Политика
Заев: Стратегијата на ВМРО – ДПМНЕ е “Сто пати кажана лага станува вистина“
Од сите досегашни коалиции во овие 23 години независност, повеќе од очигледно е дека најсилна е коалицијата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и медиумите. Ваква непримерна соработка на штета на државата и на граѓаните не памети светската историја дури и во најтоталитарните опшества, рече во саботата на прес-конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев, според кого стратегијата на владејачката партија била „Сто пати кажана лага станува вистина“.
„Тактиката на медиуми што се под директна контрола на ВМРО-ДПМНЕ, е многу добро позната, односно без потпис на новинар или уредник ја објавуваат темата, ги поставува лажните тези, а некои националните телевизии и неколку дневни весници и други медиуми и портали, ја шират невистинитата приказна, со цел да допре до што е можно повеќе граѓани”, истакна Заев и додаде дека преку ваквиот начин на контрола на медиумите, власта успешно наметнува впечаток кај најголем дел од граѓаните, за каква и да „злонамерна или забегана теза, којашто ја издига на ниво на вистина„ и преку тоа создавала сосема извитоперен впечаток, за кој било и за што било во земјата.
Според него, ова е доказ за дел од таа, како што рече, вкупна режимска системска контрола на власт, којашто ја уништува, не само слободата на медиумите, туку преку „ваквиот механизам, може да постави целосни невистини и да ги пласира на јавноста како апсолутни вистини”.
„Тоа се прави против сите неистомисленици со власта, но исто така и против секој граѓанин, кој ќе се дрзне да соопшти или направи нешто кое е спротивно на итересите и целите на владејачката гарнитура предводена од ВМРО-ДПМНЕ”, подвлече претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и додаде дека токму поради тоа недозволиво е повторно опозицијата да попушти во своите ставови за непризнавање на изборниот процес и неприфаќање на пратеничките мандати.
Заев истакна дека, според него, дел од овие лаги е и случајот „Глобал”, случај којшто, како што рече, политичко – медиумското братство го презентира по свој режимски аршин, далеку од вистината.
„Истите тие кои не објавија ниту збор од аферата со продажбата на Македонска банка, сега со здружени сили се фокусирани случајот Глобал, што е чист како солза, да го прикажат во сосема поинакво светло, и со дрвја и камења, по којзнае кој пат, да го нападнат името, угледот и честа на Зоран Заев”, рече лидерот на СДСМ кој додаде дека главната цел е на ова, според него, здружено делување е да се дефокусира вниманието од криминалот на власта и финансиските афери на Груевски и да се создаде поинаква перцепција пред судското рочиште по тужбата на Груевски против него, за клевета.
Заев на прес-конференцијата нагласи дека законите во државата се јасни, какви и да се и според тие закони, општината е таа којашто издава одобренија за градба.
„Политичко-медиумската формулација на спин – тезата дека самата легализација на Глобал е доказ сам за себе дека градбата била нелегална, едноставно не држи, затоа што истите луѓе, по истото сценарио со политички мотиви го прогласија Глобал за нелегален”, рече Заев.
Тој додаде дека и судските инстанци си го кажале своето односно дека пред четири години прво Управниот, па потоа и Врховниот суд, потврдиле дека Агенцијата за катастар на недвижности е должна да го запише Глобал во катастарската документација, но дека и покрај ваквата пресуда, Агенцијата за катастар не го впишала одобрението за градба на Глобал со изговор дека имало претходно нерешено прашање, а тоа е дека имало денационализација на земјиштето на коешто е изграден Глобал.
„Оваа година пред изборите, поради тоа што калкулираа дека може да се променат работите во власта, решија да го впишат актот за легализација на Глобал во Агенцијата за катастар и со тоа несмасно, невнимателно и несвесно потврдија дека денационализација на земјиштето не постои”, реле лидерот на СДСМ кој додаде дека според законот, доколку на предметно земјиште има денационализација, не може да се впише во Катастар, ниту одобрение за градба, ниту акт за легализација.
Според Заев, со ваквиот потег, односно со впишувањето во Катастар на актот за легализацијата на Глобал, власта обезбедила, во негова полза, доказ за целиот случај Глобал, а тоа е, како што нагласи, дека денационализација немало, ниту кога се градел Глобал, ниту денеска кога тој е впишан во катастарот на Македонија.
Токму поради оваа наводна денационализација, рече Заев, актуелната власт го притворала него и неговите соработници.
„Заради овој предмет, „Глобал” и денационализацијата на земјиштето на коешто е изграден, шест години, Груевски, власта и медиумите блиски на власта, не ме симнаа подолу од аболициран, криминалец и што ли уште не”, рече Заев.
Според него, порано или подоцна вистината секогаш излегува на површина и кога тогаш за секое зло ќе следи одговорност додавајќи дека проектот „Глобал” бил избран од ЕУ како најдобра практика за јавно приватно партнерство и со средства на ЕУ бил промовиран како успешна пракса во многу европски градови./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски од Чаир: На Македонија ѝ треба обединување и единство, а не поделби, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи 1 милијарда евра за проекти во сите општини
Се чувствува победничка атмосфера и енергија, тоа е важно за сите нас и ни дава мотив да продолжиме посилно да се бориме. Овие денови кои ни преостануваат треба максимално да се мобилизираме, а најновите анкети кои ги добив утрово велат дека ќе биде голема победата и на 24 април и на 8 мај, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Чаир.
Мицкоски истакна дека сега во Македонија имаме политичка гарнитура која повеќе од две децении е на власт, тоа се ДУИ чија суштина се поделби и грабеж на народот.
– Кога ќе анализирате која е суштината на ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби, Бујар Османи, Талат Џафери и останатите, кај нив нема ништо посебно тие само го делат народот по етничка основа и така опстојуваат. Дали некој може да се сети некоја добра работа која Али Ахмети и Артан Груби ја имаат направено, но можам да кажам десетици лоши работи, рече Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека сега ДУИ сериозно ќе бидат изненадени на овие избори, а им се познава нервозата затоа што после 8 мај треба да одговараат за сето она што му го направија на народот, за целиот грабеж.
Мицкоски се осврна на проектите кои ги планира идната влада од ВМРО-ДПМНЕ и посочи дека се планира да се инвестира 250 милиони евра секоја година во општините, 1 милијарда во 4 годишен мандат.
– Во Чаир ќе има висока сума, еден од проектите е проширување на булеварското решение на влезот од Бит Пазар кон Чаир и тоа мора да се направи и го повикувам градоначалникот да се пријави со повеќе проекти. Тоа ќе додаде вредност во квалитетот на живеење. На Македонија и треба обединување и единство не поделба, потенцираше Мицкоски.
Мицкоски додаде дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ планира да отвори нови 55.000 работни места, да функционира со владеење на правото на целата територија и нема да има територии каде ќе владејат шерифи.
Да обезбедиме пристојни услови за поголем инвестициски бран и од странство и од домашни инвеститори за да може децата да останат тука. Мораме и тие кои си отидоа да ги вратиме назад. Да обезбедиме надеж. Ве повикувам на 24 април сите да се обединиме околу број 2 и да гласаме за Гордана Силјановска Давкова, а потоа да се обединиме и заедно на 8 мај да испишеме историја за коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски.
Македонија
Доц. д-р Бобан Карапејовски: Ќе обезбедиме вработување на најдобрите 200 студенти, како и стипендии од 500 евра месечно
Носителот на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 1, Бобан Карапејовски на денешната прес конференција рече дека во програмата на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија за парламентарните избори, наречена „Проглас за достоинствена Македонија“ еден од приоритетите се образованието и науката, кои се суштински за градењето силна и просперитетна држава.
„Во Прогласот за достоинствена Македонија на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, предвидовме два сегменти: зголемување на достоинството на вработените во образованието и во науката и поставување нов систем, со кој овој сектор ќе се врати во фокусот и ќе помогне во создавањето функционално писмен и високообучен кадар, како и продлабочување на
научните истражувања“, рече Карапејовски и додаде: „Во однос на првиот постулат, достоинството на вработените во образовниот сектор, е предвидено платите на наставниците и на професорите да се зголемат до 100 % од актуелните. И, тоа е најмалку што можеме да направиме за да му го вратиме угледот на учителот и да ги привлечеме најдобрите да бидат
даскали на нашите деца“.
Тој потенцира дека за најдобрите студенти ќе се обезбедат стипендии во износ од 500 евра месечно, а за најдобрите двесте студенти вработување во научните и во институциите на системот.
„Партиските вработувања мора да запрат! Не смее партиската книшка да биде услов за вработување. На универзитетите и во државните институции треба да работат најдобрите за најдоброто за сите нас. Ни треба научен подмладок веднаш, како и
ревизија на условите и зголемување на квалитетот на акредитираните универзитети, кои се множат на секој чекор, а не даваат квалитет“, рече тој.
Карапејовски рече дека наставните програми и планови ќе се усогласат со модерните технологии и достигнувања и појасни дека ќе се изгради систем што ќе поттикнува креативно, аналитичко и логичко размислување кај учениците, но и ќе поттикнува креативност во областа на бизнисот и на финансиската едукација. Учебниците ќе бидат усогласени со новите наставни планови и програми и напишани од најдобрите автори, навреме доставени до учениците.
Тој исто така рече дека издвојувањата од буџетот за науката ќе се зголемат, а ќе има и посебни стимулации за оние што успеваат да објавуваат во најпрестижните списанија и да соработуваат со колегите од најдобрите светски универзитети, како и посебни субвенции за таканаречните национални дисциплини.
Македонија
Пендаровски: Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека на 8 мај победуваме!
На само неколку дена пред првиот круг на гласање, од Скопје кандидатот за претседател Стево Пендаровски искажа верување дека по повеќе од три децении независност, македонските граѓани многу добро знаат да препознаат чија програма е реална, а која е во расчекор со времето во кое живееме.
„Овој претседател и оваа политичка гарнитура никогаш не давале лажни надежи и ветувања за брза реализација на стратешките цели на државата. И денес пред вас, не велам дека Македонија за само неколку години ќе биде најразвиената држава во Европа, не ветувам дека целиот тој процес ќе трае само неколку месеци, но, говорам и повторувам секаде дека најголемиот ризик е ако на изборите им дадеме шанса на оние за кои претходно веќе видовме како владеат со луѓето цели 11 години“, истакна Пендаровски.
Пендаровски денеска повика на масовна излезност на 24 април и на 8 мај, за како што рече, да не се враќаме во режим.
„Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека победуваме на 8 мај. Со заокружување на бројот 1 продолжуваме кон Европа и кон развиениот свет и дефинитивно не се враќаме назад во режим и заробена држава“, рече Пендаровски.