Контакт

Политика

Бендевска ја злоупотреби собраниската говорница за да клевети

Објавено пред

Генералниот секретар на Владата Кирил Божиновски ги демантира тврдењата на пратеничката Весна Бендевска изречени во понеделникот во Собранието дека во исто време земал плата од две места

„Најенергично ги демантирам невистинитите наводи изнесени од страна на пратеникот Весна Бендевска, на собраниската седница посветена на пратенички прашања, со кои лажно истакнува дека истовремено сум примал плата од две работни места, Собрание на Република Македонија и Влада на Република Македонија.“, се вели во писмената реакција на Кирил Божиновски.Според генералниот секретар на Владата на РМ  овие изјави на Бендевска претставуваат  конструкции без никаква аргументација и основа, што тој ги доживува единствено како нарушување на неговиот углед, чест и кредибилитет.Божиновски се заканува и со поднесување кривична пријава за клевета за Бендевска, доколку оваа изјава ја повтори, затоа што на собраниската говорница и’ дава имунитет„Ја повикувам Бендевска во своето политичко функционирање да се води од етичките норми и општествената одговорност“, додава во својата писмена реакција Божиновски нудејќи и’ на пратеничката од опозицискиот СДСМ увид во целата документација што, според него, ќе ги демантира нејзините наводи.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Николоски: Срамот на Зоран Заев да не дозволиме да стане колективен

Објавено пред

Два дена по скандалозното интервју, наместо Зоран Заев да се извини и да се повлeче од изјавите кои претставуваат удар на темелите на македонската држава и самобитноста на македонскиот народ, тој уште подлабоко навлегува во небулози и навреди кон својот народ, рече денеска на прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Според него, Заев е изолиран во намерата да го избрише македонскиот национален идентитет и да се откаже од историјата.

„Тоа ќе има далекосежни последици, кои ќе значат македонската држава да нема право да се темели на илинденското и антифашистичко наследство, тоа е она што го прави Зоран Заев овие денови“, нагласи Николоски.

Потпретседателот на опозицизката партија вели дека кога Заев ги прогласува окупаторите за ослободители, со тоа македонските антифашисти, кои се вистинските ослободители, ги става на другата страна.

Николоски смета дека Заев ова го прави за, како што вели, голо останување на власт и уште малку финансиска корист и интерес за него и неговите блиски.

„Ова што го прави е целосно рушење на позициите на Република Македонија на трајна основа, ова што го прави значи целосно рушење на каква било преговарачка позиција на Република Македонија во иднина. И затоа што побргу треба да си поднесе оставка и да си замине“, рече Николоски додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ по завршувањето на 100-те дена од доаѓањето на владата, ќе иницира прашање за доверба на Владата во Собранието на Република Македонија.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Фон дер Лаен: Заев ја доближи Северна Македонија поблиску кон ЕУ

Објавено пред

По повод наградата за човекови права за 2020 година, што Фондацијата „Фридрих Еберт“ му ја додели на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, со видеочеститки се приклучија многубројни високи претставници на ЕУ и политичари.

Во своето обраќање, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, вели дека Зоран Заев ја доближил Република Северна Македонија поблиску кон ЕУ, таму каде што и припаѓа.

„Големите лидери се оние што очите ги насочуваат кон иднината, а не кон минатото, и со тоа го менуваат курсот на историјата. Зоран, ти напиша историја, ја донесе Северна Македонија поблиску до онаму каде што припаѓа – внатре во Европската Унија“, порача Фон дер Лаен.

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина и други прашања за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, порача дека преку одговорно и државничко однесување Заев успеал да најде решенија онаму каде што сите гледале конфронтации.

„Кога мислам на Зоран Заев, се потсетувам на изјавата на Нелсон Мандела, која гласи: Секогаш изгледа невозможно сè додека на се случи. Зоран од невозможното направи реалност. Со храбро и одговорно лидерство, со добри намери, ставајќи ја својата држава пред себе и својата политичка кариера, наоѓајќи конструктивни решенија онаму каде што другите гледаа само конфронтации“, посочи Лајчак.

Поранешниот премиер на Грција, а денес пратеник во грчкиот парламент, Алексис Ципрас, порача дека достигнувањата на Заев ја сменија судбината на целиот Западен Балкан.

„Зоран Заев покажа храброст и прогресивно лидерство, што ја смени судбината на неговата земја, судбината на Западен Балкан“, вели Ципрас.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ со протести во седум града со мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ денеска од 18 часот ги повикува граѓаните, на како што велат од опозициската партија, протести за одбрана на националните интереси под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“.

Протести ќе се одржат во Куманово, Тетово, Велес, Кавадарци, Прилеп, Охрид и Битола.

„Време е граѓаните на Република Македонија да се обединат и да се стави крај на лудоста на Зоран Заев, човекот кој што сака да ги продаде националните интереси. Заев не може да испорача ништо добро за својата држава и мора да си оди. Оставка веднаш“, велат од ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека само така македонските граѓани ќе живеат подобро.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Осквернавен споменикот на загинатите бугарски туристи во Охрид, МНР со осуда

Осквернавен е споменикот на брегот на Охридското езеро, кој беше подигнат во спомен на бугарските туристи кои ги загубија своите...

Македонија6 часа

Регистрирани 1.093 новозаразени, починаа 28 лица

Денеска се регистрирани 1.093 нови случаи на Ковид 19. Оздравеле 819 пациенти, а починаа 28 лица. Министерството за здравство информира дека...

Свет6 часа

СЗО: До 70 отсто од светската популација треба да биде вакцинирана за да се запре коронавирусот

Околу 60-70 проценти од светската популација треба да бидат вакцинирани или да стекнат имунитет, за да се спречи ширењето на...

Македонија8 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ на протести во повеќе градови: „Време е Заев да поднесе оставка“

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва со автомобили одржа протести во неколку градови во државата поради ставовите на премиерот Зоран Заев, изнесени во...

Македонија9 часа

(Видео) Димитров: Не отстапуваме од македонскиот јазик и идентитет

Бугарија поради македонскиот јазик и македонската историја одлучи да ги блокира преговорите на Македонија со ЕУ. Во интервју за сараевската...

Македонија10 часа

ДСЗИ наложи итно санирање на руинираните простории во битолската болница

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и надложи на директорката на битолската болница итно да бидат санирани руинираните простории, како...

Македонија11 час

Радев: Согласност за Македонија откако ќе се признаат историските факти и искорени омразата

Бугарија треба да даде согласност за почеток на преговорите за Северна Македонија, откако ќе се признаат објективните историски факти и...

Македонија12 часа

Заев: Груевски беше организаторот на „27-ми април“, а не Јанакиески, Ристовски и Вељаноски

Никола Груевски е главен организатор на 27-ми април, а екс-функционерите Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески се изманипулирани од него,...

Економија15 часа

Поради стравот кај јавноста, АЕК распиша тендер за изработка на студија за влијанието на 4Г и 5Г-мрежите

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) распиша меѓународен тендер за изработка научна студија за влијанието на зрачењата од 4Г и 5Г-мрежите...

Македонија16 часа

Филипче: Охрабрува бројот на оздравени

„Епидемијата го достигна пикот минатата недела, сега бројките се стабилизираат, а Р-факторот на преносливост е 1“, вели министерот за здравство,...

Свет17 часа

Трамп: Испораката на вакцина против коронавирусот почнува следната недела

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека испораката на вакцина против коронавирусот ќе почне следната недела, пренесува „Ројтерс“. Во разговор со...

Свет18 часа

Истражување: тестирањето на антитела покажува помал број лица заразени со коронавирус

Тестирањето на антитела во крвта за да се утврди инфекцијата со коронавирус дава помал број во споредба со реалната состојба...

Свет18 часа

СЗО: Вакцината ќе ни даде контрола над вирусот

Еден од главните експерти на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан, рече дека почетокот на употребата на вакцината против коронавирусот...

Свет18 часа

Болсонаро: Не сакам да се вакцинирам

Бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро, изјави дека нема да прими вакцина против коронавирусот. Тој во видеообјава преку социјалните мрежи вели дека...

Спорт19 часа

Погребан Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона, кој почина во средата е погребан во Буенос Аирес. Илјадници навивачи низ улиците на...

Свет19 часа

За еден ден потврдени повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид- 19

Повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид-19 се потврдени за еден ден во светот, објави Светската здравствена организација (СЗО), со...

Свет19 часа

(Видео) Трамп: Ќе ја напуштам Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја напушти Белата куќа доколку Изборниот колеџ ја потврди победата на демократскиот кандидат...

Свет19 часа

Милиони Американци отпатувале на семејни средби за Денот на благодарноста и покрај предупредувањето да не се групираат

Mилиони Американци отпатуваа на семејни средби на Денот на благодарноста и покрај предупредувањата на експертите да не го сторат тоа...

Македонија1 ден

Во Македонија 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Во последните 24 часа потврдени се 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа, а 1.094 оздравеа, соопшти Министерството за...

Македонија1 ден

Рот: Северна Македонија запиша историја со договорот со Бугарија, тоа сега треба и да се награди

Северна Македонија запиша историја со Договорот за пријателство со Бугарија, но и со решавањето на спорот за името со Грција,...

Досие