Политика
БЕСА се сомнева во искреноста на Заев кон Албанците и нема да учествува на протестите
Движењето БЕСА објави во саботата навечер дека нема да биде еден од политичките субјекти коишто ќе протестираат во неделата и ќе бараат оставка од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи, како што истакнуваат, во досегашните прислушувани материјали коишто изминатиов период ги објавуваше опозицискиот СДСМ, немало никакви инкриминирачките материјали за албанскиот партнер во власта ДУИ и непроменетиот однос на опозицијата кон Албанците.
„Движењето Беса ги ги следеше и продолжува да ги следи со внимание политичките случувања во земјата, вклучувајќи ги и ‘бомбите’ кои досега ги објавуваше претседателот на СДСМ , Зоран Заев и за повикот за протестите во недела во Скопје. Во овој случај Движењето БЕСА ја изразува својата загриженост дека ‘вистината за Македонија’ сé повеќе и повеќе станува ‘вистината за ВМРО-ДПМНЕ’, бидејќи дури и по 30 и повеќе објавени прислушувања речиси ништо не излезе за делата на албанскиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ“, се вели во соопштението испратено до медиумите.
Според нив, на овој начин челникот на СДСМ Зоран Заев им дал легитимно право на Албанците да се сомневаат дека тој, иако обвинувал дека ДУИ е инкриминарана и „до грло“ компромитирана во текот на 13-те години во власта, сакаа да ги вклучи во идната влада.
„Ова нé тера да се сомневаме дека целта на СДСМ не е спасот на Македонија и изградба на една слободна, демократска и фер држава, туку само промена на сопственикот на државата. Ние со жалост констатираме дека и по толку години и по толку многу изјави , СДСМ ни малку не го смени односот со Албанците“, се истакнува.
Оттаму, се вели, иако Движењето БЕСА е за промена на оваа власт, Централниот совет на Движењето БЕСА се обраќа до своето членство, но исто така и до целото албанско население во Македонија, со ставот дека Движењето нема да учествува во протестите на 17-ти мај.
Притоа образложуваат дека од објавените прислушувања од страна на Заев, се покажало дека за СДСМ владата ја претставува само ВМРО-ДПМНЕ а не и ДУИ. „На овој начин, освен што на албанскиот народ во Македонија им посакуваат и натаму да ги држат под хипотека оние од ДУИ, тие сакаат да ги задржат тие Албанци и за нивните идни употреби. За нас криминална влада не претставува само ВМРО-ДПМНЕ, туку и ДУИ“ и додека од СДМС не се изјаснат дека тие се исто така се залагаа од власт да падне и ДУИ, од БЕСА сметаат дека немаат што да бараат на таквиот протест.
„Заев досека ништо не изјаснил што ќе промени за албанскиот народ во Македонија откако Никола Груевски ќе падне од власта. Ние сакаме да знаеме каков е неговиот пристап за редефинирање на Македонија како заедничка држава на албанско-македонски консензус, бидејќи за нас не е доволно само измена на името на премиерот и на името на македонската партија во власта, доколку не се промени и механизмот за градење на државата, која досега произведува нееднаквост и неправда за Албанците“, порашуваат од БЕСА,
Имајќи го предвид ова, Движењето најавуа дека ќе продолжи достоинственот да ги претставува албанските интереси во Македонија и „нема да дозволи во ниеден момент Албанците да станат алатки на нејасни агенди“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски од Чаир: На Македонија ѝ треба обединување и единство, а не поделби, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи 1 милијарда евра за проекти во сите општини
Се чувствува победничка атмосфера и енергија, тоа е важно за сите нас и ни дава мотив да продолжиме посилно да се бориме. Овие денови кои ни преостануваат треба максимално да се мобилизираме, а најновите анкети кои ги добив утрово велат дека ќе биде голема победата и на 24 април и на 8 мај, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Чаир.
Мицкоски истакна дека сега во Македонија имаме политичка гарнитура која повеќе од две децении е на власт, тоа се ДУИ чија суштина се поделби и грабеж на народот.
– Кога ќе анализирате која е суштината на ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби, Бујар Османи, Талат Џафери и останатите, кај нив нема ништо посебно тие само го делат народот по етничка основа и така опстојуваат. Дали некој може да се сети некоја добра работа која Али Ахмети и Артан Груби ја имаат направено, но можам да кажам десетици лоши работи, рече Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека сега ДУИ сериозно ќе бидат изненадени на овие избори, а им се познава нервозата затоа што после 8 мај треба да одговараат за сето она што му го направија на народот, за целиот грабеж.
Мицкоски се осврна на проектите кои ги планира идната влада од ВМРО-ДПМНЕ и посочи дека се планира да се инвестира 250 милиони евра секоја година во општините, 1 милијарда во 4 годишен мандат.
– Во Чаир ќе има висока сума, еден од проектите е проширување на булеварското решение на влезот од Бит Пазар кон Чаир и тоа мора да се направи и го повикувам градоначалникот да се пријави со повеќе проекти. Тоа ќе додаде вредност во квалитетот на живеење. На Македонија и треба обединување и единство не поделба, потенцираше Мицкоски.
Мицкоски додаде дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ планира да отвори нови 55.000 работни места, да функционира со владеење на правото на целата територија и нема да има територии каде ќе владејат шерифи.
Да обезбедиме пристојни услови за поголем инвестициски бран и од странство и од домашни инвеститори за да може децата да останат тука. Мораме и тие кои си отидоа да ги вратиме назад. Да обезбедиме надеж. Ве повикувам на 24 април сите да се обединиме околу број 2 и да гласаме за Гордана Силјановска Давкова, а потоа да се обединиме и заедно на 8 мај да испишеме историја за коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски.
Македонија
Доц. д-р Бобан Карапејовски: Ќе обезбедиме вработување на најдобрите 200 студенти, како и стипендии од 500 евра месечно
Носителот на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 1, Бобан Карапејовски на денешната прес конференција рече дека во програмата на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија за парламентарните избори, наречена „Проглас за достоинствена Македонија“ еден од приоритетите се образованието и науката, кои се суштински за градењето силна и просперитетна држава.
„Во Прогласот за достоинствена Македонија на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, предвидовме два сегменти: зголемување на достоинството на вработените во образованието и во науката и поставување нов систем, со кој овој сектор ќе се врати во фокусот и ќе помогне во создавањето функционално писмен и високообучен кадар, како и продлабочување на
научните истражувања“, рече Карапејовски и додаде: „Во однос на првиот постулат, достоинството на вработените во образовниот сектор, е предвидено платите на наставниците и на професорите да се зголемат до 100 % од актуелните. И, тоа е најмалку што можеме да направиме за да му го вратиме угледот на учителот и да ги привлечеме најдобрите да бидат
даскали на нашите деца“.
Тој потенцира дека за најдобрите студенти ќе се обезбедат стипендии во износ од 500 евра месечно, а за најдобрите двесте студенти вработување во научните и во институциите на системот.
„Партиските вработувања мора да запрат! Не смее партиската книшка да биде услов за вработување. На универзитетите и во државните институции треба да работат најдобрите за најдоброто за сите нас. Ни треба научен подмладок веднаш, како и
ревизија на условите и зголемување на квалитетот на акредитираните универзитети, кои се множат на секој чекор, а не даваат квалитет“, рече тој.
Карапејовски рече дека наставните програми и планови ќе се усогласат со модерните технологии и достигнувања и појасни дека ќе се изгради систем што ќе поттикнува креативно, аналитичко и логичко размислување кај учениците, но и ќе поттикнува креативност во областа на бизнисот и на финансиската едукација. Учебниците ќе бидат усогласени со новите наставни планови и програми и напишани од најдобрите автори, навреме доставени до учениците.
Тој исто така рече дека издвојувањата од буџетот за науката ќе се зголемат, а ќе има и посебни стимулации за оние што успеваат да објавуваат во најпрестижните списанија и да соработуваат со колегите од најдобрите светски универзитети, како и посебни субвенции за таканаречните национални дисциплини.
Македонија
Пендаровски: Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека на 8 мај победуваме!
На само неколку дена пред првиот круг на гласање, од Скопје кандидатот за претседател Стево Пендаровски искажа верување дека по повеќе од три децении независност, македонските граѓани многу добро знаат да препознаат чија програма е реална, а која е во расчекор со времето во кое живееме.
„Овој претседател и оваа политичка гарнитура никогаш не давале лажни надежи и ветувања за брза реализација на стратешките цели на државата. И денес пред вас, не велам дека Македонија за само неколку години ќе биде најразвиената држава во Европа, не ветувам дека целиот тој процес ќе трае само неколку месеци, но, говорам и повторувам секаде дека најголемиот ризик е ако на изборите им дадеме шанса на оние за кои претходно веќе видовме како владеат со луѓето цели 11 години“, истакна Пендаровски.
Пендаровски денеска повика на масовна излезност на 24 април и на 8 мај, за како што рече, да не се враќаме во режим.
„Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека победуваме на 8 мај. Со заокружување на бројот 1 продолжуваме кон Европа и кон развиениот свет и дефинитивно не се враќаме назад во режим и заробена држава“, рече Пендаровски.