоа нема да го сторат! Ќе загуби ЕУ, ќе загуби Грција. Но, не и ние!На овие избори на нас граѓаните, припадници на македонската нација составена од Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци и сите други, ни се дава можност со уривањето на стереотипиве за нас да го осуетиме пучот што развластените СДСМ-овци, го спремаат за да дојдат на власт со тоа што ќе докажеме дека: интелектуалец, универзитетски професор може да биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ; Албанец може да биде претседател; Македонија може да се ослободи од стереотипот издигнат до паничен страв дека сме неслободни секогаш кога СДСМ не е на власт; и, конечно, да куртулиме од стереотипот сè што не е од споменативе стереотипи нè води во пропаст!Испитот на зрелоста не е тежок. Спречете го ударот врз слободата и враќањето назад, не гласајте, за атентаторот, за шверцерот, за расистот што бие жени, за клеветникот, за нарцисот, себевљубениот Љубомир Данаилов Фрчкоски. Имате алтернатива: Иванов, или Селмани.Послушајте ги сограѓаните од анкетите, дајте ì шанса на Македонија минатото конечно да ì го остави на повеста, а неговите создавачи и узурпатори да ги испрати на буништето на историјата!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски од Чаир: На Македонија ѝ треба обединување и единство, а не поделби, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи 1 милијарда евра за проекти во сите општини
Се чувствува победничка атмосфера и енергија, тоа е важно за сите нас и ни дава мотив да продолжиме посилно да се бориме. Овие денови кои ни преостануваат треба максимално да се мобилизираме, а најновите анкети кои ги добив утрово велат дека ќе биде голема победата и на 24 април и на 8 мај, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Чаир.
Мицкоски истакна дека сега во Македонија имаме политичка гарнитура која повеќе од две децении е на власт, тоа се ДУИ чија суштина се поделби и грабеж на народот.
– Кога ќе анализирате која е суштината на ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби, Бујар Османи, Талат Џафери и останатите, кај нив нема ништо посебно тие само го делат народот по етничка основа и така опстојуваат. Дали некој може да се сети некоја добра работа која Али Ахмети и Артан Груби ја имаат направено, но можам да кажам десетици лоши работи, рече Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека сега ДУИ сериозно ќе бидат изненадени на овие избори, а им се познава нервозата затоа што после 8 мај треба да одговараат за сето она што му го направија на народот, за целиот грабеж.
Мицкоски се осврна на проектите кои ги планира идната влада од ВМРО-ДПМНЕ и посочи дека се планира да се инвестира 250 милиони евра секоја година во општините, 1 милијарда во 4 годишен мандат.
– Во Чаир ќе има висока сума, еден од проектите е проширување на булеварското решение на влезот од Бит Пазар кон Чаир и тоа мора да се направи и го повикувам градоначалникот да се пријави со повеќе проекти. Тоа ќе додаде вредност во квалитетот на живеење. На Македонија и треба обединување и единство не поделба, потенцираше Мицкоски.
Мицкоски додаде дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ планира да отвори нови 55.000 работни места, да функционира со владеење на правото на целата територија и нема да има територии каде ќе владејат шерифи.
Да обезбедиме пристојни услови за поголем инвестициски бран и од странство и од домашни инвеститори за да може децата да останат тука. Мораме и тие кои си отидоа да ги вратиме назад. Да обезбедиме надеж. Ве повикувам на 24 април сите да се обединиме околу број 2 и да гласаме за Гордана Силјановска Давкова, а потоа да се обединиме и заедно на 8 мај да испишеме историја за коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски.
Македонија
Доц. д-р Бобан Карапејовски: Ќе обезбедиме вработување на најдобрите 200 студенти, како и стипендии од 500 евра месечно
Носителот на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 1, Бобан Карапејовски на денешната прес конференција рече дека во програмата на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија за парламентарните избори, наречена „Проглас за достоинствена Македонија“ еден од приоритетите се образованието и науката, кои се суштински за градењето силна и просперитетна држава.
„Во Прогласот за достоинствена Македонија на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, предвидовме два сегменти: зголемување на достоинството на вработените во образованието и во науката и поставување нов систем, со кој овој сектор ќе се врати во фокусот и ќе помогне во создавањето функционално писмен и високообучен кадар, како и продлабочување на
научните истражувања“, рече Карапејовски и додаде: „Во однос на првиот постулат, достоинството на вработените во образовниот сектор, е предвидено платите на наставниците и на професорите да се зголемат до 100 % од актуелните. И, тоа е најмалку што можеме да направиме за да му го вратиме угледот на учителот и да ги привлечеме најдобрите да бидат
даскали на нашите деца“.
Тој потенцира дека за најдобрите студенти ќе се обезбедат стипендии во износ од 500 евра месечно, а за најдобрите двесте студенти вработување во научните и во институциите на системот.
„Партиските вработувања мора да запрат! Не смее партиската книшка да биде услов за вработување. На универзитетите и во државните институции треба да работат најдобрите за најдоброто за сите нас. Ни треба научен подмладок веднаш, како и
ревизија на условите и зголемување на квалитетот на акредитираните универзитети, кои се множат на секој чекор, а не даваат квалитет“, рече тој.
Карапејовски рече дека наставните програми и планови ќе се усогласат со модерните технологии и достигнувања и појасни дека ќе се изгради систем што ќе поттикнува креативно, аналитичко и логичко размислување кај учениците, но и ќе поттикнува креативност во областа на бизнисот и на финансиската едукација. Учебниците ќе бидат усогласени со новите наставни планови и програми и напишани од најдобрите автори, навреме доставени до учениците.
Тој исто така рече дека издвојувањата од буџетот за науката ќе се зголемат, а ќе има и посебни стимулации за оние што успеваат да објавуваат во најпрестижните списанија и да соработуваат со колегите од најдобрите светски универзитети, како и посебни субвенции за таканаречните национални дисциплини.
Македонија
Пендаровски: Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека на 8 мај победуваме!
На само неколку дена пред првиот круг на гласање, од Скопје кандидатот за претседател Стево Пендаровски искажа верување дека по повеќе од три децении независност, македонските граѓани многу добро знаат да препознаат чија програма е реална, а која е во расчекор со времето во кое живееме.
„Овој претседател и оваа политичка гарнитура никогаш не давале лажни надежи и ветувања за брза реализација на стратешките цели на државата. И денес пред вас, не велам дека Македонија за само неколку години ќе биде најразвиената држава во Европа, не ветувам дека целиот тој процес ќе трае само неколку месеци, но, говорам и повторувам секаде дека најголемиот ризик е ако на изборите им дадеме шанса на оние за кои претходно веќе видовме како владеат со луѓето цели 11 години“, истакна Пендаровски.
Пендаровски денеска повика на масовна излезност на 24 април и на 8 мај, за како што рече, да не се враќаме во режим.
„Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека победуваме на 8 мај. Со заокружување на бројот 1 продолжуваме кон Европа и кон развиениот свет и дефинитивно не се враќаме назад во режим и заробена држава“, рече Пендаровски.