Контакт

Политика

Што крие Фрчкоски?

Објавено пред

Сејачите на магла, разголени од Форум, упорно ја кријат со вешти манипулации и директна, експресна употреба на речиси мртвата Фабрика вистината за најголемата корупциска афера во нашата историја: купопродажбата на FYROM.Фрчкоски го продал името на Република Македонија и сакајќи да го исплаши, наместо да го спречи заговорот, прифатил да го осакати претседателот Киро Глигоров, бидејќи не прифаќал поткуп! Лесно нашле заеднички јазик со тајкуните на

dobivaj vesti na viber

Пишува: Екипа на Форум Од Вистината не се бега. Сеедно дали сите едновремено ја гледаат – ќе ја здогледаат; сеедно дали ја признаваат конечноста на фактите – ќе сфатат дека како што небото нема скалила, морето нема капак, умирачката нема чаре, така и Вистината – ниту можеш да ја надвисиш, ниту да ја покриеш, а уште помалку од неа да се спасиш. Не се заборава. Да поминат и уште 13 години и Љубомир  Д. Фрчкоски да понуди уште еден сведок кој ќе ги разоткрие сите шеми и јазли на службите за државна безбедност, никој во оваа држава нема да заборави дека 3 октомври и без атентатот на Киро Глигоров ќе беше значаен ден во македонската историја. Да не беше обидот за убиство на првиот претседател на независна Македонија, Собранието ќе гласаше за измена на државното знаме и на Уставот, а маса од неколку десетици илјади народ се закануваше дека ќе ги урива институциите на државата поради продавањето на идентитетот. Такво беше спонтаното сценарио за 3 октомври 1995 г., очигледно не во полза на владејачките структури на СДСМ. Затоа смислија друго сценарио, се решија да го убијат Глигоров, божемски. Нацијата потресена од настанот, со сочувство за моментот во кој кревката држава остана без претседател, не забележа, или барем се направи дека не забележува, кога два дена по атентатот го промени знамето, а само една недела подоцна и Уставот, со што ì се удоволи на Грција во нејзините апсурдни барања. ПОРАЗИТЕЛНИ ПОТВРДНИ ОДГОВОРИ Форум не може да ги одмолчи фактите, нема да игра во платеничката драмолетка полна хартиени гладијатори во пустата арена на Оазата на мирот, па затоа јавно прашува: 1. Дали е вистина дека во Обединетите нации, во НАТО, во Европската Унија, во речиси сиот меѓународен сообраќај нашата држава ја викаат FYROM – БЈРМ? 2. Дали е вистина дека претседателот Глигоров депонирал изјава пред службени лица дека му е нуден поткуп за да го смени името на Република Македонија? 3. Дали е вистина дека Фрчкоски јавно напиша дека куфер со пари е донесен од Грција во Министерството за внатрешни работи кога тој беше министер, токму во времето кога му е нуден поткуп на претседателот? 4. Дали е вистина дека врз Глигоров е извршен атентат во времето кога Љ.Д.Ф. беше министер и кога на претседателот му е нуден поткуп? 5. Дали е вистина дека на денот на атентатот Собранието всушност требаше гласа за измена на државното знаме затоа што претходно имаше дил за тоа помеѓу СДСМ и Грција? 6. Дали е вистина дека истрагата откри (а потоа се забошоти) дека “фиќото” што го запре автомобилот на претседателот за да биде изложен на експлозија припаѓал на службеници на МВР? 7. Дали е вистина дека возилото во кое се возеше Глигоров е добиено на подарок од познат мафиозо, украдено некаде? 8. Дали е вистина дека атентаторите добивале команда на полициска фреквенција во времето кога Љ.Д.Ф. беше министер?! Одговорот на сите овие прашања е потврден. Се чека само уште на Јавното обвинителство и на судот, се разбира, за да се добие и потврда на тврдењето на Форум дека Бранко Црвенковски нарача, УДБ/ДБК изврши, а Фрчко сè уште покрива. СЕПАК СЕ СМЕНИЈА ВРЕМИЊАТА Ова е само врвот на ледениот брег факти објавени во медиумите кои и во тоа време беа под контрола на режимот на Б.Ц. и Љ.Д.Ф. Допрва ќе следат и други. Се сменија времињата, јавноста е многу позрела и покритична од кога и да е порано. Се смени и довербата! Ако на овие прашања изведени од потврдени факти се погледне од денешна перспектива и, како што стручно укажува некогашниот шеф на ДБК Слободан Богоевски, од повеќе агли за да се утврди и некој друг интерес за заплашување на претседателот Глигоров, тогаш повеќе од логично е атентатот, исто така, да биде и јасна порака до шефот на државата, кој не сакал мито, купопродажбата на нашето име да остане докрајна тајна! Не можеа да го казнат без да ја загубат неговата позиција, па решија да го замолчат, тврдат повеќе разузнавачки извори, како и луѓе на тогашната растурена ДБК! Доволно е да се фрли око во новинските архиви, или во НУБ.  Ако тргнеме по логиката што доминира во јавноста и ако прифатиме дека толку е доволно, тогаш заклучокот е јасен: организираниот криминал на кој во тоа време му пречел упорниот Глигоров, кој отиде дури во Белград да предупреди дека нема веќе простор за маневра, за кршење на блокадата, за шверц во име на државата, доби уште еден сојузник, се вкрстија и обединија интересите тогашниот влијателен претседател – да биде онеспособен и замолчан! Љ.Д.Ф., според сите факти набројани во прашањата, го продал името на Република Македонија и, сакајќи да го исплаши, наместо да го спречи заговорот, прифатил да го осакати претседателот, бидејќи не прифаќал поткуп! Лесно нашле заеднички јазик со тајкуните на Б.Ц.! Глигоров јавно, пред некое време, преповтори дека му нуделе пари за името! Тој за Форум потврди дека одбил! Одби, и го осакатија и него и државата. САМ СВОЈ СВЕДОК?! Поранешни високи структури во ДБК пред и во времето на атентатот ì тврдат на редакцијата на Форум дека всушност Фрчкоски сам себе се сведочи (или клевети?!) кај јавниот обвинител Шврговски. Изворот од ДБК вели дека Фрчкоски одамна ја знае приказната за “демек германската” фотографија и дека токму од неговиот министерски кабинет во 1995 г. исчезнале доказите дека таа е, всушност, “македонско масло” на високите структури во МВР на Фрчкоски и на владата на Црвенковски. Професорот Љ.Д.Ф. се одлучи на македонската јавност да ја продаде само едната страна на паричката, онаа дека има “крунски сведок” кој го откри не поради вистината, ами, како што пишува во најновата колумна во Дневник, за да види “дали во оваа држава сè проаѓа”, па дури и “најидиотски приказни”. Но Љ.Д.Ф. заборава дека “пу-пу не важи!” – не важи во играта на големите. Посочувањето а ла “фатете го крадецот” е премногу наивна стратегија која треба да си ја дозволи еден еминентен професор. Особено затоа што знае многу повеќе за атентатот отколку што открива. “Лично јас му ги предадов негативите и фотографијата од амито во неговиот кабинет (н.з., во министерскиот кабинет на Љ.Д.Ф.), за потоа оттаму и да исчезнат доказите”, ни сведочи поранешниот функционер на ДБК. Уште повеќе што тој функционер му подготвил и извештај за истрагата на атентатот на Глигоров. “Изготвив извештај во 13 точки за тоа каде е промашена истрагата, но и каде исчезнуваат докази”, вели поранешниот раководител во ДБК. НАЈМАЛКУ 4  КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ Ваквата низа факти проверени во јавноста и признаени од (со)учесниците треба да е доволна за најмалку 4 кривични пријави: за обид на убиство врз Киро Глигоров и нанесени телесни повреди, за заговор против Претседателот на Републиката и за велепредавство и кршење на Уставот, за продажба на името! Токму затоа, кога конечно почна да се разоткрива оваа чудовишна афера со трајни и тешки последици, чуварите на ликот и делото на Љ.Д.Ф., не криејќи ја својата платеничка лојалност, тргаат во сеење магла. Целта е по секоја цена да се сврти вниманието од купопродажбата на FYROM како мотив за атентатот врз Киро Глигоров, исто толку силен и присутен како и тој на шверцерите, црноберзијанците и вистинските злосторници за во Хаг. Требаше да се најде нешто што може, макар и лажно, да се прикаже како пострашно од митото од милион долари, амфората, златниот ролекс и Господ знае уште што за да го смениме името во БЈРМ! Не им успева, и во паниката, вадејќи се, се дозаглавија. ПОТТИК ДА СЕ РАЗОТКРИЕ И ВИСТИНАТА ЗА 2001. Дадоа поттик и за отворање на вистината за конфликтот во 2001 г., со што нивната улога докрај ќе се разјасни. Тоа е посебно и уште потажна приказна како на Македонија ì се скрои капата и потстрижа главата од “берберите”, како што се самонарече Љ.Д.Ф. во тоа време, бегајќи од осудата во јавноста дека како автор на Рамковниот договор дал повеќе отколку што се барало. Мендух Тачи и Али Ахмети, нивната пресметка што трае на видело, ќе ги исфрлат македонските квислинзи, пишувачите на капитулацијата. Еден од нив беше Љ.Д.Ф. Јавноста со нетрпение ги чека документите и исказите што конечно ќе ги побара Обвинителството од актерите во атентатот. Ќе чепне, според нашите информации, и во купопродажбата на името, аферата со куферите злато, часовниците, амфорите… за до може потоа да ги повика надлежните да ја здогледаат, ако не ја гледаат, врската помеѓу најголемата корупциска афера: купопродажбата на FYROM и атентатот врз Претседателот на Републиката со пишувањето на планот на претседателот Борис Трајковски, неговата мистериозна и неразјаснета гибел, како и смртта на Ана Линдт. Околу Љ.Д.Ф. на неразјаснет начин ИСЧЕЗНУВААТ документи, искази, имиња но и тие што предупредуваа дека ќе ја кажат вистината за пучот во 2001 г., за локалниот, домашен криминален заговор против Република Македонија… МВР доби прецизни насоки од Обвинителството Посебен тим е задолжен во Министерството за внатрешни работи за расветлување на атентатот на поранешниот Претседател Киро Глигоров. Министерката Гордана Јанкулоска во вторникот соопшти дека МВР од Обвинителот добило неколку прецизни насоки по кои веќе почнало да постапува и за што е формиран посебен тим како зајакнување на веќе постоечкиот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија41 минута

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за популистичка егзибиција, време е да се престане со националистичко родео

Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција. Со тоа тие ја...

Топ1 час

Претходно осудувано лице: скопјанецот кој го усмрти пешакот со мотоцикл, немал возачка дозвола

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен скопјанец, осомничен за -Тешки дела против безбедноста на...

Топ2 часа

МНР со детали за несреќата во Србија: загинатиот Македонец има 39 години, тешко повреден е уште еден македонски државјанин

МНР соопшти дека до Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е доставена информација за сообраќајна незгода. Според соопштението несреќата...

Македонија3 часа

МВР со апел до граѓаните: да не отвораат линкови од СМС пораки, можат да бидат цел на криминални групи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека во изминатиот период се забележани зголемен број...

Македонија5 часа

Јаневска: Во изминатите седум години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку, се празнат училниците

Во седум изминати години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се...

Македонија5 часа

Предлогот на Мицкоски за даночење на самците кореспондира со идеите од авторитарни режими, реагира Мрежата за заштита од дискриминација

За време на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија – Развој на стратешки документи за демографска отпорност“, претседателот на...

Топ6 часа

Драма во Шуто Оризари – насилници со палки, боксови и со клоци претепале вработен во „Водовод“

Тројца насилници со железни и дрвени палки, клоци и боксови претепале вработен во „Водовод“ пред пунктот на претпријатието во Шуто...

Македонија8 часа

Поднесено обвинение против директорот на болницата за геријатрија за примање поткуп од 20.000 евра

Обвинителството поднесе обвинение против директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин Арифи, и уште за...

Македонија8 часа

Владата размислува да ги даночи немажените и неженетите, рече Мицкоски

Владата размислува за дополнителни даноци за немажени и за неженети, соопшти премиерот Христијан Мицкоски говорејќи дека е време за држава во...

Македонија9 часа

Од денеска до вторник топлотен бран во Македонија, се активираат препораките за заштита на населението

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во согласност со прогнозите од УХМР и врз основа на акцискиот план за...

Топ10 часа

Уапсен 42-годишник од Радовишко, силувал 77-годишна жена

На втори јули, во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишиле од слобода 42-годишниот А.С. од...

Топ10 часа

39-годишен Македонец е загинатиот во несреќата во Србија

Во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Нови Сад – Суботица загина македонски државјанин, додека друг се...

Македонија11 часа

Најголем интересот за студии по медицина и социјална заштита, порасна бројот на запишани студенти за една година

Во академската 2024/2025 година се запишале 53.535 студенти, што претставува зголемување од 2,3 процента во однос на претходната година. Според...

Регион11 часа

(Видео) Студенти уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани, најавија студентите на големите собири синоќа. Žandarmerija u Cvijićevoj. pic.twitter.com/IEpLk4p9d8...

Свет12 часа

(Видео) Трамп: Не постигнав никаков напредок во разговорот со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера им изјави на новинарите дека не постигнал никаков напредок во врска со завршувањето на војната...

Европа13 часа

(Видео) Брутален руски напад врз Киев по разговорите Путин – Трамп

Руските сили започнаа повеќечасовен ракетен и беспилотен напад врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, насочен кон станбени...

Регион14 часа

(Видео) Студентите: Тотална блокада на Србија наутро; Вучиќ: Ве молам, вразумете се

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани. Студентите го најавија ова на големите собири синоќа. Тие најавија...

Македонија14 часа

Приближно половина час се чека на Богородица и на Табановце

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија14 часа

Сончево и многу топло, температурата денеска до 40 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе...

Топ1 ден

Уапсен мотоциклистот кој усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на...