Контакт

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ повторно фатен во офсајд

Објавено пред

Владејачката партија како уште една промашена економска анализа на Зоран Јовановски, економски експерт и потпретседател на опозциската СДСМ, податоците што тој ги изнесе на денешната прес-конференција

„Откако пред само неколку недели предвидуваа пад на економијата за вториот квартал од годинава, Јовановски и СДСМ сега увидоа дека економијата оствари позитивен раст и веднаш се префрлија на друга тема – зошто бил растот во Македонија помал од некои други земји“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.Според владејачката партија, Зоран Јовановски прави грешка кога основицата со која споредува, а тоа е 2009 г., во Македонија е многу повисока од соодветните основици во другите земји кои во 2009 г. остварија падови од 6 – 18%. За разлика од нив, македонската економија во 2009 оствари минимален пад од 0,7%.  Во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ се потсетува дека земјава последните две години многу поефикасно се соочила со штетните последици од светската економска криза во споредба со други европски држави, за што потврда како што нагласува владејачката партија дале и високите европски политичари и експерти, како Штефан Фуле, Хавиер Солана, Зоран Талер, Филип Луру потпретседател на Светска банка за Европа и Централна Азија…„Го прашуваме таканаречениот „експерт“ на СДСМ, Зоран Јовановски: дали е подобро во 2009 г. да остварите 18% пад, а потоа во 2010 г. да имате пораст од 6% (Како што е случај со многу европски земји), или е подобро  како Македонија лани да имате пад од само 0,7% и оваа година пораст од 2%? Збирно за две години 2009 и 2010,  другите европски земји ќе имаат пад од преку 10%, а Македонија пораст од 1,3%,“ се вели во писмената реакција



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 584 пациенти

Објавено пред

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 584 пациенти позитивни и суспектен на коронвирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во инфективните оддели во главниот град се лекуваат вкупно 310 пациенти позитивни и суспектен на коронвирусот. Во болницата во Битола се хоспитализирани 32 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 15 пациенти, во Велес се лекуваат 20 болни, а во Куманово 45 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 29 во ковид центарот во Гостивар 17, а во Струга 16 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 21 пациенти, во Кочани 1 во Кичево 15, Кавадарци 17, во Гевгелија 3 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Во главниот град и во болниците низ земјава има околу 590 празни болнички кревети. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ бара јавна расправа за реформата во образованието

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ побара да се организира јавна расправа за најавената реформа на системот на основното образование, изјави пратеникот Тимчо Муцунски.

„Лично верувам, дека мнозинството граѓани би се согласиле со ставот дека е потребна реформа на основното образование. Сепак постои дилема, дали патеката, пристапот и методологијата одбрани од страна на Министерството за образование и наука е правилна. Затоа е исклучително важно ова прашање да биде предмет на јавна расправа во Собранието во текот на која ќе имаат можност да се вклучат и еминентни претставници на академската заедница, експерти, а пред се и засегнатите страни како што се наставниците кои најнепосредно ќе бидат вклучени во реализацијата на евентуално прифатениот нов концепт. Токму преку една транспарентна дискусија експертската заедница и јавноста ќе дадат свој придонес за прашањата кои се од големо значење за иднината на Македонија, а тоа е образованието и воспитувањето на младите“, рече тој.

Во недостаток на подготвеност за дијалог, спремност да се слушнат аргументите од било која друга страна и да се организира една ваква јавна расправа од страна на Министерството за образование и наука, додаде Муцунски, наша обврска како пратеници делегирани од граѓаните во Собранието на Македонија е да преземеме конкретен чекор што ќе биде во прилог на унапредување на квалитетот во реформскиот процес во образованието.

„Фактот дека токму експертската јавноста упатува на сериозни недоследности во предложената реформа наведува на сознанието дека е препорачливо и неопходно да им дадеме институционална форма на идните дискусии за ова важно општествено прашање“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Македонија

Демократски сојуз: Езерото Треска е на скопјани

Објавено пред

Демократскиот сојуз бара Советот на Град Скопје и градоначалникот на Скопје да ги преземат сите законски мерки за да спречат Езерото Треска да се одземе од граѓаните на Скопје. Од партијата велат дека езерото е градено со самопридонес на граѓаните на Скопје и никој друг нема право да располага со него.

„Воедно ја повикуваме и Владата да ги активира државните институции за да спречат уништување на езерото и претворање на истото во градилиште и профит на урбаната мафија. Независно какви сè постапки се спроведени, граѓаните на Скопје на референдум одлучија да се гради, за тоа платија и никој друг на смее локацијата да ја пренамени и да ги лиши граѓаните од рекреативен центар толку потребен на сите“, соопшти ДС.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

(Видео) Над 1.600 луѓе уапсени на протестите во Москва

Во центарот на Москва денеска се собраа илјадници луѓе во знак на поддршка на уапсениот опозиционер Алексеј Навални. At least...

Македонија4 часа

Во Македонија 347 нови случаи на Ковид-19, починаа 11 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 347 нови случаи на коронавирус, 11 лица починаа, а 378 оздравеа, соопшти...

Свет5 часа

Десетгодишно девојче се задуши во Италија, родителите тврдат дека учествувало во „ТикТок“ предизвик

Италијанската агенција за регулирање на приватноста на податоците вчера ѝ нареди на апликацијата „ТикТок“ да ги блокира сметките на сите...

Топ6 часа

Седумдесет и седумгодишен возач во Скопје удрил во пешак и избегал

Седумдесет и седумгодишен старец со автомобил удрил во пешак и избегал. Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во...

Топ6 часа

Пронајдено оружје и муниција во куќа во Скопје

Полицијата пронајде оружје во куќа во Скопје, а сопственикот е приведен. Според информациите на МВР, вчера бил приведен З.Д(49) од...

Македонија7 часа

Во ковид – центрите во Скопје хоспитализирани 20 нови пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 20 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а...

Свет7 часа

Повеќе од 100 припадници на Националната гарда кои беа на инаугурацијата заболени со Ковид-19

Помеѓу 100 и 200 членови на Националната гарда кои ја обезбедуваа инаугурацијата на претседателот на САД, Џо Бајден, се позитивни...

Економија7 часа

РКЕ предлага проширување на листата на граѓани кои ќе добиваат финансиска помош за сметките за струја

Стартува дефинирањето на принципите врз основа на кои ќе се прошири постојната листата на ранливи потрошувачи со цел да се...

Регион8 часа

Црна Гора најави дека во земјата ќе пристигнат три различни вакцини

Граѓаните на Црна Гора ќе имаат можност да бираат помеѓу вакцините на „Фајзер / Бионтек“, кинеската „Синофарм“ и руската вакцина...

Свет21 час

(Видео) Џонсон со предупредување: Новиот вид коронавирус посмртоносен од претходниот

Британскиот премиер Борис Џонсон вечерва предупреди дека според најновите податоци новиот вид на Ковид-19 може да биде посмртоносен од другите...

Регион22 часа

Вучиќ: Ќе се обидеме да направиме фабрика за вакцини во Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека ќе се обидат да направат фабрика за вакцини во Србија. Како што се наведува...

Свет22 часа

Уште една компанија ја намалува испораката на вакцина за ЕУ

Компанијата „Астра зенека“ соопшти дека почетните испораки на вакцината против коронавирус за земјите на ЕУ ќе бидат помали од предвиденото....

Свет1 ден

Илјада луѓе во Шведска примиле вакцина што се транспортирала на прениска температура

Околу илјада луѓе во Шведска примиле вакцина на „Модерна“ која се чувала на погрешна температура за време на транспортот, објави...

Економија1 ден

Повеќето од службениците вработени по Рамковниот ќе бидат прераспределени во МВР и УЈП

Првиот вицепремиер Артан Груби соопшти дека 1.349 службеници вработени по Охридскиот рамковен договор до крајот на јануари ќе почнат со...

Европа1 ден

ЕК бара објаснување од „Фајзер“ за доцнењето на вакцините

Европската комисија ќе побара објаснување од американската компанија „Фајзер“ за причините поради кои повторно се одложува испораката на вакцини против...

Македонија1 ден

Обвинителството незадоволно од условната казна за поранешниот советник на Чулев

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција е незадоволно од условната казна за Зоран Ѓорѓевски, кој беше вработен...

Македонија1 ден

Филипче: Спремни сме да ги примиме вакцините од Србија

Министерот за здравство, Венко Филипче, пред денешниот разговор за вакцините од Србија вели дека не постојат пречки ковид-вакцините да пристигнат...

Топ1 ден

(Видео) Пресечен меѓународен канал за дрога, запленети 40 килограми марихуана

Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, заедно со Одделот за специјални полициски...

Македонија1 ден

Општина Центар додели 400.000 денари помош за Петриња и Сисак

Советот на Општина Центар додели парична помош во висина од 400.000 денари на градовите Петриња и Сисак во Хрватска. „По...

Македонија1 ден

Заев и Спасовски земаат највисоки плати во Владата

Премиерот Зоран Заев зема највисока плата од 87.813 денари, а министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, е втор на списокот...

Досие