Контакт

Политика

Димовски: Предлозите на СДСМ се бледа копија на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

СДСМ со денешните предлози на закони се обидува да биде бледа копија на ВМРО-ДПМНЕ без никакво покритие и без никаков кредибилитет, изјави во четвртокот во Собранието Илија Димовски, шеф на пратеничката група на владејачката партија откако претходно најголемата опозициска партија поднесе три предлог-закони.

dobivaj vesti na viber

Претходно пратеничката група на СДСМ, откако по долгиот бојкот на парламентот од 1-ви септември според меѓупартискиот договор за надминување на политичката криза се врати во Собранието, најави во четврток дека ќе предложи три закона, со коишто ќе се укине екстерното оценување, ќе се зголеми минималната плата во земјава и ќе се постави контрола во трошењето на парите на граѓаните.

„Зад себе СДСМ нема оставено никакви позитивни политики ниту во областа на работничките права, ниту во образованието, ниту во работата со Буџетот на Република Македонија“, рече Димовски во изјавата за новинарите.

Според него, од фактот дека СДСМ долго време не учествувал во работата на Собранието произлегува и „несериозното“ пристапување кој одговорноста што ја имаат во Собранието на Република Македонија. „Толку се неискусни и желни за поддршка од граѓаните, која ја немаат, што мислат дека носењето на сериозни одлуки е играње на маалска игра“, заклучи координаторот на парламентарната група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Како и досега, СДСМ ќе ја лаже јавност, ќе ветува сé и сешто, само да им се допадне на граѓаните, но сите паметиме дека секогаш кога беа на власт не исполнија ниту едно свое ветување. Граѓаните од нив паметат запустени и стари училишта без вложен денар за нивна реконструкција или изградба на нови, паметат 200 илјади невработени и паметат трошење на буџетски пари за бисери на нивните министерки“, рече Димовски

Оцени ден денешните предлози на СДСМ служат само за дневен маркетинг и се без никаква сериозна анализа и можност за реализација. „Ние нема да дозволиме Собранието да биде злоупотребено за промоција на неодговорната политика на СДСМ. Тие самите знаат дека граѓаните не ги поддржуваат заради немањето на доверба во нив, па сега со вакви неиздржани предлози ќе се обидуваат да привлечат барем мала симпатија. Знаеме дека ќе предлагаат се и сешто, но нема да им дозволиме да си поигруваат со интелигенцијата на граѓаните“, додаде Димовски.

Во врска со предлогот за зголемување на минималната плата, претставникот на владејачката партија потсети дека во време на владеење на СДСМ не постоеше минимална плата, иако таа партија имаше предизборно ветување дека ќе ја воведе, како и дека во тој период синдикатите неколкупати бараа воведување на минимална плата и секогаш беа одбивани, и оти во време на СДСМ минималните плати биле 4.000 денари

„Да останеше СДСМ на власт до денес сé уште ќе немаше закон за минимална плата, а денес таа изнесува 9. 590 денари, а за само неколку месеци, од следниот јануари, по сила на важечкиот закон минималната плата секако ќе биде зголемена на 10.080 денари. Дополнително во законот е предвидено секоја година усогласување на минималната плата со просечната исплатена плата“, рече Димовски.

Коментираше натаму дека усвојувањето на предлогот на СДСМ ви значело дека веднаш најмалку 30.000 работници би останале без работа поради зголемените трошоци на фирмите.

„Очигледно е дека СДСМ овој предлог го има доставено без никаква консултација со синдикатите и стопанствениците, бидејќи ако го направеле тоа сами ќе знаеле дека во оваа фаза ваквиот предлог не само што нема да помогне, туку ќе остави 30.000 луѓе на улица или ќе значи затворање на многу фирми и фабрики“, порача Димовски.

Во врска со предлозите за укинување на екстерното тестирање истакна дека станува збор „крајно несериозен и неодговорен“ предлог од кој, како што оцени, се гледа дека за опозициската партија било поважно да добие „ситен политички поен врз грбот на децата“, а воопшто не води сметка за потребата од континуирано и долгорочно подобрување на квалитетот на нашето образование.

„Владејачкото мнозинство не сака да прифати оваа тема да биде тема за партиско препукување и поткусурување. Иднината на децата и нивното квалитетно образование не смее да зависи од сегашната политичка безидејност на СДСМ. Тие сакаат да приберат поддршка иако се свесни дека оваа одлука ќе нанесе далекусежни негативни последици на многу деца поединечно“, порачаа од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ а Димовски истакна дека од нивна страна ќе бидат прифатени „само сериозни предлози кои ќе го подобруваат образованието без разлика од кого доаѓаат, но нема да прифати вакви политички подметнувања“.

Во врска со предлозите на СДСМ за измени во законите за Буџетот на државата, Димовски посочи дека таквата практика не постоела во ниту една европска држава, карактеризирајќи го предлогот на социјалдемократите како „апсурден и физички невозможен“ бидејќи од Буџетот и од сите институции дневно се вршат илјадници трансакции кон физичките лица и кон правните лица.

„Трето, во насока на максимална транспарентност за приходите и плаќањата од Буџетот, Министерството за финансии на месечна основа објавува фискални табели во кои јавно се публикуваат приходите и расходите во буџетот. Четврто, на крајот на секоја фискална година Министерството за финансии до Собранието доставува завршна сметка во која пратениците имаат целосен увид во извршување на буџетот на државата. Петто, по барање на СДСМ пред неколку години отидовме и натаму, па од минатите избори во изборниот период Министерството за финансии на дневна основа ги објавува расходите на сите институции, а податоците можат да се најдат на интернет страната на Министерството бидејќи со закон определивме должност да се гледа трошењето на државните пари“, заклучи Димовски повторувајќи дека и овој предлог според него покажува дека СДСМ се обидуваат да го променат впечатокот за отсуството од парламентот и неработењето изминатите 15 месеци./крај/мф/бб

Извор: Макфакс

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Војници во влага, на перници стари со децении, со прибор стар 20 години и руинирани тоалети – синдикатот алармира по појавата на шуга во велешката касарна

Независниот синдикат на професионални војници, реагира поради појавата на шуга кај новопримените професионални војници во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“...

Македонија9 часа

Српската полиција се огласи по киднапирањето на Даниел Кајмакоски: Се трага по двајца осомничени

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека полицијата трага по две лица осомничени за киднапирање на македонскиот пејач Даниел...

Македонија12 часа

(Видео) Договорено покачување на платите за околу 11.000 административци до 2028 година

Околу 11.000 вработени во јавната администрација, судовите и обвинителствата ќе добијат покачување на платите од речиси 40 отсто до 2028...

Македонија12 часа

Кајмакоски е дома; Рашиќ: „Смирено и храбро се соочил со киднаперите, но му треба мир“

Mиланка Рашиќ, која е задолжена за односи со јавноста за Даниел Кајмакоски, соопшти дека разговарала со него по ноќта помината...

Македонија15 часа

ВМРО-ДПМНЕ реагира: Заев се јави во одбрана на својот криминал, тој е таткото на бизнисот со канабис

Олицетворението на криминалот, главата на октоподот во корупцијата и лидерот на СДС од сенка, Зоран Заев се јави во одбрана...

Македонија16 часа

Заев се закани со тужба, тврди дека не е поврзан со конфискацијата на канабисот и облакодерите во Дубаи: „Шират лаги и клевети“

Поранешниот премиер Зоран Заев преку статус на Фејсбук порача дека по пет години молк, сега е подготвен да одговори со...

Култура16 часа

Почина Бред Арнолд – пејачот на американскиот бенд 3 Doors Down

Бред Арнолд, пејачот и основач на американскиот рок-бенд 3 Doors Down, најпознат по хитовите „Kryptonite“, „When I’m Gone“ и „Here...

Свет16 часа

Во Дубаи уапсен сторителот на обидот за атентат врз рускиот генерал Алексеев, ФСБ уапси и соучесник во Москва

Сторителот на обидот за атентат врз генерал-полковникот на руската воена разузнавачка служба, Владимир Алексеев, беше приведен во Дубаи и предаден...

Свет1 ден

(Видео) Протести против Зимските олимписки игри во Милано: демонстрантите фрлаа димни бомби и шишиња кон полицијата

Илјадници луѓе се собраа во Милано на протест против Зимските олимписки игри само еден ден по церемонијата на отворање во...

Македонија1 ден

(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат

Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на...

Македонија1 ден

Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло

Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад...

Македонија1 ден

(Видео) Петрушевски: Од 27 тони запленета дрога, повеќе од две третини е на фирма на соработник на Зоран Заев

Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев, рече денес...

Македонија1 ден

Левица ќе иницира разрешување на Ристовска, имаат информации за понижување, викање и навреди во ДКСК

Наместо да ја насочи својата енергија кон расчистување на корупцијата, членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета...

Свет2 дена

Низ разузнавачките канали протекоа детали за „Дмитриев пакет“, вреден е 12 трилиони долари, вели Зелениски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека постои ризик САД и Русија да склучат билатерални договори кои се однесуваат на Украина,...

Свет2 дена

Судот нареди на администрацијата на Трамп да врати од Хондурас три депортирани семејства и да ги плати трошоците за враќање

Окружниот суд во Сан Диего пресуди федералната влада на САД да ги врати трите семејства од Хондурас, наведувајќи дека нивното...

Македонија2 дена

Независниот полициски синдикат утре организира протестен марш во Битола: За закани за тепање и убивање полицајци се оди во притвор

Независниот полициски синдикат (НСП) утре во Битола организира марш за еднакво спроведување на законите кон сите сторители на кривични дела,...

Македонија2 дена

Магла ја намали видливоста до 60 метри на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози соопшти Авото-Мото Сојузот на Македонија (АМСМ), Намалена видливост...

Македонија2 дена

Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски

Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна...

Македонија2 дена

Полицајци, наставничка и пожарникар земале пари од граѓани за да им средат побрзо да извадат лични документи

Двајца полицајци, наставничка и пожарникар се осомничени за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание односно за пари овозможувале граѓаните...

Македонија3 дена

Воени возила и дронови во Охрид и Радожда, од утре обука на специјалците од војската на Белгија

Од 07 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за...