Контакт

Политика

Доставен до Собрание предлогот за заменици министри

Објавено пред

На собраниска седница закажана за 10-ти јули во четврток  Собранието на Република Македонија ќе ги именува замениците министри во Владата, откако во вторникот премиерот Никола Груевски го достави предлогот за именување заменици на министри во Владата. 

Според доставениот предлог за заменик-министер во Министерството за одбрана се предлага Арбен Љаденишта, за заменик-министер за внатрешни работи Земри Џамиљи, за заменик-министер за правда Билјана Бришковска Бошковски, за надворешни работи Драгана Кипријановска, за финансии Ардијан Џељадини, за заменик-министер за економија Христијан Делев, за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски.

 

Во предлогот на премиерот Груевски како заменик-министер за здравство е предложен Јовица Андовски, заменик-министер за образование Спиро Ристовски, за заменик-министер за труд Ибрахим Ибрахими, за заменик-министер за локална самоуправа Љупчо Пренџов, за заменик-министер за култура Драган Недељковиќ, за заменик-министер за информатичко општество Марта Арсовска Томовска, за заменик-министер за транспорт и врски Ниметула Хаљими и за заменик-министер за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски./крај/мф/ап

 

Македонија

(Видео) Дурловски: Со ниски даноци, финансиска поддршка и продуктивни работни места ќе овозможиме економски раст

Објавено пред

Конкурентните мали и средни претпријатија, се двигатели на економскиот раст во Македонија и во создавањето на продуктивни работни места. Оттука за подигнување на животниот стандард потребно е нивна системска поддршка, вели Игор Дурловски.

„ Ќе работиме на градење на национална инфраструктура за потребите на брзорастечките и мали и средни претпријатија, како столб на идниот економски развој на земјата. Со намалувањето на даноците, борбата против сивата економија која ги руши темелите на економскиот систем, ќе биде заедничка.

За младите до 29 години кои остваруваат годишни приходи до 6.000 евра, данокот ќе биде нула проценти. Финансиска поддршка ќе добијат невработени млади преку неповратни грантови и грантови со кредитирање заради отворање на сопствени бизниси, како и финансиска поддршка за иновативни проекти.

Ќе ја намалиме стапката на невработеност под 10% преку креирање на нови, високо квалитетни и доброплатени работни места. Силно верувам дека таквите економски политики ќе овозможат остварување на нашите стратешки приоритети и цели, повисоки стапки на економски раст и повисок животен стандард“ порача Дурловски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Чулев: Секој обид за поткуп врз гласачите ќе биде санкциониран

Објавено пред

Секој обид за поткуп или за какво било влијание врз гласачите ќе биде соодветно евидентиран и ќе бидат преземени мерки за негово санкционирање, порача министерот Наќе Чулев за време на посетата на Регионалниот центар Исток, одделенијата за внатрешни работи во Делчево и Берово и полициското одделение во општина Ново Село.

Организацијата на парламентарните избори со посебен фокус на спречување на изборниот поткуп беа темите во фокус на работните состаноци.

Од страна на раководствата на трите одделенија министерот Чулев беше запознат со мерките и активностите кои се преземаат од нивна страна, а со кои треба да се гарантираат безбедни и демократски избори. Од нивна страна беше потенцирано дека веќе се изготвени оперативните планови со кои се покриваат критичните точки.

Министерот Чулев потенцираше дека изборите мора да бидат фер и демократски, затоа што граѓаните тоа го заслужуваат и во таа насока обврска на полициските службеници, но и на сите вработени во Министерството за внатрешни работи е да ги преземат сите неопходни мерки со кои ќе се гарантира безбедноста на изборите.

Тој ги повика полициските службеници да постапуваат согласно законските прописи и да се отргнат од какви  било  политички влијанија и притисоци. Обврска на секоја полициски службеник е да го штити интересот на граѓаните и безбедноста на државата и кога ова е во прашање нема и не постои никаков компромис, додаде Чулев.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Мицкоски: Изборот е меѓу СДСМ и неговите истрошени транзициски политичари и ВМРО-ДПМНЕ и политичари кои ќе работат за доброто на народот

Објавено пред

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, денеска се сретна со граѓаните во Македонска Каменица и посочи дека ова се прилично предизвикувачки избори затоа што на овие избори практично се определува иднината на нашите граѓани, на нашите потомци, но истовремено и кога треба да ги направиме горди нашите предци.

„Ова не се  какви било избори и се поразлични од сите избори што сме ги имале во минатото. На овие избори изборот е меѓу СДСМ и неговите политичари, кои се практично истрошени транзициски политичари, кои од времето на транзицијата ги гледаме без никаква креативна идеја и луѓе кои со својата биографија и животен век не може да гарантираат решение за напластените проблеми, кои, мора да признаете, по овие 3 години се зголемија. Ова се избори кога ќе треба да избереме помеѓу срамот, понижувањето и свиениот ‘рбет што ги донесе СДСМ и избори кои ќе донесат чест, гордост и исправена глава. Ова се избори помеѓу криминалот и корупцијата спакувани во чанта Луј Витон и борба за правда, почитување на законите. Јас сум убеден дека повие избори ќе завршат со една голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ‘За обнова на Македонија’“ потенцираше Мицкоски.

Тој од Македонска Каменица порача дека веднаш по победата по 15 јули треба да се засукаат ракавите и сето она што ни се случуваше во минатото, а кое претставуваше проблем за нашите сограѓани да се реши. Според Мицкоски, треба многу труд, многу работа, мака, посветеност и затоа кога зборува за политичари кои одлучиле да се придружат на ВМРО-ДПМНЕ зборува за луѓе кои се одлучни да бидат херои, да испишат нова историја.

Нивната матрица е составен од 4 чекори. Првиот чекор секогаш е предизборна лага, ќе дојдат овде пред вас, ќе ве гледаат во очи со раката на срцето, ќе ви зборуваат за жицата, за семето и ќе ви кажат по некоја лага мислејќи дека на тој начин ќе ја добијат вашата доверба и ќе заминат. Потоа вториот чекор е националниот срам, понижување и предавство, потоа следи третиот чекор грабеж и криминал и на крај е заробено обвинителство и судство за пресметка со политичките неистомисленици, потсети тој.

Мицкоски рече дека поминало времето на политичари елитисти кои забораваат да креваат телефон кога ќе ги побара некој, се фино залегнати во кожени фотелји и газат црвени персиски килими во владата и се возат во климатизирани лимузини платени со народни пари.

„Сега доаѓа време на политичари кои овде заедно со народот ќе разговараат што му треба на народот. Доаѓа време на луѓе кои чесно ќе работат за интересите на сопствениот народ. Ние напишавме програма што ја нарековме ‘Обнова’ од 360 страни каде ќе најдете како до повисока просечна плата во еден мандат од најмалку 25%, како до 20% повисока пензија и враќање на старото законско решение, како до стапка на невработеност пониска од 10%. 4 милијарди евра странски и домашни инвестиции, ослободување на студентите од партиципација во учебната 2020/2021 година, за угостителите намалување на данокот за додадена вредност, историски најнизок рамен данок од 8%, 640 милиони евра субвенции за земјоделците“, додаде Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот

Во ГОБ „8 Септември“ е излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче....

Македонија3 часа

Патниците од регионот не треба да приложуваат негативни тестови ако само транзитираат низ земјава

Главниот координативен кризен штаб ги објави насоките и пропозициите врз основа на кои државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и...

Македонија3 часа

Шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус. Оздравени се 336 заболени....

Македонија4 часа

Затворени две текстилни фабрики во Свети Николе, пријавени се случаи на коронавирус

Двете фабрики на конфекцијата „Мода“ во Свети Николе ги затворија погоните по појавата на случаи на коронавирус, соопшти градоначалникот на...

Македонија4 часа

Петровска за случајот во Штип: Не станува збор за поткуп на гласачи, туку за економски криминал

„Очајници прават очајнички потези“, напиша заменик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска, во врска со објавата на министерот Наќе Чулев за...

Македонија5 часа

(Видео) Јанушев: Очекуваме победа и ќе коалицираме со оние што ќе ја прифатат нашата програма

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ очекува победнички изборен резултат и мандат за формирање влада, изјави генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, во интервју...

Свет6 часа

Казахстан ги негира кинеските тврдења дека во земјата има пневмонија поопасна од Кoвид-19

Министерството за здравство на Казахстан ги отфрли кинеските тврдења дека во земјата циркулира непозната пневмонија, која е посмртоносна од коронавирусот....

Топ6 часа

Пронајдени 26 украдени велосипеди, приведени крадци во Скопје

Три лица се приведени под сомнение дека краделе велосипеди од подруми и станови во Скопје. Е. М. (24) и А....

Топ7 часа

Сопственик на продавница им ветувал на купувачите дека ќе им ги прости долговите ако гласаат за СДСМ

Сопственик на продавница во Штип ветувал дека ќе им избрише долг на неколку лица ако на изборите гласаат за СДСМ,...

Регион7 часа

(Видео) Протестите во Белград поминаа мирно, се играше и оро

Во Србија се одржаа нови протести против мерките воведени поради епидемијата на коронавирус и против владата на Александар Вучиќ. По...

Македонија8 часа

Гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ, порача Оливер Спасовски од Тетовско

Граѓаните се сигурни со концептот едно општество за сите, гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ и тие се опасност,...

Свет9 часа

СЗО: Итно е потребно понатамошно истражување за пренoс на коронавирусот преку воздухот

Светската здравствена организација (СЗО) објави нови насоки за коронавирусот, кои признаваат некои извештаи за пренесување на вирусот преку воздухот, но...

Македонија10 часа

Италија забрани влез за граѓани од Македонија и уште 12 земји

Италија ги затвори своите граници за 13 земји, вклучително и за Македонија, сметајќи ги за најризични места за ширење на...

Македонија10 часа

Хоспитализирани се 412 заразени лица во земјата

Во моментов низ болниците во земјава, хоспитализирани се 412 лица кои се позитивни на ковид-19. На Инфективната клиника вкупно се...

Македонија10 часа

Мицкоски: Се обврзуваме на минимална плата од 18.000 денари која ќе расте со просечната

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа посочи дека до крајот на мандатот на владата на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата ќе стигне...

Македонија21 час

(Интервју) Најчевска: Уставниот суд носи скандалозни одлуки

За скандалозните одлуки на Уставниот суд, довербата во институциите, за максималното почитување на човековите права, заложбите за истополови бракови, декриминализација...

Македонија22 часа

Заев најави укинување на министрите без ресор и отворање агенции и директорати

Ќе градиме уште поотчетна и потранспарентна влада која ќе работи за народот, за унапредување на правата на сите граѓани, порача...

Македонија24 часа

Бојан Јовановски пријави 40 функционери и бизнисмени: „Ќе ме спречат само ако посегнат по мојот живот“

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски преку писмо соопшти дека кривично ќе гони 40-ина функционери и бизнисмени порди злоупотреба на...

Македонија1 ден

Косово бара да се преиспита одлуката за влез во земјава со негативен тест

Косовскиот министер за здравство, Арменд Земај, побара од Македонија да ја преиспита одлуката за задолжителни тестови за влез на косовските...

Македонија1 ден

Турски државјани врзале чаршав и преку прозорец избегале од државен карантин во Скопје

Двајца државјани на Турција синоќа избегале од државен карантин во Скопје, со чаршав кој бил врзан како импровизирано јаже. Од...

Досие