Контакт

Политика

Груевски: Изборите ќе бидат пораз на обидот со насилство да се дојде на власт

Објавено пред

Предвремените парламентарни изборите, коишто според договорот на лидерите на четирите најважни партии во земјата постигнат со посредство на ЕУ и САД треба да се одржат во април идната година, ќе бидат најважната победа и истовремено „пораз на идејата без работа и со насилство да се дојде на власт“, порача во саботата навечер, премиерот Никола Груевски во неговото обраќање пред мноштвото партиски членови и симпатизери по повод 25 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ чиј претседател е речиси една деценија.
 

dobivaj vesti na viber

Предвремените парламентарни изборите, коишто според договорот на лидерите на четирите најважни партии во земјата постигнат со посредство на ЕУ и САД треба да се одржат во април идната година, ќе бидат најважната победа и истовремено „пораз на идејата без работа и со насилство да се дојде на власт“, порача во саботата навечер, премиерот Никола Груевски во неговото обраќање пред мноштвото партиски членови и симпатизери по повод 25 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ чиј претседател е речиси една деценија.

 

„Иако претходно не планиравме предвремени избори, иако верувавме дека ова ќе биде прв мандат истеран докрај, сепак, ситуацијата во која СДСМ ја донесе државата, помогната според кажувањето на (претседателот на најголемата опозициска партија Зоран) Заев – од други сили, гледајки дека СДСМ не планира да запре со урнисувањето на државата преку невраќањето во парламентот и создавањето лоша атмосфера, проценивме дека овојпат потребна е интервенција на народот, на организирани, фер и демократски избори, на коишто народот ќе им одговори и на СДСМ и на нивните сценаристи, кој е кој во оваа држава, поточно која е силата на манипулантите, а која е силата на народот во Македонија“, рече првиот човек на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и претседател на владата, Никола Груевски

Груевски ги повика граѓаните да излезат масовно на предвремените избори следната година и да дадат масовна поддршка за уште една нова победа на ВМРО­ДПМНЕ. „ВМРО­ДПМНЕ е најсилната, најмасовната и најбројната партија во земјата, со 170.000 членови и речиси половна милион поддржувачи“, рече Груевски на одблежувањето на јубилејот под слоганот „Нашата сила е нашиот народ, нашиот народ е нашата држава“, рече.

Оттаму, како што порача, „таа победа и тие избори ќе бидат референдум“ и оти тоа ќе претставува вистински историска победа, победа на оние кои „работат и даваат резултати и дела“, над оние кои „работата на интриги и манипулации“.

„Тоа ќе биде најважната победа затоа што со таа победа во Македонија ќе се порази идејата да некој без работа и труд, а со интриги и манипулации, со плаќање пари некому нелегално да снима разговори кои подоцна ќе се креираат, сечат, лепат и ставаат во погрешен контекст, со плаќачи на тие пари пари кои имаат свои интереси, со втерување страв кај населението дека против секого имале матерјал, ќе се победи на избори. Не народот нема да го дозволи тоа. Ќе интервенира во негова корист, и ќе го запре и казни овој валкан и подмолен обид за доаѓање на власт, затоа што знае дека ако не го запре и казне, ќе го охрабри, и тие луѓе и во иднина ќе се обидуваат да опстојат со истите методи“, рече Груевски.

На домашните „петтоколонаши“, како што ги нарече, порача дека нивните игри, шпионски методи, нивните антидржавни делувања, ќе ги спречи народот кој ќе им се спротистави.

„Тоа мора да се покаже, ако сакаме да бидеме ценети секаде“, продолжи Груевски. „Да се покаже дека не може да се случи вака крупна игра во државата со цел да биде урнат системот, да мине, а народот тоа да не го казни. Затоа што народот е оваа држава. Не е државата ниту Заев, ниту Груевски, ниту никој поединечен политичар. И нема подобар одговор од тоа, отколку соочување со народ. Има многумина коишто треба да се соочат со волјата на народот и наша цел е таа“, истакна челникот на ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ покажува знаци на каење што потпишаа договор за предвремени избори и почнаа да прават чекори да ги одолговлечат и одложат планираните априлски избори“, рече вечерва во својот говор лидерот на ВМРО­ДПМНЕ.

„Како по следните избори СДСМ ќе се оправдува, што ли ќе смислат тогаш? Ќе најдат ли сили да признаат пораз, да пружат рака, и да ја остават Македонија да чекори напред, а тие да делуваат како опозиција во секоја нормална држава? Ќе мораат. Ќе немаат избор.Затоа не смееме да им оставиме ни ронка простор за изговор, треба да одиме на избори и да се соочат со народот, порача Груевски и додаде дека опозициските социјалдемократи почнале да прават чекори за да го урнат договорот или да ги одолговлечат и одложат планираните априлски избори.

„Тоа нема да им го дозволиме. Тоа овојпат нема да им го дозволат ни оние во кои тие почиваа најмногу надеж, меѓународната заедница. И ним им доаѓа преку глава деструктивното делување на оваа група луѓе изгубени во политиката, смета првиот човек на ВМРО­ДПМНЕ. Поддршката од народот не доаѓа без причина“, рече Груевски додавајќи дека таа се заслужува со многу труд, залагање, проекти, реформи и со исполнување на дадениот збор и исполнување на ветеното, со лојаност кон народот кој ја дава довребата.

Груевски истакна дека партијата последната речиси половина година го пребродува и најголемиот удар зададен досега, за кој оцени дека е „крајно кукавички“ и извдуван на „манипулативен“ начин.

„Во неможност да биде победена во нормална политичка битка, со натпревар на идеи, со работа и резултати, со реформи и создаени дела, со понуда која граѓаните ќе ја оценат за најдобра, со доверба која извира од народот, на демократкси и транспарентен начин, противникот, соработувајки со мрачни сили, како што и самиот се произнесе, се обиде на најбрутален, најкукавички и најнедемократкси обид да ја урне партијата, нанесувајќи огромна штета на државата и на нејзините граѓани. Но наместо тоа, тие ќе се урнат себеси. Сакајќи нам да ни направат стапица, потценувајќи го македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија, потценувајќи ја нивната интелигенција и капацитет, влегоа во валкана игра, со која самите влегоа во стапица, во предвремени парламентарни избори, на кои ВМРО-ДПМНЕ оди во нова победа, и по кои Македонија ќе продолжи да оди напред“, порача Груевски..

Како што потенцираше премиерот, иако претходно не биле разгледувани можности за предвремени избори, поради ситуацијата во која СДСМ ја донесе државата потребна е интервенција од народот.

„Иако претходно не планиравме предвремени избори, иако верувавме дека ова ќе биде прв мандат истеран до крај, сепак, ситуацијата во која СДСМ ја донесе државата, помогната според кажувањето на Заев од други сили, гледајки дека СДСМ не планира да запре со урнисувањето на државата преку невраќањето во парламентот и создавањето лоша атмосфера, проценивме дека овој пат потребна е интервенција на народот, на организирани, фер и демократски избори, каде народот ќе одговори и на СДСМ и на нивните сценаристи, кој е кој во оваа држава, поточно која е силата на манипулантите, а која е силата на народот во Македонија“, потенцираше Груевски.

Груевски претходно истакна дека во периодот на владеење на СДСМ имало практики на најнедемократски начин да се водат досиеја за ВМРО-ДПМНЕ, се следеле сите движења и комуникации во ткн Жолтата зграда на чиешто место токму во саботата беше инаугурирани новите партиски простории сместени во далеки поголем и посовремен објект. За Груевски, тоа се времиња кога тогашната власт се изживувала со судбините на луѓето кои делуваа во партијата, времиња на досиејата „Темел“, „Сина птица“, кои се однесуваат на монтирани случаи за наводни формирања партиски паравојски, потсети и на ткн афера „Бугарски летоци“ од почетокот на плурализмот во земјата чија цел беше да ја дискредитира ВМРО-ДПМНЕ како бугарофилска партија или шпекулации дека двајца со бради и беретки биле видени на местото на настанот на атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров, „… Времиња во кои да се биде вмровец беше да се вкалапиш во некаков стереотип кој ѝ го креираа тогашните служби на партијава која сега е во опозиција и води лажна битка за демократија, времиња невремиња, кога активистите без да помислат на тоа што партијата ќе направи за нив крстосувале низ државата и ја граделе партијата и темелите на нејзиното делување“, рече Груевски.

„Денеска, на оваа 25-годишнина, ги поздравувам прво сите тие луѓе од прв до последен кои го создадоа јадрото на ВМРО-ДПМНЕ независно на нивната денешна политчка ориентација, кои ја формираа партијата и делуваа во рамките на партијата. Почетното заедничко делување на Љубчо Георгиевски основач и прв претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Богдановски најголемиот македонски дисидент во комунизмот, идеолог и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Борис Змејковски првиот генерален секретар, главен теренец и моторот на партијата, Гојко Јаковлевски и Мане Јаковлевски, Владо Транталовски и Дијана Транталовска, Васил Наумов, Драги Арсов, едни од клучните личности при основањето, како и повеќе други, се луѓе кои на централно ниво започнаа да ја формираат и реализираат идејата за партијата, на која подоцна и се приклучија стотици и илијадници други храбри луѓе.Честитки за нивното делување и почит за она кое тогаш го направија“, истакна Груевски.

Од пред „нивниот храм, пред нивната тврдина“, кој објект се именува по името на првиот претседател на исрориската Внатрешна македонската револуционерна организација, др Христо Татарчев, на новиот плоштад – Плоштадот ВМРО, Груевски го честиташе јубилејот на на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е ваш празник, ова е празник на сите наши членови, на сите наши поддржувачи, вие сте партијата, вие сте душата и силата на партијата, како што сте и силата на државата. Народот, човекот, е тој што ги сочинува работите и кои на сите здружувања, организирања, акции, активности, процеси, судбини и историски предизвици им дава смисла и логика на постоење. Без народот не би постоела државата, без народот не би постоела ниту ВМРО-ДПМНЕ“, заклучи.

Откако наброја десетици проекти извршени во периодот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и навести повеќе нови конкретни инвестиции, Груевски порача и дека Македонија е дел од меѓународната заедница и партијата и владите што ќе ги води тој продолжуваат да работат на зголемување на стандардите

„Македонија е дел од меѓународната заедница и ќе работи посветено на сопствениот развој и развојот на односите со другите. Ние ќе продолжиме да работиме на она што го говорев и на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, на подигнување на стандардите“, рече претседателот на Владата, Никола Груевски на прославата по повод 25 години од основањето на ВМРО-ДПМНЕ.

„Наша мисија е, постојано и постојано зголемување на стандардите во сите сфери и во сите сектори. Колку повеќе ги зајакнуваме и подигнуваме стандардите, толку посилни ќе бидеме, колку и краткорочно да ни изгледа болно или непотребно тоа. Стандардите во образованието, стандардите во здравството, стандардите во судството, стандардите во администрацијата, стандардите во демократијата, стандардите во екологијата, во економијата, во безбедноста, во сите сфери и области. Издигнувајќи ги тие стандарди, се издигнуваме себеси, градиме нова култура на живеење, поголем ред и поредок, поголема правда, посилно образовани, поефикасна администрација, или кратко кажано, посилни институции, посилни индивидуалци и посилна држава, подвлече Груевски.

Предупреди дека сé додека стандардите се ниски, ќе има злоупотреби дури и од оние кои најмалку сакаат да ги прават, затоа што, како што оцени, гледајќи дека и други ги користат слабостите, сфаќаат дека мораат така да делуваат за да опстанат.

„Затоа, мораме да продолжиме со промените кон подобро. На тој пат, искуствата и препораките кои доаѓаат од ЕУ, на патот кон нашето зачленување во неа, ќе бидат наш искусен советник. И кога не слушате како говориме дека правиме или ќе правиме реформи, тоа значи промени и чекори за зголемување на стандардите. Повисоки стандарди за посилна држава“, рече Груевски.

Груевски се осврна и на стремежите и целта на владата што е можно поскоро Република Макеоднија да стане членка на Европската унија и на НАТО. „Нашата цел е најбрзо можно нашата држава да стане член на НАТО и на ЕУ. Нашата цел истовемено е и континуиран раст на економијата, раст на животниот стандар и отворање нови работни места. Нашата цел е континуирана и непрекината борба против криминалот и корупцијата“, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Нашата цел е градење на општество со добри меѓуетнички односи, во кое сите граѓани имаат подеднакви шанси и можности.Нашата цел е општество базирано на знаење и креативност, на иновативност и силен претприемачки дух“, рече Груевски.

Посочи дека основите што ги поставила паријата преку преку Владата, со нискиот и рамен данок, „преку кој се овозможува наместо во Буџетот, повеќе пари од профитот да останат во компаниите кои со нив ќе прават инвестиции и ќе отвораат нови работни места, со заштита на сопственоста преку процесот на денационализација, легализациите, или враќањата на запленетите приватни пари од банки и штедилници, и генерално со зајакнато гарантирање на приватната сопственост, со можности за бесплатно средно образование, со високо образование распространето насекаде низ Македонија и достапно за сите етнички заедници, со подигнување на квалитетот на образованието, со промоцијата на семејните вредности, со подршката на повеќедетните семејства и мерките за подршка на демографската политика која по долги години на опаѓање на демографијата, конечно имаме првични позитивни придвижувања во тој дел, со мерките со кои на младите им се помага да креираат подобар живот и да останат во земјата наместо својата среќа да ја бараат надвор, со привлекување на странски и охрабрување на домашните инвеститори да инвестираат во Македонија и да отвораат нови работни места“, и зкалучи дека тие основи ќе ја движат Македонија напред./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик

Потпретседателката на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Весна Бендевска, на првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборното...

Македонија2 часа

Уапсен тетовец: осомничен за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции

Утрово во 09:10 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството...

Топ4 часа

Сиљановска-Давкова – Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западниот Балкан од членството во ЕУ

Во рамки на официјалната посета на албанскиот претседател, денеска беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Бајрам...

Македонија5 часа

(Видео) 73,2% ученици пушачи не биле спречени да купат цигари поради возраста, ИЈЗ спроведе истражување на 7,8 и 9-одделенци  

Од 2002 година, откога се прават истражувања за пушење меѓу учениците, во 2024 година е забележан највисок процент на ученици...

Македонија6 часа

Откриен обид за криумчарење на 4.800 пакувања никотински ќесички вредни 1,2 милиони денари

Царинската управа откри и спречи обид за криумчарење на 4.800 пакувања со никотински ќесички со вредност од 1,2 милиони денари....

Топ7 часа

Уапсена лихварка од Струмица: дала 2.700 евра, а барала да се вратат 15 илјади евра, фатена кога ја примала каматата

Вчера во 12:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода 53-годишната Ј.Т. од Струмица. Според...

Македонија8 часа

10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета...

Свет8 часа

(Фото) Епстин сакал да купи вила во земја без договор за екстрадиција со САД еден ден пред апсењето

Само еден ден пред апсењето во 2019 година, Џефри Епстин се обидел да купи вила вредна повеќе милиони долари во...

Економија9 часа

Од 1 март 2026 година – побезбедни онлајн плаќања, известува Народната банка

Народната банка ја информира јавноста дека од 1 март 2026 година стапува во сила законската обврска за банките за вршење...

Македонија9 часа

(Видео) Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седница на пратенички прашања ја повика Владата да ја раскине концесијата за изградба на...

Регион10 часа

Тешка пневмонија комплицирана од хроничните болести на Дачиќ: „Шеќерот му беше 20“

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ (60) е во тешка состојба на Клиниката за пулмологија при Клиничкиот...

Свет10 часа

Пакистанскиот премиер: Нема да има компромис во одбраната на нашата сакана татковина

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави дека вооружените сили на земјата „се целосно способни да ја скршат секоја агресивна намера“. „Нема...

Свет11 часа

(Видео) Експлозии во Кабул, Пакистан: Во отворена војна сме со Авганистан

Пакистан го бомбардираше авганистанскиот главен град Кабул и две други провинции преку ноќ, неколку часа откако Авганистанците го започнаа својот...

Свет11 часа

Гислен Максвел: Клинтон и Епстин се запознаа преку мене

Една фотографија го прикажува Бил Клинтон како плива ноќе со Гислен Максвел, британска личност од високото општество подоцна осудена за...

Европа11 часа

Зеленски: Не сум најдобриот татко поради војната, мојот избор е должност

Украинскиот претседател Володимир Зеленски проговори за личните предизвици со кои се соочува по годините војна, признавајќи дека неговите должности го...

Македонија22 часа

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели...

Македонија1 ден

Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Претседателот на поделената Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку својот адвокат, Aбидин Абдули, вчера поднесе тужба за клевета во Основниот...

Македонија1 ден

Мицкоски: Јас бев најнапаѓан човек од Артан Груби, на Прочка се креваа дронови над куќата на мојата сестра

На денешната седница за пратенички прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше прашан за актуелната тема во јавноста со апсењето...

Македонија1 ден

Цвеќе во помен на Борис Трајковски – 22 години од авионската несреќа

Делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, членови на политички партии, семејството денес оддадоа почит во помен на трагично загубените животи...

Македонија1 ден

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време...