Контакт

Политика

Нестатутарното работење на Живко Јанкулоски во ПОДЕМ продолжува, обвинува членството

Објавено пред

Претседателот на партијата ПОДЕМ,поранешниот вицемпремиер за земјоделие, повторно е обвинуван дека авторитарно ја води партијата, донесува нестатутарни одлуки исклучува од партијата членови кои бараат почитување на статутот и не мислат како него

dobivaj vesti na viber

На седницата на Централниот одбор во Прилеп оддржана минатиот викенд претседателот Живко Јанкулоски по повод поддршката од 25 општински организации на иницијативата за негова одговорност заради нестатутарно работење поднесена од општинската организација Бутел, селективно покани претседатели на општински организации од кои побара да демантираат дека се потпишале на поддршката. Присутни беа претседатели на пет-шест општински организации. Јанкуловски не го прифати предлогот да се одржи посебна седница на Централниот одбор на која ќе бидат поканети сите претседатели на општинските организации кои ја поддржале иницијативата и на која ќе се дискутира за одговорноста на претседателот, туку брзајќи да се заборави неговата одговорност за нестатутарно работење обвинил член на Надзорниот одбор за злоупотреба на партискиот печат и предложи негово исклучување.И повторно нестатутарно, како што велат членови на ПОДЕМ, Живко Јанкулоски со минимален кворум донел одлука на Централниот одбор со која исклучил член на Надзорен одбор иако во Статутот на партијата точно е пропишано дека за одговорноста на член на Надзорен одбор расправа органот што го избрал, тоа е Конгресот на партијата, а не Централниот одбор. За ова кршење на Статутот беше предупреден од страна на потпретседателите Благоја Марковски и Ванчо Чабуковски кои го штитеа интересот на партијата и статутарното работење на органите на партијата.Давањето поддршка на Предлог за барање одговорност е демократско и статутарно право на секоја општинска организација на ПОДЕМ, без истата или нејзиното членство да трпи некакви последици заради изнесените ставови, впрочем тоа е пропишано и со Статутот на ПОДЕМ.Од општинста организација на ПОДЕМ од скопската населба Бутел, велат: „Да го потсетиме претседателот Јанкулоски дека при правењето на партијата се договоривме да не бидеме оптоварени од култот на личноста и доследно да ги афирмираме и практикуваме вредностите на демократијата, што впрочем е преточено во нашата Програма и нашиот Статут.  Почитувањето на Програмата и Статутот е една од основните вредности на секој поединец во ПОДЕМ што треба да го практикува и Претседателот.“

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет37 минути

Трамп нареди да им се одземе државјанството на децата на илегалните имигранти; Активистите го тужеа

Застапниците за правата на имигрантите и застапниците на граѓанските права, вклучително и Американската унија за граѓански слободи, поднесоа тужба со...

Свет49 минути

Кина за повлекувањето на Трамп од СЗО: Оваа организација треба да се зајакне, а не да се ослабува

Улогата на Светската здравствена организација (СЗО) треба само да се зајакне, а не да се ослабне, соопшти денеска кинеското Министерство...

Свет3 часа

Првите одлуки на Трамп: Помилувани 1.500 напаѓачи на Конгресот, преименуван Мексиканскиот Залив

Новиот американски претседател Доналд Трамп го потпиша првиот сет на извршни наредби на крајот од неговата церемонија на полагање заклетва...

Европа3 часа

(Видео) Пожар зафати хотел во ски-центар во Турција, најмалку шест мртви

Во пожар во хотел во ски-центар во северозападна Турција загинаа шест лица, а 31 беа повредени, јави државната телевизија ТРТ....

Свет3 часа

Трамп вети дека ќе ја заврши војната во Украина за 24 часа: „Имам уште половина ден да го направам тоа“

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека планира да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин веднаш штом ќе се договорат...

Свет4 часа

Орбан: Честитки за Трамп, сега е ред да го окупираме Брисел

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, еден од ретките европски лидери блиски до Доналд Трамп, му честиташе на новиот американски претседател, велејќи...

Свет4 часа

(Видео) Трамп ги потпиша првите извршни наредби пред преполната арена: Можете ли да замислите Бајден да го прави ова, не би рекол

Доналд Трамп положи заклетва како 47-ми претседател на САД, отворајќи уште еден турбулентен четиригодишен мандат со ветувања дека ќе ги...

Свет4 часа

Шефот на НАТО: Со Трамп на чело на Америка алијансата го пали турбопогонот

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте очекува дека враќањето на Доналд Трамп на местото претседател на САД, брзо и значително...

Свет5 часа

Ердоган: Трамп вели дека ќе стави крај на војната, ние ќе направиме сè што е потребно

Турција има намера да ги задржи добрите односи што ги имаше за време на првиот мандат на Доналд Трамп и...

Свет16 часа

Трамп: Ќе запрам нелегален влез, ќе прогласам национална вонредна состојба на јужната граница

Во своето инаугуративно обраќање, претседателот Доналд Трамп вети златно доба за Америка, неколку минути откако по вторпат положи заклетва како...

Свет19 часа

Бајден го објави последното селфи од Белата куќа

Во тек е инаугурацијата на Доналд Трамп. Церемонијата во црквата е завршена, по што Трмп се упати кон Белата куќа....

Македонија19 часа

Нормализирана испораката на топлинска енергија

Нормализирана е испораката на топлинска енергија откако утрово повеќе скопски општини останаа без парно греење поради зголемени загуби на вода...

Македонија19 часа

Мицкоски во САД разговарал со Такер Карлсон кој лани го привлече вниманието на светската јавност поради интервјуто со Путин

Премиерот, Христијан Мицкоски, на социјалните мрежи објави фотографии од повеќе средби кои ги остварил во Вашингтон, пред инаугурацијата на претседателот...

Топ21 час

Трагедија во Делчево: се запали куќа, загина 37 годишен маж

Пожар изби во селото Чифлик, Делчево утрово, пришто едно лице го загуби животот. Според информациите од Центарот за управување со...

Македонија21 час

Се запалил оџакот, а од него и покривот во домот за стари лица во Кавадарци, евакуирани сите станари, од кои пет биле неподвижни

Триесет лица, од кои пет неподвижни, се евакуирани од домот за стари лица, што се запали во селото Чемерско, Кавадарци....

Македонија22 часа

Граѓаните ќе може да ги отповикаат градоначалниците што ќе бидат избрани наесен, Перински вели дека законот ќе биде применлив  

Референдумското отповикување градоначалници, од кои граѓаните не се задоволни, ќе почне да се применува од локалните избори наесен. Министерот за...

Македонија1 ден

30-дневен притвор за Раде Трајковски-Штекли и за уште осум лица

Кривичниот суд Скопје го прифати барањето на Обвинителството и одреди 30-дневен притвор за Раде Трајковски – Штекли и уште осум...

Топ1 ден

19-годишник од Радовиш не застанал на знакот за запирање, па со автомобилот удрил во работна машина: во неговото возило пронајдени мигранти

Вчера околу 20.00 часот на автопатот Демир Капија – Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при...

Македонија1 ден

Изгубени странски туристи безбедно извлечени преку езерото Матка

Вчера, на крајот од денот, по стемнувањето, на 112 во ЦУК е добиена пријава од странски државјани (турски), туристи, кои...

Регион1 ден

(Видео) Пожар во дом за стари лица во Србија, осум загинати, неколку повредени

Осум лица загинаа, а неколку се повредени во пожар што утрово околу 4 часот и 30 минути избувна во дом...