Контакт

Политика

ДОМ бара Владата да прогласи вонредна состојба поради загадувањето

Објавено пред

Зелената политичка партија ДОМ бара, Владата итно да погледне на мерните инструменти за воздухот, да се распраша за бројот на заболени од респираторни и кардиоваскуларни болести и да прогласи вонредна состојба поради загадувањето.
 

dobivaj vesti na viber

Зелената политичка партија ДОМ бара, Владата итно да погледне на мерните инструменти за воздухот, да се распраша за бројот на заболени од респираторни и кардиоваскуларни болести и да прогласи вонредна состојба поради загадувањето.

 

„Ова е потег што Владата треба да го направи, а не одговорноста да ја префрла на локалните самоуправи. Македонските градови низ цела земја се нападнати од црн смог, од Битола, Кавадарци, Кичево, до Тетово и Скопје! Министерството за животна средина, кое има обврска да се грижи за спроведување на законите за амбиентален воздух и за животна средина, да се разбуди од зимскиот сон кој го зафатил и да и предложи на Владата итни мерки, затоа што тоа е негова работа“, изјави портпаролот Маја Морачанин.

Од ДОМ предлагаат да се прогласи вонреден режим на однесување веднаш и истиот да трае до крајот на зимата, без броење 5 или 10 дена со надминати вредности, небаре 9 дена во смог не се доволно алармантни, потоа да се стопираат градежните активности во градските средини.

Исто така, предлагаат да се смени сообраќајниот режим во градовите, со воведување на задолжителна „зелена“ зона ослободена од возила, прогласување на пешачки и велосипедски зони во центарот на градовите и забрана за движење на тешки возила во градски подрачја и нивно упатување на обиколниците.

Да се отстранат од сообраќај сите возила под Евро 4 стандардот од градскиот сообраќај, нивно итно обележување со налепница на предното стакло на возилото, а истовремено, Владата итно да го уреди увозот на возила со овој стандард.

Да се зголеми бројноста на автобуси во јавниот превоз во оние градови каде тој постои, да се мијат сите улици со вода, а Владата да даде буџетска поддршка за набавка на течен гас, печки со целосно согорување, сончеви панели за топла вода и изолација на домовите.

Потоа предлагаат да се прави сериозна контрола на работата на индустриските постројки, посебно на горивата што ги употребуваат, да се собира редовно и прописно отпадот и да се остава на пропишана депонија, да се поправат сите мерни станици за квалитет на воздух, за да следиме што ни се случува.

„Овие 10 итни мерки може да се спроведат за кус период, бараат мал буџет и голема посветеност на надлежните. А граѓаните ќе им бидат благодарни, па може да им испадне и добра кампања. Зошто за здравјето се работи!“, рече портпаролот Тони Ристов./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

ДУИ реагира: Во очаен обид за политички опстанок СДСМ одлучи да јава на бранот на албанофобијата следејќи го патот на ВМРО-ДПМНЕ

„Во очаен обид за политички опстанок, СДСМ одлучи да јава на бранот на албанофобијата, следејќи го патот на ВМРО –...

Македонија2 часа

Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -2 степени, 0 било на Попова Шапка и во Крива Паланка,...

Свет2 часа

Сателитските снимки го покажуваат обемот на ужасот во Лос Анџелес, изгоре сè до океанот

Пожарот речиси целосно уништи голем дел од Пацифик Палисадес во Лос Анџелес, покажуваат новите сателитски снимки од Maxar Technologies. Сликите...

Свет2 часа

Трамп: Путин сака да се сретнеме, се договара состанок

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека се договара средба меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин. „Тој сака да...

Топ3 часа

Истрага против две лица за изнуда и палење автомобил во Штип

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца соизвршители на кривични дела – Изнуда од член...

Свет12 часа

(Видео) „Една од најразорните катастрофи во историјата на Лос Анџелес“, сцените се ужасни

Потврдениот број на пет загинати веројатно ќе се зголеми, изјавија официјални лица, бидејќи снимките од беспилотни летала ги доловуваат размерите...

Свет13 часа

(Видео) Бајден, Трамп, Обама, Буш и Клинтон присуствуваа на државниот погреб на Џими Картер

Поранешниот американски претседател Џими Картер, кој мораше да се справи со лошата економија и заложничката криза и беше почитуван за...

Македонија17 часа

Најотворана веб страница во Мала Речица е таа на Стејт департментот, секое утро проверуваат да не имаат некој член на црна листа, велат од ВЛЕН

„ДУИ е прва партија на Албанците која ги оддалечува Албанците од нивните западни стратешки партнери, заради својот криминал и корупција....

Македонија19 часа

Министерството за надворешни работи со осуда: Злонамерните изјави на официјални личности од бугарската политичка сцена се директен напад на суверенитетот, интегритетот и независноста на нашата држава

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија силно ја осудува објавата на лидерот на бугарска политичка...

Македонија22 часа

Таравари нема информација оти некој рендген не работи, а матичните од Скопје два дена немаат каде да ги испратат на снимање пациентите

Министерот за здравство Арбен Таравари не знае за проблемите со кои се соочија матичните лекари оваа недела кога ординациите им...

Македонија22 часа

Докторите немаат никаква грешка за смртта на седуммесечното бебе на Детската клиника, Таравари го доби извештајот од стручната комисија

Лекарите на Детската клиника не направиле грешка при лекувањето на седуммесечното бебе, кое почина на клиниката на почетокот на минатиот...

Македонија22 часа

Измамници се претставуваат како банки и институции, МВР апелира граѓаните да не споделуваат лични податоци

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи активно презема мерки за истрага и справување со телефонските измами кои...

Македонија23 часа

Бугарската агенција за патишта има делумна вина за несреќата на автобусот на „Беса транс“

Агенцијата за патна инфраструктура на Бугарија (АПИ) има делумна вина за трагичната несреќа на автобусот на „Беса транс“ во 2021...

Македонија23 часа

Лидерот на Преродба побара присоединување на Македонија кон Бугарија

Лидерот на крајнодесничарската бугарска партија Преродба, Костадин Костадинов, ја повика владата во Софија официјално да излезе со претензии за присоединување...

Свет1 ден

Сателитски снимки го покажуваат обемoт на катастрофата во Лос Анџелес

Петте активни пожари во Лос Анџелес, двата најголеми – Итон и Палисадес – сè уште се целосно надвор од контрола....

Свет1 ден

(Видео) Знакот „Холивуд“ во опасност, пожарот им се заканува на повеќе знаменитости

Последниот пожар што го зафати врвот на познатиот Холивуд Хилс ги принудува жителите да се евакуираат, а луѓето во близина...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Гасната централа ќе обезбеди топлинска енергија со драстично намалување на загаденоста

Загадениот воздух во градовите во државата е сериозен проблем, кој бара системски и долгорочен пристап за негово решавање. И првите...

Свет1 ден

(Видео) Исцрпени пожарникари, недостиг од вода, штетата во пожарите во Лос Анџелес се проценува на повеќе од 50 милиони долари

Деструктивните шумски пожари, кои го опкружуваат Лос Анџелес, се проширија на Холивуд Хилс, откога во другите пожари во областа загинаа...

Свет1 ден

Бајден: Можев да го победам Трамп на изборите

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека верува оти ќе го победел Доналд Трамп на ноемвриските избори, објави Би-би-си. Бајден (82)...

Свет1 ден

(Видео) „Имавме неколку часа да се спасуваме и да заминеме“ – опожарени цели блокови во Пасадена

Уште една куќа гори втора ноќ по ред во Пацифик Палисадес, а пожарникарите признаваат дека немаат доволно вода за да...