Политика
Џафери: Недоразбирања има, но владата си функционира
Во текот на мандатот на владата, нормално е да се појавуваат одредени теми за кои ќе има различни разгледувања, но има дебата и мислам дека тоа е здраво во коалицијата, да се бара компромисно решение, вели вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор, Муса Џафери во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Според Џафери, вработувањата во администрацијата се уште не се адекватно застапени со сите заедници, а она што е неопходно, е постигнувањето на еден баланс.
„Ние уставно и преку Рамковниот договор го имаме тоа начело кое е клучно за правична застапеност во сите државни органи. И Албанците и другите заедници сè уште не се застапени, така речено, адекватно. Ако има нови примања, нас тоа што би требало да значи застапеноста, треба да се обратите кај другите институции кај кои е одговорноста, заедно со мене, за тоа која е потребата да се примаат нови кадри, што подразбира дека тоа ја прави уште потешка таа избалансирана правична застапеност во нашите институции, во нашата државна администрација“, вели Џафери.
Тој додава дека Рамковниот договор мора да се почитува, како една база за зајакнување на мултиетничкиот карактер на земјата.
„Рамковниот договор е тој што дава една рамка и тој што најмногу помага од сите програми, документи, инт, што ги имаме ние во државата за да ја има таа рамнотежа и мислам во институционалниот аспект, соживотот, балансот. Точно е дека има инциденти. Тоа можеби треба во сферата на образованието и науката, институцијата училиште, треба да најдат начин како младите да не се „трујат“ од почеток. Јас мислам дека има многу аргументи дека Рамковниот договор е минимална база што ѝ треба на Република Македонија. Ако ние треба да се однесуваме одговорно, треба да го почитуваме, да го имплементираме и да го гледаме како основа која им помага на нашите институции и општеството да се демократизираат понатаму и е добра основа ние да се вклопиме во европскиот стандард, да се интегрираме во регионот“, смета Џафери.
Говорејќи за односите во владината коалиција, тој вели дека по прашањата за кои нема согласност меѓу коалициските партнери, сепак има дебата и тоа е еден процес кој води до компромисни решенија.
„Природно е што има недоразбирања, што има различни разгледувања, поради тоа што од почеток имате две големи партии со две различни програми и од тоа треба да се создава една заедничка програма која треба да биде документ што ги поврзува и во текот на мандатот нормално ќе се појавуваат и други теми и ќе има различни разгледувања, ќе има дебата и има дебата, така беше и последната тема и јас мислам дека тоа е здраво за има такви различни разгледувања и се бара секогаш во секоја коалиција да има компромисно решение“, додава Џафери во интервјуто за Радио Слободна Европа./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Политика
Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ
На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.
„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.
Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.
Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.
Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.
Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски
– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.
Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:
– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.
Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:
– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.
Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:
,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.
Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:
,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”
Македонија
Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница
Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.
„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.
Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.
Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.
„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.