Контакт

Политика

Груевски бара 63 пратеници „за да нема пазарење“ со иднината

Објавено пред

Изборите на 11-ти декември ќе бидат своевиден референдум и се многу важни за иднината на земјата а со 63 пратеници гласачите ќе покажат во каква Македонија сакаат да живеат и оти нема ценкања и пазарења со нејзината иднина, порача во неделата од партискиот собир во спортскиот центар кој го носи името на трагично починатиот македонски претседател Борис Трајковски, поранешниот премиер претседател на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

dobivaj vesti na viber

Тој потенцираше дека 63 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ и владејачката коалиција ќе значат мнозинство кое никој нема да има право да го уценува.

„Единаесетти декември е многу важен ден за иднината на Република Македонија, бидејќи тоа е денот кога секој ќе има можност да покаже во каква Македонија сака да живее. По овие две години мислам дека на секој од вас му е повеќе од јасно значењето на овие избори. И затоа на овие избори не е потреба само победа. Туку е потребна поддршка за 63 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија. 63 пратеници кои ќе значат силна порака до сите оние кои мислат дека можат да го заобиколат народот. 63 пратеници кои ќе значат силна порака до оние кои со години го делат и навредуваат народот. 63 пратеници кои ќе значат крај на црните и мрачни сценарија на заевци и верушевци“, рече Груевски.

Ја обвини опозицијата дека е подготвена на многу и секакви ветувања само си цел да добие пратеник повеќе.

„Подготвени се и целосна двојазичност да воведат само да освојат пратеник повеќе. Спремни се и кичма да виткаат и интереси државни да распродаваат. Е затоа е потребно да ги победиме со 63 пратеници. Затоа е важно да не им се остави ниту малку простор, ниту малку надеж во нивниот забеган филм дека можат нешто да се пазарат, да се ценкаат, да лицитираат, да разградуваат и наддаваат. Со победата од 63 пратеници ќе им покажеме дека нема во Македонија ценкање и пазарење со иднината на нашата држава. Дека Македонија не е за пазарење“, повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во периодот до изборите од опозицијата и нивните структури и помагачи не може да се очекува ништо поразлично од она што веќе го правеа, рпдолжи Груевси, предупредувајчи дека опозицијата сака да испровоцира хаотичност, деструкција, обиди за провокација кон владејачката партија на најразлични начини.

„Аргументи немаат, поддршка од народот немаат. Ќе сторат сé за да нé испровоцираат, или да фрлат дамка на изборите, или ќе се обидуваат да ги прогласат за неважечки или да не го признаат поразот, само за да се одржат во политички живот, затоа што на некои луѓе таму многу им зависи од тоа дали се на чело на таа партија или не се. Но, тоа нема да им помине. Ќе ги издржиме уште малку. Се гледа крајот на агонијата“, им порача Груевски на политичките опоненти дека за осум седмици ќе се соочат со реалноста и со волјата на народотСе задржа и на, као што ги оцени, за лажните обвинувања од страна на СДСМ за Избирачкиот список. „Велеа има фантомски гласачи. Лицитираа со бројки. Сето тоа им се урна како од кула од карти. Државната изборна комисија потврди дека по прочистувањето направено според методологијата која што ја бараше опозицијата на Избирачкиот список има запишани гласачи, практично исто колку што имаше во 2014 година кога имаше избори. И така си маршираат си кажуваат мислејќи дека народот не памети и лесно може да се излаже. Епа ќе видиме на 11-ти дали може да го излажат народот. На 11-ти декември народот ќе им го даде одговорот и ќе прати јасна кристално јасна порака, дека нема играње со нашиот народ, дека му е преку глава од сето ова што се случуваше и деструкцијата во која опозицијата нé втурна и ќе одберат опција на која може да се ослонат и која знаат дека ќе работи и ќе создава дела, ќе ги решава проблемите и ќе ја води земјата напред“, рече тој.

Груевски очекува дека на изборите на 11-ти декември граѓаните ќе покажат дека Македонија има сила и лојални граѓани кои си ја сакаат земјата.

„Ќе покажат дека граѓаните во Македонија добро ја знаат вистината за Македонија, ама баш вистината, а не лагите што некој сака да ги претстави како вистина. Вистината за тоа кој ѝ мисли добро на оваа држава. Кој работи за оваа држава и кој создава дела и проекти. 11-ти декември е денот кога нашите граѓани ќе покажат дека Македонија има политичка зрелост и капацитет да процени, да оцени, да награди но и да казни. Да ги награди тие што искрено работат за Татковината, но и да ги казни оние во чиј ум не постои искрена мисла за Македонија, оние кои со години мислат, мозгаат и коваат црни планови како да ја уништуваат државата. Е тоа кај овој народ не им мине… Овој народ си ја сака оваа држава. Овој народ досега поминал низ многу искушенија и многу премрежија, но секогаш сме излегле посилни“, продолжи.

Според Груевски лидерот на опозицијата Зоран Заев е свесен дека ќе изгуби изборите и затоа ја ветувал двојазичноста на целата територија на земјата, брза промена на уставното име и редефинирање на македонската држава.

„Опозицијата, слушам, се надевала дека иако губи, значи свесни биле дека ќе изгубат, ќе формирале влада со останатите партии… каков лузерски пристап е тоа… и затоа нивниот лидер ветува двојазичност, брза промена на името, верувам дека нема ни да преговара човекот, туку ќе биде ‘дај што ќе дадеш’.. . и слично… комплетно редефинирање на македонската држава. Значи човекот ветува нова држава, некоја Нова Македонија“, рече Груевски во своето обраќање пред бројното партиско членство/.

„Вие знаете кој одговор треба да го добие… Затоа што вашиот одговор сега кон него ќе виси и над нашите глави, и никој натаму нема да се дрзне да прави чекори без да го праша народот или без да го слушне и почитува мислењето на народот. Значи ова е уште една и верувам клучна причина зошто опозицијата треба да претрпи огромен пораз на овие избори… Се говори и за широки коалиции. Јас сум убеден дека нашата победа ќе биде голема и нема ни да помислат да го спомнат тоа, а камоли да прашаат. Инаку и за тоа веќе лобирале кај странците. Која е поентата на изборите ако е тоа така…победил, загубил да бидеш во власт. Ова е уште една причина да се казни опозицијата, затоа што веруваат и си прават филмови дека туку така ќе помине и народот ќе заборави на сето ова што го направија“, рече Груевски.

Во продлжението од обраќањето нагласи дека со изборите времето на поделби мора да помине.

„Ние како одговорна власт по изборите, иако некој можеби мисли поинаку и посакува поинаку, нема да се фокусираме на реваншизми и на продлабочување на поделбите, туку ќе правиме максимум да се променат работите. Мора да престанат кавгите по улиците, меѓу соседи и пријатели по партиска основа“, порача Груевски.

Рече дека неговата партија ќе започне како ниогаш досега да се ангажира на теренот и ќе се обидат да допрат до секој граѓанин и до секое семејство за да ја пренесат нивната порака, „да ги погледнат граѓаните во очи и да им кажат се нивните планови и идеи„.

„Како да го направиме вашиот живот подобар, како да ја направиме нашата татковина попросперитетна и подобро место за живеење. Ние ја имаме таа обврска и никој не може да ја сака нашата татковина повеќе од нас самите кои тука живееме. Ние имаме план и програма со конкретни чекори, ја имаме најобемната програма досега фокусирана на нови работни места и многу нови инвестиции и проекти во повеќе области од земјоделие, млади, здравство, образование, социјала и пензии, како и инфраструктур. Ние почнувам. Многу работи се случија изминативе 2 години на перманентна криза и дестабилизација, обиди за разорување на државата, но ние заеднички со вас, како што викаат старите кроце по кроце, стигнавме до изборите кои сите ги посакувавме и кои ќе бидат крај на кризата, рече Груевски/

Нагласи дека затоа на овие избори ќе бараат најмасовна поддршка досега. Груевски оцени дека победата со 63 пратеници ќе значи полесно и поефикасно спроведување на проектите и мерките, побрзо враќање на патот на реформите и посигурно чекорење на патот кон нови работни места и економски раст и развој на државата. Победата од 63 пратеници ќе значи полесно спроведување на проектите за младите.

„Убедени сме дека кога сево ова ќе помине и кога со изборите ќе се испрати јасна порака до сите за тоа кои се прироритетите на нашите граѓани, тогаш со уште поголемо темпо ќе продолжиме кон она за што сме избрани и коешто граѓаните го очекуваат од нас. Нови можности за сите во сите сфери, нови работни места, поголеми плати, инвестиции и проекти“, порача претходно Груевски.

„Но ние ќе даваме како и досега само реални ветувања за тоа, а не од ракав исфрлени ветувања кои подоцна нема да се реализираат како што прави опозицијата неводејќи сметка за тежината на зборот кој го даваат пред вас, затоа што дадениот збор за нив нема вредност. Тие избори ќе бидат и референдум, референдум против она што опозицијата го правеше, референдум за враќање на позитивните теми проекти и развој, кои се дел од секојдневните проблеми што ги тиштат луѓето. Тие избори ќе бидат референдум за Македонија каква што ја сакаме сите, а не Македонија каква што ќе ни ја скројат. Ние во меѓувреме промовиравме низа на проекти кои ќе ги реализираме по победата на следните избори. Гледам нашите противници се потсмеваат, но како и за многу други проекти за кој ширеа скептицизам и неверување откако се направија и се реализираа, тие молчат“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Груевски порача дека програмата со којашто неговата партија ќе настапи на овие избори е подготвена и е најобемната досега, а содржи многу и конкретни проекти и, како што најави, многу позитивни изненадувања за граѓаните, за бизнис заедницата, посебно за малите и средни бизниси, за синдикатите, за земјоделците, за здравствените работници, за студентите, пензионерите, работниците, невработените

„Нашата програма содржи мерки, со конкретни буџети, чекори и реформи кои ќе им донесат на нашите граѓани многу нови и позитивни работи, кои ќе им го променат секојдневнието, олеснат животот, ќе им отворат нови можности и перспективи. Во оваа криза имаше и некои други работи кои испливаа на површина… Имаше многу луѓе кои велеа дека СДСМ долго не добил шанса да биде во власта и да видиме што ќе направи и како ќе се однесува. Од тој аспект видовме што двајцата министри, тројцата заменици , директорот на информативната програма на МТВ направија и како се однесуваа. Бараа 6 месеци, со одлагањата и другите играрии добија 9 месеци власт. СДСМ доби шанса да види народот како работат и што ќе направат кога би ја имале долгорочно власта. Дали некој во оваа држава виде некој корисен проект за народот од овие луѓе? Дали некој виде поспособни кадри од оние кои ние ги нудиме, или напротив три класи послаби и целосно безидејни? Видовме луѓе кои со месеци беа фокусирани на тоа кој во каква кола ќе се вози, кој повеќе роднини ќе вработи, кој со колку повеќе партиски кадри ќе го наполни неговиот кабинет, кои се далеку од професионални и стручни. Видовме едни алчни за власт и моќ луѓе и гарнитура, една безидејни екипа која го гледа исклучиво својот личен и партиски интерес, еден куп деструктивци и манипулатори, лажовци, луѓе кои денес зборуваат едно, утре сосема друго“, рече Груевски.

Смета дека граѓаните успеале да го видат „вистинското лице“ на најголемата опозициска партија СДСМ, и десет години откако народот „го отстранил“ од власта.

„Тогаш ги казнија и ги отстранија затоа што беа такви. Сите што мислеа дека тие можеби се промениле, дека извлекле поука од поразите и народните казни, на дело се уверија дека оваа партија која се нуди како алтернатива за водење на Македонија, не само што не напредувала, туку и дополнително уназадила. И знаете што? Најпоразително беше кога ја донесоа одлуката за нивни предлог за тоа кој да биде шеф на информативната програма на МРТВ. Ја превртеа државата во овие десет години со тезата дека немало слобода на медиумите, дека медиумите ги контролирала и диригира нашата партија, дека партиски известувале новинарите и што ли уште не. Сите можни НВО од светот за медиуми ги активираа и преплавија со писма и со кодошење се со цел да се најде земјата во колку е можно полоша меѓународна позиција во делот на медиумската слобода. Лажеа, конструираа, местеа, клеветеа со сите сили и морам да признаам дека во голема мера успееја да ја оцрнат земјата на тој план. За тоа ги бива, особено со парите од надвор користени преку формата на НВО“, оцени Груевски .

Се осврна на прашањето за слобода на медиумите, коешто стана едно од клучните во забелешките од претставниците на Европската унија и рече дека не е изненаден, но дека неопределените граѓани останале разочарани бидејќи наместо независна и професионална личност, на една од челната позиција во јавниот сервис, опозициските социјалдемократи поставиле личноста којашто порано била ангажирана во владите на СДСМ.

„Толку од независното новинарство на СДСМ и толку од слободата на медиумите како што тие ја разбираат. Па потоа сите платенички новинари на СДСМ потрчаа оваа мизерија да ја оправдуваат и вадат од кал. Браво, си го покажаа лицето“, заклучи Груевски.

Се осврна и на втората водечка позиција во сферата на медиумските слободи, односно мнозинството во ад-хок телото за следење на коректноста и рамноправната застапеност на политичките субјекти во медиумите. Груевски притоа го критикуваше ова тело дека ги казнува медиумите за кои во СДСМ ќе оценат дека имаат непријателски став кон нив, но повтори дека со таквиот настап само „си го покажавте вистинското лице пред народот, да знае овој народ а и самите новинари, што ги чека во сферата на медиумите ако во декември гласаат за СДСМ“.

Груевски во обемниот говор се задржа и на Специјалното јавно обвинителство за предметите кои произлегуваат од незаконски сниманите разговори кои ги емитуваше опозицијата, популарно познато како СЈО, за кое рече дека беше формирано „ со добра намера, да се расчистат работите од креираните материјали“

„Не е толкав проблем што луѓето таму се очевидни подржувачи на СДСМ, не е толкав проблем што бесрамно си доделија тројно поголеми плати од останатите нивни колеги, туку се нафатија да бидат главен инструмент на СДСМ и Заев во битката на доаѓање на власт со сила и без волја на народот, а преку партиска инструментализација на оваа државна институција“, истакна челниот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Одржаа еден куп спектакуларни прес конференции со покренување на истраги и обвиненија, без да имаат барем еден валиден доказ. И доправа, според она што Заев наоколу ги храбри неговите демотивирани сопартијци, доправа планираат да станат актер во оваа кампања, верувајќи дека ако не преплават со камења на распити за кои однапред се информирани телевизиите кои што и да направи СДСМ и СЈО го подржуваат, спектакуларни прес конференции за истраги и обвиненија, покани да се појавуваме во суд без никаква правна основа, дека на тој начин ќе го сменат мислењето на народот СДСМ да ги добие изборите“, рече Груевски.

Им порача на сите кои сакаат на нечесен начин, со интриги, манипулации и замајувања да дојдат на власт, дека не само што нема да ја остварат целта, не само што убедливо ќе изгубат на следните избори, туку, колку повеќе се обидуваат на вакви начини, со злоупотреби на институции во партиски цели да дојдат на власт, толку поголема ќе биде победата на ВМРО- ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија.

„Она што сакам да го потенцирам со овие примери е што со давањето на можност да имаат извршна власт на СДСМ се даде и можност на неопределените граѓани кои го подзаборавиле нивниот начин на работа и функционирање, да се потсетат и уште еднаш да видат и да направат разлика кај СДСМ од она што го говори и ветува, до она што го прави. СДСМ добија власт од 7 месеци досега, ќе ја има уште два, и добро е што добија, за народот да ги види во позиција на власт, да го види и нивното партизирање на институциите, и односот во сферата на медиумите, и во сферата на правосудството, и во партиските и роднински унапредувања и наградувања, и во алчноста по скапи коли, мебели и слично, во неспособноста да направат барем една реформа или проект со која ќе се подобри квалитетот на живот на граѓаните или компаниите, и во депрофесионализацијата и партизацијата на полицијата, и во кочењето на проектите како што Ременски се обидуваше да ги закочи отворањата на веќе изградени градинки, и во блокираната на нормалното функционирање на буџетот и во многу други сфери, слика и прилика за народот да знае што може да очекува од овие луѓе, рече Груевски.

Потенцираше дека штетата што ја направија на државата СДСМ ќе им биде надокнадена по изборите.

„Со своето неработење, кочење проекти, и деструктивно однесување, на овие луѓе во овие месеци во кои практикуваа власт, кои така замислуваат дека може да дојдат на власт, ќе ја надокнадиме по изборите со уште поголема посветеност, со уште поголема работа, со освежувања во нашиот тим, со извлечени поуки од нашите грешки во минатото, и со визија, стратегија, реформи и многу работа. Поминавме низ сите нивни лудории, како оние од типот дека имало 500 илјади фантомски гласачи, па незнам што со медиумите, па ваков-онаков закон за избори, закон за влада, па во ДИК да имале доминација под превезот дека ќе имало таму неутрални членови, министри, заменици со право на вето, се поминавме за на крај да кажат зошто сето ова го правеле, дека требало да ја редефинираат државата, сега му било мајката“, рече Груевси заблагодарувајќи ѝ се на најголемата опозициска партија за тоа што си ги искаже „вистинските намери и ветувањата кои некому му ги дале“./крај/мф/бс

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија8 часа

Мицкоски: Грчевито се бориме да нема покачување на струјата, но ако мора, еве нека биде во третиот и четвртиот блок

Владата ќе се бори да не дојде до покачување на струјата, ниту за најавените до три проценти по Нова година....

Македонија10 часа

Почина владиката Тимотеј

Дебарско-кичевскиот митрополит Тимотеј починал денеска во болница. Тимотеј неколку дена бил на болничко лекување поради проблеми со срцето, објави „Религија.мк“....

Македонија10 часа

Меџити: ЈСП утре добива шест електрични автобуси, Владата ќе купи уште 120 и ќе им ги донира на општините со цел намалување на загадувањето

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, оценува дека природата овие денови направи...

Топ11 часа

Mладо момче со автомобилот излета на патот кон Средно Водно, тешко повредено

Дваесет и двегодишен скопјанец со иницијали М.П., синоќа по 1 часот по полноќ, со автомобилот излетал од локалниот пат за...

Свет11 часа

Брод полн со туристи потона во Египет

Во раните утрински часови потона туристичкиот брод „Си стори“ со 45 патници во близина на брегот на египетското одморалиште на...

Македонија12 часа

Сменетата изјава на Кешишев нема доказна вредност, рече обвинителката, која тврди дека имаат материјални докази оти Палевски стои зад убиствата

Обвинителството има материјални докази дека Љупчо Палевски-Палчо е сторител на убиствата на Вања и Панче, изјави обвинителката Ана Стојковиќ-Димитровска пред...

Свет13 часа

(Видео) Снимен моментот на падот на авионот во Литванија, силна експлозија го осветли небото

Безбедносните камери го снимија моментот кога авион се урна недалеку од аеродромот во Литванија. Авионот со четворица членови на екипажот...

Македонија13 часа

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ

Новата Заменик-претседателка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фани Каранфилова-Пановска, на вчерашниот 30-ти Конгрес на СДСМ порача функцијата со себе носи...

Европа13 часа

Украинците првпат објавија фотографии: Ова е новата ракета на Путин

Објавени се фотографии од остатоците од новата експериментална руска ракета, која беше пробно лансирана во четвртокот погодувајќи фабрика во Украина....

Македонија14 часа

40 потрчковци и неврохирургот на Заев, Филипче, не може да донесат ништо ново и добро ни во СДС ни во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче не е ново лице на македонската политичка сцена. Венко Филипче е стар и истрошен лик, облечен во ново...

Македонија14 часа

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира пред да изнесува невистини во јавност

Министерството за животна средина и просторно планирање остро реагира на изјавата на советничката на Град Скопје, Ирена Витина, за обезбедувањето...

Свет14 часа

(Видео) Мафијашка пресметка во ноќен клуб во Мексико, шест мртви и 10 ранети

Најмалку шест лица се убиени, а четворица се тешко ранети во масовно пукање во ноќен клуб во градот Вилахермоза, Мексико,...

Европа15 часа

(Видео) Пожар во фабрика за воена опрема во Русија

Украински беспилотни летала ја нападнаа фабриката „Тајфун“, дел од рускиот воено-индустриски комплекс, во градот Калуга објави Андриј Коваленко, раководител на...

Европа15 часа

(Видео) Товарен авион се урна во близина на аеродромот во Вилнус: едно лице загина, неколку повредени

Рано утринава товарен авион се урна во близина на аеродромот во Вилнус, во областа Липкалнис, јавија литванските медиуми. Според официјалните...

Европа16 часа

Поранешен украински министер за надворешни работи: Војната нема да заврши кога Трамп ќе ја преземе власта

Поранешниот украински министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека не очекува брз крај на војната меѓу Украина и Русија...

Европа17 часа

(Видео) Се запали руски патнички авион веднаш по слетувањето во Турција

Моторот на патнички авион од руско производство се запалил по слетувањето на аеродромот во Анталија во јужна Турција во неделата,...

Македонија1 ден

Фани Каранфилова-Пановска е новата заменичка-претседателка на СДСМ, следната недела ќе бидат избрани и останатите раководни тела

По завршување на 30. Конгрес на СДСМ, претседателот на партијата, Венко Филипче информираше за донесените одлуки, констатирајќи дека имало одлична...

Македонија1 ден

Oбјавени имињата на членовите на новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

На 30. Конгрес којшто се одржа денеска беше избран и новиот состав на Централниот одбор на СДСМ. „Новиот Централен одбор...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја

Новиот Централен одбор на СДСМ е сочинет од поединци кои се почитувани во својата заедница, кои знаат да го почитуваат...

Македонија1 ден

На 53-годишна возраст почина поранешниот градоначалник на Крива Паланка, Мицевски

Почина поранешниот градоначалник на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски. Тој имаше 53 години и беше градоначалник од 2017 до 2021...