Контакт

Политика

Делев: Реализирани над 100 економски проекти во првите 100 дена Влада

Објавено пред

Во првите 100 денови откако Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го доби мандатот од граѓаните, во областа на економијата се реализирани над 100 проекти, а уште 500 се започнати, соопшти во сабота на прес-конференција заменик министерот за економија, Христијан Делев.

dobivaj vesti na viber

Во продолжение следува интегрален текс од прес-конференцијата:

 

Денеска сме со вас за да информираме за она што го направивме во областа на економијата во изминативе 100 дена, откако Владата предводена од  ВМРО-ДПМНЕ го доби мандатот од граѓаните. Морам да кажам дека сите овие проекти, чие отпочнување или финализација се врзани за овој период, претставуваат континуитет на заложбите на нашата посветеност за реализиација на проектите од  изборната програма. Значи, продолжуваме со реформите, зголемувајќи ги инвестициите, вработувањата, извозот и индустриското производство, направивме придвижување во економијата, продолживме да работиме на автопатите, да ги намалуваме трошоците, да ги зголемуваме приходите на нашите граѓани, модернизирајќи го живеењето и подобрувајќи го секој сегмент од животот на граѓаните. 

Како партија, целосно земено, во првите 100 дена реализиравме над 100 проекти од изборната Програма, а уште 500 ги започнавме, додеко дополнително имплементираме над 150 проекти, надвор од изборната програма. Но, јас ќе се задржам на економијата, која ми е доверена во надлежност, каде и покрај предизвиците во европската економија, забележавме највисок економски резултат во Европа во првиот семестар на 2014 година! Вториот квартал од 2014 година го завршивме со раст на БДП од 4,3%, како продолжение на растот во првиот квартал од 3,5%! Притоа, растот на економијата се должи на големите капитални инвестиции од Буџетот, но и на извозот на фирмите, посебно на директните странски инвестиции во ТИРЗ и индустриските зони. 

Покрај реализацијата на крупните инфраструктурни проекти во патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката, минералните суровини, кои обезбедија работа за градежништвото, јас посебно би се осврнал на странските директни инвестиции, кои бележат раст од 12,1% во првата половина од 2014 година во споредба со истиот период од минатата година. Индексот на индустриското производство во периодот јануари – јули 2014 година, во однос на периодот јануари – јули 2013 година, бележи раст од 4.7%, а извозот во истиот период бележи раст од 17,7%. 

Посебно би сакал да ставам акцент на растот на извозот од ТИР Зони во периодот јануари-август 2014 година, во споредба со јануари-август 2013 година. Станува збор за раст од 91,2%! Тие донесоа и отварање на нови работни места, а со самото тоа и намалување на невработеноста на 28,2%, што за волја на вистината е историски најниско ниво во последниве 18 години. Истовремено стапката на вработеност во вториот квартал од 2014 година изнесува 41,1%, што е најдобро остварување откако се спроведува Анкетата на работна сила. 

За деловните субјекти, пак, го исполнивме ветувањето, обезбедувајќи им поволни финансиски средства за поддршка на македонските компании, преку новата линија во вредност од 100 милиони евра, кој ќе помогне на многу македонски компании да го шират своето производство и да вработуваат нови лица. 

Во тек е и последната фаза од проектот „Топ-менаџмент“ со која на 140 менаџери од македонски компании ќе им се овозможи да заминат на дополнителна обука во многу понапредни фирми во странство, а стартуваше и вториот циклус од ангажирањето на странски експерти за потребите на македонските компании. 

Што се однесува до директната поддршка на деловните субјекти, во Министерството за економија веќе исплативме дел од трошоците на деловните субјекти за сертификација на системи за квалитет според ИСО-стандарди, НАССР , ХАЛАЛ-системи како и кофинансирање и поддршка на МСП.Во делот поддршка на занаетчиското производство и занаетчиските услуги, се одобрени и потпишани договори со кои ќе им се даде стимул на занаетчиите за зачувување и развој на нивната дејност. 

Субвенции континуирано доделуваме и за инсталирање на сончеви колектори во домаќинства. Во 2014 година за добивање субвенција се избрани 606 домаќинства.

 

Кога ја спомнавме енергетиката, веќе е изграден и започна со работа првиот Парк на ветерни електрани Богданци, чија инсталирана моќност изнесува 36,8 MW. Направена е реконструкција на 110 KV далновод ТС Скопје 1 – ТС Куманово, а деновиве се финализира целосната реализација на изградбата на двосистемски 110 KV далновод ТС Битола 3 – ТС Битола. Работевме и на втората фаза на ревитализација на шест хидроелектрични централи, со што ќе се продолжи животниот век на постојните хидроелектрични централи и нивните придружни објекти,  како и зголемување на сигурноста на истите за производство на електрична енергија, зголемување на инсталираната моќност  од 18,1 МW и дополнително годишно производство од околу 50 GWh електрична енергија за македонските потрошувачи. 

Што се однесува до поголемите енергетски проекти, на ХЕЦ Бошков Мост се работи, односно се очекува да започнат градежните активности по завршувањето на постапката за избор на изведувачи на градежни работи, а за акумулацијата Луково поле во тек е изработката на основниот проект, како и Студијата за влијанието врз животната средина кои се очекуваат да бидат завршени до крајот на 2014 година од страна на Светска банка.

 

Во овој период активно работевме и на отворање на нови рудници за експлоатација на металични минерални суровини. Меѓу поголемите се Иловица, Плавица, Казандол, Луке – ТОРАНИЦА,  САСА 2 – Македонска Каменица, ЛОЈАНЕ – Липково, за која во тек е нова постапка за доделување на концесија за експлоатација, за БОРОВ ДОЛ – Конче, во тек се детални геолошки истражувања. Доделени се концесии за термоминерални води и рекреативен туризам (бањски и здравствен) на следните локалитети: во Штип, Кочани, Катланово, Струмица, Дебар, Негорци – Гевгелија, Смоквица и Куманово, но и нови локации во Радовиш, Тетово и Стрновец – Младо Нагоричане. 

Политиката на привлекување на странски инвестиции е една од најуспешните политики на Владата во нејзиното портфолио. Како резултат на реформите и активната политика на Владата за промоција на Македонија како поволна инвестициска дестинација, во Македонија во овој период од после изборите: многу компании кои пред изборите имаа најавено инвестиции, сега веќе започнаа со конкретни активности што значат реализација на инвестициите, многу нови компании донесоа и објавија одлука за инвестиција во нашата земја, дел од компаниите кои веќе имаат инвестиции во нашата земја се одлучија за нови инвестиции и за проширување на своите капацитети, а голем е и бројот на компании со кои што сме во напредна фаза на преговори или одлуката за инвестиција сѐ уште не ја објавиле во јавноста. 

Дами и господа, 

На оваа прес конференција се обидов да ги сублимирам најважните активности и проекти што ги реализиравме на економски план во изминатите 100 дена. Во суштина, и самите видовте дека ветеното го остваривме, па дури и повеќе од тоа. Јавноста покажа дека знае да ја цени посветеноста, а ние за секој добиен глас одговараме со уште поголема одговорност во спроведувањето на нашата програма.крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет26 минути

Денешниот состанок во Вашингтон ја одлучува судбината на Гренланд

Денес во Белата куќа се одржува состанок кој би можел да ја одреди иднината на Арктикот, но и на самиот...

Свет51 минута

Сестрата на Ким Јонг Ун: Надежите на Јужна Кореја за подобри односи со Северот се само илузија

Ким Јо Јонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, изјави дека надежта на Јужна Кореја за подобрени односи е...

Свет57 минути

Трамп: Сакам да победам во Иран, обожавам да победувам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе „преземе многу силни мерки“ ако иранските власти почнат да ги бесат...

Македонија1 час

Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува

Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со...

Свет9 часа

(Видео) Премиерот на Гренланд: Ако треба да избереме помеѓу САД и Данска, ја бираме Данска

Премиерот на Гренланд изјави дека доколку неговиот народ мора да избере „тука и сега“, ќе ја избере Данска пред САД....

Европа9 часа

Поранешни вработени го обвинија Хулио Иглесијас за сексуална злоупотреба, откриени детали

Шпанскиот пејач Хулио Иглесијас е обвинет за сексуален напад од страна на две поранешни вработени, кои тврдат дека биле подложени...

Македонија13 часа

(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави...

Европа13 часа

Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби

Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка...

Свет14 часа

Бројот на жртви варира во голема мера: „Иран Интернешнл“ тврди дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во протестите

Се појавуваат извештаи за илјадници жртви во немирите во Иран, што би претставувало најголем број смртни случаи во протестите од...

Свет14 часа

Каја Калас: Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека е неизвесно што ќе се...

Македонија14 часа

Времето утре – сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 10 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен...

Македонија16 часа

Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права

Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд...

Македонија18 часа

Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари

Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата...

Македонија19 часа

Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина. Според...

Македонија19 часа

МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика

Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба....

Македонија19 часа

Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став...

Македонија20 часа

Техничката влада мора да остане, велат од СДСМ

Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори, велат од...

Македонија23 часа

Со паричка во погача, голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како...

Топ24 часа

Во Кавадарци се води истрага за два случаи на сексуално насилство врз деца

Кавадаречкото Обвинителство  споведува истрага за два одвоени случаи во кои има сомненија за силување на дете кое не наполнило 15...

Свет1 ден

Словачките лидери едногласни: Крај на воената помош за Украина

Највисоките словачки функционери – претседателот Петер Пелегрини, премиерот Роберт Фицо и претседателот на парламентот Рихард Раши – потврдија единство околу...