Контакт

Политика

ОЗМ: Натпреварот Македонија-Шпанија да биде достапен за сите

Објавено пред

Обединети за Македонија ја повикува владејачката партија веднаш да врати околу 15 илјади билети и да го направи натпреварот Македонија-Шпанија достапен за сите грагани

dobivaj vesti na viber

„Обединети за Македонија го осудува обидот за манипулација дека проблемот е решен но и обидот да се префрли  одговорноста кај други. Со најновата одлука да се заменуваат билетите со нови кои треба да се  нумерирани, се прави уште поголем и непотребен скандал на два дена пред натпреварот, но и дополнителни  трошоци за сите грагани на рм  кои регуларно веќе купиле билети.“, се вели во денешното соопштение на партијата на Љубе Бошкоски. Според ОЗМ, вистинскиот проблем и хаос се создал кога владејачката партија ги купила во еден ден најголем дел од билетите а со тоа го партизирала спортот од и „па дури и не се загрижи колкава  штета предизвика по мегународниот углед на Република Македонија“, обвинува ОЗМ. Обединети за Македонија го повикува премеирот Никола Груевски да се откаже од намерата да говори на Националната арена  Филип втори, за што наводно набавил  15 илјади билети за партискот членство на ВМРО-ДПМНЕ, кое како обвинува ОЗМ, според некое сценарио треба да му аплаудира пред телевизиските камери.Обединети за Македонија се осврнуваат и на анкети кои го покажуваат високиот рејтинг на премеирот груевски, кои тие ги оценуваат за нарачани и се сомневаат во нивната веродостојност. „Го потсетуваме премиерот Никола Груевски дека ова е  спорт, а не  политичка кампања. се работи за меѓународен натпревар од големо значење,  се работи за гостување на европскиот првак и втората светска фудбалска сила која нашите граѓани сакаат и заслужиле да го видат.“, се вели во денешното писмено обраќање до ајвноста на Обединети за Македонија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Извлечено девојчето кое падна во дол над Струмица, има повреди на главата

Шестнаесетгодишното девојчето кое падна во дол над Струмица е извлечено и во моментот се наоѓа во струмичката болница, соопшти директорот...

Македонија15 часа

Тошковски: Ќе преземеме мерки за секој граѓанин да го извади својот документ достоинствено и во разумен рок

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во својот прв работен ден оствари работни посети во Одделението за управни работи Скопје...

Македонија15 часа

Самка Ибраимоски повикан во полиција поради закани кон судија од Уставниот суд

Самка Ибраимовски од партијата ПЦЕР и поранешен пратеник е лицето кое уставниот суд го пријавило поради закани. Тој бил повикан...

Македонија15 часа

Невреме со пороен дожд, грмежи и град го зафати Прилеп

Прилеп е зафатен од нестабилна воздушна маса, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на град. Попладнево...

Македонија16 часа

Нема да има фудбалчиња во кабинети, нема да ни се случуваат „ролс ројс“ и „мајбах“ возила, порача Мицкоски на првиот работен ден

Очекувам убави денови и тоа е нашата порака дека ќе градиме онаму каде што овие пред нас оставија неуспешни проекти...

Македонија17 часа

Таравари почна со разрешување на клиниките: „Очекувам за два месецa повеќе да нема економски директори“

Новиот министер за здравство, Арбен Таравари, најави дека почнува со разрешување на економските директори на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, на...

Македонија19 часа

Закани за животот упатени кон судии пријавил претседателот на Уставниот суд во МВР

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, денеска поднесе пријава до Министерството за внатрешни работи за упатени закани за животот и...

Македонија20 часа

Игор Филков ја презеде функцијата министер за правда, ветува враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Игор Филков ја презеде функцијата министер за правда. Министерот најави дека во својот мандат ќе преземе реформи во сферата на...

Македонија21 час

(Видео) Примопредавање во Владата: Мицкоски ја презеде премиерската функција

Во Владата на Република Северна Македонија, досегашниот претседател на Владата, Талат Џафери, му ја предаде премиерската функција на новоизбраниот претседател...

Македонија21 час

Герапетритис: Флагрантно кршење на договорот од Преспа од страна на раководството на Северна Македонија

Одлуката на државното и политичкото раководство на Северна Македонија да не се користи „уставното име на земјата во јавниот дискурс...

Свет22 часа

Борел: Путин се подготвува за долга војна, конфликтот на Блискиот Исток може да се прошири

Шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел, истакна дека рускиот претседател Владимир Путин се подготвува за долга војна и предупреди на...

Свет23 часа

Бројот на загинати за време на годинешниот аџилак се зголеми на повеќе од 1.300

Бројот на починати за време на годинешниот аџилак во Мека се зголеми на 1.301, изјави денеска министерот за здравство на...

Македонија23 часа

Левицата: Уапсени моќници со дрога блиски до Максим и ЗНАМ во Охрид

Во текот на минатата недела, во акција на Охридската полиција, со поголема количина дрога беа уапсени три лица, кои се...

Свет23 часа

Најмалку 15 полицајци и неколку цивили убиени во кординарани терористички напади во Русија

Во терористичките напади во Дербент и Махачкала, во јужната руска република Дагестан, загинаа повеќе од 15 полицајци и неколку цивили,...

Свет23 часа

Екипажот на товарен брод во грчка сопственост полесно повреден од напад на Хути во Црвеното Море

Екипажот на товарен брод, кој пловел под знамето на Либерија и е во сопственост на Грција, полесно е повреден во...

Македонија23 часа

ЦУК: 2.699 повици на 112 во последното деноноќие, невреме во Тетовско и Скопско и 15 пожари на отворено, два сѐ уште активни

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 699 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи...

Македонија24 часа

Голем број пријави за поплавени куќи и улици, прекини и во снабдувањето со струја: ЦУК за невремето во Тетово

Како последица на невремето што во попладневните часови го зафати Полошкиот реон проследено со силен дожд и град, на телефонскиот...

Македонија1 ден

Избрана новата Влада на чело со Христијан Мицкоски

Со 77 гласови „за“, 22 гласови „против“ и без воздржани беше изгласана новата Влада. Христијан Мицкоски е 13-ти премиер, а...

Македонија1 ден

Мицкоски: Ќе ја кажам срамната придавка, во моментов сум немоќен

Луѓето што ме знаат, тие знаат дека мојот збор планина тежи. Ќе правам се додека сум жив неправдата да ја...

Македонија1 ден

(Видео) Оградата од мостот во Автокоманда падна врз две возила

Дел од оградата заедно со рекламно пано од железничкиот мост во Автокоманда паднале врз две возила во движење, во екот...