Контакт

Политика

Лорин Мазел, диригент на новогодишните концерти на Виенската филхармонија

Објавено пред

Деновиве заврши големата европска турнеја на престижниот лондонски Филхармонија оркестар по повод 50-годишната соработка со легендарниот диригент Лорин Мазел, а на која како солист настапуваше македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески

dobivaj vesti na viber

Лорин Мазел, еден од водечките светски диригенти, на пошироката публика и’ е познат и по честото застанување зад пултот на Виенската филхармонија за новогодишните концерти. Тој е познат и како виолинист и композитор – неговата опера „1984-та” е базирана врз истоименото дело на Џорџ Орвел. Ако се има предвид дека првата лекција по диригирање ја имал на седумгодишна возраст, а дебито кога наполнил осум, тогаш навистина се работи за импресивна 70-годишна кариера исполнета со соработка со најдобрите светски оркестри и водечки инструменталисти и солисти, како и голем број реализирани снимки – прогласени за бисер-изведби на музичката литература.Настапите со Симон Трпчески беа директен повод за ексклузивното интервју што средбата живата легенда Лорин Мазел го даде за  Македонското радио.

Маестро Мазел, дозволете најнапред да Ви го честитам јубилејот 50 години соработка со лондонскиот Филхармонија оркестар. Кои се првите сеќавања за овој исклучителен период на заемност?- Првиот концерт на кој диригирав со нив всушност се случи пред 50 години. Се сеќавам дека бев обземен од убавината на звукот на оркестарот. Низ годините работеа со многу значајни имиња, како фон Карајан. Станува збор за високо професионален оркестар што има реализирано повеќе снимки од било кој друг оркестар во светот. Секако, низ годините се менуваа членовите на оркестарот, а со тоа и неговиот стил. Сепак, минаа пет децении, и само неколкумина од членовите паметам дека биле тука во последните 30 години. А Мазел е тука цели 50 години. Затоа, се чувствувам како преживеан. Се работи за тип на оркестар со кој јас сакам да соработувам, бидејќи и кај нив музиката е на прво место. Тие се одлични свирачи кои се грижат за музиката што ја свират и тоа на повеќе нивоа: тие се и техничари и уметници, а тоа прави голема разлика.

За македонската публика е особено интересен Вашиот избор за солист на славеничката турнеја да го одберете нашиот пијанист Симон Трпчески. Какво е Вашето мислење за него како музичар и соработник?- Првпат го слушнав во Њујорк пред неколку години кога дојде да свири со мене. Бев многу импресиониран од брилијантноста на неговото свирење и музикалноста. Концертите со Њујоршката филхармонија навистина беа многу добри. Во разговор со менаџерите на Филхармонија оркестарот од Лондон, кои добро го познаваат, помисливме дека би било сосема соодветно тој да биде дел од нашата турнеја и секако не зажаливме за таквата одлука. Тој е одличен, одличен музичар, исклучителен пијанист кој има одлична дарба за фантазија и прекрасен звук – нешто што го потврди на сцена деновиве.

Музичката јавност Ве препознава како еден од најдобрите диригенти на сите времиња. Колку е оптоварувачки тој момент во обидот да откриете кој е навистина маестро Мазел?Секако, јас не рамислувам на тој начин. Го работам тоа што го работам најдобро што можам. Имам голема дисциплина, но и големо количество страст за музиката што ја креирам и, што чудно изненадува, со годините уште поголема страст за музиката. Можеби токму затоа што како си минува времето се’ повеќе се чувствувам приврзан кон животот, тој ми станува се’ повеќе и повеќе важен. Со животот доаѓа и уметноста, како изведувач, доаѓаат изведбите, и колку што стареам се’ повеќе ја сакам музиката што ја изведувам и чувствата кон тоа што го работам имаат голем придонес за натамошно музицирање низ светот. Тоа ме прави исклучително среќен. Би сакал мигот кога ќе го напуштам животот на Земјава да ми биде во знакот на мислата дека сум придонесол со позитивен ефект кон развојот на класичната музика во иднина.

Во Вашиот редовно преполнет распоред, имате ли сеуште време за свирење виолина или за компонирање нешто ново? Еве веднаш по завршувањето на концертите со Филхармонија оркестарот заминувате за Валенсија каде што ќе ја диригирате „Мадам Батерфлај”. Преферирате повеќе опера или оркестарски дела?- Јас сум музички директор на Операта во Валенсија и ќе бидам и во следните година и пол, по што дефинитивно заминувам од таа функција.Но многу сум врзан за нејзиниот оркестар кој самостојно го формирав низ аудиции на секој инструменталист посебно и останувам посветен на развојот на операта таму. Се работи за неверојатно искуство. Се чувствувам многу добредојден во тој оркестар со кој имавме многу продукции за сеќавање, на кои сега ја приклучуваме и „…Батерфлај” на Пучини. Секако, ќе продолжам да диригирам со сета енергија, ентузијазам и посветеност, но во иднина повеќе како гостин-диригент низ Соединетите американски држави, Европа ,… па се’ до Далечниот Исток. Кој би било Вашиот совет до младите музичари кои се на почетокот од својата кариера, секако од аспект на Вашето огромно искуство?- За жал, иако се’ повеќе и повеќе млади луѓе, кои се исклучително талентирани, доаѓаат и има место за натпревар меѓу нив, во битката да се изборат за своето место под Сонцето, практично, нема место за сите на сцената на успехот. Се појавуваат проблеми во обидот да најдат ангажмани. Сепак, тоа во денешни услови се случува во сите сфери, без оглед дали сте банкар, пијанист или тенисер. Се’ повеќе луѓе ги прават нештата се’ потешки, но мора да имате предвид едно нешто: дека нема смисла да правите што и да е во животот ако тоа не Ви претставува задоволство и ако завршите правејќи нешто што го мразите најмногу на свет, тогаш сте си направиле себеси најголема противуслуга. Затоа, ако ја сакате музиката, без оглед дали ќе направите фантастична кариера или не, многу е важно да чувствувате задоволство додека музицирате. И ако е тоа Вашата судбина, тогаш следете ја.

Маестро Мазел, Ви благодарам за времето што го одвоивте за слушателите на Македонското радио и се надевам дека ќе можеме да Ве поздравиме и на нашата сцена.- Да, секако, би сакал еден ден да дојдам.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Опожареното место е затрупано со песок за да се спречи понатамошно тлеење на опасни материи, состојбата во Трубарево е под целосна контрола, уверуваат надлежните

Во Министерството за животна средина и просторно планирање денеска се одржа брифинг со медиумите за состојбата по пожарот во складиштето...

Топ23 минути

Скопјанeц ги убил девојката и татко и во Велес, па се самоубил

Денеска (15.09.2025) во 15:30 часот во СВР Велес е пријавено е дека на ул.,,Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско...

Македонија1 час

Нема зголемена радијација во почвата и воздухот по пожарот во Трубарево, соопшти ИЈЗ

Од Институтот за јавно здравје информираат дека се во континуирана координација со Инспекторатот за животна средина, Министерството за здравство и...

Македонија2 часа

Кирков до Арсовска: Знаете ли дека ви изгореа „Дрисла“, „Вардариште“, а Скопје е затрупано со смет кој не го собирате

Советнинкот во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков, со објава на социјалните мрежи ја праша градоначалничката...

Македонија5 часа

Ноќеска Итната помош 13 пати интервенирала во Трубарево, едно лице е пренесено на Токсикологија

Во текот на изминатата ноќ заклучно со попладнево во реонот на Трубарево се извршени 13 интервенции од Итната медицинска помош,...

Топ5 часа

Повреден 18-годишник, велосипедист во Чаир испукал кон него неколку куршуми и избегал

Ноќеска ургентниот центар на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во полиција пријавил дека кај нив е донесен 18-годишник повреден од огнено...

Македонија7 часа

(Видео) Ангелов: Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, состојбата во „Дрисла“ е драстично подобрена

Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, целата опожарена површина е затрупана со песок и земја. Утрово покажуваше на неколку места...

Македонија7 часа

(Видео) Хибридниот напад од странски центри е смешно алиби за неспособност на Мицкоски, вели Филипче

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска силно ги нападна изјавите на премиерот Мицкоски дека државата била цел на хибриден...

Македонија7 часа

За да нема чадење од „Вардариште“, треба да се најде пристоен дом за над 200 луѓе што живеат среде депонијата, а некои од нив потпалуваат, вели Тошковски

Во решавање на проблемот со депонијата „Вардариште“ треба да се вклучат сите институции, да им се најде соодветен дом на...

Македонија8 часа

(Видео) „Дуото Апасиев – Мециновиќ си пикнало во џебот милиони од партијата Левица, а на поддржувачите им велат донирајте ни пари“, вели Манасиевски

„Дуото Апасиев-Мециновиќ си пикнало во џеб милиони од Левица, а на поддржувачите им велат донирајте ни пари. Глумците Апасиев и...

Македонија8 часа

(Фото) Презентирано визуелното решение за новата Универзална сала

Денеска, пред македонската јавност беше презентирано визуелното решение за новата Универзална сала – модерен и функционален објект, кој ќе го...

Македонија9 часа

(Видео) Граѓаните го блокираа мостот „Близнаци“: секој ден без акција значи уште еден ден вдишување отрови

Граѓаните, утрово, од 7.30 часот, еден час ја блокираа крстосницата кај мостот „Близнаци“ помеѓу општините Аеродром и Гази Баба. „Овој...

Македонија9 часа

(Видео) Запленети 204 банкноти и монети за колекционерски цели

Запленети се 204 банкноти и монети за колекционерски цели, чија вредност е проценета на 700 илјади денари. Случајот е откриен...

Македонија10 часа

„Скопје се труе, Изет се крие: од потпретседател на Али Ахмети, заврши како портпарол на Мицкоски“, велат од ДУИ

„Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за еколошката катастрофа што го погоди главниот град по избувнувањето на пожарот во...

Македонија11 часа

„Доста беа приказни, за еколошката катастрофа во Скопје мора да има политичка и кривична одговорност“, велат од СДСМ

„Македонија има неспособна власт која раскажува приказни додека горат депонии и фабрики, а граѓаните ја плаќаат цената со сопственото здравје....

Топ14 часа

Двајца претепале човек во Паркот на жената борец: починал во болница, Обвинителството бара притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано...

Македонија24 часа

Побаран притвор за четири лица во врска со пожарот во Трубарево

Скопското Обвинителство поведе постапка против четири лица поради сомнение за загрозување на животната средина и природата со отпад, во врска...

Македонија1 ден

Се користи специјална пена врз песокта за да се доизгасне чадењето во Трубарево

Од опожарениот простор во Трубарево моментално има слабо чадење само од неколку места кои веќе се затрупани, информира директорот на...

Македонија1 ден

Онлајн настава една недела во четири училишта во Гази Баба поради пожарот во Трубарево

Министерството за образование и наука информира дека наставата во основните училишта „Крум Тошев“, „Његош“, „Вера Јоциќ“ и „Наум Наумовски Борче“...

Македонија1 ден

(Видео) Командантот на пожарникарите раскажа како се гаснел пожарот во Трубарево – на помош добиле хемиска пена, па стигнал и песокот

Скопските пожарникари во изминатите два дена интервенирале со целокупниот капацитет при големиот пожар во магацините за пластичен и електронски отпад...