Контакт

Политика

Ангелов со 'командант Валтери' против Латас

Објавено пред

Генералот Стојанче Ангелов е подготвен заедно со припадниците на УЧК да оди против „режимот на власта“ и новинарот на Сител, Драган Павловиќ Латас, а и Даим Хисени прифаќа дебата „за доброто на народот“.
 

dobivaj vesti na viber

Генералот Стојанче Ангелов е подготвен заедно со припадниците на УЧК да оди против „режимот на власта“ и новинарот на Сител, Драган Павловиќ Латас, а и Даим Хисени прифаќа дебата „за доброто на народот“.

 

„Како исплашено кутре во твојата денешна колумна ме нарекуваш “Стојанче Ангелов, генерал на војска која загубила војна“! Латасе бе! Срце си! 🙂 Што си се исплашил? Па нели вчера во Штип вриеше од народ??? Имаше сигурно 500 луѓе. Додуша, не беа од Штип. Но, што е тоа важно? Важно имаше луѓе :)“, напиша Ангелов на фејсбук статус.

 

Коментирајќи дека Латас напишал во колумната дека го гледал на ТВ дуел со „командант на учките од Кумановско, и му се гадело како му се улизувам и извинувам“, Ангелов пишува дека добил идеја:

 

„П.С. Ми даде идеја. Веднаш го барам Мухамед Зекири од ТВ Алсат да ми организира уште еден ТВ дуел со командантот од УЧК. Овојпат нема да бидам против него! Овојпат со него ќе бидам против тебе! Против тебе и овој гнасен и криминален Режим! Бидејки и УЧК се почесни, похрабри и поморални од вас!!!“, пишува Ангелов.

 

Даим Хисени или „командант Валтери“, вели дека се подготвени да дебатираат со секого кој изразува желба да дебатира со нив.

 

„Секогаш сме отворени за општото добро за подоброто утре за сите граѓани на Македонија. Ја прифаќаме дебатата со Стојанче Ангелов и со секој друг кој изразува желба да дебатира со претставници на нашето здружение. Секогаш во одбрана на народот“, напиша на Фејсбук, Даим Хисени.

 

Откако опозициската СДСМ почна да ги објавува таканаречените `бомби`, од прислушувани разговори на претставници на власта, Ангелов пред зградата на македонската телевизија организираше неколку протести и бараше од уредништвото на јавниот информативн сервис да ги објави снимките.

 

Оттаму пак, се оградуваат и велат дека е противзаконски да се објавуваат разговорите, а и надлежните институции тоа го забраниле.

 

Стојанче Ангело е полицаец кој во вооружениот конфликт во Македонија во 2001 година бил на служба во Радуша. Кога се случил нападот на тетовското Кале, го пратиле како командант во посебните единици во Тетово. Останал околу три месеци во Тетово. Потоа станал заменик командант на Тигрите. Бил учесник во битката кај Арачиново, каде што бил и ранет. Во јавноста активно се залага за правата на македонските бранители преку здружението „Достоинство“.

Даим Хисени Валтери е основач на Здружението на воените ветерани на УЧК или ОНА, албанските борци, против кои војувал Ангелов./крај/мф

 

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Филипче: Ова е држава на сите, мора да се бориме за нашиот дом

„Државата не е ничија сопственост. Не е сопственост на партиите, ниту на владата. Државата е на граѓаните. Таа е нашиот...

Македонија2 часа

Три активни пожари во државата, еден под контрола, а 27 се изгаснати

Во последното денонноќие, до 07:00 часот утрово, на територијата на Р.С. Македонија имало вкупно 31 пожар на отворен простор, од...

Македонија2 часа

Сиљановска-Давкова по повод 8 Септември: Денес, 34 години потоа, сè уште водиме битка за суверена, рамноправна, модерна, стандардна, европска, правна држава, членка на Европската Унија

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста. „На 8 Септември 1991 година,...

Свет3 часа

(Видео) Трамп прашан дали ќе нареди напади врз Венецуела: „Ќе дознаете“

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера даде интересен одговор кога беше прашан дали би наредил воени напади врз Венецуела. „Па, ќе...

Македонија3 часа

Министерот Мисајловски со честитка до македонските граѓани по повод 8. Септември – Денот на независноста

Министерот за одбрана Владо Мисајловски им упатува честитки на македонските граѓани, по повод 8. Септември, Денот на независноста. Во честитката,...

Македонија3 часа

Гаши: Време е секој од нас да придонесе во зајакнувањето на мирот, стабилноста и соживотот

Претседателот на Собранието на РС Македонија, Африм Гаши на сите граѓани им ја честита 34-годишнината од независноста на државата. „Денот...

Свет12 часа

(Фото) Вечерашниот небесен спектакл нема да се повтори сè до 2029 година

Љубителите на астрономијата и набљудувачите на ноќното небо вечерва имаа можност да уживаат во небесен феномен. Во ноќта помеѓу 7...

Македонија17 часа

Полициски хеликоптер и два ер трактори се борат со пожарот кај Раштак

Пожар попладнево изби над скопското село Раштак на Скопска Црна Гора. Чадот од пожарот се гледа од поголем дел од...

Топ19 часа

28-годишен струмичанец сексуално злоставувал малолетна роднина

Дваесет и осумгодишен струмичанец е приведен под сомнение дека се обидел да изврши обљуба врз малолетничка со која бил во...

Македонија20 часа

Сите хоспитализирани од пожарот во Виница се во стабилна здравствена состојба, соопшти МЗ

Тринаесет лица се хоспитализирани по пожарот што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во...

Свет23 часа

Се урна покрив на супермаркет во Германија, двајца се тешко повредени

Две лица се тешко повредени, а уште двајца се со полесни повреди при делумно уривање на покрив на супермаркет во...

Свет24 часа

Руските сили извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу загинатите е и бебе

Руските сили ноќеска извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу кои и главниот град Киев, каде е...

Македонија24 часа

Во пожарот во „Винчини“ повредени се пожарникари, доброволци и вработени во фабриката

Медицинска помош во текот на синоќешниот пожар во фабриката Макпрогрес-Винчини побарале 16 лица, изјави градоначалникот на Општина Виница, Миле Петков....

Свет1 ден

Зеленски тврди дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави синоќа дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во...

Македонија1 ден

Подметнат е големиот пожар кој избувна кај селото Косово Дабје близу планината Голак

Пожарот кој синоќа околу 23 часот избувна кај селото Косово Дабје во Општина Делчево, е целосно изгаснат и ставен под...

Македонија1 ден

Пожарот во фабриката „Винчини“ е под контрола, пожарникарите со часови се бореле со огнот

Ставен е под целосна пожарот што изби вчера во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница позната по...

Свет1 ден

Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките испитувања и е подготвена за употреба

Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките испитувања и е подготвена за употреба по добивањето лиценца, објави Вероника Скворцова,...

Македонија1 ден

Чизмите им останале заглавени во стопен шеќер, повредени неколку пожарникари, пожарот во „Винчини“ под контрола

Неколку пожарникари се здобиле со изгореници на стапалата додека го гаснеле големиот пожар во фабриката „Винчини“. Тие се заглавиле во...

Македонија2 дена

(Видео) Фабриката „Винчини“ во пламен, ангажирани пожарникари од повеќе градови

Голем пожар ја зафати фабриката за слатки „Винчини“ во Виница, каде што огнените јазици уништија магацини и неколку производствени погони....

Скопје2 дена

Пет лица повредени, една жена во критична состојба во сообраќајка во Скопје

Пет лица се повредени во сериозна сообраќајна несреќа што се случи вчера околу 19:30 часот на улицата Христијан Тодоровски Карпош...