Политика
СДСМ бара предвремени избори

Како што најави потпретседателот на најголемата опозициска партија, Гордан Георгиев, СДСМ веќе од митингот во Штип што ќе се одржи во недела ќе бара од актуелната власт одржување предвремени парламентарни избори
Опозициската СДСМ во наредниот период ќе побара од власта да распише предвремени избори, а битката за тоа ја почнува со митинг во недела во Штип, рече во петокот потпретседателот на партијата Гордан Георгиев. „Доколку не успееме да ја турнеме Владата преку интерпелација, наше е како одговорна опозициска партија да ги повикаме да ги распишат изборите и на тој начин да докажат дека се одговорна власт, изјави потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев.Георгиев рече дека е редно да се распишат предвремени избори, додавајќи дека во СДСМ се потполно свесни дека имаат 18 пратеници во парламентот и дека дури и евентуално да се земат предвид гласовите на сите други опозициски пратеници не може да се дојде до бројката од 61 пратеник.„Но, тоа не значи дека не треба, како одговорна партија, особено одговорна околу иднината на Македонија да побараме од оваа власт одговорност да распише предвремени избори и да видиме граѓаните за каква Македонија ќе се одлучат. Факт е дека со оваа власт Македонија е прилично изолирана и дека нема да влезе НАТО и ЕУ барем во догледен период“, рече Георгиев.Според него Македонија нема да влезе во НАТО на овој Самит и смета дека СДСМ треба да си ги проба силите на избори, и како што рече да покажат кој за каква Македонија се залага и како граѓаните ги перцепираат двете најголеми партии.„Јас не можам да шпекулирам што ќе направи Груевски дали ќе распише предвремени избори, но наше е тоа да го побараме и да се бориме за тоа бидејќи навистина работата е дојдена до коска“, додаде потпретседателот на СДСМ.„Бидејќи Македонија нема да влезе во НАТО на овој Самит, сметаме дека треба едноставно да си ги пробаме силите на избори, да покажеме кој за каква Македонија се залага и како граѓаните ги перципираат двете најголеми партии“ рече Гордан Георгиев.Георгиев додаде дека за него е очигледно оти членството во НАТО и Европската Унија не бил приоритет за актуелната Влада, а како штиомер за тоа го посочи неучеството на премиерот Никола Груевски на Самитот на НАТО во Лисабон.„Имајќи предвид дека 80 отсто од граѓаните се убедени дека Македонија мора да влезе во НАТО сакаме да ги увериме дека идната влада на СДСМ со мудра политика, со рационална дипломатија“, ќе ја внесе Македонија во Алијансата“, заклучи Георгиев одговарајќи на новинарско прашање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Демократски сојуз: Езерото Треска е на скопјани

Демократскиот сојуз бара Советот на Град Скопје и градоначалникот на Скопје да ги преземат сите законски мерки за да спречат Езерото Треска да се одземе од граѓаните на Скопје. Од партијата велат дека езерото е градено со самопридонес на граѓаните на Скопје и никој друг нема право да располага со него.
„Воедно ја повикуваме и Владата да ги активира државните институции за да спречат уништување на езерото и претворање на истото во градилиште и профит на урбаната мафија. Независно какви сè постапки се спроведени, граѓаните на Скопје на референдум одлучија да се гради, за тоа платија и никој друг на смее локацијата да ја пренамени и да ги лиши граѓаните од рекреативен центар толку потребен на сите“, соопшти ДС.
Македонија
Нови интерактивни табли во битолските основни и средни училишта

Во текот на вчерашниот и денешниот ден, во дел од основните и средните училишта во општина Битола комплетно беа поставени нови 10 интерактивни табли, за осовременување на наставниот процес.
Со средства од Општина Битола во вредност од над 630.000 денари ,интерактивни табли заедно со проектори, добија основните училишта „Александар Турунџев“, „Елпида Караманди“, „Крсте Петков Мисирков“, „Стив Наумов“, „Трифун Пановски“ и „Кирил и Методиј“, како и средните општински училишта „Ѓорѓи Наумов“, „Д-р Јован Калаузи“ и „Јане Сандански“.
Со овие интерактивни табли значително се подобруваат условите за квалитетна настава, се унапредува квалитетот, практичноста и видеокомуникацијата.
Македонија
Фити: Реформите не смеат да се одложуваат

Реформата на основното образование треба да почне со радикално преиспитување на наставните содржини по одделни предмети и од нив треба да се исфрли сè што е несуштинско и да се фокусираат на битните, трајните работи, рече академик Таки Фити по денешната дебата на членовите на Одделението за општествени науки на МАНУ и на Центарот за стратегиски истражувања на МАНУ со претставници на МОН, Бирото за развој на образованието и на работната група што ја изготви концепцијата за основно образование.
„Не можеме да ги отфрлиме фактите. Учениците мора да знаат факти, бидејќи науката се гради со факти, но тоа не е куп на факти, туку факти коишто се меѓу себе поврзани, причинско-последичните врски, критичко размислување во логична и конзистентна целина. Без тоа не можеме. Поврзување на работите, односно имплементирање на она што во тие национални стандарди, како што ги вика стратегијата, е означено како претприемништво. Но, не претприeмништвото како предмет, претприемништвото како филозофија на размислување и на однесување. Гледање на можности, откривање можности, искористување можности. Од најмали нозе тоа треба да се прави“, рече академик Фити.
Фити посочи дека сите се согласиле дека реформите во основното образование се императив.
„Реформите не смеат да се одложуваат затоа што многу лошо стоиме и во поглед на длабочината на знаењата и во поглед на опсегот, значи и во поглед на квантитетот и квалитетот на знаења на нашите основци, споредени со оние на нивните врсници во високоразвиените земји, членки на ОЕЦД, и тука постојат факти, постојат меѓународни мерења коишто тоа апсолутно го потврдуваат и тој јаз има тенденција да се проширува. Затоа со реформи треба веднаш да се почне“, посочи академик Фити.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот