Контакт

Политика

ДУИ бара анкетна комисија за тепачката во Собранието

Објавено пред

Демократската унија за интеграција (ДУИ) најостро го осудува денешниот инцидент во Собранието, во кој дојде до физичка пресметка помеѓу пратеници во собраниска комисија.

dobivaj vesti na viber

 

 

Оценувајки го овој немил настан, како срамен за демократијата,  ДУИ ќе побара случајот целосно да се истражи и обелодени, за што и ќе биде иницирано формирање на анкетна собраниска комисија, се вели во соопштението на партијата.

 

Вербалното и физичкото насилство немаат место во храмот на демократијата, уште помалку во време кога нашата земја со посветеност се стреми да им се придружи на европските вредности, стои во соопштението.

 

Притоа се констатира честа појавана насилен речник и однесување на пратениците на ДПА во Собранието, и се оценува дека недостигот на политичка понуда не може да се замени со манифестирање на насилство и агресија.

 

ДУИ повикува на воздржаност, за оградувањеод насилството и за враќање на европските вредности на политичко дејствување.

 

Претходно пратениците на ДПА најавија дека ќе го напуштат Собранието и нема да присуствуваат во понатамошна работа на парламентот.

 

Пратеници на ДПА и ДУИ во вторник се степаа за време на седницата на Комисијата за финансирање и буџет.

 

На физичката пресметка и претходела дебата меѓу пратениците Орхан Ибраими од ДПА и Талат Џафери од ДУИ. /крај/

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 минута

Трудо ја отфрли заканата на Трамп за припојување на Канада кон САД како економска сила

Канадскиот премиер во заминување Џастин Трудо ја отфрли изјавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека може да употреби „економска...

Свет27 минути

(Видео) Лос Анџелес во пожар: „Пожарникарите веќе не се ни обидуваат да спасат куќи“

Шумски пожар беснее низ богат дел на Лос Анџелес, уништувајќи домови додека 30.000 луѓе се евакуирани под огромните облаци од...

Свет34 минути

Две лица загинаа во престрелка во фабрика во Германија, напаѓачот е уапсен

Две лица загинаа откако маскиран и вооружен маж упадна во фабриката Хенел во градот Бад Фридрихшал во германската покраина Баден-Виртемберг...

Свет12 часа

Трамп: Членките на НАТО треба да трошат 5 отсто за одбрана

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека земјите од НАТО треба да потрошат пет отсто од својот бруто домашен...

Свет15 часа

Голем број куќи се срамнети со земја – најмалку 126 лица загинаа во земјотресот на Тибет, а околу 200 се повредени

Најмалку 126 лица загинаа во силниот земјотрес што денеска ги погоди подножјето на Хималаите во близина на едно од најсветите...

Македонија20 часа

Сиљановска ја образложи одлуката за ветото, Мицкоски најави корекции: „Ќе биде прецизно формулирано“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вели дека немала намера да употреби вето за да навреди некој јазик или нација, ниту, пак, се...

Македонија20 часа

За да се реши загадувањето потребна ни е изградба на гасни централи што би траело и до 3 години, вели Мицкоски

Гасните централи би можеле да го решат загадувањето, но тоа е процес што би траел со години. Премиерот Христијан Мицкоски,...

Македонија21 час

Мицкоски ги повика бегалците од правдата да се вратат дома

Премиерот Христијан Мицкоски ги повика сите бегалци од правдата да се вратат и да се соочат со доказите пред органите....

Македонија24 часа

Земјотрес утрово во Македонија

Земјотрес бил регистриран утрово во 7 часот и 23 минути во Македонија. Според информациите од сеизмолошката опсерваторија, потресот е со...

Свет1 ден

(Видео) Луѓето панично бегаат, на улиците хаос – снимен моментот од силниот земјотрес на Тибет

Нова снимка од силниот земјотрес што утрово се случи на Тибет се појави на социјалните мрежи. На видеото се гледа...

Регион1 ден

Специјалците го ликвидираа убиецот од кафеаната во Србија, пукал и кон нив при апсењето

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ соопшти дека припадници на Специјалната антитерористичка единица во Јагодина го убиле Саша Милосављевиќ...

Македонија1 ден

Христос се роди! – православните христијани денеска го празнуваат Божиќ

Православните христијани денеска го прославуваат најголемиот христијански празник Рождество Христово или Божик. Со Божик е поврзана и поговорката: „За Божик...

Свет1 ден

(Видео) Силен земјотрес на Тибет, загинаа најмалку 50 лица

Најмалку 53 лица загинаа во силен земјотрес од 7,1 степен што утринава го погоди хималајскиот регион на Тибет во југозападна...

Свет1 ден

(Видео) Камала го прогласи Трамп за победник на изборите: републиканците ги поздравија нејзините зборови со овации

Конгресот на Соединетите Американски Држави и официјално ја потврди победата на новоизбраниот републикански претседател Доналд Трамп на ноемвриските избори над...

Македонија2 дена

Почувствуван земјотрес во Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Македонија2 дена

СВР Тетово: Во Маврово е воведен кружен тек, но поради непочитување на правилата во текот на вчерашниот ден настанаа проблеми во сообраќајот

Секторот за внатрешни работи Тетово ја известува јавноста дека сообраќајот во Маврово е нормализиран и се одвива без проблеми. Согласно...

Свет2 дена

(Видео) Трудо поднесе оставка

Канадскиот премиер Џастин Трудо поднесе оставка. Тој ја напушта функцијата шеф на Либералната партија и премиер. Но, тој ќе остане...

Македонија2 дена

(Фото) Ѓорѓиевски: Голема е мојата чест, што заедно со Мицкоски сме помагатели на овогодинешните најголеми Бадникови поворки

Голема е мојата чест, што заедно со Премиерот Христијан Мицкоски и нашите семејства сме помагатели на овогодинешните најголеми Бадникови Поворки!...

Скопје2 дена

Герасимовски: Бадник е празник што обединува и поттикнува солидарност

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски утрово присуствуваше на традиционалната прослава на Бадник во дворот на Соборниот храм „Свети Климент...

Скопје2 дена

(Фото) Градоначалникот на општина Илинден ги пречека бадниковите коледари

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, денеска ги пречека младите коледари кои со песна ја вознесоа веста за Христовото Раѓање....