Контакт

Политика

Црвенковски: Мирни, масовни и континуирани протести до пад на власта

Објавено пред

Политичката криза во Македонија не може да заврши со правна разрешница на случајот „Пуч“, ниту пак може да ја реши некој од Брисел, таа е креирана од Премиерот Никола Груевски и може да заврши само со мирни, масовни, но континуирани протести, смета поранешниот премиер, претседател на државата и на СДСМ, Бранко Црвенковски.

dobivaj vesti na viber

„Во Македонија државните институции се приватизирани, затоа во една ваква ситуација не може да се очекува каква било правна разрешница. До промена на власта мора да дојде. Но, притоа мора да земете предвид за какви луѓе се работи. Не може некој од надвор да дојде и да се избори за нас. Тие од Брисел и Вашингтон нема да ни го решат проблемот. За слободата мора сами да се избориме. Овојпат или како народ ќе покажеме дека имаме потенцијал да живееме во саглам средена држава, или ќе си го трпиме ова. Не може некој во Брисел или во Вашингтон да мисли повеќе за нашата држава од нас самите“, рече Црвенковски во телевизиското интервју на „Телма“ во понеделникот вечерта.

Според Црвенковски нема дилеми дека власта е таа која прислушкувала, но дека како тече времето и нивните тврдења и изјави се менуваат, но дека нема институции во земјава, каде може тоа да се докаже, затоа што сите институции се во рацете на власта.

„Како тече времето, самите претставници на власта престанаа да зборуваат дека странска служба вршела прислушување, а сега зборуваат  странска служба нарачала прислушување тука преку нивни луѓе. Значи власта се согласува дека прислушувањето е вршено во УБК и на системите во УБК. Јас не верувам дека некој може туку така да влезе во УБК, да ја искористи нивната опрема и да прислушува“, рече Црвенковски .

Ако пак поверуваме во оваа приказна, тогаш според Црвенковски, во УБК работат аматери. Сепак, смета тој, треба да има оставки во УБК, во МВР, но и да има кривична постапка, зашто овие луѓе не чинеле нешто да не заштитат од вакви злоупотреби.

„Јас немам дилеми дека прислушувала власта, а уште пострашно е дека од содржината на прислушуваните разговори постојат низа кривични дела  кои биле вршени. Со фактот што Груевски ги заштити и застана зад сите овие луѓе можеме да заклучиме дека главниот нарачател е самиот Никола Груевски“, рече Црвенковски.

За тезата на власта дека не прислушувала, затоа што според содржината на снимките излегува дека сами се прислушувале, Црвенковски кажа тоа  изгледа нелогично, но дека неколкупати до сега рекол дека има работа со нелогична власт.

„Но, во овој случај се работи за тоа дека власта сака да ги контролира своите соработници, затоа и   ги прислушува и нив“, рече Црвенковски.

За тоа, како актуелното раководство на СДСМ ја води битката, Црвенковски смета дека е погрешно кога целите уште од почетокот се поставуваат високо.

„Така беше со референдумот за ГТЦ. Мој најдобронамерен совет до опозицијата беше кога се најавуваат некакви потези да не се креваат високо очекувањата, затоа што после опозицијата оди чекор-два назад и ја губи предноста. Така беше и со најавата на Заев дека за три дена по објавените бомби власта сама ќе си оди. И сега откако ништо не се случува, се враќаме чекор- два назад. Вие кога се надевате на најдоброто сценарио, треба да го предвидите и другото сценарио. Оваа битка нема да се добие со еден потег. Не треба да се очекува дека работата ќе заврши на 18 мај, еден ден по најавениот голем митинг на 17 мај. Овие од власта не ја даваат власта, спремни се да преземат огромни ризици, затоа што ако ја загубат власта, тие ќе ја загубат и слободата, и тоа треба да се предвиди. Прашањето е колкави ризици сме ние спремни да преземеме. Само со масовни протести, маршови, граѓанска непослушност ќе ги охрабриме сите други што сè уште се плашат. Кога се борите против еден режим, треба да ги придобиете и оние од вториот и третиот ешалон од таа власт. Битката ќе трае долго, бара упорност и не треба никого да залажуваме дека тоа може да се стори со еден потег. Нашата главна цел е овој режим на Никола Груевски да биде срушен. Тој ќе падне, ама прашање е кога и по која цена“, рече Црвенковски.

Според него, лајкови на социјалните мрежи и конференциите за печатот се дел од една салонска битка.

„Наспроти себе имаме луѓе што узурпираа сè. Од аудиоснимките видовме кои се тие луѓе, какви се, кои се луѓето што одлучуваат за нас, паднаа нивните митови, митот за чесноста, за посветеноста, за правдољубивоста… Сега сите граѓани знаат за кого станува збор. Сега повеќе неопределени и не треба да има. Со ваков режим не можеш со ракавици да се тепаш. Овој режим е чувствителен само на реален протест, на масовен протест на граѓаните. Сега клучната одговорност е на раководството на партијата. Тие сега треба да иницираат создавање на едно широко народно движење, мултиетничко, мултиконфесионално, да го надминат она дека ако падне режимот на Груевски, сега СДСМ ќе дојде на власт… ни треба демонополизирање на политичката сцена. Само со масовни и континуирани протести овој режим може да падне. Тоа широко народно движење не треба да биде под капата на СДСМ. Сега секој граѓанин треба да ги препознае своите репрезенти, својата организација, својот поединец, својата група и да излезе на протестите. Прашање е на добра стратегија како тоа да се активира“, заклучи Црвенковски

За поделбите во СДСМ, Црвенковски рече дека клучното прашање во однос на кое се појавиле поделби во најголемата опозициона партија е во однос на дилемата дали да се практикува политика на отпор или да се продолжи со конструктивната политика.

„Сега веќе сите се на страната на политиката на отпор и целата партија мора да се обедини. Вистинскиот лидер не мора секогаш да биде најпаметниот туку оној кој ќе успее да ги обедини сите“, изјави Црвенковски. „Секој да се чувствува дека е дел од тимот и дека придонесува. Тоа е предуслов за успех на партијата. Секој да знае дека има правични критериуми во напредувањето. Посакувам раководството на СДСМ да ја искористи можноста за целосно обединување на СДСМ, да иницираат широко граѓанско движење, да се надминат себе си дека ако биде срушен режимот на Груевски, СДСМ доаѓа на власт. Не. СДСМ ќе дојде на власт, но опозицијата мора да го организира просторот, затоа што секако има и луѓе кои не се за СДСМ а се против власта на ВМРО-ДПМНЕ.“

Црвенковски рече дека него му било јасно дека опозицијата ќе изгуби на локалните избори, затоа што на власт е режим.

„Хазардерски е кога одите во коцкарница, добивате или губите, мене ми беше јасно дека на локалните избори ќе бидат тежок пораз, не зошто народот така сака, туку затоа што е на власт режим.  Власта ги злоупотребува парите од граѓаните за избори, целосна узурпација на медиумите, институците се узурпирани и работат само за партијата на власт.Тврдам дека за неколку месеци ќе се покаже дека е неопходно се што е опозиција да застане во еден фронт, тоа народно движење треба да биде мултиетничко, не е доволна само македонската опозиција, туку треба да биде тој фронт  мултиетнички, мултирелигиски. Ваков режим може да биде поразен само од народот“, рече Црвенковски.

Смета дека политичка криза во Македонија има подолгорочно и дека таа е поголема и поширока.

„Ние имаме денеска компромитирани политички институции, длабоко економска финансиска криза, кога  власта со своите лажни податоци сака да презентира дека сме успешна економија. На краток период може да се издржи со кредити од 300 до 500 милиони евра, на на долг период ќе пукне како меур од сапуница“, рече Црвенковски.

Според него, Груевски и екипата немаат избор, затоа што истиот ден кога ќе паднат тие ќе бидат пред судски процеси, затоа ќе се борат до последно.

Ова е воро појавување на Црвенковски во јавност, откако се повлече од политиката пред две години. Пред десетина дена, тој излезе со отворено писмо, во кое ги изнесе своите видувања на политичката криза во Македонија, а објасни и зошто се држел на страна./крај/т/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица...

Македонија9 часа

Доктор Беќаровски советува: Како да се заштитиме во денови на екстремно загадување

Во денови кога концентрациите на ПМ 2.5 и ПМ 10 честичките се енормно високи, а загадениот воздух станува сериозна закана...

Македонија12 часа

МВР апелира до возачите да внимаваат поради маглата

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска упати апел до сите учесници во сообраќајот крајно внимателно да ги управуваат своите возила...

Топ15 часа

Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш

Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи...

Македонија16 часа

Скопје утрово го сруши рекордот, најзагаден град е во Европа

Скопје утрово се најде на 21. место на најзагадени градови светот и прв во Европа, покажуваат податоците на светскиот сервис на мерење...

Македонија17 часа

АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство,...

Свет19 часа

Поради зимата во Газа умираат бебиња и деца, повик до Израел да дозволи помош

Организацијата „Лекари без граници“ (Médecins Sans Frontières – MSF) вчера предупреди дека бебиња и деца во Појасот Газа умираат од...

Македонија1 ден

Родителите на починатите деца од „Пулс“ бараат новиот јавен обвинител да го преиспита случајот

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска на 34. Марш за ангелите во Кочани побараа проширување на истрагата, утврдување...

Македонија1 ден

Откажани летови и отежнат авиосообраќајот на скопскиот аеродром поради маглата

Како резултат на ниската видливост предизвикана од густата магла што ја зафати скопската котлина денеска до 14 часот на Меѓународниот...

Македонија2 дена

Почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас

Денес на 75 години, почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас кај нас. Откако неодамна Перо...

Македонија2 дена

На едно семејство со четири члена му биле потребни близу 1.100 евра за да го помине декември

Вредноста на синдикалната минимална кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за декември годинава изнесува 65.492 денари...

Македонија2 дена

Пратеникот Јанчев кој имаше сообраќајка во која загина тинејџер доби обвинение, свртел на место каде не смеел

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста...

Македонија2 дена

Скопје руши рекорди по загаденост, утрово е втор град во Европа

Според светскиот сервис IqAir Скопје утрово е на 20 место во светот, а второ во Европа по загаден воздух.  Доколку...

Македонија2 дена

Дедо Мраз од Лапонија ќе дојде со волшебен воз на Железничка во Скопје

Специјална новогодишна театарска претстава за деца „Дедо Мраз дојде со воз“ ќе се одржува  од денеска 30 декември на Железничката...

Топ2 дена

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично...

Македонија3 дена

Алиу: Дефиниравме нови програми за специјализации – темелно го менуваме пристапот за креирање медицински кадар

На денешната прес-конференција на министерот за здравство Азир Алиу, заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева-Старделова, деканот на Медицинскиот...

Македонија3 дена

Уапсени 11 лица за местење тендер вреден над 7,6 милиони евра во „ЕСМ дистрибуција на топлина“

Завчера во текот на ноќта помеѓу 17 и 18 декември и вчера, под раководство на јавен обвинител, полициски службеници спроведоа...

Македонија3 дена

Левицата бара независна истрага за смртта на новороденчето и одговорност од директорката и од педијатарката во ГАК

Левица бара Обвинителството да отвори истрага за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија и акушерство и одговорност од директорката...

Македонија3 дена

(Видео) Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните

По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата,...

Македонија3 дена

Андоновски: Македонија рангирана во А-групата за дигитален напредок според Светската банка

На конференцијата „Трансформирање на иднината: дигитална стратегија за современо општество“, посветена на промоцијата на Националната стратегија за развој на ИКТ...