Контакт

Политика

Димовски: ВМРО-ДПМНЕ води политики во полза на бизнис заедницата

Објавено пред

Политиките коишто ВМРО-ДПМНЕ ги реализира на локално и државно ниво ги прави многу поблиски и многу покорисни и за фирмите и за работниците и за сите граѓани, а дополнителна поддршка за претпријатијата е и фактот што Владата разгледува донесување на постојано нови силни економски мерки, кои дополни

dobivaj vesti na viber

Како што потенцираше во средата Илија Димовски, директорот на Центарот за комуникација на владејачката ВМРО-ДПМНЕ; одговарајќи на изјавата на Игор Ивановски од опозициската СДСМ кој во средата претходно побара замрзнување на фирмарината, прес конференцијата на Игор Ивановски, една од главните тенденции на Градот Скопје, каде што раководи градоначалникот Коце Трајановски и на сите единици на локалната самоуправа во Република Македонија коишто се водени градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ – е да се излезе во пресрет на интересите на граѓаните и бизнис заедницата

„Треба да се знае дека плаќањето на фирмарина е законска обврска, којашто важи дваесетина години во Република Македонија. Но Градот Скопје, пред сé, не ја зголеми туку минатата година ја намали фирмираната и сега таа изнесува само 200 денари месечно за трговец поединец и 580 денари месечно за фирмите’“ рече Димовски кој додаде во таа насока и по таа тенденција се водат и другите единици на локална самоуправа каде што е ВМРО-ДПМНЕ на власт.

Димовски рече дека Градот Скопје и другите единици на локалната самоуправа ја користат најниската можна стапка за данок на имот со што се придонесува за подобри бизнис услови на сите фирми во земјата.

„Намалени се и комуналиите за изградба на производни фирми, магацини, сточарства и хотели, како на пример во Скопје на само 5 отсто, односно приближно од 100 евра, колку што беше во време на СДСМ, на сегашни 5 евра по квадратен метар. Од друга страна. пак, од средствата коишто градот Скопје и од средствата на другите единици на локална самоуправа што ги добиваат, се градат булевари, улици, паркови, мостови и други инфраструктурни објекти, како што сите можеме да посведочиме во времето на СДСМ или воопшто не се градеа или се градеа во минимален обем“, посочи Димовски.

Додаде дека фирмите значително олеснување почувствувале и со низата економски мерки што изминатиот период ги презема Владата, како што е намалувањето на даноците, односно дека со рамната стапка од 10 отсто, Македонија има најниски даноци во Европа.

„Во Европа 25 од вкупно 27 земји членки на Европската унија, во минатите две години го зголемија ДДВ-то, а Република Македонија и натаму останува без намера да ги зголемува даноците“, заклучи Димовски посочувајќи на неколку владини мерки, како што се намалувањето на стапката за придонесите за пензиско и за здравствено осигурување .проектот регулаторна гилотина…, политики коишто ВМРО-ДПМНЕ ги реализира на локално и на државно ниво, коишто според него се многу пополезни и за бизнис заедницата и за граѓаните./крај/мф/сн

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Пожар во старечки дом во Кавадаречко, се евакуираат лицата сместени во објектот

РЦУК Велес, известува дека во село Чемерско во општина Кавадарци, има пожар во старечкиот дом. На терен се 10 пожарникари...

Македонија17 минути

Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Утрово најстудено било во Берово каде биле измерени -9 степени, -8 било во Крива Паланка, -7 во Битола и Прилеп,...

Македонија1 час

30-дневен притвор за Раде Трајковски-Штекли и за уште осум лица

Кривичниот суд Скопје го прифати барањето на Обвинителството и одреди 30-дневен притвор за Раде Трајковски – Штекли и уште осум...

Топ2 часа

19-годишник од Радовиш не застанал на знакот за запирање, па со автомобилот удрил во работна машина: во неговото возило пронајдени мигранти

Вчера околу 20.00 часот на автопатот Демир Капија – Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при...

Македонија2 часа

Изгубени странски туристи безбедно извлечени преку езерото Матка

Вчера, на крајот од денот, по стемнувањето, на 112 во ЦУК е добиена пријава од странски државјани (турски), туристи, кои...

Регион3 часа

(Видео) Пожар во дом за стари лица во Србија, осум загинати, неколку повредени

Осум лица загинаа, а неколку се повредени во пожар што утрово околу 4 часот и 30 минути избувна во дом...

Свет4 часа

Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Во затвор беше страшно“

Околу 90 палестински затвореници се ослободени во замена за тројца израелски заложници кои Хамас му ги предаде на Израел како...

Свет4 часа

Трамп веќе работи на закажување разговор со Путин

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп им наложи на своите соработници да договорат телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин во...

Свет5 часа

Уште колку заложници останаа во Газа: израелските власти веруваат дека само 60 од нив сè уште се живи

Три израелски жени кои Хамас ги држеше како заложници во Газа се ослободени и вратени вчера во Израел, што го...

Свет5 часа

(Видео) Голем митинг на Трамп: До зајдисонце ќе биде запрена инвазијата на нашата земја

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера им рече на илјадниците свои приврзаници во Вашингтон дека ќе воведе строги ограничувања за...

Македонија5 часа

Магла на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла од 30 до...

Свет15 часа

Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки

На профилот на Израел на „Икс“ објавени се емотивни фотогрфии од средбата на ослободените заложнички со нивните мајки. Тие денеска...

Спорт16 часа

Македонија ја победи Гвинеја, носи еден бод во главната фаза

Фото/ facebook.com/rfmofficial Македонија не импресионира со играта но ја опрвада фавористската улога и ја совлада Гвинеја со 29:20 (14:10). Македонија...

Македонија20 часа

Се запали бутик во зграда во Карпош, огнот се прошири кон уште еден стан и два автомобили

Пожар избувна доцн синоќа во бутик во Карпош, на улицата Разловечко востание. Бутикот кој е во сопственост на И.М.(54) од Скопје...

Македонија21 час

Пари, дрога и оружје се одземени во акцијата во која беше уапсен Штекли, се бара притвор за 10 лица

Пари, дрога, возила, мобилни телефони и оружје биле одземени во полициската акција за сузбивањето на криминалната крупа во која уапсен...

Македонија24 часа

Мартин Гоџо го фати светиот крст во Охрид, Сиљановска му подари рачно изработена резба

Мартин Гоџо од Варош го фати крстот во водите на Охридското Езеро, по повод денешниот празник Водици. Мартин го фати...

Свет1 ден

Договорот меѓу Израел и Хамас повторно го привлече вниманието кон децата заложници Кфир и Ариел Бибас

За првиот роденден на Кфир Бибас минатата година, поддржувачите ширум светот се собраа со надеж дека тој ќе се врати...

Свет1 ден

🔴 Почна примирјето во Газа

Од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху доаѓа нова вест – договорениот прекин на огнот штотуку стапи во сила. Договорот...

Свет1 ден

Хамас ги објави имињата на тројцата заложници кои треба денес да бидат ослободени

Хамас ги соопшти имињата на тројцата израелски заложници кои први треба да бидат ослободени во текот на денот, се вели...

Свет1 ден

Трамп пристигна во Вашингтон

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера вечерта пристигна во Вашингтон на почетокот на прославите за неговото враќање на власт, два...