Контакт

Политика

Европратениците се сретнаа со претставници на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Досегашната реализација на обврските од договорот постигнат меѓу четирите партии во Пржино за излез од кризата, како и претстојните обврски во наредниот период беа главна тема меѓу тројцата европратеници и претставници на ВМРО-ДПМНЕ, соопштија од владејачката партија.

dobivaj vesti na viber

Од страна на Никола Тодоров на Вајгл, Ховит и Кукан им беше укажано дека сите обврски кои ги презеде ВМРО-ДПМНЕ беа почитувани.На меѓународните претставници кои се гарантори на спроведувањето на договорот им беа пренесени очекувањата договорот да биде до крај реализиран, вклучувајќи го и клучниот услов, а тоа се изборите на 24 април, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.„Одржувањето на изборите во предвидениот датум ќе значи и целосно заокружување на договорот и излез од кризата. Ваквиот исход го очекуваат и потписниците на договорот и меѓународните претставници, а пред се граѓаните на Република Македонија. Секој обид да се изигра овој услов го доведува во прашање целокупниот договор и сè што е досега постигнато“, пишува во соопштението.На тројцата европратеници, информираат од ВМРО-ДПМНЕ, им било укажано и на незаконските разрешувања сторени изминатиов период од страна на технички именуваните министри и заменици на СДСМ. „Почнувајќи од жестоката партизација со непрофесионален кадар, преку незаконските одлуки и разрешувања, па сè до унапредувањето на сопругот на министерката Фросина Ременски со кое што беше нарушен системот на кариера кој МВР заедно со меѓународни експерти го градеше со години“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ. /крај/мф/ст

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија58 минути

Институциите до работодавачите: Да се работи од далечина каде што е изводливо, работниците да не бидат надвор од 11 до 17 часот

Министерството за економија соопшти дека во согласност со усвоената Информација за спроведување на мерки од Фаза 3 на Акцискиот план...

Македонија2 часа

Адвокатот на Ѓорчевски: Нема одговор зошто беше киднапирана и убиена Вања, и зошто се инсистираше татко и’ да е дел од постапката

Владимир Туфегџиќ – адвокатот на таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски ја коментираше денешната ослободителна пресуда за неговиот клиент,...

Македонија3 часа

Обвинителството ќе се жали на ослободителната пресуда за таткото на Вања

Обвинителството ќе се жали на ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, кој беше обвинет дека помагал...

Свет3 часа

Трамп: Ако не ги уништeвме нуклеарните комплекси на Иран, тие никогаш немаше да се согласат на мир

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на прес-конференција за време на самитот на НАТО во Хаг изјави дека американските воздушни напади...

Македонија5 часа

Доживотен затвор за убиството на Вања и Панче, таткото ослободен од обвинение

Кривичниот суд пресуди доживотен затвор за Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов за грабнување и за убиството  на 14-годишната Вања...

Свет5 часа

Белата куќа: Извештајот за нападот врз Иран на „Си-ен-ен“ му го даде анонимен губитник од низок ранг

Американските медиуми објавуваат дека првичната проценка направена од Агенцијата за разузнавање на Министерството за одбрана на САД (DIA) покажала дека...

Свет5 часа

Американски разузнавачки служби го открија извештајот: Нападите не ја уништија нуклеарната програма на Иран

Нападите на американската војска врз три ирански нуклеарни објекти минатиот викенд не ги уништија клучните компоненти на нуклеарната програма на...

Македонија5 часа

Евакуирани македонски државјани од Израел, мајка и три деца слетаа во Атина

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека вчера беше реализирана евакуација на четири македонски државјани, односно едно семејство...

Македонија5 часа

Филипче до Мицкоски: Најлошото допрва доаѓа

Во рамки на теренските активности, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, беше во Кавадарци каде што оствари средби со граѓани и...

Македонија7 часа

Изгаснат пожарот во Трубарево што ги труеше жителите на Гази Баба и Аеродром

По девет часа интензивна работа и посипување на повеќе од 40 камиони земја на локацијата во Трубарево, повеќе нема бел...

Македонија8 часа

Во Кривичниот суд ќе биде изречена пресуда за убиството на Вања и Панче

Во Кривичниот суд денеска треба да биде изречена пресудата за убиството  на 14-годишната Вања Ѓоревска и 74-годишниот Панче Жежовски, случај...

Свет18 часа

Иран објави крај на војната

Иранскиот претседател, Масуд Песекијан, денес објави крај на 12-дневната војна со Израел во порака до нацијата и рече дека не...

Свет18 часа

Лавров: Неправедно е да се каже дека конфликтот меѓу Израел и Иран е сличен на нашиот со Украина

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека е погрешно да се споредува израелскиот напад врз Иран со конфликтот...

Свет22 часа

Нетанјаху му ветил на Трамп дека ќе се воздржи од понатамошни напади врз Иран

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, денеска му рече на американскиот претседател, Доналд Трамп, во телефонски разговор, дека ќе се воздржи од...

Македонија23 часа

Меџити: Вработувањата на Албанците станаа законска обврска за државата

Вработувањата на Албанците станаа законска обврска за државата, изјави вицепремиерот, Изет Меџити и додаде дека Владата на денешната седница го...

Македонија23 часа

Работа од дома и ослободување на бремените жени препорача Владата поради топлотниот бран

Владата ја разгледа и усвои информацијата за спроведување на мерки за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на...

Македонија24 часа

(Видео) Усвоен предлог-законот за правична застапеност, Мицкоски очекува администрацијата да биде вистински сервис на граѓаните

Од првиот ден на мандатот, Владата што ја предводам е посветена на унапредувањето на добрите меѓуетнички односи како еден од...

Македонија1 ден

Историски шамар за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените сојузници во европскиот парламент, велат од СДСМ

СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската народна партија (ЕПП), сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ, е директен историски дипломатски пораз за...

Македонија1 ден

Со широко мнозинство усвоен извештајот за Македонија, Вајц рече дека е горд, а државата припаѓа во ЕУ

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент со широко политичко мнозинство го усвои извештајот за Македонија, поднесен од европратеникот и...

Македонија1 ден

Осамна 100 ден по трагедијата во Кочани, веќе не молчиме, не простуваме: пораки на граѓаните низ центарот на Скопје

Осамна 100-тиот ден по трагедијата во Кочани. Молчевме, жалевме, марширавме, говоревме. Ветивме дека нема да заборавиме. За разлика од системот...