Контакт

Политика

СДСМ: Да се одговара за пропустите утврдени во Министерството за здравство

Објавено пред

Извештајот на ревизорите за работата на Министерството за здравство во 2009 г. е катастрофален и со него е потврдено дека се потрошени повеќе од 10 милиони евра за јавни набавки во кои не биле почитувани соодветните законски одредби, обвини секретарот на СДСМ Андреј Петров барајќи одговорност

„Речиси да нема програма во која ревизорите не откриле неправилности. Се трошеле пари, а немало предвидени проекти, се делеле пари без претходна согласност, а констатирани се и состојби на непочитување на одредбите на законот за јавни набавки, истакна генералниот секретар на СДСМ Андреј Петров на денешната прес-конференција.Тој како пример како не треба да се трошат парите на граѓаните ги посочи проектите на Министерството за здравство за изградба на амбуланти во руралните подрачја и дијагностички центар во Тетово.Во извештајот, како што нагласи, е констатирано дека Министерството за здравство не обезбедило потребни средства  за остварување на уставно загарантираното право за здравствена заштита.Петров забалежа и дека една недела по објавувањето на ревизорскиот извештај за Министерството за здравство, се уште нема реакција од Антикорупциската комисија, од Јавното обвинителство, од Владата и од МВР.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ангелов ако ѝ мисли добро на Македонија веднаш да даде оставка

Објавено пред

Унапредувањето на статусот на Стојанче Ангелов од в.д. во директор на ЦУК од страна на Владата е само по себе скандал, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија, станува збор за човек кој, како што велат, ниту знае да менаџира, ниту да управува со кризи.

„Да го унапредиш, наместо да го разрешиш е бесрамен потег на власта. Не би сакале да веруваме дека Заев се опкружува со неспособни и непресмерливи ликови околу себе, само за да изгледа паметно и поспособно“, се наведува во партиската реакција.

Од ВМРО-ДПМНЕ го повикуваат Ангелов ако навистина и мисли добро на Македонија доблесно да се замине и да отстапи место на некој кој е способен.

Прикажи повеќе...

Македонија

Стојанче Ангелов од вршител на должност стана директор на ЦУК

Објавено пред

Владата на денешната 94 седница донесе одлуки во однос на повеќе кадровски решенија.

Така, Стојанче Ангелов кој досега беше вршител на должност директор, го именува за директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Пред пет дена Ангелов на „Твитер“, го објави јавниот оглас што го распиша Владата за избор на директор на институцијата со која тој досега раководеше како вршител на должност.

„Кој смета дека е подобар нека се јави. Во спротивно нека молчи засекогаш. Добро, не баш засекогаш, барем во наредните 4 години“, напиша во таа прилика Ангелов.

Инаку, тој се најде под критики на јавноста за реакцијата на ЦУК при пожарот кај Кочани на 2 август и за несервисираните канадери кои засега не се употребливи.

Во однос на останатите функции, донесени се следните одлуки:

– Амир Шабани е именуван за директор на Фондот за осигурување на депозити;

– Дритан Имери е именуван за заменик директор на Државниот испитен центар;

– Ана Петровска e разрешeна од должноста в.д. директор на Државниот инспекторат за животна средина, а на нејзино место е именуван Сретен Стојковски;

– Костадин Ацевски e разреши од должноста директор на Управата за хидрометеролошки работи, на негово барање, a за вршител на должност директор на УХМР е именуван Агим Муртезани;

– За членови на бордот на директори на Тутунски комбинат Прилеп, Владата ќе ги предложи: Никола Џамбазовски (независен неизвршен член), Миле Велкоски (независен неизвршен член), Кире Станкоски (извршен член), Татјана Стефаноска (извршен член), Ристе Ташев (извршен член).

Прикажи повеќе...

Македонија

Петровска: Останувам во јатото на искрени борци за здрава животна средина

Објавено пред

Ана Петровска која денеска на владина седница беше разрешена од директорската позиција во Државниот инспекторат за животна средина, вели дека останува да се бори за животната средина.

„Една нецела година служев во Државниот инспекторат за животна средина. Да бидеш менаџер на институцијата што на најнепосреден начин се грижи за спроведувањето на законите за животна средина е предизвик и привилегија. Благодарна сум на Владата и Премиерот за честа и довербата што ми беше укажана. Тука сум, останувам во јатото на искрени и чесни борци за здрава животна средина“, посочува Петровска.

Таа вели и дека не била изненадена од одлуката, односно немала најава, но имала навестувања дека тоа ќе се случи.

Таа се враќа на сатрото работно место во Министерството за животна средина.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ6 минути

72-годишен битолчанец извршил полов напад врз десетгодишно девојче

Маж од Битола на возраст од 72 години е осомничен дека сторил полов напад врз дете кое не наполнило 14...

Топ27 минути

Татко ја малтретирал својата ќерка, ја удирал со тупаници, и се заканувал на сопругата дека ќе ја убие

38-годишен жител од Брвеница, татко и сопруг е осомничен за малтретирање на својата ќерка и за семејно насилство над неговите...

Македонија41 минута

Активни пожари во битолскиот, струмичкиот, кумановскиот и штипскиот регион

Активни пожари има во битолскиот, струмичкиот, кумановскиот и штипскиот регион соопштија од Центарот за управување со кризи. Според објавата на...

Европа1 час

Пожарите во Грција не стивнуваат, населението се евакуира, огнената стихија уништи куќи

ЕУ испрати помош за Грција и другите земји од Југоисточна Европа кои се борат со големи пожари. Помошта дојде еден...

Македонија2 часа

Ангелов: Пет хеликоптери го гаснат пожарот кај Пехчево, ако дозволат условите, ќе емитувам во живо

Пет хеликоптери, три српски и два македонски, полетаа од скопскиот аеродром кон Пехчевскиот Регион, соопшти утрово директорот на Центарот за...

Македонија3 часа

Владата ќе го разгледува предлогот за воведување кризна состојба во државата поради пожарите

Владата денеска во 08.30 часот треба да одржи седница за предлогот на Управувачкиот комитет за воведување кризна состојба во траење...

Македонија14 часа

Стојанче Ангелов од вршител на должност стана директор на ЦУК

Владата на денешната 94 седница донесе одлуки во однос на повеќе кадровски решенија. Така, Стојанче Ангелов кој досега беше вршител...

Македонија16 часа

Награди од по 10.000 денари за пожарникарите кои го гаснеа пожарот кај Кочани

Владата на седница одлучи да ги награди сите пожарникари вклучени во гаснењето на пожарот кој го зафати Кочани и околината....

Македонија17 часа

Албански државјанин приведен за подметнување на пожар, има осомничен и за оној во Старо Нагоричане

Попладнево од страна на полициски службеници од полициското одделение Галате уапсен е 32-годишен албански државјанин со иницијали Л.А, кој илегално...

Македонија18 часа

Владата ја разреши директорката на инспекторатот за животна средина

Владата ја разреши директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска, по барање на нејзината матична партија ДОМ. Од...

Македонија20 часа

Регистрирани 164 нови случаи на Ковид-19, пријавени се три починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на...

Топ23 часа

Камион излетал од патот во близина на ГП Блаце, возачот починал од срцев удар

Товарно возило со косовски регистарски ознаки вчеравечер излетало од патот во близина на Граничниот премин Блаце соопштија од МВР. Возачот...

Регион1 ден

Почина Мирослав Лазански

Почина српскиот новинар, воен аналитичар, политичар и дипломат Мирослав Лазански на 71-годишна возраст. Лазански починал во својот дом во Белград...

Европа1 ден

(Видео) Две загинати лица и десетици повредени во судир на два воза во Чешка

Две лица загинаа, седум се во критична состојба а 31 лице се повредени во судир на два патнички воза во...

Македонија1 ден

Македонија е во портокалова фаза – да се почитуваат мерките за заштита од топлотниот бран, порачуваат надлежните

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавците, негувателите и воспитувачите во градинките, вработените во центрите за социјална работа...

Македонија1 ден

Две дози вакцина во државата примиле 401.336 граѓани

Прва доза вакцина вчера примиле 3.909 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.939 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 920.442...

Регион1 ден

(Видео) Грчките пожарникари цела ноќ се бореа со пожарите, гори и предградие на Атина

Вкупно 81 пожар избувнаа во Грција во последните 24 часа, а пожарникарите сѐ уште се борат со 40 од нив, кои...

Свет1 ден

Њујорк воведе ковид-пасоши – во ресторан и театар може само вакцинирани

Во Њујорк нема да може да се влезе во ресторан, спортска сала и во театар без потврда за вакцинација, изјави...

Топ2 дена

Скопјанец ја тепал мајка си, но таа не сакала да го пријави – повредена излегла од болница и починала

Полицијата уапсила 36-годишен скопјанец откако започнала истрага по пријава дека во близина на градската општа болница „8 Септември“ почината била...

Македонија2 дена

(Видео) Спасовски: Четири српски хеликоптери им се приклучуваат на нашите два

Српските власти ни испратија четири хеликоптери за гаснење на пожарите, кои ќе се приклучат на нашите два и ќе сториме...

Досие