Контакт

Политика

Груевски: Граѓаните најдобро знаат дали гласале за дела или под притисок

Објавено пред

Премиерот Никола Груевски во саботата повтори дека нема да ги коментира содржината прислушуваните телефонски разговорите коишто ги објавува челникот на опозицијата Зоран Заев, како и нивната веродостојност, за што рече дека тоа ќе биде утврдувано во судска постапка, но порача дека изборите се добиваат „со многу работа, труд, посветеност и држење до дадениот збор“, демантирајќи ги обвинувањата на претседателот на СДСМ дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ со притисоци ги добивала изборите.

dobivaj vesti na viber

„Сакам да му упатам една порака (на Заев -з.р.), дека избори не се добиваат со сила, не се добиваат со закани и измами или интриги, како што тој се обидува да направи. Така се губат избори. Избори се добиваат со многу работа, ние со многу макотрпна работа ги добиваме изборите, со труд, пот, посветеност, петнаесетчасовно дневно работење. Само така се добиваат избори и со држење до дадениот збор, со остварување на тоа што си го ветил на граѓаните, како што го правиме со години“, рече премиерот Груевски.

Додаде дека не е случајно што неговата партија ВМРО-ДПМНЕ во девет изборни циклуси победува на сите избори. „Зашто народот виде дека првпат дојде политичка опција која тоа што го ветува го исполнува, која нема празни ветувања и се пресметува пред нешто да вети и граѓаните знаат дека затоа гласале за ВМРО-ДПМНЕ, а не закани, притисоци или уцени. Тоа се методи кои Заев ќе сфати еден ден дека не можат да го донесат на власт. Беа и тие на власт, ги видовме. Бевме и ние на власт, не видоа и нас. Делата ќе одлучат, на интригите“, рече Груевски.

Груевски, исто така, рече дека објавувањата на телефонските разговори, чија автентичност не е ниту демантирана ниту потврдена, претставува обид на челникот на опозицијата да претстави дека изборите се добиени со закани и присилувања. Рече и дека на последните избори минатата година, ВМРО-ДПМНЕ доби речиси 500.000 гласа од граѓаните на избори кои се оценети како фер и демократски.

„Овде стануваше збор за изборите во 2011 и 2013 година. Првата работа што би ја кажал е дека тие избори беа верификувани како коректни, ефикасни избори од страна на сите меѓународни организации коишто ги следеа изборите. Втора работа е што и самото СДСМ и нивното раководство јавно признаа дека изборите беа фер и коректни во тој период, но она што е најважно, и она што е за нас најбитно е пораката до гласачите, до сите оние што гласаа за ВМРО-ДПМНЕ. Тие самите најдобро знаат дали некој со сила ги натерал да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија или, пак, гласаа за тоа што ВМРО-ДПМНЕ спроведува политики и прави дела коишто тие ги прифаќаат и веруваат дека се исправни и приоритетни. Јас сум убеден во второто, јас знам дека тие речиси 500.000 луѓе гласале заради делата, заради отворените нови работни места отворени овие години, гласаа за фабриките коишто ги носиме во Македонија, немаше донесено фабрики во Македонија со години. Гласаат заради субвенциите што ги добиваат, гласаат заради многу инвестиции во локални патишта, во регионални патишта, во автопати, гласаа заради инвестициите во реконструкција во многу болници во Македонија, набавка на многу опрема во целата држава во делот на болниците и клиниките. Гласаа заради многу проекти што ги направивме во земјоделието, здравството, образованието , стотици реконструирани училишта, стотици и илјадници ветувања што сме ги дали во програмата“, наброи Груевски.

Притоа рече дека секој гласач што го дал гласот за ВМРО-ДПМНЕ, треба самиот да се запраша за што гласал, дали гласал под притисок што му бил направен или затоа што верувал „во опцијата којашто тоа што му го ветила како никогаш до сега го исполнила“./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа12 минути

(Видео) Експлозии во Киев и Харков, дел од населението заробено под урнатините

Украинската воздушна одбрана дејствуваше рано утринава во украинскиот главен град Киев против комбиниран руски напад со беспилотни летала и ракети....

Свет1 час

Шефот на дипломатијата на Трамп го предупреди Иран да не збогатува ураниум

Иран, според каков било договор со САД, ќе мора да престане со збогатување ураниум и би можел да го увезува...

Македонија1 час

Привремена промена во сообраќајот на делот од државнот пат А2 – делница Желино – Тетово

Од денес (24.04.2025) ќе има привремена промена во сообраќајот на делот од државнот пат А2 – делница Желино – Тетово,...

Свет2 часа

Трамп вели дека би можел да се сретне со Путин следниот месец

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти Русија е подготвена да стави крај на војната, додавајќи: „Мораме да се...

Македонија15 часа

Пресудата е политички мотивирана, рече Јакимовски кој е осуден на три и пол години затвор

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски е изненаден од пресудата со која е осуден на затворска казна од три и...

Македонија17 часа

Работниците што не добиле покачување на платата за март од 4.000 денари може да тужат, ССМ обезбедува и бесплатна правна помош

Тужби до работодавците може да поднесат сите работници кои со мартовската плата не добиле покачување од 12,6 % колку што...

Македонија18 часа

Не е време за пиво и скара, туку за протест за 500 евра минимална плата и 100 евра зголемување на другите плати, повика ССМ

Овој Први мај, место марш, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави протест оти платите се мизерни, најниски во регионот,...

Македонија20 часа

Пет пациенти денеска се враќаат од Србија, во странство хоспитализирани уште 38

Министерството за здравство информира дека денеска пет пациенти од повредените во трагедијата во Кочани ќе се вратат од лекување од...

Македонија20 часа

Таравари не може и да соработува со ДУИ и да биде дел од Владата, вели Меџити

Министерот за животна средина и вицепремиер Изет Меџити очекува министерот за здравство Арбен Таравари и лидер на Алијансата за Албанците,...

Македонија20 часа

Мицкоски: Реформите во правосудниот сектор се најитни

Реформите во правосудниот сектор се најитни. Без нив, сите други реформи се безвредни, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Според него, нема...

Македонија21 час

Голема полициска акција на повеќе локации: сомнение за кривични дела на штета на Фондот за здравство

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, МВР спроведува координирана акција на повеќе локации во државата. Како што извести...

Македонија21 час

Скопјанец обвинет за демнење: ја следел својата поранешна сопруга, психички ја вознемирувал и ја застрашувал

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 44-годишен скопјанец кој се товари дека сторил кривично дело – Демнење од...

Топ22 часа

Кривична против директорот на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид: ја оштетил установата за 150 илјади денари

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 48-годишниот Г.С. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно...

Македонија22 часа

(Фото) Спречени обиди за шверцување парфеми, тутун, облека со потпис на познати модни брендови

На Меѓународен Аеродром Скопје државјанин на Обединети Арапски Емирати родум од Индија се обидел да криумчари во државата 76 парфеми....

Македонија22 часа

Колку милиони евра однесоа Заев и Филипче во Дубаи, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„И по неколку дена сè уште молк од СДС дали Филипче исто како и Заев поседува златна виза во Дубаи...

Македонија23 часа

„Љутков ги гази колективниот договорот и правата на културните работници“, велат од СДСМ

„Вчерашното интервју на министерот Љутков, во кое без срам го нарече колективниот договор за култура „незаконски“, е директен напад врз...

Европа23 часа

Масовен руски напад врз украинскиот регион, девет загинати, 30 повредени

Руско беспилотно летало удрило во автобус со работници во украинскиот град Марханец рано утринава, при што загинале најмалку девет лица...

Македонија24 часа

ДУИ: Се урива еден од столбовите на Законот за јазиците – секој молк денес е соучесништво утре

„Демократската унија за интеграција остро реагира на последните скандалозни информации поврзани со Инспекторатот за примена на Законот за употреба на...

Европа1 ден

Путин призна дека Русија напаѓа цивилни цели во Украина, го обвини киевскиот режим дека користи жив штит, објави „Медуза“

Владимир Путин во понеделникот призна дека Русија повеќепати напаѓала цивилни цели во Украина тврдејќи дека цел на овие напади биле...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Значително ќе ги намалиме царините за Кина, но тие нема да одат на нула

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера сигнализираше можност за олеснување на трговската војна со Кина, велејќи дека високите царини за кинеските...