Контакт

Политика

Груевски: Македонија ќе излезе посилна со решение засновано на волјата на народот

Објавено пред

Решение за актуелната политичка криза во земјата мора да биде изнајдено но дека тоа решение мора да биде засновано на волјата на народот, од кое Македонија ќе искочи посилна, рече премиерот и претседател на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во интервјуто за телевизијата Сител, во коешто зборуваше уште за минатонеделната полициска операција во Куманово, а воедно му се заблагодари на челникот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев, за последната ткн „бомба“ којашто наводно покажувал дека власта лажно се прикажувала како патриоти а се пазарела за идентитет и името на земјата и порача дека нема да даде оставка и да прифати техничка влада.

dobivaj vesti na viber

„Решение мора да се најде, и тоа мора да биде одраз на волјата на народот и на граѓаните на Република Македонија. На нивната волја изразена на последните избори. Решение мора да се најде и тоа не смее да биде по насилен пат, како што можеби некој планирал. И решение ќе се најде. Македонија ќе излезе уште поцврста од оваа криза, со многу поуки и ќе чекори напред уште посилно отколку пред ова“, рече Груевски.

„Оваа влада веќе девет години е на власт и доколку сакала да го промени името, ќе го сторела тоа, но името не е променето. Напротив, СДСМ го смени“, истакна премиерот Никола Груевски, додавајќи дека токму актуелниот лидер на социјалдемократите Зоран Заев е познат по изјавата „дека ќе ја свитка кичмата“ во врска со речиси две ипол децении спорот со Грција за уставното име на земјата, што е главната пречка за евроинтеграциските процеси на земјата.

„СДСМ сакаа да ги променат името и го направија тоа неполни две години откако дојдоа на власт. Со манипулација, без да ги прашаат граѓаните, без референдум прифатија да се викаме Поранешна југословенска република Македонија и лажеа дека тоа ќе биде за два месеца. Тоа коренсподира и со изјавите на Зоран Заев, кој би ја свиткал кичмата и вели дека сите треба да ја свиткаме. Ова е обид за манипулација со граѓаните“, рече Груевски.

Му се заблагодари на Заев за материјалите коишто беа презентирани во саботата еден ден пред големиот протест на СДСМ, со кои, како што посочи, дека „колку и да се креирани и лепени“, го потврдиле ставот на владата дека какво решение и да има, за него ќе одлучуваат граѓаните на референдум.

„Ова е обид за манипулација. Со тоа што го објави не успеа да го постигне тоа што го сакаше, да не прикаже дека сакаме да и направиме лошо на Македонија. Колку и да сечел, лепел, се гледа дека станува збор за размена на мислења, истакна Груевски и додаде дека тоа е суштината на работата да се разговара и да се разменуваат мислења, да се најде решение“, рече премиерот и додаде дека многу луѓе се нуделе да бидат посредници во разговорите, да помогнат со цел побрзо да се дојде до решение.

„За идентитетот од снимките се гледа дека за идентитетот сме сакале да добиеме гаранции преку резолуција на Обединетите нации и многу сум му благодарен за тоа на Заев. На снимките се слуша гласот на Јолевски кој вика дека бараме да се гарантира идентитетот преку резолуција од ОН“, рече.

„Ние во неколку наврати потврдуваме дека кај нас ништо не би поминало без референдум“, рече Груевски. „Токму во тие колку и да се креирани материјали не можел да го извади тоа дека збориме за референдум“, додаде.

Премиерот Груевски во продолжение одговарајќи на прашањето за минатонеделната полициска операција во Куманово во којашто во разбивањето на поголемата терористича група во која загинаа осум македонски полицајци, рече дека со смислени лаги, дезинформации и манипулирање со јавноста некој сакаше да направи конфликт меѓу Македонците и Албанците во нашата земја.

„За потсетување, минатиот викенд и деновите по тоа, дел од медиумите објавуваа дека има настрадано жени и деца, дека терористите биле во патики и тренерки и слични работи кои веќе се докажа дека се невистинити. Кога ќе погледнете од кои медиуми доаѓаа, а тоа се медиуми кои редовно пласираат лаги и дезинформации, кога ќе погледнете дека тие не се осврнаа на тоа, да се извинеа барем да кажат дека нема цивилни жртви, нема убиено деца и жени, терористи во тренерки…, ќе речевме дека некој ги излажал па се извинија. Не, тие си продолжија приказна, како ништо да не кажаа претходно. Се работи за пропагандна војна, на денот на акцијата на безбедносните сили некој сакаше да создаде немир меѓу народот и меѓу Македонците и меѓу Албанците. Некој сакаше да ги поттикне граѓаните на Македонија да одат и да им пружат помош на терористите. Тоа е вистината. Го правеа тоа медиуми од внатре и медиуми од надвор“, рече Груевски и потенцираше дека на крајот се виде дека немаше ниту цивилна жртва.

Појасни дека Министерството за надворешни работи и надлежните служби подолг период ја следеле групата во Куманово, ги знаеле нејзините терористички намери, и реагирале кога всушност двете групи се споиле во кумановската Дива населба и се обиделе да дејствуваат во други локации предизвикувајќи големи цивилни жртви.

Премиерот Никола Груевски истакна, исто така, дека не планира да поднесе оставка, бидејќи мандатот го добил пред само една година кога народот нему му ја даде довербата. Рече и дека мандатот го добил на регуларни, фер и демократски избори и дека поддршката од народот никогаш нема да ја изневери.

„Оставка немам намера да поднесам, ниту, пак, да прифатам преодна влада. Имам обврска да се справам со ова што го прави Заев, да се справам со ова и да најдам решение Македонија да оди напред. И ќе оди напред. Заев пет пати ми кажа дека материјалите ги добил од странска разузнавачка служба, значи дека е свесен дека некој однадвор го креира ова сценарио. Јас да се повлечам би било кукавички чин, јас ќе се соочам со нападот кон нас и заедно со народот да покажеме дека Македонија не може на ваков начин да биде нападната, Македонија покажува и ќе покаже цврстина“, рече Груевски.

Потенцираше дека тројцата функционери, коишто изминатата седмица поднесоа оставки, министрите за внатрешни работи и за транспорт, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, како и шефот на Управата за јавна безбедност, Сашо Мијалков, бидејќи немаат никаква вина и сакаат тоа да го докажат без свое присуство и влијание.

„Сега се соочуваме со материјалите во кои се гледа класично барање мито од страна на Заев на најмалку тројца луѓе. Тој не се повлекува од функцијата, а тоа јавно го побаравме од него. Еве, од Владата си заминаа луѓе без никаква вина, а тој не го прави тоа кога може да влијае врз сведоците и да го повтори делото. Да беше чист ќе се повлечеше“, рече Груевски во врска со неодамна појавените снимки на коишто се гледа дека челникот на СДСМ, кој воедно е и градоначалник на Струмица, наводно бара мито за легализација на градежно земјиште.

Груевски рече и дека Заев негативно одговорил откако бил замолен во понеделник, кога е планиран голем митинг на поддржувачите на владејачката партија, да бидат дислоцирани од пред Владата учесниците на протестите на опозицијата кои започнуваат во неделата кои планираат таму да останат.

Поради тоа Груевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја смени својата локација за собирот закажан за понеделник. Целта, како што посочи, е да не се створи проблем при судир на двете групи, но Заев не сакал со дислоцирање тоа да се избегне.

„По тоа гледам дека човекот сака да дојде до судир, сака да има проблеми. За во тие проблеми, во тој хаос што би се создал кога би се судриле граѓани, тој да најде начин како да се извлече од сите незаконски криминални работи што ги има направено. Тоа нема да му го дозволиме. Ние нема да однесеме таму народ за да дојде до закрвување и меѓусебни физички пресметки. Но, ќе покажеме, со целиот народ кој ќе дојде, дека оваа држава има народ со крената кичма, дека оваа држава нема да дозволи некој однадвор со еден инструменти полтрон на нечии интереси да ја руши државата и легитимно избрана власт и да спроведува туѓи сценарија“, рече Груевски.

Потенцираше дека собирот за поддршка на Македонија во понеделник ќе биде мирен и ненасилен. Истакна дека се надева дека и неделниот протест организиран од СДСМ ќе биде мирен. „Ако поддржувачите на СДСМ повторно прават насилни протести“, рече Груевски, „ќе бидат соодветно пресретнати и ќе им биде соодветно одговорено согласно демократските принципи и согласно уставот и законите“./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет12 минути

„Донецк и размена на територии“: Целиот транскрипт од разговорот меѓу луѓето на Трамп и Путин

Блумберг објави транскрипт од телефонски разговор помеѓу Стив Виткоф, специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за мировни мисии, и...

Свет56 минути

Трамп се откажа од ултиматумот за Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера се повлече од ултиматумот што ѝ го даде на Украина да го прифати американско-рускиот мировен...

Свет1 час

Претседателот на Тајван: Ќе предложам да потрошиме уште 40 милијарди долари за одбрана

Тајван ќе воведе дополнителни 40 милијарди долари за одбрана за да ја нагласи својата решителност да се брани, изјави претседателот...

Свет1 час

Кина: Ќе ги потиснеме сите странски обиди за мешање во ситуацијата околу Тајван

Кина денес предупреди дека ќе ги „потисне“ сите странски обиди за мешање во ситуацијата околу Тајван, откако Јапонија објави планови...

Свет2 часа

Објавени транскриптите, Виткоф до човекот на Путин: Знам што е потребно за да се постигне договор

Пратеникот на Трамп, Стив Виткоф, по успехот на мировниот договор за Газа, минатиот месец оствари телефонски разговор со висок функционер...

Македонија16 часа

Владата именува повереници за општините Маврово Ростуше, Гостивар, Центар Жупа и Врапчиште

Владата на денешната седница именува повереници за општините Маврово Ростуше, Гостивар, Центар Жупа и Врапчиште во кои што на локалните...

Свет17 часа

Украина се согласи на мировен договор со Русија, тврдат САД

Украина се согласи на договор за прекин на војната со Русија, при што остануваат само мали детали, изјави американски функционер...

Македонија17 часа

Уапсени директори и заменик министер за земјоделство: излажале дека недостасуваат пченица и јачмен вредни 780.000 евра

Полицијата денеска уапси пет лица осомничени за злоупотреба на стоковите резерви, излажале дека недостасуваат пченица и јачмен вредни 780.000 евра....

Македонија18 часа

Откажано утрешното рочиште за „Пулс“: Недостасуваат адреси од оштетени и нивни застапници

Утрешното судење за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица и околу 200 се повредени, е...

Македонија19 часа

Не е работа на бранителот да биде судска достава, забележаа адвокатите и побараа судот да им го достави интегрираното обвинение и на обвинетите за „Пулс“

Место воведни зборови од одбраната и изјаснување дали се чувствуваат виновни обвинетите за пожарот во кочанската дискотека “Пулс”, денешното второ...

Македонија20 часа

Мицкоски: 6.045 пристигнати апликации, најголем интерес за искористување на мерката за самовработување

Како Влада, силно веруваме дека економијата расте тогаш кога граѓаните имаат поддршка да создаваат, да иновираат и да стануваат претприемачи,...

Топ21 час

42-годишник пронајден мртов кај селото Нераште: наредена е обдукција, ќе се вештачат траги најдени на местото

Обвинителството извести дека е извршен увид на лице место, дадени се повеќе насоки и наредби со цел откривање на сторителите...

Македонија22 часа

Голема полициска акција: претреси во Скопје, Куманово и на други локации

Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје во тек е полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и на други...

Европа23 часа

Зеленски пред тежок избор: планот на Трамп или несигурните Европејци, пишува Политико

Европските претставници вчера воздивнаа со олеснување, верувајќи дека разговорите во Женева вродиле со плод и дека Доналд Трамп ќе ги...

Македонија23 часа

Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење

Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата...

Европа23 часа

Би-би-си: Украинците би можеле да се согласат на изменет мировен план, Русите се друга приказна

Доналд Трамп силно сака мировен договор во Украина. Киев сака мир уште повеќе, но не по секоја цена, пишува Би-би-си...

Свет1 ден

САД преговараат со Русите и Украинците: „Мора да бидеме сигурни дека Русите се согласуваат со ова“

Секретарот на американската армија, Ден Дрискол, пристигна во Абу Даби доцна синоќа на разговори со шефот на украинската воена разузнавачка...

Свет1 ден

Венецуела до авиокомпаниите: Имате 48 часа да ги продолжите летовите или ќе ја изгубите дозволата

Венецуелскиот институт за авијација денес им соопшти на меѓународните авиокомпании дека мора да ги продолжат летовите до земјата во рок...

Свет1 ден

ОН: На секои десет минути жена е убиена од близок човек

ОН вчера соопшти дека минатата година речиси 50.000 жени и девојки биле убиени од интимен партнер, осудувајќи го недостатокот на...

Европа1 ден

(Видео) Зеленски испрати драматично предупредување: неколку часа подоцна, Русите брутално го нападнаа Киев

Русија синоќа започна жесток напад врз Киев и други украински градови, користејќи беспилотни летала „Шахед“ и балистички ракети „Кинжал“. Нападите...