Контакт

Политика

Груевски: Македонија е втора во Европа по растот на економијата

Објавено пред

Македонија е на второ место во Европа според растот на економијата по Англија, а во 2014 година продолжува трендот на раст на економската активност, со растот на БДП во првиот квартал од 3,4 отсто и во вториот од 4,3 отсто, со што со што просечниот раст во првата половина од годинава изнесува 3,9 осто, истакна во неделата премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во своето обемно излагање на 15-та го Конференција на Унијата на жени на владејачката партија.
 

dobivaj vesti na viber

Македонија е на второ место во Европа според растот на економијата по Англија, а во 2014 година продолжува трендот на раст на економската активност, со растот на БДП во првиот квартал од 3,4 отсто и во вториот од 4,3 отсто, со што со што просечниот раст во првата половина од годинава изнесува 3,9 осто, истакна во неделата премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во своето обемно излагање на 15-та го Конференција на Унијата на жени на владејачката партија.

 

„Она што посебно радува е економскиот раст, што на мошне широка основа и не е разултат на некој поголем раст во еден, во два или во три сектора. Сите сектори забележаа позитивни стапки на раст. Извозот имаше најголем прдонес, а позитивни движења забележаа и бруто инвестициите од 5,9 отсто и потрошувачката од 3,1 отсто“, рече премиерот Никола Груевски во преполната Универзална сала во Скопје.

Додаде дека растот на инвестициите од инфраструктурните проекти на јавниот сектор и новоотворените производствени капацитети во слободните економски зони се рефлектираше и во растот на градежната активност, која во првата половина на 2014 изнесува 5,6 отсто.

Растот на извозот на стоки во првите девет месеци изнесува 16,2 отсто, што претставува енормно висок раст, но уште поважна е промена на структурата на извозот кон производи со повисока технолошка вредност, а тоа се должи на извозот од капацитетите во ТИРЗ, истакна Груевски.

„Во првите десет месеци од годинава извозот достигна речиси 1,949 милијарди евра, што претставува раст од 55, 6 отсто споредено со истиот период од минатата година, и сочинува повеќе од 30 отсто од целокупниот извоз на Македонија и се очекува да продолжи и во следниот период“, потенцираше премиерот, додавајќи дека претходно седмицава беше објавено дека извозот само од ТИРЗ надмина една милјарда евра.

Индустриското производство континуирано расте 14 месеци по ред без прекин и во првите 10 месеци од годината, забележа раст од 5,1 отсто, како резултат на растот на преработувачката индустрија од 10,4 отсто. Растот во производството на облека е 6,1 отсто, кај текстилот 9,2 отсто, за прехранбените производи 5,7, кај тутунот 6,2 отсто, и кај металите за 1,8 отсто. Висок раст е забележано и во производството на електричната опрема 29,3 отсто, машини и уреди 22,7 отто како и ставката моторни возила и производи од гума и пластика 23,6 отсто, прецизираше Груевски.

Истакна и дека девизните резерви на крајот на октомври 2014 година изнесувале 2,429 милијарди евра, што претставува раст за 22 отсто, споредено со состојбата на крајот на минатата 2013 година.

„Посебно ме радува што повеќе земји од нашето опкружување почнаа да гледаат од нашиот пример и пристап, оосбено во економијата и развојот и да пристапуваат на начин ист како нашиот. Тоа е за поздравување и може да носи само напредок за регионот и уште поголемо охрабрување за нас да чекориме напред и да бидеме пред сите нив“ порача Греувски.

Челникот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во продолжение потсети дека повеќе од 30 странски компании во текот на годинава донеле одлука, а некои веќе инвестирале во земјата, што придонесува за создавање 11 илјади нови работни места, а се очекува да бидат отворени и повеќе од 13 илјади нови директни вработувања, бидејќи шест нови компании имаат донесено интерни одлуки да инвестираат во Македонија.

Осврнувајќи се на сите досегашни странски компании кои веќе се присутни во Македонија и имаат отворено голем број работни места, Груевски потсети дека во последната година 17 странски компании донесоа одлуки и јавно објавија дека ќе инвестираат во Македонија, а во периодот по изборите дел од нив активно почнаа да работат, а дел веќе ги градат самите фабрики, како што се во Штип или „Диатек“ во Скопје. Компанијата „Веибо груп“, како што рече, информирала дека за две недели ќе започне да ја гради наредната фабрика во Ранковце, каде што планира да вработи 5.600 лица.

Покрај овие три компании, осум други по изборите во март објавија одлука дека ќе инвестираат, а две компании кои веќе работат во Македонија, најавија проширување на нивните инвестиции и капацитети, потсети Груевски.

„Со странските директни инвестиции од 2006 година досега се вработени директно 11 илјади лица, а во следните инвестиции кои се потврдени ќе се вработат најмалку директно нови 13 илјади лица, плус голем број индиректни вработувања. Овие инвестиции носат нови технологии, знаења, нови практики и повисока додадена вредност во бруто домашниот производ. Ова е начинот како да се надмине технолошкиот јаз, кој што постои помеѓу домашната и глобалата економија. Многу е важно домашните компании да станат што повеќе добавувачи и соработници и партнери во различни делови, кои овие компании засега ги нарачуваат од странство“, рече Груевски.

Оцени дека ефектите од приливот на странските инвестиции се многубројни, а резултатите се зголемување на физичкиот капитал, искористување на човечкиот капитал и намалување на невработеноста, што создава основа на зголемување на иновациите во економијата, кои се значајни.

Гасификацијата на главниот град Скопје е во напредна фаза на подготовка, односно две компании веќе се влезени низ конкурентен дијалог во финализирање на овој проект. Наскоро следи и секундарната гасификација на источна и западна Македонија, ги информираше премиерот делегатките на годишната Конференција на Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот Груевски истакна и дека за следната 2015 година се планирани зголемувања на платите, пензиите и социјалната помош. „Просечната пензија на пензионерите е зголемена за 62 отсто од 2006-та па наваму, а се зголемија и платите во администрацијата за 27 отсто, социјалната помош за 50 отсто. Веќе за следната 2015 година повторно планираме зголемување на пензиите, на платите и на социјалната помош“, порача Груевски во своето обраќање.

Притоа нагласи дека во времето на СДСМ немало зголемување ниту на плати, ниту на пензии, односно дека може да се потсети само на нивно намалување

Осврнувајќи се на критиките од најголемиот политички конкурент Груевски натаму истакна дека се чини дека како во СДСМ „ да не сакаат да ги видат автопатите, фабриките и проектите кои се очигледни“. Во изминатите девет години, додаде премиерот, опозициската СДСМ ниту еднаш не пофали ниту еден проект од инфраструктурата, ниту еднаш не поздрави странска инвестиција, а вакви проекти ги има многу.

„Не можам, а да не споменам дека има една партија која неодамна влезе во индустријата на производтсво на бомби и ни приредува забава на сите, па и пошироко, а најмногу ми се чини на Атина. Таа партија не најде за сходно во сите овие девет години да поздрави барем еден проект од сите кои сме ги направиле, на пример да кажеа поздравуваме што го донесовме ‘Џонсон Мети’ со две фабрики во Скопје, или ‘Џонсон Контролс’ со една во Скопје и една во Штип, или да кажеа што го донесовме ‘Кромберт и Шуберт’ во Битола, или ‘Дрекселмајер’ во Кавадарци кои беа проектирани за 4.100 работни места, а веќе имаат вработено 4.900. Или за ‘Маккард’ во Велес која забрзано ја гради фабриката и ќе вработи над 600 лица“, рече Груевски

Додаде дека опозицијата како да не ги забележува ниту вложувањата и конкретните постигнувања во инфраструктурата, ниту во делот на кој и да е друг сектор, а ни во делот на привелкување на странски инвестиции и отворање на нови работи места, поле за кое Груевски истакна дека неговата влада постигнала добри резултати.

„Кога велам добри, се споредувам со самите нас, а не со политичката партија која едно погонче не отвори кога беше на власт баш со ова раководтсво сега. Колку и да сакаат, не можат да ги избришат фабриките кои се градеа, се градат и ќе се градат. Колку и да сакаат да ја дефокусираат јавната политичка дебата и да се оврнуваат на темата ‘Скопје 2014’, на пример, убедувајќи се да одбегнат да говориме за патиштата, водоводите, субвенциите, медицинската опрема, повисоките плати и пензии, не разбираат дека се ова во пакет го носи успехот и победата на ВМРО-ДПМНЕ“, потенцираше премиерот Груевски.

Го спомена и обновувањето на железничката линија по меѓународниот сообраќаен и транспортен коридор – Коридорот 10, реновирањето на постојните железнички станици, обновата на товарниот и патничкиот возен парк, што е во тек.

„За пругата кон Бугарија знам дека не сакаат да ја видат, ги потсетува на времето кога фрлија лопата и ветија дека ќе ја градат, но ниту ја изградија, ниту лопатата знаат каде им е, ниту парите кои ги дадоа знаеме каде завршија. Градоначалникот од Центар, чиј најголем проект му е ставање бекатон плочки на 50 метарска улица и покомплексниот проект за давање отворен ден за граѓаните, повеќе со политика отколку со проекти да ја посети Националната арена ‘Филип Втори’, за која тврдеше дека ќе падне, нема паднато досега“, рече меѓу другото во неделата премиерот Груевски.Челникот на ВМРО-ДПМНЕ одговори и на нападите од најголемата опозицска партија СДСМ за состојбите во здравството, а тоа го припиша на тоа што социјалдемократите „немаат одговор каде оделе парите во нивно време“, порачувајќи дека во здравството се направени системки промени во многу сфери, но и порача дека има уште многу да се работи, зашто според него здравството е предизвик во секоај држава, па дури и во најразвиените земји.

„Ние сме фокусирани на тоа и имаме голам напредок и во набавката на опрема и во системските промени и во градбите и реконструкциите на здравтсвените објекти. Досега извршивме намалување на цените на повеќе од три илјади лекови, некаде се намалени цените и до 80 отсто“, рече Груевски и додаде дека во времето на СДСМ никогаш не биле намелени лекови, напротив, само се зголемувале.

„Каде оделе тие пари од толку скапи лекови во минатото, 30 милиони евра годишно граѓаните имаат заштеда од намалувањето на цените на овие лекови, затоа напаѓаат, затоа што се соочуваат со тоа што ВМРО-ДПМНЕ го прави, а тие можеле но не го правеле, напротив го правеле спротивното“, посочи премиерот.

Според Груевски, со паралелен увоз на лекови е направена заштеда 5,8 милиони евра, и со транспарентноста во набавката на инсулинот заштедени се уште 3,6 мичиони евра. Дополни и дека со третниот тендер за набавка на лекови, којшто е во тек, се очекува заштеда меѓу 3 и 4 милиони евра.

„Вкупно е направана заштеда од околу 14 милиони евра, без притоа да им се нанесе каква и да е штета на пацинетите или да се намали квалитетот на некој лек. Напротив истите лекови со ист квалитет со заштеда од дури 14 милиони евра кои планираме да ги инвестираме во реконструкција на битолската болница, темелна реконструквија на болницата во Прилеп и уште многу други“, истакна премиерот Груевски./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Поради сериозен дефект, МТВ не емитуваше три дневници: се проверува дали е намерен упад во системот

Македонската Радиотелевизија информира дека поради сериозен технички проблем вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17.00,...

Македонија36 минути

Родителите на жртвите од „Пулс“: Привремено се прекинуваат блокадите, маршевите продолжуваат секоја сабота

Семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани информираа дека по добивањето на датумот за почеток...

Македонија2 часа

Прекин на испораката на гас за ЈСП, можни се отстапувања од возниот ред

ЈСП информира дека до утре ќе има прекин на испораката на гас и поради тоа е можно да има прекин...

Македонија2 часа

На 35 вакцинални пункта во државата денеска почна вакцинацијата против сезонскиот грип, досега пријавени 43.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, која се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ...

Македонија2 часа

Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, почнува на 19 ноември во судницата во...

Македонија2 часа

Сиљановска – Давкова очекува помош од ЕУ во пронаоѓањето креативно решение за деблокада на македонските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова очекува помош од Унијата во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции....

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево, малтретирал и сексуално понижувал жени

Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Дехари е симбол за брутална злоупотреба на моќта, понижување на жените, и...

Свет5 часа

Трамп: Хамас копа во урнатините и бара тела на заложници, тоа е ужасен процес

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Хамас продолжува со напорите за враќање на телата на мртвите израелски заложници држени...

Европа5 часа

Немири на пропалестинските протести во Валенсија

Најмалку пет лица беа приведени, а неколку беа повредени во пропалестинските протести во Валенсија што се одржаа пред и за...

Свет5 часа

(Видео) Трамп: Америка е во трговска војна со Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека САД се во трговска војна со Кина. Новинарите во Белата куќа го прашаа...

Европа5 часа

Украина тврди дека идентификувала повеќе од 1.000 Кубанци, кои се борат за Русија

Украинското воено разузнавање (ХУР) објави дека најмалку 1.076 кубански државјани се бореле или сè уште се борат на страната на...

Свет6 часа

Хамас врати уште две тела на заложници, велат дека не може да ги пронајдат другите

Хамас вчера ги предаде останките на уште двајца заложници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, но соопшти дека во моментов...

Македонија13 часа

Фон дер Лајен по посетата на Македонија: Топката е во Вашиот двор, ЕУ е подготвена

Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Може да сметате на нас. Вашиот следен и единствен...

Македонија16 часа

Гаши – фон дер Лајен: Економска интеграција на единствениот европски пазар пред интеграција во ЕУ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во рамките на...

Македонија17 часа

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно наследство

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно...

Македонија18 часа

Мицкоски на средбата со фон дер Лајен: Државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност

Денес во просториите на Владата, премиерот, Христијан Мицкоски, имаше средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во...

Македонија19 часа

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица, партијата ќе се жали во Стразбур

Уставниот суд ја одби Иницијативата на Левица за оценување на уставноста и законитоста против Упатството на ААВМУ што се однесува...

Македонија24 часа

Ѓорѓиевски вети бесплатен оброк за секој средношколец и наградни патувања во Европа за првенците на генерација

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денес ја претстави програмата за средношколците. Вети модерен, дигитален и еколошки...

Македонија1 ден

Откриена царинска измама со додатоци на храна во висина од 622 илјади денари: стоката ја пријавувале во погрешна тарифна ознака со пониски царински давачки

Кривична пријава за сторено кривично дело „царинска измама“ со увози на додатоци за исхрана е поднесена за увозник, шпедиции и...

Македонија1 ден

Костовски: Нов модерен затворен базен во Бутел

Актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски им најави на граѓаните на Општината дека...