Контакт

Политика

ВМРО-НП во Гостиварско започна со собирање потписи за „земскиот грб"

Објавено пред

Активисти и членовите на ВМРО-НП во Гостиварскиот регион, започнаа со активностите за собирање потписи за поддршка на иницијативата со која земскиот грб од 1620 г. треба да стане идниот државен грб

Од партијата информираа дека општинскиот комитет на ВМРО-Народна партија од Гостивар информираа дека биле дистрибуирани материјалите до подрачната единица на Министерството за правда во општинаската зграда во Гостивар и во месните канцеларии во Ростуше, Жировница, Маврови-Анови, Вруток, Скудриње, Чегране и Врапчиште.Во понеделникот во 14 часот до подрачните единици на Министерството за правда беа доставени обрасците за собирање 10 илјади потписи за предлогот за државен грб поднесен од ВМРО-НП, откако претходно беа направени последните консултации со Министерството за правда и од каде беше позитивно одговорено.Овластениот предлагач на ова граѓанска иницијатива, Марјан Додовски новиот претседател на вонпарламентарната ВМРО-НП.За три месеца ВМРО-НП треба да собере 10 илјади потписи од граѓани, за предлогот, златно-жолтиот лав на црвена заднина да се најде пред пратениците. Додовски ги повика сите граѓани да се потпишат на иницијативата без разлика на националната, верска и политичка припадност, затоа што смета дека предлогот ги застапува интересите на сите граѓани на Република Македонија.„Независно дали ќе има опструкции од најразличен вид, ние продолжуваме натаму со собирање 10 илјади потписи“, рече Додовски.Пртходно собраниската Комисија за политички систем установи дека граѓанската иницијатива е уредна а ја мина Законодавно-правната комисија.Првиот обид за покренување на граѓанска иницијатива за смена на државниот грб од Марјан Додовски беше одбиен од матичната собраниска комисија за правен систем како неуреден, затоа што стоте иницијални потписи не биле на образец од надлежниот државен орган.Илија Димовски од владејачката ВМРО-ДПМНЕ во септември изјави дека партијата стои зад лавот како евентуален симбол за државниот грб, но потсети дека за негово изгласување потребно е и т.н. Бадентерово мнозинство.И другите партии во Собранието се изјаснија дека овој предлог може да биде разгледуван, но не се изјаснија децидно дали ќе ја поддржат иницијативата.

Македонија

Обвинение за судијата Мустафа Шахини за злоупотреба на службената положба

Објавено пред

Управниот судија Мустафа Шахини наскоро треба да седне на обвинителна клупа во предметот за злоупотреба на службената положба и овластување со што го оштетил буџетот за 197 илјади евра. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција денеска му поднесе обвинение.

Обвинителството соопшти дека обвинетиот до неговиот избор за судијa кон крајот на 2007 година работејќи како адвокат презел дејствија и ги застапувал правните интереси на две физички лица, негови роднини, во oставинска постапка за градежно неизградено земјиште во Струга, со површина од 1.958.49 м2. Иако на нивниот правен претходник, по спроведена постапка за експропријација на земјиштето, со спогодба му бил определен и исплатен надомест за земјиштето што било предмет на оставинската постапка, тој повел постапка и пред Комисијата за одлучување по барањата за денационализација.

„Во меѓувреме обвинетиот бил избран за судија во Управниот суд каде била поднесена тужба по основ на молчење на администрацијата против Комисијата за одлучување по барањата за денационализација во врска со предметот за денационализација, а по кој обвинетиот постапувал претходно како адвокат. Управниот суд оформил предмет кој бил доделен во работа на обвинетиот“, соопшти Обвинителството.

Според Обвинителството од 10.09.2018 година до 24.01.2019 година, обвинетиот судија, постапувајќи спротивно на законските одредби го земал преметот во работа, иако знаел дека како поранешен застапник, адвокат на тужителите, не смеел да постапува и бил должен да се изземе од постапувањето по однос на тужбата, но тој не ја прекинал работата врз предметот и не го известил претседателот на Управниот суд за околностите.

Иако поднесената тужба била неуредна, обвинетиот не го повикал тужителот да ги отстрани недостатоците, ниту ја отфрлил тужбата, туку продолжил да постапува по неа. Преземајќи дејствија во предметот, Шахини оневозможил Државното правобранителство да се вклучи во управниот спор и да преземе мерки и правни средства за правна заштита на имотните права и интереси на државата.

Откако добил одговор само од претседателот на Комисијата за одлучување по барањата за денационализација, обвинетиот како претседател на совет, судија, писмено го известил полномошникот на тужителите барајќи да се произнесат по повод решението, на што полномошникот на тужителите до Управниот суд доставил поднесок со кој ја проширува тужбата и кон решението на Комисијата и бара Управниот суд да донесе одлука во корист на тужителите. Обвинетиот иако бил должен, тужбата да ја достави на одговор до надлежното Државно правобранителство за подрачје Струга, не ја доставил туку во рок од три дена донел пресуда.

Злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување, спротивно на законските одредби предметниот недвижен имот, крајбрежен појас, плажа во Струга, со пресуда го вратил во приватна сопственост на барателите иако земјиштето претставува јавно добро и не смеело да биде вратено во приватна сопственост, дотолку повеќе што за него веќе бил утврден и исплатен надомест на правниот претходник на тужителите уште во 1987 година.

Во исто време, за недвижен имот со површина од 171 м2 крајбрежен појас што не смее да биде вратен во приватна сопственост определил надомест во износ од 119.700 денари во вид на обврзници за денационализација. Свесно и со намера да оневозможи заштита на имотните права и интереси на РСМ., обвинетиот не доставил примерок од пресудата до надлежното Државно правобранителство заради право на жалба.

Како последица на тоа надлежното Државно правобранителство од Струга не поднело жалба, а обвинетиот со својот потпис овозможил пресудата да стане правосилна и врз основа на неа барателите да се впишат како сопственици на вратената недвижност во јавните книги на недвижности во Агенцијата за катастар на недвижности.

Само по десетина дена тие склучиле договор за купопродажба на предметниот имот со познаник на обвинетиот. Со ваквите дејствија обвинетиот злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување ги оштетил имотот и интересите на РС Македонија и нанел штета на буџетот во значителен износ од 12.164.413 денари.

Спорниот имот од моментот на започнување на истражната постапка е обезбеден и е изречена привремена мерка забрана за отуѓување.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Милошоски: Го повикуваме СДСМ да ја прифати иницијативата помилувани политичари да не се занимаваат со политика

Објавено пред

„СДСМ вчера имаше шанса да усвои какво сака автентично толкување, без да има опструкција од кого било во собраниската Комисија за законодавни правни прашања. Но, очигледно е дека во последен момент, некој подобар правник од министерката Дескоска им укажал дека доколку усвојат автентично толкување дека членот 11 не постои, истото толкување ќе мора законски да се вгради, односно поништи членот 11 во законот за помилување од 1993 година па наваму. И во тој случај единствениот дежурен политичар корисник на политички помилувања господинот Заев ќе паднеше повторно на суд, односно ќе мораше да биде отворен случајот ‘Глоба’, за којшто аболицираниот Заев беше помилуван во 2008 година“, изјави Антонијо Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа ги повикуваме уште еднаш, за да нема во иднина злоупотреба на какви било аболиции за политичари да ја прифатат иницијативата за надополнување на Законот за помилување и Законот за избрани и именувани функционери, каде што политичари коишто се помилувани нема да имаат можност да се занимаваат со политика или друга државна или јавна функција.

Во овој момент имаме двајца аболицирани политичари коишто се занимаваат со политика, тоа е премиерот Заев и вториот е државниот секретар во Министерството за локална самоуправа од Струмица којшто исто така беше помилуван за случајот „Глобал“ во 2008 година. Сметаме дека на ваквиот начин ќе може не само да се реагира во денешно време и да се превенира злоупотребата на политиката за аболиции, туку ваков еден законски текст и измени би влијаеле превентивно и воспитно во иднина да не можат политичарите да очекуваат аболиција за нешто што го направиле како криминално дејствие во текот на нивното вршење на функцијата“, рече тој.

Милошоски додаде дека во 2016 година кога Уставниот суд одлучувал за поништување на дел од измените на Законот за помилување од 2009 година, имало четворица уставни судии коишто имале издвоено мислење, не се согласувале со одлуката на Уставниот суд.

„Тие четворица судии се Габер Дамјановска, член на СДСМ, функционер на СДСМ, моментално директор на Академијата за судии и јавни обвинители, уставен судија Исмаил Дарлишта, судија Гзиме Старова, по предлог на претседателот Црвенковски е избрана за уставен судија и господинот судија денес претседател на Уставниот суд, Сали Мурати. Овие четворица уставни судии во 2016 година во издвоеното мислење тврдат дека уставниот суд со укинувањето на дел измените на Законот за помилување од 2009 година го враќаат во правна сила членот 11 врз основа на кој претседателот на државата може по своја оценка, а по интерес на републиката да носи поединечни акти за помилување. Затоа нашето главно прашање до СДСМ е кој го води правниот тим во оваа политичка партија каде што колку што има функционери и правници толку има различни мислења. И оваа правна конфузија во владејачката партија навистина е непотребно да ја внесуваат како правна несигурност во целата држава, а со самото тоа да создаваат и правна несигурност на граѓаните на судовите и на другите институции кои што треба да се занимаваат со вакви важни материи“, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Македонија

Поповски: Владата е прва во регионот којашто има стратешки план за борба против лажните вести

Објавено пред

Сајбер и хибридните закани, пропагандата, дезинформациите и лажните вести се глобален проблем и имаат потенцијал да го поларизираат јавното мислење, да промовираат насилен екстремизам и говор на омраза, истакна министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, на 4. Регионална конференција за координирана превенција од безбедносни ризици во Југоисточна Европа, денеска во Трст, Италија.

„Во таа насока е апсолутно важно да се има стратегија и акциски мерки за кибербезбедност. Тие треба да обезбедат сигурно, безбедно и доверливо дигитално опкружување, поддржано од квалитетни капацитети, кои се базираат на доверба и соработка во полето на кибербезбедноста – потенцираше Поповски.“

Министерот посочи дека нашата земја во изминатите две години во повеќе наврати се соочи со киберзакани и со значително ширење на дезинформации и го презентираше последниот детектиран хибриден напад врз премиерот Зоран Заев, од страна на хибридни центри за манипулација преку злоупотреба на идентитетот на Грета Тунберг.

„Ваквите хибридни Deep Fake напади врз демократските влади имаат цел да ги затворат и уплашат отворените општества. Тие се закана за транспарентните влади. Но, Владата на Република Северна Македонија нема да престане да биде отворена и транспарента во комуникацијата. Напротив, ние ќе ја зголемиме активната транспарентност на сите владини институции’’ – истакна министерот.

Понатаму во своето обраќање Поповски говореше за владиниот предлог-план за борба против дезинформациите и нападите врз демократијата.

„Како одговор на овие киберзакани и согласно заложбите за отвореност, отчетност и транспарентност, Владата на Република Северна Македонија е прва влада во регионот, вклучувајќи ги Бугарија и Грција, којашто има стратешки план за борба против лажните вести. Нашата цел е да ги зајакнеме националната безбедност и сигурноста на граѓаните и да ја браниме и унапредуваме демократијата“.

Во завршницата на воведното обраќање министерот потсети дека во јули оваа година на Глобалната конференција за слобода на медиумите во Лондон, Република Северна Македонија стана потписник на Глобалната заложба за слобода на медиумите, со којашто над 100 земји потписнички формираа Коалиција за поддршка на слободата на медиумите и се обврзаа да дејствуваат заедно за заштита на слободата на медиумите и новинарската професија.

„Пред нас е голем предизвик. Јас сум сигурен дека со заедничка соработка и со организиран фронт за борба против киберзаканите и лажните вести, ќе најдеме начин да ги заштитиме граѓаните и од ова зло ‘’– додаде министерот Поповски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Спасовски: Жалам што Обвинителството немаше храброст да одреди притвори за инцидентот во „Александар палас“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изрази жалење што Обвинителството немало храброст да одреди притвори за осомничените за пукањето во...

Македонија2 часа

Обвинение за судијата Мустафа Шахини за злоупотреба на службената положба

Управниот судија Мустафа Шахини наскоро треба да седне на обвинителна клупа во предметот за злоупотреба на службената положба и овластување...

Македонија3 часа

Собранието ќе одлучи дали треба Јовески да го преземе СЈО

На 11 декевмри на собраниската седница ќе се најдат измените на Законот за јавнообвинителска служба со кој треба да се...

Македонија6 часа

(Видео) Деспотовски: За жал, изборите ќе ги пролонгираат грантовите од Фондот за иновации

Изборите ќе ги пролонгираат грантовите што ги доделува Фондот за иновации и технолошки развој, најави Јован Деспотовски во интервју за...

Култура6 часа

„Медена земја“ е најдобриот документарец за 2019 според критичарите во Њујорк

Американската организација на филмски критичари од Њујорк „New York Film Critics Circle (NYFCC)“ синоќа ја додели наградата за најдобар документарен...

Регион7 часа

Радев: Во НАТО државите се поделени на произведувачи и купувачи

Бугарскиот претседател Румен Радев им порача на лидерите на земјите членки на НАТО дека иднината на алијансата не ја гледа...

Свет7 часа

Макрон: Прашајте ги Србите дали им се промени животот со отворањето на поглавјата

Францускиот претседател уште еднаш повтори дека е против отворање пристапни преговори пред реформите на преговарачкиот процес. Како што објасни Макрон,...

Македонија7 часа

Казна за загадувач кој фрли отпадни води во Бардовци

Со глоба во износ од 50 евра, казнето е физичко лице, за сторен прекршок – испуштање на отпадни води на...

Свет8 часа

Милиони работници на генерален штрајк во Франција, не работи транспортот и училиштата

Французите претрпуваат сериозен хаос и нарушувања во транспортот, бидејќи милиони работници се заканија дека ќе штрајкуваат во знак на протест...

Спорт8 часа

Фудбалските менаџери годинава заработиле преку 500 милиони фунти

На фудбалските менаџери ширум светот во 2019 година им биле исплатени 500 милиони фунти. Прва пат се случува вкупната заработка...

Европа8 часа

„Монд“: Руски шпиони ги користеле Алпите како главен камп за операции во Европа

Весникот „Монд“ пишува дека руски шпиони ги користеле Француските Алпи како главен камп за операции во Европа. 15 припадници на...

Свет9 часа

Макрон ќе организира самит за француското воено присуство во Западна Африка

Францускиот претседател Емануел Макрон, по смртта на 13 француски војници во хеликоптерска несреќа во Мали, изјави дека лидерите на Западна...

Свет9 часа

Пет европски држави го осудија лансирањето на 13 балистички ракети од страна на Северна Кореја

Европските држави повторно го осудија лансирањето на 13 балистички ракети од страната на Северна Кореја од мај годинава, наведувајќи дека...

Регион9 часа

Палмер: За сите земји од Западен Балкан сме подобар партнер од Русија

Пратеникот на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, во Сараево изјави дека Западен Балкан и натаму е...

Македонија19 часа

Трудо: Зоране Заев, добредојдовте на масата на НАТО

„Добредојдовте на масата на НАТО, Зоране Заев. Со нетрпение го чекам целосното пристапување на Северна Македонија во алијансата“, напиша канадскиот...

Македонија23 часа

Милошоски: Заев и Дескоска се правно неписмени, ги принудија пратениците да не донесат заклучок за членот 11

ВМРО-ДПМНЕ реагира по одлуката на Комисијата за законодавно-правни прашања, на која беше заклучено дека поранешниот претседател Ѓорге Иванов помилувал 56...

Македонија23 часа

Пратениците одлучија дека Иванов помилувал 56 лица преку непостоен член

Собраниската Законодавно-правна комисија попладнево донесе одлука дека Собранието не може да толкува правна норма што не постои, која се однесува...

Македонија24 часа

(Видео) Заев: Како дел од НАТО, Северна Македонија станува фактор за стабилност во регионот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во изјава за медиумите го оцени учеството на владината делегација на...

Македонија1 ден

Бојан Јовановски останува во притвор, aпелација ја одби жалбата

Апелациониот суд Скопје денеска ја отфрли жалбата за притворот на првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13. „Апелациониот...

Европа1 ден

(Видео) Трамп се налути поради озборувањето, го нарече Трудо дволичен и го напушти НАТО-самитот

Американскиот претседател Доналд Трамп нагло ја откажа прес-конференцијата и го напушти самитот на НАТО во Лондон. Непосредно пред тоа,  за...

Досие