Контакт

Политика

Георгиевски не ги затвора вратите за коалиции, најверојатно со Бошкоски и Ангелов

Објавено пред

Челникот на вонпарламентарната ВМРО-НП и поранешен премиер, Љубчо Георгиевски пред почетокот на Централниот комитет на неговата партија во неделата во изјава за медиумите рече дека Демократскиот сојуз и ФРОДЕМ се одговорни пропаѓањето на преговорите за формирање на десниот блок, и притоа најави дека најверојатно неговата партија ќе оди во коалиција со Обединети за Македонија и Достоинство.

dobivaj vesti na viber

Георгиевски во кусата изјави пред почетокот на седницата на Централниот комитет на ВМРО-НП рече дека тој воопшто не е виновен за распаѓање на идејата за формирање трет десинчарски опозициски блок и децидено ги демантираше обвинувањата од „Коалицијата за промени и правда“ дека главна причина е неприфаќањето на декларација за изолирање од постизборна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

„Одговорно тврдам дека за време на разговорите за формирање на десничарска коалиција воопшто не беше спомната никаква декларација за изолирање на ДПМНЕ“, посочи Љубчо Георгиевски и додаде дека доколку неговата партија подоцна добие понуда за министри и функционери која ќе биде пристојна во интерес на партијата можно е да ја прифатат.

„Напротив повеќе беше зборувано за тоа колку биле разочарани од Зоран Заев, како лидер на опозицијата, отколку што зборуваа за Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Георгиевски говореше и за коалицирањето со Обединети за Македонија на поранешниот министер за внатрешни работи во неговата влада од 1998 до 2002 година, Љубе Бошкоски, при што рече дека во текот на разговорите изминатиов период го вратиле старото пријателство. Сепак, како што посочи, конечната одлука за коалицирањето ќе мора да ја донесе партијата, и таа каква и да е Георгиевски како претседател на ВМРО-НП ќе ја почитува.

Рече дека во недела ќе се разгледува можноста за реактивирање на преговорите за десен блок, но најверојатно коалицијата ќе биде созадена единствено меѓу ВМРО-НП, Обединети за Македонија и Достоинство на Стојанчо Ангелов и повтори дека не е вистина дека побарале од нив да биде потпишана изјава дека нема да коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ.

„Хипотетички, доколку на овие избори освоиме петанесет пратеници и ВМРО-ДПМНЕ ни понуди со нивна помош да формираме малцинска влада, ние тоа би го прифатиле“, рече Георгиевски./крај/мф

Извор: Макфакс

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

Обвинение за поранешниот директор на затворот во Шуто Оризари – допуштал осуденици да си одат дома и на приватни локации

Јавен обвинител од специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска...

Македонија31 минута

(Видео) Километарска колона камиони тргнати кон Блаце стојат заглавени на скопската обиколница поради пожарот

Колона камиони, шлепери и цистерни, долга повеќе од два километра, е заглавена на скопската обиколница иако сообраќајот за товарни возила...

Македонија47 минути

(Видео) Ангелов: Има нови индиции дека пожарот кај Блаце е подметнат, некој утрово се обидуваше да го реактивира

За пожарот којшто во неделата околу пладне изби покрај магистралниот пат кој од Скопје води кон граничниот премин Блаце, се...

Македонија1 час

Недоволниот буџет и застојот во инвестициите го поткопуваат здравствениот систем, покажува ревизијата

Државниот завод за ревизија објави дека 23 програми за здравствена заштита во 2023 година се реализирале со недоволни средства, што...

Македонија1 час

(Видео) Два полициски хеликоптера интензивно го гаснат пожарот кај Чучер-Сандево, досега исфрлени над 70 тони вода

Денеска, од раните утрински часови, два хеликоптера од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, „бел 412“ и „агуста бел...

Македонија2 часа

Скопскиот Регион со најмногу интервенции, пожарите сѐ уште активни на седум локации

Во изминатите 24 часа, низ државата се евидентирани вкупно 32 пожари на отворен простор, информираат од Центарот за управување со...

Македонија3 часа

Пожар во кругот на Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола, не е загрозена безбедноста на пациентите и на вработените

Министерството за здравство информира дека синоќа во кругот на Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола избувнал пожар како резултат...

Европа3 часа

Лавров ги објави руските услови за мир

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги изложи барањата на Москва за мировен договор за прекин на руската инвазија...

Свет4 часа

Шефот на НАТО: Ако Кина го нападне Тајван, кинескиот претседател ќе побара од Путин да го нападне НАТО

Доколку Кина започне инвазија на Тајван, би можела да побара од Русија истовремено да отвори втор фронт против земјите-членки на...

Свет4 часа

Трамп и Нетанјаху: Блиску сме до наоѓање земји што би можеле да ги прифатат Палестинците

Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера се сретнаа во Белата куќа, каде што разговараа за напорите...

Свет5 часа

Трамп воведе нови царини: Камбоџа, Бангладеш, Србија и Босна поминаа најлошо

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе воведе високи, единствени царини за увоз од најмалку 14 земји почнувајќи од 1...

Македонија5 часа

(Видео) Арсовска: Фатен како прави див приклучок сторител беше извесен инспектор од МВР, кој во бес дека се фатени среде неделото, физички ја нападна советничката Витина

„Град Скопје при вонредна теренска контрола затекна лице (инспектор во МВР), кој во тој момент нелегално се приклучува на мрежа...

Свет6 часа

Акциите на „Тесла“ потонаа откога Маск најави дека ќе формира партија

Акциите на „Тесла“ паднаа за речиси 7% еден ден откако извршниот директор Илон Маск најави формирање на нова политичка партија,...

Топ11 часа

Уапсен скопјанец, подметнал пожар во Ѓорче Петров

Вчера вечер, полициски службеници од СВР Скопје на територија на Ѓорче Петров го лишија од слобода 57-годишниот Д.Н. од Скопје...

Македонија14 часа

(Видео) „Зошто досега не се употребени хермелините“, прашува градоначалникот на Чучер Сандево, општината прогласи вонредна состојба

Општината Чучер Сандево прогласи вонредна состојба поради пожарите, објави градоначалникот појаснувајќи дека одлуката била донесена на денешната седница на општината....

Македонија16 часа

Чад се шири од неколку места во подножјето на Скопска Црна Гора, Ангелов смирува: Нема опасност за куќите во Чучер

Големи облаци чад се шират од неколку места во подножјето на Скопска Црна Гора. Забележливи се и од градските улици...

Македонија18 часа

Поради пожар, целосно прекинат сообраќајот кон граничниот премин Блаце

Министерството за внатрешни работи известува дека поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот...

Македонија21 час

(Видео) Хеликоптерите на МВР со над 70 тони вода го гаснеа пожарот кај Блаце

Во рамките на денешните активности полициските службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при Министерството за внатрешни работи активно учествуваа...

Македонија22 часа

Изгорено човечко тело пронајдено во Ѓорче Петров – прва жртва од пожарите во Скопско

Човечко тело било пронајдено изгорено во помошна просторија по пожарот што вчера избувна кај мостот на реката Лепенец, во близина...

Македонија22 часа

(Видео) На 400 невработени Владата ќе им плати по 24.000 денари ако се пријават за помош во гаснењето пожари, најдобрите ќе добијат и вработување

Владата ги повика невработените да се пријават на огласи што ќе ги распишат општините за помош во справувањето со пожарите....