Контакт

Политика

Безбедноста на државата во фокусот на говорот на Иванов

Објавено пред

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во својот новогодишен говор истакна дека државата минатата година се соочувала со три кризи и тоа политичката, безбедносната и мигрантската. Порача дека е добро од мерките и начинот на кој Македонија се справи со бегалската криза да извлечат поука политичарите и да ја решат политичката криза.
 

dobivaj vesti na viber

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во својот новогодишен говор истакна дека државата минатата година се соочувала со три кризи и тоа политичката, безбедносната и мигрантската. Порача дека е добро од мерките и начинот на кој Македонија се справи со бегалската криза да извлечат поука политичарите и да ја решат политичката криза.

 

„Како претседател на Република Македонија, но и како врховен командант на вооружените сили, годинава, на надворешно-политички план имав активна година во исклучително тешки услови. И внатрешни, и регионални, и глобални“, изјави Иванов.

Претседателот рече дека бил целосно посветен на прашањата од областа на безбедноста и одбраната. 

„Бев целосно посветен на прашањата од областа на безбедноста и одбраната. Во сè што правев ги чував интересите и достоинството на државата и на граѓаните. А тоа беше повеќе од неопходно бидејќи достоинството на државата беше доведено во прашање“, рече тој.

Иванов забележува дека во последните шест години имавме три политички кризи за што некои забележуваат дека кризата ни станала секојдневие.

„Поради политичка неодговорност го добивме „Договорот од Пржино“. Добивме договор меѓу политичките лидери на кои уставниот поредок не им беше доволен за да се сретнат, да седнат и да се договорат. Наместо во институциите на државата, отидоа да се среќаваат на други места и во други формати. Ќе се воздржам од натамошен коментар, но ќе го кажам само ова: нивна беше одлуката, нивна е и одговорноста за Пржино. Оние кои си презеле обврска треба и да си ја исполнат“, рече Иванов.

Претседателот смета дека напразно се зборувало дека него го нема во јавноста, напротив при секоја криза тој ги собирал лидерите на политичките партии во неговиот кабинет, сè додека не најдат решение.

„Граѓаните треба да знаат дека моите напори во решавањето на кризата не секогаш ги истакнував јавно во интерес на дијалогот меѓу лидерите. Сакав да им оставам доволно време и доволно простор тие самите да дојдат до решение“, изјави Иванов.

Тој ги потсети политичките партии дека нивното неодговорно однесување неповолно се одразило и врз евроинтегративниот процес.

„Наместо извештај за напредок, добивме извештај за стагнирање. По седум години наместо датум за членство добивме условна препорака. Се разбира, главна причина зошто Македонија е блокирана е грчкото вето. Тоа никој не може да го оспори. Но, кога знаеме дека е тоа така, тогаш зошто, покрај овој постоечки, да создаваме и нов, внатрешен проблем? Пречка за интеграциите веќе не е само наметнатиот проблем со името, туку и проблемот што го имаме со самите себе. За жал, и овој пат, оставивме тој проблем да ни го решаваат други“, рече Иванов.

Сепак, им забележа и на ЕУ и НАТО дека треба да го сменат нивниот пристап кон Македонија, да не одолговлекуваат и да не бараат изговори за нови блокади. Иванов смета политичката криза ја отворила вратата за безбедносни закани кои доаѓаат од повеќе места како тероризам, радикализам, организиран криминал и друго. Потсети дека на 9-ти мај мирниот живот на Куманово бил загрозен од насилни екстремисти и терористи кои дошле да ја дестабилизираат државата.

„Но, граѓаните треба да знаат дека со акцијата во Куманово спречивме извршување на координирани терористички напади низ повеќе градови во Македонија. Спречивме масакри и крвопролевања какви што неодамна видовме во Париз“, рече Иванов, кој смета дека Куманово е школски пример како не треба да се однесуваат државите и службите во постигнување на регионална безбедност.

Иванов се осврна и на бегалската криза и потсети дека Македонија беше првата држава во Европа која не е членка на ЕУ а прогласи кризна состојба за закана од илегална миграција која доаѓа од територијата на ЕУ. Како претседател ја повика Армијата на РМ за поддршка на граничната полиција а пред европските власти остро се спротивстави на идејата за поставување бегалски камп во кој би се сместиле 30 илјади луѓе, со што смета дека би се зголемиле безбедносните ризици за Македонија. Задоволен е од одлуката Фронтекс да се распореди на јужната македонско-грчка граница.

„Наспроти забелешките за нефункционалност на институциите, по прогласувањето кризна состојба, Македонија е редок пример за успешно справување со мигрантската криза. Македонските институции, иако се оставени без речиси никаква директна билатерална помош од Европските институции, успешно се справуваат со секојдневниот прилив на бегалци“, рече Иванов.

Иванов е свесен дека бегалската криза ги отвори и вратите за терористи и криминалци, па затоа забележува дека блокадата за членство во НАТО се одразува и на ефикасноста на нашиот систем за одбрана и безбедност.

„Затоа, како претседател и како врховен командант, постојано потенцирам на неопходноста од зголемување на буџетот за Армијата на Република Македонија, ревизија на законите и спроведување на неопходните реформи. Потенцирам на неопходноста од техничка надградба, кадровски капацитети и оправдана финансиска потреба за субјектите кои учествуваат во превенцијата и во справувањето со заканите“, рече тој.

Повика да и помогнеме на Исламската верска заедница во нејзината борба против екстремните поединци и за спречување на радикализацијата.

„Затоа, од сите овие кризи и закани неопходно е да излеземе како држава во која институциите не создаваат, туку ги решаваат проблемите на граѓаните“, рече македонскиот претседател.

Иванов смета дека крајно време е да го надминеме погубниот синдром на сервилност и следната година, кога прославуваме четврт век независност, да не дозволиме некој друг да ни го моделира политичкиот и правниот систем. Осврнувајќи се на состојбата во медиумите рече дека треба сами новинарите да се изборат за најдобрите решенија кои ќе овозможат медиумите да го вратат достоинството и угледот. Повика по изборите во април да се постигне обединување околку клучните стратегиски цели на државата.

„И притоа, не е само важно кој ќе биде избран во ова Собрание, и кој ќе ја избере Владата, туку и како тоа ќе се спроведе. Бидејќи, граѓаните на избори не кажуваат само кој да владее, туку и како да се владее“, рече тој.

Македонија, смета претседателот, минувајќи низ трите кризи има три можности да излезе посилна и посплотена и обединета./крај/мф/бб

 

 

Извор: Фото/МИА



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

(Видео) Шукова е кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје, објави Филипче

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која...

Македонија7 часа

МЗ: Нормализирано водоснабдувањето во Клиниката за белодробни заболувања „Козле“

Министерството за здравство информира дека водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата – Козле е целосно нормализирано. Од...

Топ8 часа

Возел со 3,15 промили алкохол во крвта, во полусвесна состојба: уапсен пијан скопјанец на патот Охрид-Кичево

Денеска (18.07.2025) околу 14 часот на патот Охрид-Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(48) од Скопје,...

Македонија9 часа

Предметот за пожарот во “Пулс” префрлен во надлежност на ОЈО Скопје

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија донесе Решение со кое го определи Основното јавно обвинителство Скопје за стварно и месно...

Македонија10 часа

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Министерството за здравство ја информира јавноста дека, во согласност со најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во периодот...

Македонија11 часа

Обвинето едно лице за насилство врз градоначалничката на Скопје

По целосно испитување на настанот, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело насилство од...

Македонија12 часа

Мицкоски понудил заедничка резолуција со Бугарија за потврда на самобитноста на македонскиот јазик и идентитетот

Со оглед на тоа што Бугарија тврди дека проблемот за почнувањето на преговорите со ЕУ се само Бугарите во Уставот,...

Македонија13 часа

Болницата „Козле“ сѐ уште без вода – пациентите привремено згрижени на други клиники

Поради прекинот во водоснабдувањето на Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата  „Козле“, пациентите што имаат потреба од хоспитализација привремено...

Топ13 часа

Сообраќајна несреќа на влезот во Скопје, сообраќајот се пренасочува

Денеска во 10.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје, во близина на хотелот Белви,...

Македонија15 часа

33 пожари низ Македонија – еден сѐ уште активен, a четири ставени под контрола

Според последните податоци на Центарот за управување со кризи, до утрово во земјата регистрирани се вкупно 33 пожари на отворен...

Топ15 часа

Со украдена пушка пукал кон деца и се обидел да застрела полицајци – во Василево уапсен 29-годишник

Битолската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишниот Г.П. од селото Ангелци, општина Василево, кој се сомничи за две кривични дела...

Спорт16 часа

Светската рекордерка во маратон суспендирана поради допинг

Кениската атлетичарка Рут Чепнгетич, светска рекордерка во женскиот маратон, е привремено суспендирана поради позитивен допинг тест, соопшти Единицата за интегритет...

Македонија16 часа

Граната извадена од езерото кај Пештани

Граната била извадена пред два дена од водите на Охридското Езеро, на плажа во Пештани. Полицијата од Охрид утроово соопшти...

Свет17 часа

„Волстрит џурнал“: Трамп со цртеж од гола жена и порака за „прекрасна тајна“ му го честитал роденденот на Епштајн

„Волстрит џурнал“ денес објави дека името на Доналд Трамп се појавило на лична порака до Џефри Епштајн од 2003 година,...

Македонија1 ден

(Видео) Пожар го зафати покривот на црквата кај селото Мршевци, вели Ангелов

Денес попладне во близина на скопското село Мршевци, Општина Илинден изби силен пожар, кој поради ветерот брзо се прошири на...

Македонија1 ден

„Лажни тврдења и политички инсинуации“, вели Тошковски откако опозицијата оцени дека сака да ја партизира полицијата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски преку својот Фејсбук профил ги демантираше тврдењата на опозицијата во врска со предложените измени...

Македонија1 ден

Едно починато лице при пожар во стан во Струмица

Денес, (17.07.2025 година), во 15.27 часот, ТППЕ Струмица со три ПП возила и седум пожарникари-спасители учествуваше во гаснење на запален...

Македонија1 ден

Гори помеѓу индустриската зона „Бунарџик“ и рафинеријата „Окта“: силниот ветер и искри од жици предизвикаа пожари на повеќе локации во Скопје и Куманово

Поради ветер кој го зафати подрaчјето на Општина Куманово и Град Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни...

Македонија1 ден

Напредок во преговорите за пругата која се гради еден и пол век: тунелот да биде заеднички проект со Бугарија, а да го плати ЕУ

Вчерашната средба во Брисел за пругата кон Бугарија која се гради повеќе од еден и пол век, премиерот Христијан Мицкоски...

Македонија1 ден

Уапсен еден од убијците на припадникот на АРМ во Батинци, обвинителството поведе истрага за двајца соизвршители

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично...