Политика
ВМРО-ДПМНЕ: СОРОС ја спроведува стратегијата на СДСМ

Фондацијата на СОРОС во Македонија, предводена од поранешниот висок функцинер на СДСМ Владимир Милчин, преку спонзорирање и финансирање проекти, ги корумпира медиумите и тоа го прави селективно, обвини денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ
Според портпаролот на владејачката партија Александар Бичиклиски, за секторот медиуми СОРОС Македонија за 2010 г. издвоила повеќе од 150 илјади евра, од кои, како што рече, „само за една емисија водителот и националната тв-станица што ја емитува, препознатлива по своето проопозиционо и антивладино делување, добиваат дури 37 илјади евра годишно“. „Најмалку 310 илјади евра за оваа година им се дадени на пет новинари кои ја формирале Граѓани за европска Македонија ГЕМ која држи трибини низ Македонија и јавно се залага за промена на името на државата. Тоа е организацијата што ја сочинуваат Владимир Милчин, извршен директор на СОРОС, Бранко Геровски главен и одговорен уредник на весникот “Шпиц”, Никола Гелевски, Жарко Трајановски и Роберто Беличанец“, рече Бичиклиски. Тој праша дали тие пари се пријавени во Управата за јавни приходи и Милчин ги дава сметка или на рака. Според портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Фондацијата СОРОС Македонија за годинава потрошила 39.400 евра за обука на новинари, повторно од „медиумите кои се во функција на СДСМ“.„Очигледно дека СОРОС со овие активности, но и уште многу други познати и непознати за јавноста финансиски трансакции, подгрева антивладина атмосфера и директно ја спроведува агендата и стратегијата на СДСМ содржана во Надеж. Очигледно аферата Надеж има свој продолжеток, овој пат тоа е новата Фабрика СОРОС“, рече Бичиклиски. Тој го оцени однесувањето на фондацијата СОРОС како неприфатливо за демократско општество и праша дали претпоставените на Милчин знаат дека СОРОС Македонија е „крајно исполитизирана и е продолжена рака на политичката партија СДСМ“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Спасовски: СДСМ првпат ќе бира претседател на непосредни избори

1.563 тимови се ангажирани во ажурирање на членството, процесот финишира на 21 март со првите внатрепартиски избори за претседател на СДСМ, изјави Оливер Спасовски, потпретседател на СДСМ.
„Со промените на Статуот за прв пат, за да покажеме на дело и да направиме чекор напред во демократизацијата ќе избираме претседател на СДСМ на непосредни избори. Затоа е потребно да се изврши ажурирање на членовите на СДСМ и токму денеска во Охрид во партиските простории сум тука да разговараме во однос на процесот за ажурирање на членството. Во моментот имаме 1.563 тимови на територијата на земјата коишто работат во 74 општински организации коишто ќе ги посетат домовите на нашите членови по сите стандарди и по сите здравствени протоколи во оваа ковид криза“, рече Спасовски.
Тој кажа дека денеска на таа тема разговарале и во општинската организација на СДСМ во Охрид каде во тек е реевиденција на членови на партијата.
„Затоа ги повикувам сите членови на СДСМ во Охрид да пристапат кон ажурирање на своето членство, да ја добијат својата електронска картичка за членство, а воедно остануваме отворени и за секој еден којшто сака да пристапи кон Социјалдемократскиот сојуз, да пристапи кон овие наши идеи, којшто споделува заеднички ставови за иднината на нашата држава, исто така што може да го направи во целиот овој период и по ажурирањето очекуваме дека на 21 март членовите ќе гласаат за избор на новиот претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија“, рече Спасовски.
Македонија
Нови 183 случаи на Ковид-19 во Македонија, починале шестмина

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1466 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-85, Куманово-6, Тетово-10, Прилеп-7, Гостивар-6, Штип-3, Битола-1, Велес-4, Охрид-10, Струмица-3, Кавадарци-13, Струга-5, Кочани-2, Кичево-1, Свети Николе-1, Гевгелија-6, Неготино-4, Дебар-1, Ресен-6, Радовиш-2, Делчево-1, Пробиштип-2, Богданци-2, Кратово-1, Дојран-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1731 оздравени пациенти од: Скопје-983, Куманово-57, Тетово-98, Прилеп-5, Гостивар-87, Штип-23, Битола-60, Велес-62, Охрид-25, Струмица-60, Кавадарци-36, Струга-21, Кочани-24, Кичево-28, Свети Николе-9, Гевгелија-18, Неготино-29, Дебар-6, Ресен-16, Крива Паланка-10, Радовиш-4, Берово-4, Делчево-10, Пробиштип-2, Виница-13, Валандово-7, Демир Хисар-5, Богданци-5, Македонска Каменица-12, Демир Капија-9, Пехчево-1 и Дојран-2.
Починати се 6 лица, еден пациент од Скопје (90г), еден од Куманово (51г), еден од Прилеп (77г), еден од Гостивар (71г) и два пациенти од Охрид (72 и 45г). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90654, бројката на оздравени пациенти е 78154, на починати е 2785, а бројот на активни случаи изнесува 9715. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 39426, активни 5461
• Куманово 5109, активни 392
• Тетово 5031, активни 382
• Прилеп 4522, активни 250
• Гостивар 3576, активни 228
• Штип 3474, активни 149
• Битола 3187, активни 165
• Велес 3010, активни 257
• Охрид 2721, активни 349
• Струмица 2506, активни 302
• Кавадарци 2466, активни 336
• Струга 2174, активни 141
• Кочани 1714, активни 96
• Кичево 1694, активни 130
• Свети Николе 1066, активни 38
• Гевгелија 970, активни 101
• Неготино 953, активни 121
• Дебар 741, активни 116
• Ресен 727, активни 109
• Крива Паланка 712, активни 56
• Радовиш 685, активни 46
• Берово 575, активни 47
• Делчево 558, активни 163
• Пробиштип 499, активни 42
• Виница 482, активни 32
• Валандово 325, активни 15
• Демир Хисар 242, активни 9
• Македонски Брод 240, активни 12
• Богданци 222, активни 32
• Кратово 214, активни 17
• Крушево 200, активни 38
• Македонска Каменица 190, активни 36
• Демир Капија 182, активни 29
• Пехчево 179, активни 12
• Дојран 82, активни 6
Направените 1466 теста се преку: ИЈЗ-394, ЦЈЗ Скопје-50, Авицена-175, Биотек-199, МАНУ -93, Жан Митрев (Филип Втори)-72, Систина со PCR метода -173, лабораторија Лаор –194, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-56, Инфективна клиника-2, ГАК-0, Синлаб-17, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -41, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 442.600 тестирања на Ковид -19.
Македонија
(Видео) Наумовска: Во вонредни услови на пандемија вложувме надчовечки напори да обезбедиме достапно, навремено и квалитетно образование

На сите учецини, студнетни, на сите наставници и професори им го честитам одбележувањето на 24 јануари – Меѓунардониот ден на образованието. Образованието е клучна алка за градење на иднината и напредокот на целото општество. Образованието е најсилно орудие за демографските промени и јакнење на идните капацитети на нашата држава, рече Елизабета Наумовска, претседателка на Комисија за образование на СДСМ.
„ Како социјалдемократи коишто што ја предвдиме Владата во сите наши постапки и одлуки, се водевме од општиот, државен интерес и правата и интересите на учениците, на наставно-научниот кадар. Во овие вонредни услови на пандемија вложувме надчовечки напори да обезбедиме достапно, навремено и квалитетно образование и го постигнавме тоа. Министерството за образование и наука, покажа капацитет, покажа подготвеност и денес учебната година се одвива непречено и според утврдената програма.
Во изминатите години комплетно го реформиравме средното стручно образование, кое сега овозможува директно поврзуваље со стопанството, а учениците учат практични вештини директно на работно место во работните организации. Како поддршка кон ова, за прв пат по многу годино средните стручни училишта ги опремивме со модерна опрема во училишните работилници за реализација на практична настава.
Пандемијата не беше пречка да се започне уште еден суштински важен процес – реформирање на основното образование. Новата концепција нуди интердисциплинарен пристап, кој ќе им овозможи на учениците поквалитетна настава, подобро и потемелно разбирање на материјата од сите научни дисциплини. Градиме инклузивно образование, достапно за секое дете, кое вистински ги подготвува младите за иднината.
Свесни за важноста на наставниот кадар, уште во првите месеци од првиот наш мандат ги зголемивме платите во образованието. Континуирано вложуваме и во објектите во изградба на нови и реконструкција на постоечките објекти на основните и средните училишта, како и изградба и реконструкција на спортски училишни сали. Буџетот на Министерството за образование и наука за оваа година е поголем за 1,1 милијарда денари каде најголем дел од овие средства се насочени директно за подобрување на образовниот систем.
Капиталните инвестиции се проектирани на една милијарда денари, што е за два и пол пати повеќе во однос на минатата година. Со овие средства обезбедуваме поквалитетен образовен процес за околу 100.000 ученици.
Откако претходно, за три и пол пати го зголемивме опфатот на деца кои добиваат детски и образовен додаток, оваа година со 900 милиони денари наменети за стипендии за ученици и студенти го подобруваме и унапредуваме студентскиот и ученичкиот стандард на околу 50.000 млади лица“ порача Наумовска.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот