Контакт

Политика

Груевски со три ипол пати поголем рејтинг од Црвенковски

Објавено пред

И кај партиите владејачката партија на премиерот Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ води со поддршка од 24,9 пред СДСМ 9,5, ДУИ 7,1, НД 2,6 и ДПА 1,9 отсто. Со високи оценки се перцпирани од испитаицте и работата на Владата и на Претседателот Иванов

dobivaj vesti na viber

ВМРО-ДПМНЕ со поддршка од 24,9 проценти има најголем рејтинг меѓу политичките партии, втора е најголемата опозициска партија СДСМ со 9,5 проценти, трета е коалициониот партнер во власта ДУИ со 7,1, а по нив следуваат Нова демократија со 2,6 и ДПА со 1,9 отсто, а другите партии имаат доверба помала од еден процент. Анкетатат на Институтот за демократија е спроведена од 1 до 3 септември врз репрезентативен примерок од 1.110 испитаници. Процентот на испитаниците кои не дале одговор на прашањето „Доколку утре се одржат парламентарни избори за која партија би гласале?“ или воопшто не се определиле за ниту една партија е 52,4 отсто. Меѓу политичарите најголем рејтинг има премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски за кого се изјасниле 27,1 отсто од анкетираните, а следи Бранко Црвенковски, лидерот на СДСМ, со 8,5 проценти поддршка. Кај албанските партии прв е претседателот на ДУИ, Али Ахмети со 6,7 отсто а следуваат Имер Селмани од НД со 2,9 и Мендух Тачи од ДПА со 1,4 проценти, а повеќе од еден отсто, поточно 1,1 проценти, е и рејтингот и на актуелниот градоначалник на Гостивар, Руфи Османи. Дека не му веруваат на ниеден политичар, се изјасниле 36 отсто од анкетираните. Во однос на перцепцијата за оценката на работата на најважните домашни и странски институции со можна оценка од еден до пет, кај домашните највисока оценка добиле Владата и Претседателот Ѓорге Иванов со просечна оценка од 2,95 односно 2,78. Невладиниот сектор за својата работа добил оценка од 2,96, а Собранието е оценето со 2,55, опозицијата со 2,47 и судството со 2,37. Средна оценка од 2,96 добиле и странските организации. Запрашани за мислење за водечките политичари во државата, поголем процент позитивно мислење наспроти процентот на оние што негативно се изјасниле имаат само премиерот Груевски и претседателот Иванов за кои позитивно се изјасниле 46,8, а негативно 32,7, односно 37,6 наспроти 33,1 процент. Поголем негативен процент во однос на оние со позитивно мислење имаат Селмани (позитивно 35,5 – негативно 40,5 отсто) Црвенковски (позитивно 23,4 – негативно 51,3 отсто), Ахмети (позитивно 19,7 – негативно 54,4) и Тачи (позитивно 9,7 – негативно 65,5 отсто).Мнозинството од анкетираните граѓани ја поддржуваат интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО.На прашањето како би гласале на референдуми за влез во ЕУ и во НАТО, поддршка за ЕУ искажале 83,9 проценти од анкетираните, а за НАТО се определиле 83,1 отсто. Негативен став во однос на двата референдума имаат осум проценти од испитаниците.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион9 часа

(Видео) Маж од Јабланица: Спасивме момче чии родители загинаа на лице место, детето беше под ѕид

Аднан Ѓелмо кој во најтешките моменти спаси животи во Јабланица го сподели со Дневни аваз најтешкото искуство во денешниот катастрофален...

Регион9 часа

(Видео) Нереални снимки од Босна и Херцеговина, местото се претвори во река, отсечено е од светот

По обилните дождови во Босна и Херцеговина, многу градови беа погодени од поплави, одрони и свлечишта, меѓу кои и Бутуровиќ...

Македонија12 часа

Ахмети: „Вреди“ да се повлече од узурпацијата на институциите без легитимитет, а ние нема да станеме дел од Владата, и заедно да го прекинеме ова понижување на Албанците

Преку статус на Фејсбук, лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, ги откри петте приоритети и ги повика „Вреди“...

Македонија12 часа

Меџити за можни преговори со Тачи: Во наредниот период ќе има повеќе информации, јас лично немам такви преговори

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити изјави дека засега нема преговори со Мендух Тачи...

Македонија13 часа

Нема потреба од закони за амнестија за намалување на пренатрупаноста во затворите, Коцевска охрабрува да се даваат условни казни со надзор

Месно нови закони за амнестија за намаување на пренатрупаноста во затворите, судијката Билјана Коцевска од Основниот кривичен суд Скопје охрабрува...

Македонија13 часа

Одложено судењето за Вања и Панче: еден од притворените е на Нефрологија поради влошена здравствена состојба

Основниот кривичен суд Скопје денеска информира дека притвореникот Б. В., кој е еден од обвинетите во предметот со К. бр....

Македонија16 часа

Има интерес од доктори што работат во приватните да се вратат во јавните здравствени установи, рече Таравари

Има интерес од доктори што работат во приватните клиники да се вратат во државните, истакна министерот за здравство, Арбен Таравари,...

Топ17 часа

Загина 15-годишно момче на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка

Вчера околу 21:40 чсаот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка во населбата Карпош се случила сообраќајна несреќа со трагичен крај. Малолетник...

Македонија17 часа

„Филипче и по цена на животот на граѓаните не се откажуваше од тендерите, така во модуларната во Тетово изгореа 14 граѓани“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„За да одиме напред, мора да имаме информации за минатото, поточно што ни остави владата на СДС. Актуелниот претседател на...

Свет18 часа

Објавена фотографија од човекот поради кој Израел синоќа и утрово го бомбардира Бејрут

Израелските напади во Бејрут во четвртокот доцна вечерта и денеска рано наутро по локално време беа насочени кон Хашем Сафиедин...

Македонија18 часа

„Анима мунди“: Со огнено оружје во Визбегово осакатени миленици, се убиваат животни од локален психопат

„Видете ги овие грозоморни фотографии: кошмар преживуваат животни и жители на Визбегово од локален психопат, кој стрела по живи цели,...

Свет18 часа

Експлозии во Бејрут, Израел продолжува да напаѓа: гаѓани бункери, цел бил човек кој би можел да стане нов лидер на Хезболах

Околу полноќ Израел изврши напад врз подземен бункер во јужните предградија на Бејрут, каде што се одржуваше состанок, на кој...

Свет18 часа

Бајден: Не верувам дека ќе има сеопфатна војна на Блискиот Исток

Американскиот претседател Џозеф Бајден рече дека верува оти може да се избегне сеопфатна војна на Блискиот Исток, наведувајќи дека треба...

Свет18 часа

Ким Џонг-ун се закани со нуклеарен одговор доколку се наруши суверенитетот на Северна Кореја

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека неговата земја нема да се двоуми да ги употреби сите расположливи офанзивни сили,...

Свет1 ден

Макрон: ЕУ може да умре ако не стане поконкуретнтна со САД и Кина

ЕУ може да умре ако не стане поконкурентна со САД и Кина, предупреди францускиот претседател Емануел Макрон. „Унијата регулира премногу,...

Македонија1 ден

(Видео) Во Прилеп утре Ден на жалост, по трагичната несреќа во која загинаа три медицински лица

Во Прилеп, утрешниот ден се прогласува за Ден на жалост поради трагично загинатите медицински лица, кои утрово ги загубија животите...

Скопје1 ден

Кривичната од МВР е политички мотивирана, градежната дозвола за тениските терени е од времето на Груевски, тврди Општина Карпош

По повод информацијата дека Одделот за криминалистичка полиција при Министерството за внатрешни работи поднело кривична пријава против една скопска општина...

Македонија2 дена

Мицкоски по најавите за протести од ДУИ: Доколку од мирни и демократски, преминат во насилство, ние мораме да ги одбраниме институциите

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека омекнала реториката на ДУИ, која сега најавува протести откога првичните обиди за дестабилизација ѝ биле...

Македонија2 дена

Радиолог, гинеколог и радиолошки технолог загинаа во сообраќајната несреќа кај Прилеп

Во тешката сообраќајна незгода на патот Прилеп – Битола загинаа радиолог, гинеколог и радиолошки технолог. Преку социјалните мрежи за нивната...

Македонија2 дена

За еден месец има шест пријави за врсничко насилство, Јаневска најави измени за психолозите и педагозите да си ја работат само својата работа

Министерството за образование, изминатиот месец, од почетокот на школската година, добило шест пријави за врсничко насилство, извести денес министерката Весна...