Контакт

Политика

ЦИКП предлага СДСМ да се врати во Собранието, а избори до крај на 2016 година

Објавено пред

Скандалот со прислушувањето  ја зголеми нестабилноста во земјата, каде опозицијата го бојкотира Собранието уште од изборите во април 2014, за тоа што треба да се направи Центарот за истражување и креирање политики изработи куса анализа како рамка која треба да послужи како основа за дискусија.
 

dobivaj vesti na viber

Скандалот со прислушувањето  ја зголеми нестабилноста во земјата, каде опозицијата го бојкотира Собранието уште од изборите во април 2014, за тоа што треба да се направи Центарот за истражување и креирање политики изработи куса анализа како рамка која треба да послужи како основа за дискусија.

 

Прво и најитно е враќање на политиката на ниво кое ги задоволува основните цивилизациски норми и пристојност. Да се биде политичар не значи по автоматизам специјални привилегии. Политичарите не смеат да го злоупотребуваат системот на привилегии, напротив, треба да ги градат, надградуваат и промовираат со сопствен пример доблестите како приземност и отчетност. Помеѓу голем дел од населението постои чувство дека владејачката коалиција а посебно ВМРО-ДПМНЕ ја имаат „заробено државата“, се вели во анализата на ЦИКП.

 

Според нив, содржината на прислушуваните разговори е дискутабилна. „Како и да е, дури и да ги прифатиме тврдењата на премиерот Груевски дека некои материјали се точни, некои се делумно точни, а некои се лажни,  постојат сериозни индикации дека демократијата денес во Македонија е во опасност. Веќе извесно време сите аспекти на јавниот живот, од администрацијата до јавните претпријатија и граѓанското општество се политизирани“, стои во анализата.

 

Предлагаат дека Македонија треба веднаш да се фокусира на зајакнување на независноста и надлежностите на неколку јавни институции  како Државниот завод за ревизија, Агенција за аудио и аудиовизуелни услуги, јавниот радиодифузен сервис (МРТ), Канцеларијата на Народниот правобранител, Јавниот обвинител, Државната комисија за спречување на корупција, Државната изборна комисија и други. „Можеле да се размисли и за систем на избор / именување на претставници на овие тела преку консензуално гласање во парламентот, каде на пример номинациите ќе бидат потврдени од страна на големо мнозинство, а кандидатите ќе имаат многу силни квалификации“, се вели во анализата.

 

Исто така, во анализата се вели дека е потребно и се очекува промена во составот на министри во кабинетот на Груевски, особено оние министри за кои има наводи евидентирани во преслушуваните снимки дека направиле престап.

 

„СДСМ мора да ја продолжи својата парламентарна функција и да се врати во македонското Собрание. Потребно е ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да најдат консензуален договор со СДСМ и ДПА во однос на реорганизирањето на кабинетот. Понатаму, клучните министри за потребните реформи и за здобивање доверба во политичкиот процес, како што се министрите за внатрешни работи и за правда, треба да се одобрат со согласност од опозицијата. Потребно е формирање собраниски комитет со консензуална согласност што ќе ја истражи аферата со прислушувањето и ќе вклучи независни експерти од Македонија, како и независни членови од Венецијанската комисија од и земји-пријатели на Македонија. Комисијата треба да извести за своите наоди во разумен временски рок (една година).

 

Објавувањето на прислушуваните снимки треба да запре, а судскиот процес против сите лица вклучени во скандалот со прислушување односно на сите инволвирани во аферите „Пуч“ и „Прислушување(бомба)“треба да продолжи внимателно. Со оглед на напливот од недоверба, потребно е согласност за набљудување на процесот од страна на обвинители/судии назначени од ЕУ. Кривичните обвиненија против Заев и Груевски треба особено внимателно да се процесираат.

 

Треба да се изготви и организира попис што е можно поскоро, дури и ако не е поставено прашањето за етничката припадност.

 

Сите други истакнати проблеми во однос на слободно и фер однесување на изборите треба веднаш да се разгледаат – избирачкиот список е еден од нив. Потребно е да се усогласи временски спроведувањето на пописот и спроведувањето на изборите. Сѐ на сѐ, потребна е согласност за да се одржат нови избори не подоцна од крајот на есента 2016 година. Ако предвидените реформи од тука се спроведени и политиката се врати во нормала, овие избори треба да донесат нова зора за демократска Македонија.

 

Во кусата анализа на Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) под наслов „Спасување на демократијата во Македонија: што да се направи по скандалот со прислушувањето“која се однесува на актуелната политичка ситуација во земјава, свој придонес дале и студентите од советодавната група при Школата за јавни политики „Мајка Тереза”./крај/со/бб

Извор: Макфакс

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија41 минута

ИЈЗ: Нема потреба од продолжување на зимскиот распуст, грипот на ниво на средна активност

Во втората недела од 2026 година, состојбата со грипот во земјава се наоѓа на ниво на средна активност, со зголемен...

Македонија1 час

Муцунски: Одлуката на САД не значи крај за туристичките визи и „Ворк енд травел“ програмата

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, појасни што значи одлуката на САД за стопирање на процесот на издавање на визи....

Свет1 час

Русија загрижена од испраќањето војници во Гренланд: „Се поттикнува вештачка хистерија“

Руската дипломатија изрази „сериозна загриженост“ поради најавата на НАТО за дополнително распоредување војници во Гренланд, по состанокот на данските, гренландските...

Топ2 часа

Двомесечно бебе почина во болницата во Кавадарци, телото е предадено на обдукција

Синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на...

Македонија2 часа

(Видео) Фрчкоски: Паралелно со антиамерикански активности, Мицкоски води и анти-ЕУ кампања

Паралелно со антиамерикански активности, Мицкоски води и анти-ЕУ кампања, обвини Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ. „Суспендирани визи...

Македонија2 часа

„За почиста Македонија“ со петиција до Владата: казни и за фрлање отпад од автомобилите преку „Сејф сити“

Организацијата „За почиста Македонија“ собра 1.000 потписи за петицијата со која се бара системот за сообраќајни прекршоци „Сејф сити“ да...

Македонија4 часа

Фирма фатена на дело – нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки, Царинската управа поднесе кривична пријава против две лица

Царински инспектори од Одделението за истраги, во координирана акција со МВР, УЈП, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен инспекторат, извршија...

Свет6 часа

Израел и Иран постигнаа таен договор преку Русија

Во услови на високи тензии, Израел и Иран тајно разменија пораки, со посредство на Русија, уверувајќи се едни со други...

Свет6 часа

Иранско судство: Демонстрантот Ерфан Солтани не е осуден на смрт

Иранското судство ги негираше извештаите дека демонстрантот Ерфан Солтани е осуден на смрт, објавија иранските државни медиуми. Солтани претходно беше...

Свет7 часа

Егзекуцијата на иранскиот демонстрант Ерфан Солтани е одложена, велат семејството и групата за човекови права

Егзекуцијата на иранскиот демонстрант Ерфан Солтани не е извршена вчера, потврдија член на семејството и Хенгав, група за човекови права...

Свет7 часа

Неколку земји издадоа предупредувања до своите граѓани веднаш да го напуштат Иран

Неколку земји издадоа предупредувања до своите граѓани да избегнуваат патувања во Иран или веднаш да ја напуштат земјата поради задушувањето...

Свет7 часа

Трамп: Зеленски е главната пречка за постигнување договор

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата изјави дека лидерот на иранската опозиција Реза Пахлави „изгледа многу пристојно“, но изрази неизвесност...

Македонија18 часа

Грипот ја однесе првата жртва: почина 75-годишна жена

Вирусот на грипот ја однесе првата жртва оваа зима. Седумдесет и петгодишна жена починала пред три дена на Клиниката за...

Свет18 часа

И Македонија на листата на земји во кои САД ја запираат обработката на имигрантски визи, според „Фокс Њуз“

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја запира обработката на имигрантски визи за апликанти од 75 земји, соопшти во средата...

Македонија19 часа

Филипче: Нема услови за укинување на техничката влада

Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција изјави дека укинувањето на техничката влада треба да се случи дури кога...

Македонија22 часа

(Видео) Мицкоски: Техничката влада треба да замине во минатото, но ако СДСМ мислат дека е потребна за следните избори, во ред, прифаќаме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на прес-конференцијата по завршување на лидерската средба извести дека сите присутни се согласиле дека техничката...

Економија23 часа

Мој ДДВ не се укинува – налозите за исплата во февруари се подготвуваат, извести УЈП

Управата за јавни приходи ги демантира написите во дел од медиумите дека се укинува мерката „МојДДВ“. „Јасно и недвосмислено истакнуваме...

Топ1 ден

Загина маж во пожар во стан во Тетово: со изгореници се здобило уште едно лице

Вчера во 19:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улицата „180“ во Тетово настанал пожар во стан, сопственост...

Македонија1 ден

Oбјавена листата на најмоќните пасоши за 2026 година: Македонија бележи напредок

Азиските земји продолжуваат да доминираат на рангирањето на најмоќните пасоши во светот, според најновиот извештај на „Henley Passport Index“. Сингапур...

Македонија1 ден

(Видео) Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во легитимирање на криминалот и...