Контакт

Политика

ГРОМ: Дали Спасовски и СДСМ преговараа со криминалците кои планираа напад во Македонија?

Објавено пред

Поранешниот технички министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, грубо ја лажеше македонската јавност дека хеликоптерите кои цел ден ја надлетуваа територијата над Скопје, Куманово и границата кон Косово се во потрага по мигранти а всушност стануваше збор за криминална група со план за напад во Македонја, изјави во четвртокот претседателот на Граѓанската опција за Македонија Стевчо Јакимовски, на темата за која што, ако што истакна, во изминатите неколку месеци ГРОМ како партија прва ја актуелизираше и ја информираше јавноста. Станува збор за тоа дека

dobivaj vesti na viber

„Всушност вистината беше дека во Македонија ноќта на 26-та март во Република Македонија влезе 40-члена криминална група од Косово составена од роднини и другари на притворените од случајот ‘Диво насеље’. Тие имаа две цели: да нападнат некој од затворите и да ослободат неколкумина од другарите или да киднапираат видни граѓани од Република Македонија и членови на нивните семејства и со нив да бараат размена на притворените од ‘Диво насеље’’“, превизираше лидрот на ГРОМ Стевчо Јакимовски.

Осврнувајќи се на вчерашното обраќање до јавноста на Претседателот Ѓорге Иванов, Јакимовски истакна дека шефот на државата во однос на овој случај ја истакнал целосната вистина, со акцент на можноста од поголема дестабилизација на Македонија, и нарушување на нејзиниот територијален интегритет и суверенитет.

„Нашите сознанија говорат дека истата група имала 20-ина сандаци со муниција и оружје. Притоа, секој член од криминалната банда бил идентификуван со име и со презиме, а нашите безбедносни служби го имаа комплетното досие за секој од нив. Оттука ГРОМ прашува: Ќе одговори ли Оливер Спасовски, зошто на оваа безбедносна закана, не се даде наредба за акција на Единиците за брзо распоредување? Што се случи со оваа криминална група, односно зошто истата не е неутрализирана и не се наоѓа зад решетки?“ , побара повеќе одговори, претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски.

Јакимовски, на крајот запраша и дали Спасовски и неговата партија СДСМ преговарале со овие структури и каков договор имаат направено со ова криминално подземје?

„Дали во власта влегоа да преговараат или да ги гонат криминалците, зошто и онака постојано устата им е полна со криминал? Сакаме МВР да ни одговори колку пари се потрошени за оваа ‘воздушна екскурзија’ на Спасовски“, заклучи Јакимовски. /крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Директорката на гимназијата во Демир Хисар на информативен разговор во полиција

Директорката на Гимназијата во Демир Хисар, Маја Лозановска, денеска се јави на информативен разговор во полициската станица во Демир Хисар....

Регион3 часа

(Видео) Пожари беснеат во Буљарица и Чањ, пожарникарите се борат со силниот ветер и густиот чад

Црна Гора за кусо време беше погодена од катастрофални пожари, од кои најкритични беа во Чањ, Буљарица и недалеку од...

Македонија4 часа

Патот Брезница – Македонски Брод целосно затворен поради пожар

Поради пожар, утрово целосно е затворен за сообраќај патниот правец од Брезница, преку Националниот парк Јасен, до Македонски Брод. Според...

Македонија4 часа

23,7 отсто од младите во земјата ниту учат ниту работат – „Хера“ со порака до кандидатите за градоначалници

Додека светот денес го слави 12 август – Меѓународниот ден на младите, младите луѓе во државата сè уште живеат во...

Топ4 часа

Обид за убиство во Виница: маж избоден четирипати пред угостителски објект

Вечерта на 7 август, пред угостителски објект во Виница, мирното место се претвори во сцена на насилство кога Н.В. (32)...

Свет5 часа

(Видео) Рекорден топлотен бран во Европа – во Италија почина четиригодишно дете

Во топлoтниот бран, кој вчера ја зафати Европа, едно дете почина од топлотен удар во Италија, шумските пожари се му...

Македонија6 часа

Штедачите на Еуростандард банка: Пет години нема ниедно обвинение, ниеден обвинет, ниедно рочиште

Пет години по затворањето на „Еуростандард банка“, оштетените штедачи повторно јавно реагираат дека истрагата на Основното јавно обвинителство за гонење...

Свет6 часа

Трамп: Ќе се обидам да вратам дел од територијата на Украина, за танго се потребни двајца

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави во Белата куќа дека неговата средба со Владимир Путин ќе биде „разговор за да...

Забава7 часа

(Видео) „Јадранскиот Титаник“ потонал пред 111 години: денес е атракција за нуркачите во близина на омиленото место на Тито

Некогаш најубавиот брод на австриската компанија Österreichischer Lloyd – елегантен, брз и луксузен – лежи веќе 111 години на дното...

Македонија7 часа

Сончево и многу топло, максималната температура до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе...

Македонија17 часа

Се’ уште гори кај Јасен, активни пожари на четири локации низ Македонија

Денес до 18 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор. Од нив, четири се активни и моментално се...

Македонија18 часа

Најмногу туристи ни дојдоа од Турција во јуни

Според податоците од Државниот завод за статистика, во јуни годинава во земјата биле регистрирани вкупно 126.415 туристи, од кои 20,1...

Македонија22 часа

Стоматолошката комора тврди – нема неправилности, Министерството за здравство ја брани одлуката за преземање на лиценцирањето

Претседателот на Стоматолошката комора, Маријан Денковски, на прес-конференција изјави дека повеќекратните контролни надзори не откриле неправилности во работењето на Комората....

Македонија23 часа

Почувствуван земјотрес во Битола и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани на нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Економија24 часа

Се намалуваат цените на дизелот и на бензините

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија1 ден

Мицкоски за изјавите дека УЧК имала праведна борба: Не може убиства од заседа да се праведна борба, нека не се игра на картите на ДУИ за поделби

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во текот на денешната посета на општина Петровец, на новинарско прашање беше запрашан за коментар...

Македонија1 ден

(Видео) „Началникот од Демир Хисар, кој недолично се однесувал кон друго лице, веќе е разрешен, нема штитење поединци“, вели Манасиевски

„Моралот и принципите се спроведуваат на дело. Нема веќе штитење на поединци затоа што биле блиски до една, друга или...

Македонија1 ден

(Фото) Пожарот во атарот на селото Долно Дупени ставен под целосна контрола

Пожарот во атарот на село Долно Дупени, во близина на Преспанско езеро, со дејство на екипи на ТППЕ Ресен и...

Македонија1 ден

(Видео) Обвинителство да поведе кривична постапка за началникот на Тошковски и да ја прошири истрагата, бара СДСМ

„Пред Основното јавно обвинителство, СДСМ бара отворање на кривична постапка против началникот на ОВР Демир Хисар, Роберт Мартиноски и проширување...

Македонија1 ден

Невидена партизација во тек, единствениот пат до вработување е или преку партија или преку граница, велат од СДСМ

„Во државата на ДПМНЕ, нема институција која не е подложена на груба партизација пред изборите. МНАВ, Министерството за одбрана и...