Контакт

Политика

ДУИ: Потребна е комбинација од консензуална демократија и Бадинтеров принцип

Објавено пред

Тематскиот Конгрес на ДУИ, закажан за 28 и 29ти март во Скопје, во согласност со едногласна одлука на делегатите на третиот изборен Конгрес кој се одржа на 5ти јуни минатата година во Тетово, ќе соддржи и три дополнителни панели кои што ќе се осврнат на евроатланските интеграции и добрососедството, доброто владеење и консензуалната демократија и економскиот развој и еднаквите можности, соопштуваат од ДУИ.

dobivaj vesti na viber

 

Една од темите, односно онаа за добро владеење и консензуална демократија се однесува на тоа какви се достигнувањата, т.е. колку помагаат во стабилизирањето и демократизацијата на Охридскиот Договор, изјавил членот на Централниот одбор на ДУИ, Муса Џафери.

 

„Овој договор, односно, Уставот, како што уште го нарекуваме од 2001 година, според сите анализи, е единствениот пат кој помага кон членството во НАТО и ЕУ. Нашата констатација е дека „авторството” на Уставот на РМ е заедничко со одлучните центри, како што се Брисел и Вашингтон. Од ова произлегува дека помошта, олеснувањето и интервенцијата од страна на овие две центри во актуелната ситуација е соодветна на прелиминарните состојби кои биле од 2001 година до денес“, изјави Џафери.

 

„Во однос на добро владеење, ние ќе инсистираме, тврдиме дека на Македонија и треба консензуална демократија во комбинација со Бадинтеровиот принцип, акцентот се става на праведно и рамноправно распределување на јавните финансии-буџетот. Поделбата на власта врз основа на принципот на соодветна и правична застапеност на сите нивоа на државата, децентрализација соодветна на околностите на Македонија, што значи еднаков територијален развој и втората деценија на спроведувањето на Охридскиот Договор“, додаде Џафери./крај/мф/бс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет39 минути

Путин: Ако Зеленски е подготвен за состанок нека дојде во Москва

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека не ја исклучува можноста за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски и предложи...

Свет2 часа

Калас: Во Пекинг се собра автократски сојуз кој го доведува во прашање меѓународниот поредок

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, денес изјави дека претседателите на Кина, Шји Џјингпинг, Русија, Владимир...

Македонија3 часа

Сиљановска наместо да ги брани државните интереси, повторно е мегафон на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова уште еднаш покажа дека не е претседател на сите граѓани, туку гласноговорник на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините дневнополитички...

Топ3 часа

Прилепчанец фатен со 35 килограми марихуана: пред 20 дена излегол од затвор за трговија со трога

На регионалниот пат Битола- Прилеп денеска полициски службеници, во рамки на засилените активности во борбата против недозволена трговија со дрога,...

Македонија5 часа

Претседателката со остри критики: По толку бели линии апсурдно е да се зборува за црвени линии, ние и референдумски резултат не почитувавме

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова вели дека не го разбира предлогот на СДСМ за изготвување резолуција со црвени линии. Таа...

Свет6 часа

Мерц: Путин е најголемиот воен злосторник на денешницата

Кремљ денеска соопшти дека ставовите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за мировните преговори за Украина треба да се игнорираат откога...

Македонија6 часа

(Видео) Петрушевски: Коцевски е главната карика во синџирот на СДС за прислушувањето на Мицкоски, на новинари и на бизнисмени

СДС го прислушкувале претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени за да се одржат на власт, ги користeле службите за партиски цели,...

Македонија6 часа

(Видео) Кузеска: Итна декласификација за случајот со АНБ

СДСМ бара итна декласификација на целата документација поврзана со случајот што власта се обиде да го претстави како наводна афера...

Македонија8 часа

Пожарот кај Вардариште е ставен под контрола, ЦУК извести дека нема активни пожари

Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска на територија на државата регистрирани се вкупно 18 пожари на отворен простор,...

Македонија9 часа

Георгиев до ЕУ: Не е можно да се промени договорениот европски консензус, очекуваме РСМ да ги исполни своите обврски

Не е можно да се промени договорениот европски консензус или која било од неговите компоненти. Бугарија очекува соседната земја да...

Топ10 часа

Германец фатен со дрога на Табановце: во неговото возило пронајдени пакувања со марихуана

Вчера вечер во 20:25 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 46-годишниот...

Македонија10 часа

„Дали службите за безбедност и разузнавање под водство на кадри на СДС го следеле и прислушувале Мицкоски со знаење на обвинителот Коцевски“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Злоупотребата на институциите во партиски и политички цели веќе е видено сценарио од СДС, поинаку тие и не знаат. Разликата...

Македонија10 часа

Филипче: СДСМ бара итна декласификација на документите од случајот со АНБ

СДСМ бара итна декласификација на целата документација од случајот кој власта во јавноста го презентираше како афера за прислушкување, наведува...

Свет12 часа

Трамп му пиша на Шји: Големи поздрави до Путин и Ким, со кои се заговоривте против нас

Додека во Пекинг се одржуваше голема воена парада, каде што Кина презентира ново оружје, американскиот претседател Доналд Трамп објави порака...

Европа12 часа

Лавров: Шефовите на делегациите беа во контакт, очекувам преговорите со Украина да продолжат

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека Москва очекува преговорите меѓу Русија и Украина да продолжат, но...

Свет12 часа

(Фото) Демонстрација на сила во Пекинг, Кина покажа ново оружје, Шји порача: Незапирливи сме

Кина претстави низа нови оружја, вклучувајќи балистички ракети на нуклеарен погон, ласери и џиновски подводни дронови, на големата воена парада...

Европа12 часа

(Видео) Големо невреме во Трст: поплавени улици, водата ги носеше автомобилите

Големо невреме со грмотевици го погоди Трст вчера вечер, околу 19 часот. За само неколку минути, наврнаа приближно 40 милиметри...

Европа12 часа

Фицо по средбата со Путин: Имам неколку пораки за Зеленски

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека по средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Кина, имал „неколку заклучоци и пораки“...

Македонија22 часа

„Вардариште е канцер“ – граѓаните утре повторно на протест во Ново Лисиче

И вечерва, како и во претходните денови, жителите на Ново Лисиче и Аеродром се жалат дека се чувствува мирис на...

Македонија1 ден

Ахмети: Да сакавме да ја поделиме Македонија, тоа ќе го сторевме во 2001 година

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, од партиски собир во Чаир порача дека тврдењата оти Албанците сакаат да ја поделат Македонија...