Контакт

Политика

Бонева: Обвинувањата од СДСМ се лажни и злонамерни

Објавено пред

Обвинувањата за криење на имот од Антикорупциската комисија и несразмерно богатење е лажно и злонамерно и со цел да му се наштети на мојот углед, угледот на моето семејство и на угледот на партијата.

dobivaj vesti na viber

Ова се наведува во реакцијата на шефот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева на пресот на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, кој обвини дека Бонева  во Анкетниот лист не пријавила стан во Скопје, кој, според опозициската партија, бил во сопственост на нејзиниот син.„Силвана Бонева не крие ништо ни од Антикорупциската комисија ниту пак од јавноста – секоја промена во мојот Анкетен лист е уредно пријавена, евидентирана и достапна на јавноста“, се вели во реакцијата. Таа истакнува дека на 26.07.2013 год поднела Пријава за промена на имотната состојба до Антикорупциска комисија, со која известила дека сиот недвижен имот на нејзиниот сопруг содржан во претходниот Анкетен лист стекнат со наследство, сопругот ги подарил на нивните синови, кои не живеат повеќе во заедничко семејно домаќинство со родителите.Притоа Бонева потсетува дека според Законот за спречување на корупцијата имот на нејзините деца престанал да биде составен дел од нејзиниот Анкетен лист, откако не живеат повеќе во заедничко домаќинство.Бонева изрази жалење што Антикорупциска комисија и покрај доставената Пријава од Анкетниот лист не ја избришала пријавената заштеда на име на синовите, бидејќи се известени дека повеќе не сме заедничко семејно домаќинство и ги повикува членовите на комисијата да ја исправат грешката.„Дали моите синови, едниот софтверски инженер а другиот магистер по Евроинтеграции од Универзитетот во Бон – Германија, како возрасни луѓе кои својата егзистенција веќе повеќе години ја обезбедуват во европските земји и имаат посебни семејни домаќинства, само заради тоа што мајка им е координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ немаат право ниту на сопственост, ниту на наследство, ниту на поклон и помош од родителите и единствените им баба и дедо? И дали немаат право да го искористат наследениот имот – куќата, викендичката и земјоделските површини за стекнување на нов имот? Тоа ли е Вашиот основ да зборувате за криминал?“, се вели во реакцијата на Бонева.Таа го повикува портпаролот на СДСМ јавно да се извини за, како што истакнува, искажаните клевети, во спротивно ќе биде принудена правдата да ја бара на суд. /крај/

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Сиљановска ја штити и релативизира Кочоска, таа е нем набљудувач на дискриминацијата, велат од СДСМ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова која во кампањата се претставуваше како борец за правата на жените, денес молчи пред отворена дискриминација кон...

Македонија2 часа

Засилени контроли за увозното овошје и зеленчукот за заштита од пестициди, најави АХВ

Заради обезбедување на поголема безбедност на храната и постигнување на високо ниво на заштита на здравјето на луѓето, во услови...

Македонија2 часа

(Видео) Граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајни незгоди, веднаш да пријават во полиција

Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се...

Свет3 часа

Американски експерт за надворешна и безбедносна политика: Она што го прават САД, Путин го толкува како бело знаме

Добро е што САД „разговараат со противникот“, но во моментов звучи како да сакаат мир и договор повеќе од Русија,...

Македонија3 часа

Утрово најстудено во Берово, денеска максималната температура до 16 степени

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -8 степени, -7 било на Попова Шапка, -6 во Маврови Анови...

Европа3 часа

Би-би-си: Какви опции има Зеленски сега? Јасно е што сака Трамп

„Што може Зеленски да направи за да ја промени ситуацијата? Да му се извини на претседателот Трамп? Да го прифати...

Свет5 часа

(Видео) Венс: Зеленски не е подготвен за мир, тоа е вистинскиот проблем

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс рече дека верува оти украинскиот претседател Володимир Зеленски „на крајот“ ќе се помири со учеството...

Свет5 часа

Трамп ја паузира воената помош за Украина, објави „Ројтерс“

Соединетите држави ја паузираат воената помош за Украина само неколку дена откако сегашниот американски претседател Доналд Трамп се судри со...

Македонија18 часа

Средба Муцунски-Сијарто: Унгарија е меѓу десетте најголеми трговски партнери и инвеститори во Македонија

Во рамките на Втората меѓувладина седница со Унгарија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Будимпешта...

Македонија18 часа

Апелација му ја намали казната на Боки 13 за „Рекет“, од девет на пет години

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за случајот „Рекет“ во кој е обвинет Бојан Јовановски – Боки 13. Боки 13 во...

Македонија21 час

Онака сложно како што ги зачуваа патните трошоци, пратениците да изгласаат дополнително покачување на минималната плата од 6.000 денари, побара Трендафилов

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), денес, до Владата, до Собранието и до работодавците достави предлог во кој бара дополнително...

Топ21 час

Вработените во Филхармонијата до Мицкоски и Љутков: За директор треба да се избере најквалификуваниот, а не партиски договорениот кандидат

Пред неколку дена, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков во изјава за еден медиум рече дека одлуката кој ќе...

Свет23 часа

Трамп: „Зеленски нема да има друга опција, освен да се предаде“

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа на својата социјална мрежа Truth Social сподели објава во која тврди дека украинскиот претседател Володимир...

Македонија23 часа

Платите да се исплаќаат до петти место до петнаесетти во месецот, предлага Левицата

На денешната прес-конференција, пратеникот од Левица и портпаролот на партијата, Амар Мециновиќ, обзнани дека пратениците од Левица поднеле предлог во...

Македонија24 часа

За електронски индекс ќе треба една и пол година, месецов почнува дигитализацијата на студентските сервиси на УКИМ, вели ректорката Ангелова

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) месецов почнува со дигитална трансформација. Ректорката Билјана Ангелова најави дека првин ќе се дигитализираат...

Македонија1 ден

ДУИ подготвува бојкот на локалните избори за да го избегне поразот, велат од „Влен“

За да го избегне поразот ДУИ планира да ги бојкотира изборите и да провоцира тензии на денот на гласањето, веалт...

Македонија1 ден

Возел под дејство на алкохол, со голема брзина и тешко повредил пешак: истрага за сообраќајна несреќа во Скопје

Мерки на претпазливост, кои вклучуваат привремено одземање возачка дозвола и забрана за нејзино издавање, забрана за напуштање на живеалиштето или...

Европа1 ден

Лавров: Зеленски се претвори во чист нацист и предавник на Евреите

Украинскиот лидер Володимир Зеленски по доаѓањето на власт се претвори во „чист нацист“ и предавник на Евреите, изјави рускиот министер...

Европа1 ден

(Видео) Зеленски: Подготвен сум да заминам во замена за членство во НАТО

Володомир Зеленски рече дека ќе биде подготвен да замине во замена за членството на Украина во НАТО, навестувајќи дека ќе...

Европа1 ден

Макрон: Предлагаме едномесечен прекин на огнот во Украина

Франција и Велика Британија предлагаат едномесечен прекин на огнот во Украина „во воздух, во море и во енергетската инфраструктура“, изјави...