Контакт

Политика

Четири партии ја формираа новата Коалиција за промени и правда

Објавено пред

Четири политички субјекти, Демократскиот сојуз, ФРОДЕМ, МОРО–Работничка партија и Демос ја формираа во неделата „Коалицијата за -промени и правда” (КПП) преку која во иднина заедничко дејствуваат, како што оценија партиските челници, во услови на исклучително сложена политичка состојба во земјата.

dobivaj vesti na viber

Претставниците на партиите кои се обединуваат околу заедничка платформа во неделата ги истакнаа клучните приоритети содржани во платформата, а околу кои Коалицијата за промени и правда“ (КПП) се обединува и ги афирмира пред македонската јавност.

Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз (ДС), нагласи дека „платформата за дејствување, претставува одговор на граѓанскиот предизвик, да се формира нов, силен политички блок, кој ќе дејствува за да се случат промени и правда во Македонија. Наша цврста определба е дека во Македонија мора да се спроведат длабоки реформи, за да се создадат услови за фер,демократски и кредибилни избори“.

Не е можно креаторите на кризата, рече во продолжение Трајанов, во моментов самите тие, да се наметнуваат како спасители на државата.

„Тие што ги кршеа изборните правила, ги прислушуваа граѓаните и ја ограбија Македонија, а (претседателот) Ѓорге Иванов ги аболираше, ниту сакам јас, ниту некој треба со нив да разговара и преговара за слобода, демократија или владеење на правото. Уште помалку тие треба да бидат некаков фактор кој треба ЕУ и САД да го респектираат“ рече Трајанов кој пред неколку месеци по десет години ја напушти коалицијата со владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Според Трајанов, креативни и државнички решенија ќе дојдат кога во политичките процеси во земјата ќе бидат вклучени и граѓанскиот сектор, експертите и медиумите.

„Ние се залагаме за промени, промени кои никогаш повеќе нема да дозволат да се случи една партија, еден човек, една власт“, порача челникот на Демократскиот сојуз и побара укинување на аболицијата дадена од шефот на државата за 56-те носители на високи државни и политички функции, како и нивни соработници, за кои има сомненија за вмешаност во кршење на изборните правила, незаконито прислушување, учество како и во организиран криминал..

„Сакаме стабилна држава, економски развој и младите да останат овде во Македонија. Изборите ќе се одложат, но ако не се формира експертска влада, од врвни професионалци и без партиски багаж, тогаш агонијата ќе продолжи. Сме за формирање на експертска влада, повлекување на аболицијата и создавање услови за политичка и кривична одговорност за сите што го заслужуваат тоа“, порача Трајанов ги повика и другите партии и поединци да се придружат на коалицијата

„Можеби некој ќе праша зошто промени и правда? Прво, за да им го покажеме патот и местото на мрачните политички сили и да се спасиме од неизбежната катастрофа што ни се заканува сите нас да не уништи. Второ, затоа што на Македонија ѝ се потребни одговорни политичари кои се подготвени конечно да создадат демократски консолидирана и просперитетна земја, како современо демократско, инклузивно, иновативно и рефлексивно општество во коешто државата ќе биде одвоена од партијата. Трето, затоа што целта ни е слободна и праведна Република Македонија ослободена од криминалните структури, партиски профитери и лицемери, и четврто – промени се се потребни затоа што не можеме да дозволиме и натаму да имаме држава каде Таткото на нацијата е соучесник во злосторничко здружување“, рече во своето обраќање Јове Кекеновски кој го претставуваше движењето ФРОДЕМ

Појасни дека со терминот „правда“ четворицата челници сметаат дека секој морада да ја понесе својата одговорност. „Само преку правда ќе ја спасиме нацијата од невидениот нанесен срам, поради досегашниот непримерениот начин на владеење и изборниот криминал“, додаде Кекеновски.

Според Емил Анастасов, претседател на ДЕМОС, пак, во Македонија, со ваков политички систем во кој не постои никаква одговорност на политичките субјекти, како што оцени, сите политичари се корумпираат и „помалку или повеќе исто ќе се однесуваат“.

„Затоа, на Македонија ѝ се потребни коренити промени на политичкиот систем. Со тие промени ќе се оневозможи апсолутното владеење на една партија и создавање монструозна партиска држава која ги голта и под своја апсолутна контрола ги става сите институции“, рече Анастасов.

Појасни дека двете основни цели на КПП е во иднина политичарите да бидат натерани да мислат на општиот интерес, а не само на својот личен, како досега. Втората цел на денеска промовираната Коалиција, посочи челникот на ДЕМОС, е многу скоро политиката да престане да ја заробува јавноста и политичарите професионално ќе си ја вршат работата, а на народот „не ќе му биде важно ни кој е премиер ни кој е претседател на државата“.

„Кога овие две цели ќе ги постигнеме, дури тогаш ќе можеме да зборуваме дека има демократија во Македонија“, смета Анастасов.

Претседателот на МОРО-РП, Горан Зафировски, во својот говор нагласи дека „Работничката партија ќе настојува да биде никулец од кој на човекот, преку економската сигурност, ќе му биде вратена човечност, како и неговиот опстанок во семејството и општествената и државната заедница. Ќе бидеме зародиш со кој ќе и се стави крај на лажната девиза која политиката ј изедначува со „вавилонска блудница“ и ќе ја врати во нејзините научни рамки за да обезбеди економски просперитет во државата.“

Приоритетите на чија имплементација ќе работи „Коалицијата за Промени и правда“ ги презентираше Весна Стоименовска од ДС, при што нагласи дека „политичка и кривичноправна одговорност за сите кои ја вовлекоа Македонија во длабока криза, ја ограбија и предизвикаа иселување на креативните и стручни кадри.

Ефикасна борба против организираниот криминал и корупцијата преку создавање законски услови за конфискација на криминално стекнатиот имот од функционерите и забрана за нивно политичко дејствување од најмалку 10 години. Имотот и парите кои се стекнати на коруптивен начин или се плод на организиран криминал ќе бидат одземени и ќе бидат вратени и поделени на граѓаните на Македонија рамноправно.

Минимална плата од 300 евра, минимална пензија од 200 евра, како и голем број на други социјални мерки ( социјална помош од 6000 денари, формирање на Фонд за млади, формирање на станбен фонд за решавање на проблемот со домување, посебно на младите брачни парови и сл.).

Независно судство преку реформа на судскиот систем и негово ослободување од притисоците на дневната политика. Реизбор на сите судии (вклучително и на судиите на Уставниот суд) и на обвинителите. Расчистување со аферата „Пуч“, односно неовластеното прислушување преку јакнење на самостојноста на институциите и целосна поддршка на Специјалното јавно обвинителство.

Коренити реформи и промени во сите области како еден од главните предуслови за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и исполнување на стандардите за влез во ЕУ и НАТО.“/крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа43 минути

(Видео) Путин во униформа на огромна воена вежба на источната граница на НАТО

Рускиот претседател Владимир Путин се појави во воена униформа на големата воена вежба на руската и белоруската армија, „Запад 2025“,...

Македонија2 часа

ИЈЗ смирува: Нема тешки метали во почвата и водата не е радиоактивна

Институтот за јавно здравје изврши вонредно испитување во засегнатото подрачје, и во неделата беа земени примероци, мостри од страна на...

Топ5 часа

„Ќе бидеш моја или ќе бидеш мртва“ – Росица сведочела за заканата од Илија кој подоцна ја уби

Обвинителството го објави записникот од испитувањето на Росица Коцева (31) од Велес, даден на 9 септември годинава, само неколку дена...

Македонија6 часа

Јас не сум од вчера во политиката, партијата Левица фрли гума за спасување на ДУИ со кандидатите во Струга, Гостивар и во Тетово, вели Мицкоски

Партијата Левица предложи кандидати за градоначалници во Струга, Гостивар и во Тетово само за да ги раслои анти-ДУИ гласовите во...

Македонија7 часа

Обвинителството испитува одговорност за големиот пожар во Трубарево, утре увид на терен

Утре, ќе почне увидот на самото место за причините за големиот пожар во Трубарево. Увидните екипи ќе работат под координација...

Македонија7 часа

Подметнување пожар ќе биде тероризам, а фрлање отпад на недозволени места ќе се казнува со затвор над пет години, Мицкоски најави итни законски измени

Премиерот Христијан Мицкоски, денес, при посетата на Јегуновце најави законски измени со кои најстрого ќе се казнува подметнување пожар и...

Македонија8 часа

Идентификувани 20 лица осомничени за подметнување пожари во Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски денес изјави дека дваесетина лица се идентификувани како осомничени за серијата подметнати пожари во Скопје. Според него,...

Македонија8 часа

Пред убиството Росица го пријавувала Стефановски за насилство и непочитување на забраната за приближување, го запалил и автомобилот на татко ѝ

Против Илија Стефановски, осомничен за убиството на Росица Коцева (31) и на татко ѝ Киро Коцев (68) во Велес, претходно...

Македонија10 часа

Намалена активната транспарентност на Владата и на министерствата, најмалку информации има за финансиите, објави Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според активното објавување...

Македонија11 часа

Синоќа повторно предизвикан пожар на „Дрисла“

Синоќа, пред 23 часот, повторно беше предизвикан пожар на депонијата „Дрисла“, на сосема друго место, подалеку од местото што беше...

Свет12 часа

Рубио: Трамп е единствениот лидер што може да разговара со Русија, Украина и со Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп би можел да се сретне со украинскиот лидер Володимир Зеленски следната недела во Њујорк, објави американскиот...

Македонија12 часа

„Марш за ангелите” во Кочани и мирен протест во Скопје: шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 62 млади лица....

Македонија12 часа

Изгаснат тежок пожар пред Пинтија, под контрола се пожарите на „Дрисла“ и во Трубарево, активен пожарот на Кожуф

Рано утрово пред 4 часот избувна тежок пожар во сервис за возила пред Пинтија (над „Стакларата“ на местото наречено Каменик)...

Македонија12 часа

Мицкоски треба да одговара за ширење страв и паника по признанието на Тошковски дека нема центри на моќ зад пожарите, велат од СДСМ

Панче Тошковски во интервју призна дека нема осомничени дека одреден центар на моќ влијаел да се подметне пожарот во Трубарево...

Свет13 часа

Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и сопрете го Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд Трамп да заземе јасна позиција за да го запре Владимир Путин и да...

Македонија1 ден

Град Скопје не е надлежно за фабриката во Трубарево, „Вардариште“ е на Гази Баба, кај си да писнеш за УСЈЕ, му порача Арсовска на Ѓорѓиевски

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска со објава на социјалните мрежи по последните случувања со пожарите во Трубарево, „Дрисла“ и „Вардариште“...

Македонија1 ден

Опожареното место е затрупано со песок за да се спречи понатамошно тлеење на опасни материи, состојбата во Трубарево е под целосна контрола, уверуваат надлежните

Во Министерството за животна средина и просторно планирање денеска се одржа брифинг со медиумите за состојбата по пожарот во складиштето...

Топ1 ден

Скопјанeц ги убил девојката и татко и во Велес, па се самоубил

Денеска (15.09.2025) во 15:30 часот во СВР Велес е пријавено е дека на ул.,,Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско...

Македонија1 ден

Нема зголемена радијација во почвата и воздухот по пожарот во Трубарево, соопшти ИЈЗ

Од Институтот за јавно здравје информираат дека се во континуирана координација со Инспекторатот за животна средина, Министерството за здравство и...

Македонија1 ден

Кирков до Арсовска: Знаете ли дека ви изгореа „Дрисла“, „Вардариште“, а Скопје е затрупано со смет кој не го собирате

Советнинкот во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков, со објава на социјалните мрежи ја праша градоначалничката...