Контакт

Политика

СДСМ: Мерките на владата се реформски, а не антикризни

Објавено пред

„Денешните мерки се нови, ама проблемот со нив е што тие се обични реформски, а не антикризни“,укажуваат од СДСМ во врска со четвртиот пакет антикризни мерки кој беше објавен денеска од Владата.

„Тие мерки можат да се донесат било кога, и кога има и кога нема криза. За да се наречат некои мерки антикризни, потребно е тие да бидат јасно и директно насочени кон најголемите проблеми што со себе ги носи кризата во која се наоѓа македонската економија. Денес тоа се неликвидноста и високите каматни стапки“, велат од СДСМ.Тие и предлагаат на Владата да обезбеди правна рамка што ќе овозможи одложено плаќање на казните на фирмите.Истовремено, сметаат од најголемата опозициска партија дека од буџетот треба да се избрише износот за приходи од казни, бидејќи постоењето на таква според нив ставка прави притисок дека инспекторите мораат да  изречат казни во проектираниот износ. „Што поскоро прецизно утврдување на долгот на државата кон фирмите, да се направи динамика за отплаќање на тој долг и Владата да почне под итно да им плаќа на фирмите. Тоа значи промена во приоритетите на Владата за трошење на парите од буџетот. И со оваа мерка ќе се зголеми ликвидноста на фирмите“, велат од СДСМ. Тие укажуваат и на тоа Владата под итно да направи ребаланс на буџетот и да го усогласи трошењето со реалноста во економијата, бидејќи како што велат приходите ќе бидат помали од она што го предвидува„Нека го направи Владата она што го предлагаме и фирмите навистина ќе почувствуваат позитивни ефекти. Доста со спектакли, време е за вистински решенија“, потенцираат од СДСМ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Мухамед Зекири нов генерален секретар на Владата

Објавено пред

Поранешниот пратеник Мухамед Зекири е избран за нов генерален секретар во Владата.Одлуката e донесена на последната владина седница одржана денеска. Зекири неодамна си поднесе оставка од пратеничката функција, а Собранието веќе ја констатираше оставката. Тој доаѓа на местото на досегашниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Маричиќ: Ќе се подигне нивото на заштита на новинарите и медиумските работници

Објавено пред

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, во обраќањето на вебинарот „Изменување и дополнување на Кривичниот законик на Северна Македонија: Решение за зајакнување на безбедноста на новинарите“ рече дека Министерството веќе почнало постапка за изготвување нов Кривичен законик, во кој ќе бидат вметнати и кривичните дела со кои ќе се подигне нивото на заштита на новинарите и медиумските работници.

„За составување квалитетен текст на законот, веќе како Министерство одржавме состанок со претставниците на новинарска фела и новинарските здруженија, вклучително и ЗНМ и синдикатот. Нивните предлози секако се добредојдени бидејќи само преку отворен дијалог токму со новинарите, ќе можеме да донесеме нов закон, кој дополнително ќе ги заштити слободно да си ја извршуваат одговорната работа, а сите оние што ќе се обидат да ги заплашуваат или, пак, физички или вербално да нападнат новинари, односно медиумски работници, ригорозно да се казнуваат“, потенцира Маричиќ.

Министерот рече дека во однос на заштитата на новинарите, работната група за Кривичниот законик предложил измени во одредени кривични дела oд потежок облик, секако доколку делото е сторено против новинар. Казните во иднина треба да бидат уште построги.

„Сакам уште еднаш јавно да ги повикам новинарите, претставени преку нивните синдикати и здруженија, да ги продолжиме разговорите со цел да се донесат што поквалитетни закони, кои ќе ја гарантираат нивната безбедност и слободна работа“ додаде Маричиќ.

Покрај законските измени, Маричиќ истакна дека сепак една од најзначајните забелешки на темата е во насока на тоа дека е потребно поефикасно постапување од страна на институциите надлежни за истражување и санкционирање.

Прикажи повеќе...

Македонија

Засаден нов дрворед со 300 дрвја на булеварот АСНОМ

Објавено пред

Во Аеродром, на булеварот АСНОМ, се засадија 300 нови листопадни и зимзелни дрвја, кои веќе напролет ќе развијат убави крошни, чии сенки ќе придонесат за намалување на температурата во жешките месеци и овозможување попријатни услови за прошетки во овој дел на Скопје.

„Со овој дрворед ги потврдуваме новите стандарди на квалитет што го воведовме во текот на изминативе три години во нашиот град. Овде на булеварот АСНОМ се засадени 300 висококвалитетни дрвја. Непосредно зад дрворедот на листопадните дрвја можете да ги видите дрвјата што претходно биле засадувани од моите претходници, кои сè уште се со послаб квалитет и во големина и во развојот на крошната од оние што ние изминатава недела ги засадивме, и токму тоа се стандардите за кои јас денес зборувам. Овде имаме типични примери во општина Аеродром, во непосредна близина го имаме булеварот Србија, кој нема тротоар од едната страна, а од другата страна лани ја изградивме велосипедската патека, го имате во Лисиче булеварот Трета македонска бригада, каде што поради лошото планирање, еден сервис за миење автомобили ни стоеше околу четири или пет години на трасата и сега еве го булеварот АСНОМ“, рече градоначалникот Петре Шилегов на прес-конференцијата.

Тој додаде дека булеварот АСНОМ е модерно булеварско решение со три коловозни ленти во секоја насока, тротоари и велосипедски патеки, средишно и странично зеленило со прекрасни дрвореди од двете страни, урбана опрема со клупи и корпи за отпадоци и соодветно осветление. Шилегов изрази уверување дека граѓаните забележуваат дека сите нови булевари Град Скопје ги гради во согласност со овие стандарди, а и не само новите, туку по овие стандарди се преуредуваат и постојните на местата каде што тоа го дозволуваат просторните услови.

„Засадуваме висококвалитетни садници кои веднаш влегуваат во екоситемот на нашиот град, толку потребно за прочистување на воздухот како дел од секојдневната посветеност и моја, на градските претпријатија и на градската администрацијата. Тоа се стандардите што јас како градоначалник на овој град ги воведувам и ги охрабрувам и сите градоначалници да ги следат овие стандарди при изградбата на инфраструктурите објекти“, нагласи Шилегов.

На засадувањето на садниците од двете страни на булеварот АСНОМ присуствуваа и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Адријан Муча.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Регистрирани се 1039 нови случаи на Ковид-19, починаа 15 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3143 тестирања, а регистрирани се 1039 нови случаи на...

Свет5 часа

Зошто Путин досега не се вакцинирал?

Рускиот претседател Владимир Путин не може да биде меѓу доброволците кои ќе бидат вакцинирани против коронавирусот до крајот на клиничките...

Свет5 часа

(Видео) Маж со секира држеше во заложништво шест деца во Русија

Маж кој држеше шест деца како заложници во стан во Санкт Петербург, се предаде на полицијата.Во стан во предградијата на...

Македонија5 часа

Мухамед Зекири нов генерален секретар на Владата

Поранешниот пратеник Мухамед Зекири е избран за нов генерален секретар во Владата.Одлуката e донесена на последната владина седница одржана денеска....

Европа6 часа

Старските домови во Шпанија први ќе бидат вакцинирани против Ковид-19

Штитениците и персоналот на домовите за стари лица ќе бидат први вакцинирани против коронавирус во Шпанија, изјави министерот за здравство...

Свет7 часа

САД: Повеќе од 190.000 новозаразени со Ковид-19

Во САД 1.083 лица починаа како последица на Ковид-19 во изминатите 24 часа, додека регистрирани се 190.562 нови случаи на...

Спорт7 часа

Ѓоковиќ најдобар во 2020-та година

Моментно најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја завршува годинава на првата позиција на АТП листата. Тоа му појде од рака...

Топ7 часа

Приведен германски државјанин баран и од Интерпол, кај него пронајдени две исчезнати деца

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек за потрага на ул.МАНАПО во Скопје врз основа на издадена меѓународна потерница...

Македонија7 часа

Вонреден инспекциски надзор во болницата во Битола по фотографиите дека пациент прима инфузија покрај починати лица

Министерот за здравство Венко Филипче побара од ДСЗИ да испрати вонреден инспекциски надзор во болницата во Битола како би се...

Македонија8 часа

На инфективните одделенија се лекуваат 814 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 814 пациенти позитивни...

Свет9 часа

Во Шведска стапи во сила ограничувањето на јавни собири на најмногу осум луѓе

Во Шведска стапува во сила ограничувањето на јавните собири на најмногу осум лица како мерка во обид да се запре...

Европа9 часа

Германски научници докажаа дека проветрувањето е поефикасно од прочистувачите на воздухот

Кратко отворање на сите прозорци во училницата неколкупати на ден е многукратно поефикасно отколку да користите прочистувач на воздухот, според...

Свет10 часа

Кина тврди дека коронавирусот најпрвин се појавил во Европа, а не во Вухан

Кина користи нова студија за раното скриено ширење на коронавирусот во Италија за да се доведе во сомневање цврсто заснованата...

Свет13 часа

СЗО: Бројот на потенцијални вакцини против коронаворусот се зголеми од 11 на 48

Десетици компании – од стартап до фармацевтски гиганти – се натпреваруваат за производство на безбедна и ефективна вакцина против коронавирусот...

Македонија13 часа

„Медијапул“: Десет незгодни прашања во врска со бугарското вето

Бугарскиот портал „Медијапул“ објави прашања до бугарската влада, кои се однесуваат на блокадата за Северна Македонија, со наслов „Десет незгодни...

Македонија14 часа

Свршувачка со 30 и свадба со 90 гости – глоба за скопјани поради организирање собири

Скопското Обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица и еден угостителски објект поради организирање масовни собири за...

Македонија15 часа

За една недела, регистрирани 7.486 новозаразени, над 5.000 излекувани и 204 починати

Скопје и натаму e со најголем број нови случаи и највисока инциденца, a најзастапена возрасна група се лицата над 60...

Свет15 часа

Кина успешно лансира роботизирано летало на Месечината

Кина објави дека успешно лансирала ракета со робот за да собере примероци од камења од Месечината, со што ќе стана...

Македонија16 часа

Заев најави дека не сме далеку од договор со Бугарија, опозицијата бара со декларација да се утврдат позициите

Премиерот Зоран Заев вчера најави дека не сме далеку од договор со Бугарија. Тој рече дека не се разговара за...

Свет16 часа

Администрацијата на Трамп одобри Бајден да почне со преземање на власта

Aдминистрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, даде формално одобрување новоизбраниот претседател Џо Бајден да почне со преземањето на власта....

Досие