Политика
Ден Дончев: Наместо инвестирање во споменици ќе преземеме мерки за заштита на граѓаните од загадувањето

Мора веднаш да запре инвестирањето во споменици за да се задоволи егото на политичар кој решил со туѓи пари да остави сопствен белег за наредниот милениум и да се преземат мерки за заштита на здравјето на граѓаните, оваа власт успеа да не стави на први места на неславните светски листи на најголемите загадувачи, порача носителот на кандидатската листа за Изборна единица 1 Ден Дончев на Коалицијата ВМРО за Македонија оствари средби во саботата со граѓаните од скопските општини Аеродром и на Кисела Вода.
На средбите со граѓаните на Аеродром беа отворени теми коишто се дел и на платформата на дејствувањето на коалицијата ВМРО за Македонија а се однесуваат и изселувањата, загадувањето на воздухот и „киднапираниот“ спорт …
„Иселувањето на младите е резултат на погубните политики на владата на ДПМНЕ“, истакна Ден Дончев. „Како да зборуваме за проблемот на напуштањето на просторите на малите и неразвиени општини и мерки за рамномерен развој, кога се празнат и најголемите и најбогати општини. Време е да кажеме стоп за иселувањата“, порача Дончев.
„Вториот проблем е загадувањето, проблем со чии последици се соочува и градот, како и поголемиот дел од државата. Жителите овде плаќаат највисоки комуналии и наместо инвестирање во мерки за заштита од загадувањата на воздухот во Аеродром и Ново Лисиче, сведоци се само на непродуктивни инвестирања на нивните пари“, Дончев.
Заклучи дека „третиот проблем е спортот, преку МЗТ спортот во оваа општина е ‘киднапиран’ од таканаречениот бизнисмен Самсонеко кој чувствувајќи ги ветриштата на промените сега почнува да се повлекува од овдешните бизниси и спортски обложувалници“./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во пресрет на лидерската средба: Нема промена на Уставот под бугарски диктат

Пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во пресрет на одржувањето на лидерската средба го реафирмира ставот за неотварање на Уставот на Македонија, а со цел уставни измени.
Според нив, уставните измени, кои ги прифаќа македонската Влада, предводена од СДСМ и ДУИ, се производ на диктат и услови што не се прифатливи за македонските граѓани.
„Апелираме до Владата и парламентарните групи на власта да престанат со сервилности и погазувањето на државните и националните интереси потсетувајќи дека Собранието во овој состав нема легитимитет за носење таква одлука против која е огромното мнозинство македонски граѓани.
Собранието не треба да се доведе во позиција за исполнување поединечни бизнис и политички интереси на елити од власта, туку да служи на суверенот – граѓаните.
Пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со овој став упатува раководството на партијата, сите политички претставници на коалицијата „За обнова на Македонија“ и претседателот на партијата, проф. д-р Христијан Мицкоски, на претстојната лидерска средба да ги реафирмира ставовите за неприфаќање на уставните измени и да се почитуваат интересите на граѓаните“, се вели во нивното соопштение.
Додаваат дека македонските граѓани отсекогаш силно ја поддржувале и ќе продолжат да ја поддржуваат европската интеграција на државата, но тоа не треба да прерасне во понижувачки процес за прифаќање диктати, туку процес за прифаќање и почитување вредности.
„Оттука, како пратеничка група на коалицијата ‘За обнова на Македонија’, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, бараме во името на огромното мнозинство македонски граѓани фер шанса, иста каква што ја имаа другите народи и држави од Централна и Источна Европа кога пристапуваа кон Европската Унија“, се истакнува во информацијата.
Македонија
Трипуновски до Бабовски: Тоа што се закануваш со кривична нема да те спаси од одговорност за тоа како го труете народот

Да сме на чисто – пестициди и тешки метали се детектирани во овошјето и зеленчукот што се увезени во Македонија. Тоа недвосмислено го потврдуваат анализите што ги презентирав во јавноста, изјави Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Додека Бабовски и другите околу него сакаат да ја замајат јавноста од детектираните присуства на резидуум од пестициди во храната од неживотинско потекло, добро е Бабовски да го посоветуваат за наодите од тестирањата и начинот на прикажување во нив. Имено, од правилникот за општите барања за безбедност на храната во однос на максималните нивоа на одделни контаминенти може да се види дека максималното ниво на контаминенти – метали е дадено само за олово и кадмиум, изразено во mg/kg водна тежина). Зошто ДФЛ се повикува на максимално дозволено ниво на тешки метали и анекс на правилник што не е во сила и тој е објавен во ‘Службен весник на РСМ’ бр. 227/2021? Не се детектира максимално дозволено ниво кај контаминенти, како што е тоа случај со резидуум од пестициди. Дополнително, лимитот на квантификација е изразен во ug/L, а добиениот резултат во ug/kg. Во мојата прес-реакција беше наведена мерна единица. Но, што правиме со детектираното ниво на арсен во производите? Дали и за тоа Трипуновски згреши? Дали производите се безбедни во согласност со законот и правилникот или за тие испитувања, иако нема вредности, не може да се обезбеди изјава за сообразност дали тие се сообразни? Зошто во наодот од тестирањето на ФВМ има соодветна изјава на сообразност, а во оној на ДФЛ нема? Дали државните инспектори знаат да ги протолкуваат овие резултати? Дали Агенцијата има изготвено анализа на ризик за максималното ниво на арсен во храната од неживотинско потекло врз човековото здравје?“, праша Трипуновски.
Тој им порача на Бабовски, на Николовски и на сите инволвирани во овој скандал дека одговорност ќе има многу бргу.
Поднесувањето кривична пријава само говори за вашиот очајнички обид да се извлечете од овој мегаскандал, но нема да успеете, рече Трипуновски.
Македонија
Ахмети оптимист: За 3-4 години ќе влеземе во ЕУ

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, рече дека е голем оптимист за тоа кога ќе влеземе во ЕУ. Тој вели дека за 3-4 години земјава ќе биде членка на Унијата.
„Јас сум оптимист, секогаш сум бил и ќе останам. Без да се крене белото знаме. Поминавме многу соочувања и тешкотии и постигнавме успешно да ги завршиме важните поглавја и за државата и за стабилноста. Најголемите оптимисти не мислеа дека некогаш ќе бидеме членка на НАТО, но тоа сега е реалност. И големите оптимисти не би верувале дека Македонија како мултиетничка државва може да биде пример за решавање на проблемите…“ рече, меѓу другото, Ахмети.
„Ако некогаш сме мислеле дека ќе ни требаат 10 години за членство во ЕУ, сега јас верувам дека за 3-4 години ние ќе бидеме членка на ЕУ бидејќи и околностите се сменија во полза на тоа овој пат да се забрза“, нагласи лидерот на ДУИ.
Според него, треба да се направат уставни измени, а затоа треба да има помирување меѓу сите субјекти што имаат одговороност за судбината на државата.
„Јас мислам дека може да се постигне помирување, да ги стават сите интересите на државата, иднината на генерациите. Нема политички интереси дали ќе победиме на дргите избори…“ порача Ахмети.
Тој зборуваше на дебатата на тема „Европски фронт”, организиарана за годишнината на ДУИ, што се одржува во хотелот „Александар палас“.