Контакт

Политика

ВМРО-ДПМНЕ инсистира Жерновски да ги открие подмитувачите

Објавено пред

Советникот од Општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Томислав Лазаров, во вторник уште еднаш праша, кои се тие што на Андреј Жерновски, актуелниот градоначалник на општината и на неговите соработници им нуделе мито и бизнис соработка.

„Во правна држава не можете да кажете дека некој ви нудел мито, а потоа неколку денови со ред да се криете од јавноста. Жерновски или излажал или свесно ги заштитува тие што му нуделе мито, а со тоа станува нивен соучесник. До сега Андреј Жерновски јавно не ги соопшти имињата, ниту пак, според нашите информации, ги пријави до надлежните институции фирмите или лицата кои наводно до него и неговите соработници им нуделе мито”, рече Лазаров.

Според него, недозволиво е градоначалник на Општина Центар од ракав да изнесува обвинувања, а потоа да молчи кога јавноста од него ќе побара докази.

„Ние нема да дозволиме оваа скандалозна изјава на Андреј Жерновски да биде заборавена и да се третира како незначајна. Ваквиот стил на однесување говори за она што ние и досега го тврдевме, дека Андреј Жерновски е несериозен и арогантен политичар”, рече Лазаров./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Кузеска: Кадри на Груевски и осомничени лица е понудата на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници

Објавено пред

Лица обвинети за кривични дела и луѓе блиски на експремиерот Никола Груевски е понудата на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за овие претстојни локални избори, истакна на прес-конференција, порпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа обвинува дека станува збор за луѓе кои не можат да понудат ништо освен деструкција и враќање на режимот, а Мицкоски лажно ги претставува како чесни и нови лица.

Еден од нив, како што рече Кузеска, е и актуелниот градоначалник и кандидат на Мицкоски за општина Петровец, против кого е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба и за перење пари. Во медиумите се појавија и натписи за сомнителното минато и на кандидатот за градоначалник во Гази Баба, Бобан Стефковски, додава Кузеска.

„До денес, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не одговорија дали е точно дека Стефковски, во 2002 и 2003 во два наврати бил притворен поради неовластено производство на опојни дроги. Во јавноста постојат и документи дека кандидатката на општина Крушево, Билјана Проеска, е осудувана во 2015 година на условна казна затвор поради фалсификување исправа. И за ова, Мицкоски се уште молчи и нема одговор. Пресуда со условна казна има и кандидатот за градоначалник на Бутел, Дарко Костовски за учество во тепачка. Христијан Мицкоски и натаму молчи. Ете ја почитувани понудата на Мицкоски за овие избори. Тоа е понуда со која Мицкоски ги потценува граѓаните од кои треба да ја бара довербата“, рече Кузеска.

Како што додаде, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги очекува нов убедлив пораз на локалните избори, бидејќи граѓаните не сакаат и нема да дозволат нечесни и неодговорни кадри да ги водат општините.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ во Собранието работи против интересите на граѓаните

Објавено пред

„ВМРО-ДПМНЕ во Собранието рабпти против интересите на граѓаните и наместо конструктивност се што прави е блокади и кочења на важни законски измени.

Во Комисијата за финансирање и буџет, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го кочат законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија. кој предвидува отпис на каматите од страна на доверителите, како и репрограмирање на долговите и трошоците на јавните претпријатија.

ВМРО-ДПМНЕ го кочи и Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица во време на ковид-19, со кој на институциите од јавните дејности им се наредува да ги простат и избришат долговите на сите граѓани, по основ на камати во висина од 100%.

Во Комисијата за труд и социјална политика, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги кочат измените на законот со кои недела станува неработен ден за 92 отсто од работниците.

ВМРО-ДПМНЕ ги кочи и измените кои треба да обезбедат трајно вработување на 4.700 наставници.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги блокираат и измените на Законот за служба во Армијата со кои војниците ќе имаат право на избор, ќе имаат можност да добијат и 20.000 евра отпремнина по навршување на 45 години, како и дополнителни можности при пензионирање.

ВМРО-ДПМНЕ е насочена директно против интересите на граѓаните и интересите на државата и затоа на овие избори уште еднаш, по седми пат ќе бидат поразени од граѓаните“.

Соопштение на СДСМ

Прикажи повеќе...

Македонија

Герасимовски: Ќе водам фер и позитивна кампања со почитување на сите учесници и противкандидати

Објавено пред

Кандидатот за градоначалник на општина Центар, Горан Герасимовски, денеска го потпиша кодексот за фер и демократки избори. Герасимовски се обврза на фер избори со почитување на сите закони, правила и прописи, како и почитување на владеењето на правото при организирањето и спроведувањето на изборите.

„Јас ќе имам фер и позитивна кампања со почитување на сите учесници и противкандидати. Да ги соочиме идеите и проектите и да имаме конструктивни дебати, само така граѓаните ќе може да го направат вистинскиот избор. На овие избори да покажеме дека политички сме созреале како општество за да ја вратиме довербата на граѓаните во политиката и институциите“, изјави Герасимовски.

Спроведувањето фер и демократки избори е почитување на основните човекови права, тоа е зацврстување на фундаменталните вредности на демократијата и градење доверба во изборниот процес. Отчетни избори значат зрело општество, кое ги почитува способностите на кандидатите.

Герасимовски при денешното потпишување на кодексот за фер и демократски избори исто така се обврза дека преку почитување на законот нема да ги користи државните капацитети и потенцијали и со тоа ќе спроведе еднаквост во кампањата и етичко известување за неа.

Во согласност со состојбата со коронавирусот, Герасимовски како учесник во изборниот процес ќе ги почитува и мерките за заштита на граѓаните во секоја фаза од изборниот процес.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

(Видео) Заев се попиша: „Конечно ќе добиеме релевантни податоци за креирање на реални политики“

Претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со своето семејство во својот дом во Струмица, ја исполни граѓанската должност и законска...

Свет50 минути

Куба почна со извоз на својата вакцина против коронавирус

Куба соопшти дека за првпат ја извезла во Виетнам својата вакцина против коронавирус „Абдала“, која се дава во три дози....

Регион3 часа

Труење, па давање е најверојатно причината за смртта на децата кои беа убиени од нивниот татко во Хрватска

Децата што во Хрватска беа убиени од страна на нивниот татко – Австриецот, Харалд Копиц, најверојатно првично биле отруени, пишуваат...

Европа3 часа

Германија бира наследник на Меркел

Околу 60,4 милиони Германци денеска на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот, и индиректно за...

Македонија3 часа

Од утре изборна кампања

Од утре стартува изборната кампања за Локалните избори што се закажани на 17 октомври. Кампањата ќе заврши на 15 октомври...

Македонија19 часа

Регистрирани 392 нови случаи на коронавирус, починаа 20 лица

Во последните 24 часа направени се 4.633 тестирања, а регистрирани се 392 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 180, Куманово...

Македонија21 час

Заев за виенски „Стандард“: ЕУ треба да го забрза процесот на донесување одлуки

„Понекогаш членките на ЕУ ја забораваат причината зошто работиме заедно, а тоа е затоа што сме заемно корисни. ЕУ е...

Европа21 час

(Видео) Ерупцијата на вулканот на шпанскиот остров влезе во најинтензивната фаза

Реки лава течеа низ вулканот на шпанскиот остров Ла Палма ноќта помеѓу петокот и саботата, поради што локалниот аеродром беше...

Регион1 ден

Татко си ги задавил трите деца во Загреб, oставил писмо на „Фејсбук“

Три малолетни деца биле задавени од страна на нивниот татко во стан во Загреб, во населбата Млинови. Полицијата на местото...

Европа1 ден

Кој ќе ја наследи Меркел: Изборите се неизвесни, постизборните сојузи се уште понеизвесни

Околу 60,4 милиони Германци в недела, 26 септември на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот,...

Македонија1 ден

Заклучен избирачкиот список, кампањата почнува в понеделник

Државната изборна комисија го заклучи избирачкиот список, со што од понеделник почнува кампањата за локалните избори закажани на 17 октомври....

Македонија1 ден

Досега се попишани околу 1,4 милион граѓани, пописот ќе заврши во четврток

Заклучно до вчера до 12 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435.000 домаќинства и над 600.000 станови, а се...

Македонија2 дена

Нови 525 случаи на коронавирус, починаа 12 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 525 нови случаи на коронавирус, 449 оздравеа, а 12 лица починаа, информира...

Македонија2 дена

Осумдесет oтсто од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани од позитивни случаи на Ковид-19 во периодот од 6 август заклучно со...

Македонија2 дена

Еврејската заедница во Македонија смета дека со бришењето на терминот „бугарски“ се искривува историската вистина

Eврејската верска заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија велат дека не се согласуваат со намерата за бришење...

Европа2 дена

Норвешка од утре ги укинува сите ковид-мерки

Норвешка ќе ги укине сите рестриктивни мерки воведени поради пандемијата на коронавирус, објави владата. „Поминаа 561 ден откако ги воведовме...

Европа2 дена

„Епл“ реагира на одлуката дека во ЕУ ќе мора да има универзален полнач за сите мобилни телефони

Европската Унија денеска објави дека ќе нареди воведување на универзални полначи за мобилните телефони. Овој потег го налути „Епл“, кој...

Топ2 дена

Работник од Скопје почина при пад од зграда во изградба

Градежен работник паднал и починал додека работел на зграда во изградба во Гази Баба. Според информациите, се работи за М.Ц....

Македонија2 дена

Јавни обвинители ќе следат дали има нерегуларности на локалните избори, формирана е привремена комисија

Јавниот обвинител донесе одлука за формирање привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со локалните избори закажани за 17...

Македонија2 дена

Притвор за кумановската докторка која барала поткуп од 200 евра од пациенти за да ги оперира

Кумановското обвинителство поведе постапка против кумановска докторка на возраст од 51 година, вработена во „Општа болница Куманово“- очно одделение, поради злоупотреба...

Досие