Контакт

Политика

Груевски: Интензивно работиме на Националниот гасоводен систем

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години е силно посветена и ги интензивира процесите кои значат воведување на природниот гас како нов енергенс и негова употреба во индустријата, претпријатијата, јавните објекти и јавните установи, и во домовите на граѓаните, што ќе придоенсе за подобар бизнис, подобро домување но и за подобра екологија, поздрава животна средина, и почист воздух, рече во вторникот челникот на владејачакта партија и поранешен премиер Никола Груевски.

dobivaj vesti na viber

Говорејќи за напредокот на проектот за гасификација во земјата Груевски додаде дека неговата влада ги покренала процесите, како што се подготовка на студии, акти, планови и документи, бидејќи кога како Владата ја преземале должноста немало ништо во оваа сфера. Истакна, притоа, дека започнале со конкретни акти и постапки за комплетна гасификација на земјата.

„Фактите говорат дека спроведуваме мерки и проекти кои значат интензивна изградба на Националниот гасоводен систем, изградба на дистрибутивните мрежи, но и план за изградба на интерконекции, поврзување. Дозволете накратко да потсетам, но и да известам за нови позитивни придвижувања на полето на гасификацијата“, рече Груевски.

Во продолжение истакна дека во тек е завршната фаза на изградбата на магистралната делница Клечовце (Кумановско)-Штип, за којашто нагласи дека ќе биде готова до јуни. Со овој вод природниот гас ќе биде достапен за граѓаните и индустријата во Штип, а малку подоцна со изградба на соодветни краци и до Свети Николе и до Велес.

Второ, рече Груевски, безбедени се сите финансиски средства, склучен е договор за финансирање со меѓународните финасиски институции, поминат е во парламемтот, подготвена е неопходната изведбена документација, и во финална фаза е постапката за избор на изведувач за изградба на магистралниот гасовод од Штип до Неготино, кој е во должина од 36 километри, и можам да објавам дека овој гасовод по отпочнувањето со градба ќе биде целосно завршен во четвртиот квартал од 2017 година!

„Трето, исто така, можам да објавам дека најдоцна во првиот квартал од 2017 година започнуваме и со изградбата на магистралниот гасовод Неготино – Кавадарци – Битола, како логично продолжение на гасоводот Штип-Неготино. И оваа делница е долга 92 километри, значи обезбедување на природен гас за Кавадарци, Прилеп и Битола, а се планира да биде готова во период од две до три години од почетокот на градбата, однос до јули 2019-та. И тука подготовките се во длабока фаза, односно во фаза на барање на изведувач за извршување на работите, односно за градба на овој гасовод. Со друуги зборови тендерот е отворен и следува јавното надавање“, рече челникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Како четврто, Груевски наброја дека во финална фаза е и постапката за избор на изведувач на изградбата на магистралниот гасовод Скопје-Тетово-Гостивар, со должина од 76 километри, откако претходно се обезбеди финасирањето и се изработија сите студии и проекти. Во текот на ова лето е предвидено да започне и самата изградба на терен а гасоводот ќе биде изграден, исто така, до јули јули 2019 годна.

За изградба на гасоводите Штип-Неготино, Неготино-Кавадарци- Битола, и Скопје-Тетово-Гостивар, за овие три магистрали на природен гасовод ќе бидат инвестирани 90 милиони евра, средства кои ќе имаат голема додадена вредност значајно влијание во економскиот раст на државата и во нови работни места и вработувања. И ова е првата фаза. Паралелно додека овие примарни гасоводи се градат ќе започне проектирање за втората фаза, меѓу кои е и Битола, Охрид, Гостивар, Кичево и повеќе други делници низ целата држава.. Значи овие три делници се во фаза на барање на изведувач. Барање на компанија што ќе ги гради, се друго е завршено, проектирање, подготовки, сите оние потребни фази за да се дојде до објавување за јавен повик за барање на изведувач, вклучувајќи го обезбеденото финансирање.

„Исто така, ги интензивираме активностите за интерконекции (поврзување) со соседните земји со цел обезбедување на интерконективни гасоводи Македонија – Грција и Македонија – Бугарија. Во смисла на втор крак кон Бугарија во југот на Македонија, меѓу Струмица и Петрич“, посочи Груевски.

Како многу значајно оцени дека паралелно се работи и на изградба на дистрибутивните мрежи на природен гас, со што енергенсот директно треба да биде достапен до домаќинствата, индустријата и стопанството како и јавни установи.

„Изградбата на дистрибутивните мрежи ќе овозможи природниот гас да стигне директно до секој дом и компаниите ќе имаат директна можност за избор на природниот гас како поевтина и еколошки чиста енергија“, нагласи доскоршниот премиер,

Груевски, меѓу другото, посочи дека е во поодмината фаза и постапката за изнаоѓање на приватен партнер за гасификација на скопскиот регион односно 17 негови општини, ккао и дека две компании се наоѓаат во втората фаза на конкурентен дијалог и се водат преговори со нив, а по расчистувањето на политичките состојби во земјата да направи конечниот избор на компанија која ќе го гради гасоводот во Скопје и скопскиот регион кој е проценет на 100 милиони евра, или околу 245 километри нова дистрибутивна мрежа на секундарната гасификација./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет4 часа

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет11 часа

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет11 часа

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет11 часа

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет11 часа

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет12 часа

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија1 ден

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија1 ден

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија1 ден

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија1 ден

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ1 ден

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија1 ден

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет1 ден

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет1 ден

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ1 ден

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија1 ден

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет1 ден

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа1 ден

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...

Свет1 ден

(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како...