Контакт

Политика

Јовановски: Власта да се откаже од „Скопје 2014“ во позла на стечајците

Објавено пред

Потпретседателот на СДСМ тврди дека во Буџетот има пари за решавање на проблемот на стечајците, но владејачката партија требало да се откаже од скапиот проект „Скопје 2014“ и да не манипулира со нив за политички поени

„Денес е тажен ден во Република Македонија. По толку многу фалби за економските реформи на Владата, за тоа дека сме биле втори и трети во Европа, денес сме сведоци дека стечајците од повеќе градови од нашата земја протестираат пред зградата на Владата. Бараат парче леб. Ништо друго не им преостана, тотално игнорирани од владините министри, оставени да прегладнат до крај во онаа мала собичка во Куманово. За каков проблем станува збор? Според евиденцијата на институциите во нашата земја се регистрирани 9.600 стечајци. Според самите стечајци нив ги има околу 12 илјади. Тие за секој стечаец бараат финансиска поддршка од 90 евра месечно, сé до нивно повторно вработување или пензионирање. За државното ќесе тоа е издаток од помалку од 13 милиони евра годишно за сите 12.000 стечајци.“, рече Зоран Јовановски, потпретседател за економски на опозициската СДСМ на денешна прес-конференција. Тој на премиерот Никола Груевски му советуваше да на стечајците да има ја даде финансиската поддршка што ја бараат, бидејќи според Јовановски во Буџетот имало пари за ова, но би требало власта да се откаже од, како што нагласи  “мегаломански проект ’Скопје 2014’“.„Второ, обезбедете механизам да се скрати времетраењето на стечајните постапки. Конечно нека завршат стечајните постапки што траат со години. Нека знаат стечајците на што се.“, додаде Јовановски барајќи од владејачката партија на денешната негова прес-конференција да биде одговорено за „м Немојте да одговарате на оваа прес конференција „со обвинувања за тоа каков бил СДСМ, Бранко Црвенковски, Зоран Јовановски.“, зато аштп спроед него тоа е замајување на  јавноста што никому нема да му помогне. „ВМРО-ДПМНЕ е дел од проблемот и тоа е факт. Само во Куманово, во периодот од 1998 до 2002 г., кога власта ја имаше ВМРО-ДПМНЕ, стечајни постапки беа отворени за ЗИК Куманово, ЧИК Куманово, Киро Фетак, Искра, Цигланата, Кожарата, Ангро снабдител, Текстил Промет, Агро сервис, Први мај, Жито мел, КЕН Куманово, и многу други фирми. Во истиот период во Прилеп стечајни постапки беа отворени за Билјана предилница, Агро Мариово, Политекс, Димче Бањарот, Партизан Прилеп и десетици други фирми. Такви случаи има уште многу во другите градови. Илјадници луѓе останаа на улица.“, рече Јовановски.Тој му порача на Груевски дека проблемот со стечајците не е проблем за политички поени. „Тоа е проблем на напатени и заборавени човечки судбини. Не им се лутете на луѓето. Заедно ги киневте јажињата од шаторите во паркот пред Собранието и потпишувавте договори со стечајците. Луѓето гласаа за вас, а сега се чувствуваат излажани“, рече Јовановски тврдејќи дека ВМРО-ДПМНЕ ја губи довербата на граѓаните, што според него е нормално. „И конечно, премиере Груевски, кажете им на стечајците директно в лице зошто досега не ги посетивте, зошто досега не сакавте да им го решите проблемот и што имате намера понатаму да направите. Објаснете им на стечајците како можат шмизлите, биковите, коњите, лавовите, барокот и восочните фигури да бидат поважни од живите луѓе кои гладуваат.“, порача потпретседателот на опозициските социјалдемократи.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Ѓорчев: Македонија победила многумина, ќе го победи и Заев

Објавено пред

Македонија победила многумина, Македонија ќе го победи и Заев, доаѓа времето за неговата оставка и подобри денови за македонскиот народ, рече на вечерашниот протест во Велес членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев.

Тој рече дека во Велес, како цела Македонија, народот се кренал да ги одбрани идеалите на револуционерите што го кренаа Илинден, на македонските партизани, кои извојуваа победа и донесоа слобода за Македонија во Втората светска војна.

„Тука, во Велес, на овој плоштад е таа симболика што ја гледаме и чувствуваме, тука се гемиџиите и онаа генерација Илинденци, но тука со нас, со својот паметник, е велешанецот Коста Солев Рацин. Тука сме и ние синовите и внуците и внуките на Македонија и затоа не се откажуваме. Знаеме дека е темница и нè тиштат овие работи, но не заборавајте дека идејата што почна во 1893 година почна од 6 луѓе“, рече Ѓорчев.

Тој додаде дека епопејата на НОБ почна на 11 октовмри 1941 од еден одред во Прилеп и еден во Куманово, а денес околностите се поинакви бидејќи, како што рече, политички се бориме, но сепак не се откажуваме и затоа секој ден ќе се бориме достоинствено против политиките на Зоран Заев.

„Оваа декемвриска темница со нашето достоинство, со нашата љубов кон Македонија, ги навестуваме македонската пролет и македонската зора, која ќе изгрее. Македонија победила многумина, Македонија ќе го победи и Зоран Заев. Ќе дојде времето за неговата оставка, ќе дојде време кога повторно на овој плоштад со вашите знамиња и нашите прекрасни македонски песни ќе прославиме. Ќе изгрее сонцето на слободата, доаѓа зората и подобро време“, изјави Ѓорчев.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Славески: Нема да прифатиме негирање на македонскиот идентитет и јазик

Објавено пред

Нема да прифатиме негирање на македонскиот идентитет и јазик, изјави Трајко Славески, на протестот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола.

„Тука сме да изразиме несогласување со македонскиот врв, особено со премиерот Заев, кој ја задира сржта на македонскиот идентитет. Оттука, исто така искажуваме несогласување, што и по нашите барања за средба за запознавање за тоа за што се преговара, со кого се преговара, до тоа не дојде и мислам дека тоа е сосема некоректно“, рече тој.

Славески рече дека македонскиот јазик е одамна признат и нема да прифатат никакво негирање.

„Ние сме тука заедно со граѓаните на Битола да кажеме дека ова не смее да помине, ние сме Македонци, македонскиот идентитет е таков со векови, македонскиот јазик е одамна признат и никакво негирање нема да прифатиме, ниту од претставниците на Република Бугарија, најмалку од нашите избраници, затоа што некој ги избрал, кои во овој случај се на границата на предавство“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ на протести во Берово, Пехчево и во Кочани побара оставка од Заев

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ вечерва на протести во Берово, Пехчево и во Кочани побара оставка од премиерот Зоран Заев.

„Народот се буди, бара оставка на Зоран Заев и заминување на оваа криминална мафијашка влада. Нема да дозволиме распродажба на македонските национални интереси и распрачување и урнисување на достоинството на македонскиот народ. Бараме итно прекинување на преговорите со Бугарија, не дозволиво е преговарање за македонскиот јазик, македонскиот идентите и македонската историја, нема да дозволиме национално понижување“, рече Мане Јаковлевски.

Претседателот на УМС, Сергеј Попов, на протестот во Берово ги повика сите малди да излезат на улиците и да побараат оставка од Заев, односно, како што рече, младите сакаат достоинствен живот како сите млади во Европа и светот, а не живот каков што нудат СДСМ и Заев.

„Ги повикувам сите млади во наредниот период да излезат и да ни се придружат на протестите, ние единствено што бараме е достоинствен живот и сигурна иднина, а не ова што ни го нудат власта и Заев – распродажба на македонскиот јазик и историја“, вели Попов.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, во Кочани изјави дека нема откажување и сѐ додека Заев не си поднесе оставка, ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира.

„Остануваме на улиците, колку сме, толку сме. Бараме оставка од Заев и нема откажување. За нашето минато, нашата македонска историја, нашиот македонски јазик и нашиот идентитет нема право никој да преговара. Не бараме ништо што е туѓо, само бараме да запре ова срамно понижување и на македонскиот народ и на сите граѓани што живеат овде. Зоран Заев мора да си замине за Македонија да оди напред. Доста ни е од поразите и неуспесите. Доста е со виткање ‘рбет, доста е со национално понижување. Оставка сега за да не биде предоцна“, изјави Лефков.

ВМРО-ДПМНЕ вечерва организира протести во 20 града.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Се поставува модуларната болница во Гевгелија

Денеска во Гевгелија започна поставувањето на модуларната болница, а во текот на следната недела монтажа на објектите ќе започне во...

Топ2 часа

Во сообраќајна несреќа загина 25-годишно момче

Дваесет и петгодишник загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на автопатот Куманово-Скопје, кај Агино Село. Момчето управувало со...

Македонија3 часа

Заев: Очигледно е дека Бугарија ќе стави вето, да почекаме да им поминат изборите

Очигледно е дека Република Бугарија ќе ја стави блокадата и ќе имаме вето оваа година, изјави премиерот, Зоран Заев. Тој...

Македонија4 часа

Штип ќе добие модуларна болница и ново возило за итна помош

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека до крајот на месецов ќе биде готова модуларната болница во Штип. „Имајќи предвид...

Свет5 часа

Русија почна со вакцинирање на населението против коронавирус

Од утрово почна вакцинацијата против коронавирус во Москва со вакцината „Спутник 5“, со што Русија стана првата земја која го...

Македонија5 часа

Бугарски интелектуалци: Не може да се очекува едната страна да изврши политичко самоубиство

Несоодветно е да се очекува едната страна во преговорите да изврши политичко самоубиство. Неприфатливо е оспорувањето на македонската нација и...

Македонија6 часа

Бучковски: Можеме да најдеме решение за нашата иднина

Македонската влада е свесна дека треба да изготви патоказ за да покаже дека е цврсто посветена на спроведувањето на Договорот...

Македонија7 часа

Регистриран земјотрес во Скопје околу полноќ

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија...

Македонија21 час

Во Македонија 1.100 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија 30 лица починаа од коронавирус, а потврдени се 1.100 нови случаи, соопшти Министерството за...

Македонија22 часа

Мицкоски: Од комисијата има признание дека се преговара за идентитетот, Заев лажеше

Од изјавите на историчарите од комисиите дознаваме дека бугарската страна се противи за терминот македонски, кој го означува нашиот идентитет,...

Македонија23 часа

Историската комисија заглави кај цар Самуил, спорна придавката македонски

Мешовитата македонско-бугарска историска комисија на 11. средба не постигна напредок во преговорите. Историчарите се обиделе да ги надминат разликите за...

Македонија23 часа

Вакцинирањето во земјата ќе почне до март и ќе биде бесплатно

Вакцинирањето против Ковид-19 ќе почне во првите два-три месеци в година, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Ќе се примаат...

Македонија23 часа

Граѓаните над 65 години први ќе ја примат вакцината против Ковид-19

Граѓаните со хронични белодробни и кардиоваскуларни болести и граѓаните постари од 65 години ќе имаат предност за вакцината против Ковид-19,...

Македонија1 ден

Холандската амбасада демантира дека Холандија го поддржува ветото

Холандската амбасада попладнево ја демантира и ја оценува како лажна вест информацијата дека Холандија го поддржала бугарското вето за Северна...

Европа1 ден

„Астразенека“ и „Оксфорд“ презентираа различни тврдења за нивната вакцина

Компанијата „Астразенека“ и Универзитетот Оксфорд дадоа спротивставени тврдења за начинот на дозирање на нивната вакцина против коронавирус, што е редок...

Македонија1 ден

Нефи Усеини не е повеќе советник во Општина Охрид

Дванаесет советници на Општина Охрид гласаа „за“ прифаќање на оставката поднесена од охридскиот светник Нефи Усеини. На наредната седница Советот...

Македонија1 ден

Пензионерите бараат приоритет за вакцинирање против Ковид-19

Сојузот на здруженија на пензионери апелира приоритет при вакцинирањето против Ковид-19 да имаат пензионерите. „Во име на над 300.000 возрасни...

Топ1 ден

Разбиена криминална група која шверцувала дрога во македонски затвори

Криминалистичката полиција во соработка со СВР Скопје, поднесе кривична пријава против 27-годишниот А.М. од Дебар, поради сомнение за сторено продолжено...

Регион1 ден

(Видео) Силна експлозија во центарот на Белград, еден загинат и двајца повредени

Утрово, нешто пред 10 часот, се случи силна експлозија пред зградата на српската државна телевизија РТС во Белград. Едно лице...

Топ1 ден

Кавадарчанец со секира се обидел да ја убие сопругата, па загинал фрлајќи се во река

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со увидна екипа од МВР изврши увид во куќа во селото Шивец...

Досие