Контакт

Политика

Ахмети: Правото на глас да не се оспорува

Објавено пред

Правото на глас не смее да биде оспорувано, изјави челникот на владејачката Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, кој во саботата се сретна со делегацијата на ОБСЕ-ОДИХР во Македонија, претставена од Јан Хаукас и Беата Мартин Розумилович, при што беа дискутирани прашањата од Изборниот законик, Државната изборна комисија, улогата на ОДИХР на предвремените избори во април следната година.

dobivaj vesti na viber

Ахмети, притоа, истакна дека ДУИ ги поддржува препораките на ОДИХР и ќе се ангажира тие да бидат вклучени во Изборниот законик, особено препораката за балансирање на гласовите за пратеник во Македонија во споредба со припадниците во дијаспората.

Во врска со активното регистрирање на гласачите, Ахмети изрази сомнеж за изводливоста на овој процес, затоа што тоа го негира правото на глас на повеќе граѓани кои привремено живеат во странство.

„Избирачкиот список треба да биде исчистен на транспарентен начин, со набљудување на политичките партии и на меѓународната заедница, преку административна споредба на сите постоечки бази на податоци во институциите во земјата како и сите проверки на терен“, рече Ахмети.

Тој ја истакна потребата за стручно влучување на ОДИХР во работните групи на политичките партии во земјата за време на разговорите околу изборните реформи.

Во однос на избирачкиот модел, Ахмети нагласи дека ДУИ се ангажира за отворени листи на кандидати и проценува дека моделот со шест изборни единици е порепрезентативен и фер, додека во однос на единиците на дијаспората треба да се прифати препораката на ОДИХР или да им се овозможи на граѓаните кои живеат во странство да гласаат за кандидатите во Македонија./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

МВР потврдува: Роднината убил две лица, фрлил бомба и пукал кон полицијата, па се самоубил

Тешка трагедија го потресе Прилеп, откако тројца членови на едно семејство, меѓу кои и 13-годишно дете, беа пронајдени мртви со...

Македонија2 часа

ОЈО со детали за грозоморното убиство во Прилеп: Ги убил внукот и неговиот 11-годишен правук, па се самоубил

Обвинителството откри детали од вчерашната трагедија во Прилеп. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп извршил увид во куќа...

Култура3 часа

(Видео) Охридското лето се отвори, и уметноста прозборе – музиката и мајчинството во хармонија на Античкиот театар

Под ѕвезденото небо на Античкиот театар во Охрид, синоќа величествено беше отворено јубилејното 65. издание на фестивалот „Охридско лето“ со...

Топ4 часа

Семејна драма во Прилеп, убиени малолетно дете и неговиот татко, напаѓачот си пресудил сам

Во семејна трагедија што се случи синоќа во прилепската населба Точила, животот го загубија три лица, меѓу кои и едно...

Македонија4 часа

Македонија под топлотен бран, температурите до 38 степени

Македонија денеска е под влијание на топол воздушен бран што носи високи температури и претежно сончево време. Според Управата за...

Македонија17 часа

Ангелов: Најсериозен е пожарот во дојранското село Николиќ во близина на границата со Грција

Во моментов најсериозен е пожарот во дојранското село Николиќ во близина на границата со Грција. Тоа е пожар кој гори...

Македонија22 часа

Обезбедување од МВР ќе ја чува Данела Арсовска 24 часа

Министерството за внатрешни работи информира дека по вчерашниот инцидент во Општина Чаир, врз основа на оперативни сознанија и безбедносна проценка...

Македонија22 часа

ОЈО сомничи двајца за насилство врз градоначалничката Арсовска

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за кривично дело „насилство“. Првоосомничениот вчера се заканувал и физички ја...

Македонија1 ден

ФЗО ќе покрива шест, наместо досегашните три ин витра за семејствата кои се обидуваат да имаат потомство

Вкупно шест наместо три обиди за биомедицинско потпомогнато оплодување (БПО) ќе бидат овозможени на товор на Фондот за здравствено осигурување...

Македонија1 ден

Пожарникарите се бореа со огнови на 38 места во државава, 30 се изгаснати

Во текот на изминатото деноноќие се евидентирани вкупно 38 пожари од кои три активни, пет ставени под контрола и 30...

Македонија1 ден

Во Кочани нема да има концерт за Петровден, Крстевски го откажа на барање на родителите на загинатите деца во „Пулс“

Откажан е музичко забавниот дел од програмата за одбележување на Петровден, празникот на градот Кочани. Ваква одлука вчера донесе в.д....

Македонија2 дена

„Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски се огласи на социјалните мрежи, по нападот врз градоначалничката Данела Арсовска. „Она што ѝ...

Македонија2 дена

(Видео) Арсовска објави снимка од нападот: Јас го напаѓам него или тој мене?

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска објави снимка од денешниот напад врз неа, на социјалните мрежи. Во објавата на социјалните...

Македонија2 дена

(Видео) „Тошковски ако се плашиш бе момче дај си оставка“: Арсовска обвини дека МВР функционира во одбрана на криминалци

Градоначалничката Данела Арсовска се огласи преку социјалните мрежи, откако излезе од полициската станица, по денешниот напад врз неа. „Штотуку излеговме...

Македонија2 дена

Шест часа од бруталниот напад врз градоначалничката на Скопје, а од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сè уште нема ни збор за осуда, вели Филипче

Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, повика на итна одговорност и поведување постапка против насилниците кои денеска брутално...

Македонија2 дена

„Истрага за полициските службеници што не го спречиле нападот врз градоначалничката Арсовска“, бара Хелсиншкиот комитет

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што...

Македонија2 дена

(Видео) СДСМ со осуда за нападот на Арсовска: Тоа е срам за државата и порака до сите граѓани дека ако зборуваат за криминал и неправда, ќе бидат замолчени со сила

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, најостро го осудува нападот врз официјални лица од Градот Скопје. Овој брутален напад е последица на...

Македонија2 дена

Aрсовска нападната во Чаир додека извршувала работни задачи: побарала лекарска помош

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, денеска е физички нападната при извршување работни задачи во Чаир. Кон неа биле упатени...

Македонија2 дена

Сторителот од Батинци е идентификуван, но е во бегство, соопшти ОЈО

Дежурен јавен обвинител извршил увид на местото на настанот во Батинци, каде што денеска се случил трагичен инцидент. Од Обвинителството...

Регион2 дена

Мицкоски треба да најде начин да се извини, вели бугарскиот премиер

Наративот и изразувањето на премиерот Христијан Мицкоски ќе им го оставам на оние што го познаваат Езоп. Република Македонија мора...