Политика
Папата ги покани македонските уметници во Ватикан

Монсињор Раваси истакнувајќи ја поддршката на Светата столица на Втората светска верска конференција која ќе догодина во Охрид, упатил и покана за учество на македонски уметници на редовната средба на Папата со уметници од светот, информираат од минситерството за култура
Македонската министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска која претстојува во Рим во државната делегација што ја предводи Претседателот Ѓорге Иванов по повод одржувањето на манифестацијата „Македонија во чест на свети Кирил“, остварила средба со претседател на понтификалниот совет за култура Џанфранко Равас. Притоа, монсињор Раваси изразил благодарност за поканата за присуство на претставник од Ватикан на свеченото отворање на Спомен-домот на Мајка Тереза во Скопје, при што . ја истакнал и поддршката на Светата, столица во реализацијата на Втората светска верска конференција која ќе се одржи следната година во Охрид. Воедно упатил и покана за учество на македонски уметници на редовната средба на Папата со уметници од светот, која годинава ќе се одржи на 21 ноември во Сикстинската капела во Ватикан. И годианва на оваа манифестација која, традиционално, секоја година се одржува во Рим и во Ватикан, Република Македонија се претставува со богата културна програма во која се опфатени концертот на етно-групата „Баклава“, концерт на женскиот младински хор при Младинскиот културен центар, изложба на документи на новите изданија на Државниот архив на Република Македонија насловена „Македонија низ вековите“, како и монодрамата „Филип 2“ во режија и изведба на Петре Темелковски. Инаку, во декември се навршуваат 15 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Република Македонија и Светиот престол и во таа насока, на средбата било разговарано тој ден да биде одбележан со соодветна културна програма.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Охридскиот рамковен договор е важен документ кој донесе мир и ги отвори вратите кон евроинтеграциите

„Рамковниот договор, потпишан на денешен ден пред 21 година во Охрид, стави крај на конфликтот од 2001 година и отвори почеток на ново поглавје во политичкиот живот на Македонија. Охридскиот рамковен договор е важен документ, неиздвоив дел од историјата на државата, договор, кој донесе мир, правична застапеност на заедниците во општестениот живот, соживот во мултиетничкиот карактер на македонското општество. Тој е патоказот кон стабилната иднина, документ кој ги отвори вратите кон евроинтеграциите на државата и пример за надминување на поделбите“ соопштија од СДСМ.
Од партијата велат дека „државата во изминатите две децении се издигна над поделбите, во општество пример за соживот, толеранција, социјална правда, еднакви можности за сите граѓани“.
„Денеска, благодарение на одговорните и државнички политики на СДСМ, Република Северна Македонија го живее концептот „Едно општество за сите“, како полноправна членка на НАТО, со започнати преговори за членство во Европската унија. Денес нашиот територијален интегритет е заштитен од најмоќниот сојуз на светот, денес државата е еднаква со демократскиот свет. По 21 година од потпишувањето на Рамковниот договор нема делби, туку инклузивно и мирно решавање на сите предизвици, посветеност на економскиот напредок и благосостојбата на сите граѓани“ велат од владејачката партија.
Македонија
СДСМ: Неспособните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ удрија по џебот на граѓаните

„Додека ВМРО-ДПМНЕ од Белата плата глуми загриженост за економскиот стандард на народот, нивни функционери тераат луксузни одмори, а нивните градоначалници дополнително им го загорчуваат животот на граѓаните“ обвинуваат од владејачката СДСМ.
Оттаму порачуваат „освен што 10 месеци не работат ништо, неспособните локални власти на ВМРО-ДПМНЕ ги трошат парите на граѓаните на лускуз, ги партизираат општините и јавните претпријатија, кои тонат во долгови“.
„Со прст не мрднаа да им помогнат на граѓаните, напротив дополнително удрија по џебот на граѓаните, со покачување на цените на комуналните услуги.
Само во општина Штип за 100 проценти е зголемена цената на ѓубретарината. Покачени се давачките и во општина Виница, општина Радовиш, Прилеп.
Додека цените на услугите растат, јавните претпријатија раководени од ВМРО-ДПМНЕ се полнат со партиски кадри“ се вели во партиското соопштение на СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ бара кривична одговорност за Бочварски и Ковачевски

„Неспособноста на власта на СДСМ и ДУИ повторно излезе на виделина. 6,5 милиони евра државата платила за пенали поради нереализација на пругата, втората делница кон Бугарија. Ем нема пруга кон Бугарија, ем 6,5 милиони евра помалку во Буџетот. Бочварски, но и Ковачевски мора кривично да одговараат за оваа штета врз Буџетот на Македонија, како и штетата да ја платат со сопствениот имот. Одговорност за ова катастрофално работење мора да има“. Ова е ставот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопштението од партијата се вели и дека „министрите од оваа криминална власт ги бива само за сликање и потпишување на протоколи за соработка со соседите, но целосно се неспособни да изградат еден километар железничка пруга. Помпезно најавуваната изградба на пругата како дел од добрососедските односи со Бугарија остана заглавена во Протоколот со направена милионска штета врз џебот на граѓаните“.
„Со 6,5 милиони евра кои државата ги даде за камати и пенали можеа да се набават десетици патнички вагони, лакомотиви, а можеа да се реконструираат и десетина километри од железнички пруги во Македонија. Недомаќинското работење со државните пари, граѓаните ќе го казнат на следните парламентарни избори. Секој украден денар од Буџетот ќе биде вратен и секој кој украл од граѓаните ќе одговара“ обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.