Контакт

Политика

Груевски и ДУИ апелираат за мирни протести во петок

Објавено пред

Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, во четвртокот уште еднаш апелираше најавените протести за петок по однос на судската пресуда за случајот „Монструм“ да бидат мирни, бидејќи, како што нагласи, сé она што ќе произлезе како акт на насилство, нема да биде толерирано и ќе биде санкционирано од страна на надлежните институции.

„Протестите се демократска придобивка и секогаш кога некој има потреба да протестира, јас тоа го поддржувам. Честопати многу луѓе и групации од различни протести придонеле за развој на некои процеси во општеството, меѓутоа не можам да поддржам, а и никој во државата и надвор од неа, не поддржува насилство. Тоа институциите нема да го дозволат“, изјави Груевски.

 

Премиер потенцираше дека институциите имаат капацитет да се справат во секакви ситуации и да ги заштитат интересите на граѓаните и државата.

 

Во врска со најавите на социјалните мрежи за одржување на протести во петок, 11-ти јули, во Скопје, се огласи и Демократската унија за интеграција (ДУИ) од каде упатија силен повик до сите граѓани да останат мирни и да се воздржат од насилства.

 

„Сметајќи дека зад протестите не стои ниту еден организатор, како и по ескалирањето на протестите минатата недела, имајќи ги предвид сите унифицирани пораки од меѓународната заедница во земјата, Демократската унија за интеграција, силно ги повикува сите граѓани да бидат мирни и да се воздржат од акти на насилство“, се вели во соопштението од ДУИ.

 

Од таму потенцираат дека сите граѓани имаат право да протестираат и да ги искажат своите ставови мирно, но не и да се вклучуваат во деструктивни и насилни акти.

 

„Демократската унија за интеграција ги повикува надлежните институции да се справат со овој судски случај почитувајќи ги целосно сите меѓународните стандарди“, се вели во соопштението на партијата./крај/мф/ап

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Николовски прогласи победа: ВМРО-ДПМНЕ од денеска нека си бара ново раководство

Објавено пред

„Победа, победа, победа“, вака прес-конференцијата ја започна генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

Тој кажа дека од вечерва „Можеме“ е победничка коалиција.

Според Николовски, на 75 отсто од обработените податоци, јасно е дека СДСМ и коалицијата победуваат на изборите.

„ВМРО-ДПМНЕ и скапата бела палата ќе треба да си бараат ново раководство. Коалицијата ‘Можеме’ според податоците на Централниот изборен штаб, во овој момент, во растечки тренд води со два мандати. Трендот е растечки и ги добиваме и новите информации. Ја имам таа чест како шеф на изборниот штаб да прогласам победа на мојот СДСМ и оваа најголема коалиција. После цели 18 години прогласуваме победа на парламентарни избори со сигурно водство. Во првата изборна единица од 1 со можност на зголемување на бројот на пратеници. Со изедначена битка и со сигурен 10/10. Од третата изборна единица од 1 со можност за зголемување на бројот на пратеници. Со изедначена битка и со сигурен 10/10 во третата изборна единица. И со водство во шестата изборна единица, со тоа што ги очекуваме дополнително резултатите кои се обработуваат. Имаме сигурна, убедliva победа од граѓаните во Битола со над 1.000 гласа, во Куманово со над 3.500 гласа, во Центар над 4.100 гласа, во мојата Крива Паланка со над 2.500 гласа. Ресен над 1.000 гласа. Крушево, Дебар, Долнени, Лозово, многу други општини во сите изборни единици каде граѓаните јасно ја упатија поддршката. Солидна предност и победа имаме во Прилеп и во Берово. Над 1000 гласа победа во Делчево. Победа во Кочани. И да не ги редиме сите останати општини и градови каде граѓаните го поддржаа концептот на коалицијата. Очекуваме ваквиот тренд да расте. Ова покажува дека нашите политики, нашиот одговорен и сериозен пристап, уште еднаш се вреднувани и потврдени, препознаени од граѓантие. Тие го казнија ВМРО-ДПМНЕ затоа што сакаше да донесе опасност“, рече Николовски.

Според него, резултатот досега е потврда на храбрите одлуки носени од Владата и претседателот на СДСМ, Зоран Заев во изминативе години.

„Негативното деструктивно, незрело и опасно однесување на ВМРО-ДПМНЕ е повторно казнето од граѓаните. Ги слушам од ВМРО-ДПМНЕ и се чудам. Почнаа со информации дека водат со осум, па дека водат со шест пратеници. А сега брифираат дека водат со еден пратеник. Како и да е, за еден час ќе мора да излезат пред граѓаните и јавноста. Во текот на целата кампања кажував и нотирав дека овој 15 јули не само што ќе биде добар, затоа што ќе се потврди овој европски пат и ќе биде обезбедена сигурноста и иднината на сите генерации, туку тој 15 јули ќе се памти како добар ден за ВМРО-ДПМНЕ, таму нека почнат реформите, нека дојдат други луѓе. Нека дојдат чесни луѓе. СДСМ стана оваа година најмодерна, најбрза и најевропска организација и структура, што денес се покажува и потврдува“, додаде Николовски.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Села и Гаши: Го вративме Арачиново, убедливо победува нашата коалиција

Објавено пред

Зијадин Села и Африм Гаши одржаа заедничка прес-конференција како претставници на коалицијата меѓу Алијансата за Албанците и Алтернативата.

„Победуваме убедливо во ‘шестката’, во многу од општините таму. Почнувајќи од Гостивар, Неготино, Врапчиште, Боговиње, Брвеница, изедначено е во Теарце“, рече Села.

Неговите очекувања се дека ќе победат и ќе влезат во преговорите за влада.

„Во Втората изборна единица водиме, мислам дека првпат го вративме Арачиново, убедливо победува нашата коалиција. Во Куманово убедливо победуваме и сме пред ДУИ и уште ги собираме резултатите“, рече Села.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Дерковски: Тековните резултати покажуваат мртва трка меѓу политичките ривали

Објавено пред

Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, на прес-конференција соопшти дека според тековните резултати со кои располага Комисијата, очигледна е мртвата трка меѓу политичките ривали.

На речиси 70 отсто од обработените избирачки места, СДСМ води пред ВМРО-ДПМНЕ со еден процент разлика, односно 36,86 наспроти 35,96 проценти. ДУИ има освоено 10,17 отсто од гласовите и во моментот е на третата позиција.

Претседателот на ДИК упати извинување до јавноста за нефункционалноста на интернет-страницата на Комисијата велејќи дека според првичните информации станува збор за проблем предизвикан од надворешен напад.

Тој порача дека земјава имала добар изборен ден со фер атмосфера и покрај тешката и комплицирана ситуација со епидемијата на коронавирусот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

(Видео) Дерковски: Тековните резултати покажуваат мртва трка меѓу политичките ривали

Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, на прес-конференција соопшти дека според тековните резултати со кои располага Комисијата, очигледна е мртвата трка...

Македонија1 час

Манчевски во изолација, неговиот возач и заменик-министерот на МИОА позитивни на коронавирус

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, преку својот фејсбук-профил информира дека поради позитивниот тест на Ковид-19 на својот...

Македонија1 час

Во исчекување на резултатите падна интернет-страницата на ДИК

Веб-страницата на Државната изборна комисија повеќе од еден час не функционира. Од ДИК велат дека станува збор за технички проблем...

Македонија2 часа

Чулев: Изборите поминаа во мирна, фер и демократска атмосфера

„Овие парламентарни избори минаа во мирна, фер и демократска атмосфера и се уште еден доказ како за демократската свест на...

Македонија3 часа

Oдѕивот на парламентарните избори надмина 50 отсто

Десеттите парламентарни избори завршија со одѕив од 50,86 отсто. На гласање излегле 922.678 гласачи од обработени 3.466 избирачки места од...

Македонија4 часа

„Мост“: Полицијата интервенирала во Кичевско, каде што гласач го фотографирал ливчето

Набљудувачите на „Мост“ информираат дека на гласачкото место 0755, село Осој, општина Кичево, гласач го фотографирал гласачкото ливче и го...

Македонија6 часа

Битолчанка се обидела да изнесе ливче од гласачко место

Државната изборна комисија (ДИК) добила неколку претставки за нарушено избирачко право и неколку приговори за повреда на избирачко право и...

Македонија7 часа

Нови 198 заболени и четворица починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.382 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на...

Македонија8 часа

ДИК: Гласањето во Бутел не е прекинато, се работело за недоразбирање

По обвинувањата дека на избирачко место во Бутел било фотографирано гласачко ливче, портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир Шабани, вели...

Македонија8 часа

Поради неусогласени сериски броеви на ливчињата, имало кус прекин на гласањето во Лојане

На избирачкото место во селото Лојане, општина Липково, имало кус прекин на гласањето поради неусогласени сериски броеви на гласачките ливчиња,...

Македонија9 часа

МОСТ: Во сите изборни единици одзивот е околу 30 отсто, нема нерегуларности

Изборниот процес тече без неправилности, според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ. Според податоците добиени од...

Македонија10 часа

Експретседателот на кривичниот суд сам се пријавил во затворот во Шуто Оризари

Експретседателот на кривичен суд Владимир Панчевски сам се пријавил во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, откако вчера Основниот суд во...

Македонија11 час

Пријавени случаи на организиран превоз, гласање во туѓо име и еден приведен на изборниот ден

Од отварањето на гласачките места до сега е регистрирано едно нарушување на јавниот ред и мир, соопшти на прес-конференција портпаролот...

Регион11 час

Нови мерки во Србија: Забрана за собирање на повеќе од 10 лица, задолжително носење маски и на отворено

Српските медиуми јавуваат дека Кризниот штаб во Србија донел одлука за забрана на собирање на повеќе од 10 лица на...

Свет12 часа

Индиската компанија „Зидус“ го почна тестирањето на вакцина против коронавирус врз луѓе

Индиската фармацевтска компанија „Зидус“ потврди дека нејзините експерти почнале клинички да тестираат можна вакцина против Ковид-19 врз луѓето. „Првите дози...

Македонија13 часа

МОСТ: Гласањето се одвива непречено

Според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, на гласачките места покриени од МОСТ нема неправилности, а...

Македонија15 часа

МОСТ: Избирачките места се отворени и гласањето се одвива безбедно

Граѓанската асоцијација МОСТ го следи денешното гласање со 900 набљудувачи. На 696 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок,...

Регион15 часа

Црна Гора со најмногу активни случаи на Ковид-19 по глава на жител во регионот

Откако црногорскиот Институт за јавно здравје во системот ги внесе резултатите од 2.000 тестови кои претходно поради малиот капацитет во...

Македонија16 часа

Граѓаните може да пријавуваат прекршувања на избирачкото право во Хелсиншкиот комитет

Со оглед дека веќе почна гласањето во рамки на предвремените избори за пратеници во Собранието, Хелсиншкиот комитет за човекови права...

Македонија17 часа

Бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител за пријавување повреда на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска во периодот од 7 до 21 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на...

Досие