Контакт

Политика

СДСМ: Власта поднесува пријави за да ги замолчи незадоволните

Објавено пред

„Дрскоста, арогантноста и безобразието на ненародниот режим на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ почнува да зазема невидени размери“, обвини на денешната прес-конференција портпаролот на опозицискиот СДСМ

Како што смета порптаролот Емилијан Станковиќ, „се’ поочигледно дека најголем идол на нашиот Премиер е Слободан Милошевиќ.’Тој ова свое обвинување го образложи со барањето за поведување прекршочна постапка на МВР од 17 март против лице од Битола, кое, како што рече Станковиќ, е еден од измамените и излажани фармери од пропадната млекарница „Сведмилк“.„МВР го поднесува ова барање со образложение дека лицето И.Д. го нарушило јавниот ред и мир само затоа што на 11 март во Битола пред Федерацијата на фармери го омаловажувал и навредувал, цитирам: ’службеното лице на државен орган Претседателот на Владата на РМ – Никола Груевски кој врши јавни овластувања во вршењето на службата,  на начин што залепил на објектот пет плакати со фотографии на Премиерот со испишан текст: “кражба во 100 чекори и пред очите на Влада исчезнаа 39 милиони евра. Остваруваме“.“, наведе портпаролот на СДСМ цитирајќи дел од посоченото барање.Според Станковиќ тоа претставува јасна порака „ дека никој не смее ни да помисли да искажува незадоволство кон Груевски“.Тој запраша дали со пријави власта се обидува да го прикрие „35 милиони евра тешкиот криминал со “Сведмилк“, 4,5-те милиони евра долг кон млекарите, продажбата на млекарницата за едно евро, уништените докази за криминал, грабежот на дополнителни 2 милиони евра, целосно уништеното млекопроизводство и незадоволството на 3-те илјади фамилии кои се доведени до пропаст?“Станковиќ додаде дека наместо да ги реши проблемите на млекарите кои според него ги создал премеирот Груевски со лажни ветувања, власта поднесувала пријави кога тие го искажувале незадоволството.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Ѓорчев: Македонија победила многумина, ќе го победи и Заев

Објавено пред

Македонија победила многумина, Македонија ќе го победи и Заев, доаѓа времето за неговата оставка и подобри денови за македонскиот народ, рече на вечерашниот протест во Велес членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев.

Тој рече дека во Велес, како цела Македонија, народот се кренал да ги одбрани идеалите на револуционерите што го кренаа Илинден, на македонските партизани, кои извојуваа победа и донесоа слобода за Македонија во Втората светска војна.

„Тука, во Велес, на овој плоштад е таа симболика што ја гледаме и чувствуваме, тука се гемиџиите и онаа генерација Илинденци, но тука со нас, со својот паметник, е велешанецот Коста Солев Рацин. Тука сме и ние синовите и внуците и внуките на Македонија и затоа не се откажуваме. Знаеме дека е темница и нè тиштат овие работи, но не заборавајте дека идејата што почна во 1893 година почна од 6 луѓе“, рече Ѓорчев.

Тој додаде дека епопејата на НОБ почна на 11 октовмри 1941 од еден одред во Прилеп и еден во Куманово, а денес околностите се поинакви бидејќи, како што рече, политички се бориме, но сепак не се откажуваме и затоа секој ден ќе се бориме достоинствено против политиките на Зоран Заев.

„Оваа декемвриска темница со нашето достоинство, со нашата љубов кон Македонија, ги навестуваме македонската пролет и македонската зора, која ќе изгрее. Македонија победила многумина, Македонија ќе го победи и Зоран Заев. Ќе дојде времето за неговата оставка, ќе дојде време кога повторно на овој плоштад со вашите знамиња и нашите прекрасни македонски песни ќе прославиме. Ќе изгрее сонцето на слободата, доаѓа зората и подобро време“, изјави Ѓорчев.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Славески: Нема да прифатиме негирање на македонскиот идентитет и јазик

Објавено пред

Нема да прифатиме негирање на македонскиот идентитет и јазик, изјави Трајко Славески, на протестот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола.

„Тука сме да изразиме несогласување со македонскиот врв, особено со премиерот Заев, кој ја задира сржта на македонскиот идентитет. Оттука, исто така искажуваме несогласување, што и по нашите барања за средба за запознавање за тоа за што се преговара, со кого се преговара, до тоа не дојде и мислам дека тоа е сосема некоректно“, рече тој.

Славески рече дека македонскиот јазик е одамна признат и нема да прифатат никакво негирање.

„Ние сме тука заедно со граѓаните на Битола да кажеме дека ова не смее да помине, ние сме Македонци, македонскиот идентитет е таков со векови, македонскиот јазик е одамна признат и никакво негирање нема да прифатиме, ниту од претставниците на Република Бугарија, најмалку од нашите избраници, затоа што некој ги избрал, кои во овој случај се на границата на предавство“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ на протести во Берово, Пехчево и во Кочани побара оставка од Заев

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ вечерва на протести во Берово, Пехчево и во Кочани побара оставка од премиерот Зоран Заев.

„Народот се буди, бара оставка на Зоран Заев и заминување на оваа криминална мафијашка влада. Нема да дозволиме распродажба на македонските национални интереси и распрачување и урнисување на достоинството на македонскиот народ. Бараме итно прекинување на преговорите со Бугарија, не дозволиво е преговарање за македонскиот јазик, македонскиот идентите и македонската историја, нема да дозволиме национално понижување“, рече Мане Јаковлевски.

Претседателот на УМС, Сергеј Попов, на протестот во Берово ги повика сите малди да излезат на улиците и да побараат оставка од Заев, односно, како што рече, младите сакаат достоинствен живот како сите млади во Европа и светот, а не живот каков што нудат СДСМ и Заев.

„Ги повикувам сите млади во наредниот период да излезат и да ни се придружат на протестите, ние единствено што бараме е достоинствен живот и сигурна иднина, а не ова што ни го нудат власта и Заев – распродажба на македонскиот јазик и историја“, вели Попов.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, во Кочани изјави дека нема откажување и сѐ додека Заев не си поднесе оставка, ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира.

„Остануваме на улиците, колку сме, толку сме. Бараме оставка од Заев и нема откажување. За нашето минато, нашата македонска историја, нашиот македонски јазик и нашиот идентитет нема право никој да преговара. Не бараме ништо што е туѓо, само бараме да запре ова срамно понижување и на македонскиот народ и на сите граѓани што живеат овде. Зоран Заев мора да си замине за Македонија да оди напред. Доста ни е од поразите и неуспесите. Доста е со виткање ‘рбет, доста е со национално понижување. Оставка сега за да не биде предоцна“, изјави Лефков.

ВМРО-ДПМНЕ вечерва организира протести во 20 града.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

Регистрирани 984 нови случаи на коронавирус, починаа 24 лица

Во последните 24 часа се направени 2995 тестирања, а регистрирани се 984 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-398, Куманово-47, Дебар-11,...

Македонија1 час

Маж од Дебар е нова жртва на измамниците со купопродажба на автомобили

Во последно време зачестени се кривичните дела – измами при купопродажба на патнички моторни возила. Четириесет и двегодишен маж од...

Македонија2 часа

Заев: Нема дилми во употребата на придавката „македонски“

Придавката „македонски“ е употреблива насекаде низ светот. Таа е идентитетска, и нема дилеми во нејзината употреба. Ова го изјави премиерот...

Македонија3 часа

Вкупно во Македонија се хоспитализирани 1.326 пациенти со коронавирус

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и...

Македонија4 часа

Се поставува модуларната болница во Гевгелија

Денеска во Гевгелија започна поставувањето на модуларната болница, а во текот на следната недела монтажа на објектите ќе започне во...

Топ4 часа

Две лица повредени во сообраќајна несреќа на Партизанска

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа помеѓу две возила што се случи на булеварот Партизански одреди, во близина на...

Македонија6 часа

Штип ќе добие модуларна болница и ново возило за итна помош

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека до крајот на месецов ќе биде готова модуларната болница во Штип. „Имајќи предвид...

Свет7 часа

Русија почна со вакцинирање на населението против коронавирус

Од утрово почна вакцинацијата против коронавирус во Москва со вакцината „Спутник 5“, со што Русија стана првата земја која го...

Македонија8 часа

Бугарски интелектуалци: Не може да се очекува едната страна да изврши политичко самоубиство

Несоодветно е да се очекува едната страна во преговорите да изврши политичко самоубиство. Неприфатливо е оспорувањето на македонската нација и...

Македонија9 часа

Бучковски: Можеме да најдеме решение за нашата иднина

Македонската влада е свесна дека треба да изготви патоказ за да покаже дека е цврсто посветена на спроведувањето на Договорот...

Македонија9 часа

Регистриран земјотрес во Скопје околу полноќ

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија...

Македонија23 часа

Во Македонија 1.100 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија 30 лица починаа од коронавирус, а потврдени се 1.100 нови случаи, соопшти Министерството за...

Македонија1 ден

Мицкоски: Од комисијата има признание дека се преговара за идентитетот, Заев лажеше

Од изјавите на историчарите од комисиите дознаваме дека бугарската страна се противи за терминот македонски, кој го означува нашиот идентитет,...

Македонија1 ден

Историската комисија заглави кај цар Самуил, спорна придавката македонски

Мешовитата македонско-бугарска историска комисија на 11. средба не постигна напредок во преговорите. Историчарите се обиделе да ги надминат разликите за...

Македонија1 ден

Вакцинирањето во земјата ќе почне до март и ќе биде бесплатно

Вакцинирањето против Ковид-19 ќе почне во првите два-три месеци в година, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Ќе се примаат...

Македонија1 ден

Граѓаните над 65 години први ќе ја примат вакцината против Ковид-19

Граѓаните со хронични белодробни и кардиоваскуларни болести и граѓаните постари од 65 години ќе имаат предност за вакцината против Ковид-19,...

Македонија1 ден

Холандската амбасада демантира дека Холандија го поддржува ветото

Холандската амбасада попладнево ја демантира и ја оценува како лажна вест информацијата дека Холандија го поддржала бугарското вето за Северна...

Европа1 ден

„Астразенека“ и „Оксфорд“ презентираа различни тврдења за нивната вакцина

Компанијата „Астразенека“ и Универзитетот Оксфорд дадоа спротивставени тврдења за начинот на дозирање на нивната вакцина против коронавирус, што е редок...

Македонија1 ден

Нефи Усеини не е повеќе советник во Општина Охрид

Дванаесет советници на Општина Охрид гласаа „за“ прифаќање на оставката поднесена од охридскиот светник Нефи Усеини. На наредната седница Советот...

Македонија1 ден

Пензионерите бараат приоритет за вакцинирање против Ковид-19

Сојузот на здруженија на пензионери апелира приоритет при вакцинирањето против Ковид-19 да имаат пензионерите. „Во име на над 300.000 возрасни...

Досие