Политика
Груевски: Минатиот труд и програмата ќе донесат нова голема победа

Не само минатиот труд, туки и програмата наречена „Реално“ ќе нé донесе до нова голема победа, а граѓаните овојпат имаат и специјална причина поради која ќе ги поразат СДСМ, порача Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во Изборната единици 4 од предизборниот собир во Свети Николе во петокот вечерта.
„Ние сме политичка партија која е посветена и сака да помогне секому, тоа го правиме и ќе продолжиме да го правиме. Тоа е една од големите разлики по кои се разликуваме од СДСМ. И на овие изборите ќе победиме поради нашиот минат труд и делата, поради држење до дадениот збор, но и поради новата програма“, истакна Груевски
Рече дека во Македонија се промениле многу работи откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт, и оти граѓаните самите тоа го почувствувале. Посочи дека во времето на владењето на СДСМ, невработеноста се зголемувала, додека во времето на ВМРО-ДПМНЕ таа се намалува.
„Не само минатиот труд и програмата наречена ‘Реално’ ќе нé донесе до нова голема победа. Граѓаните овојпат имаат и специјална причина поради која ќе го поразат СДСМ. Затоа што ги потценија, во овие две ипол години земјата ја ставаа во криза поради свои и нечии тугѓ цели. Не само што слушаме дека ја напуштија теоријата дека ќе победат, туку сега шират теорија и за широка коалиција. Тоа нема да се случи. Тоа нема да ја реши кризата. И сега имаме, на некој начин, широка коалиција со која ништо не се промени. Нашата победа ќе биде огромна и на СДСМ нема да им текне да бараат широка коалиција“, порача Груевски.
Истакна дека крајот на кризата ќе дојде „само под еден услов“, а тоа е доколку ВМРО-ДПМНЕ освои 63 пратеници на изборите на 11-ти декември.
„Откако им одговориме за широката коалиција, сега најнова теорија им е дека водат на сите анкети. Пендаровски вели дека водат на сите анкети, а Шекеринска вели дека анкетите не се точни. Во 2014-та Пендаровски велеше дека водат, и тоа не за малку, а изгубија со најголем број освоени гласови на ВМРО-ДПМНЕ во историјата на Македонија“, рече Груевски.
Речеи и дека во изминатите две ипол години опозициската СДСМ земјата ја држела во заложништво, со тврдењаа за фантомските гласови.
„Две ипол години Македонија се држи во политичка криза и заложништво, и сé започна со фантомските гласачи. Особено во последната година постојано го лажат народот со приказната дека изборните списоци не се прочистени и дека има 500 илјади фантомски гласачи. Овој народ е мудар и знае да препознае дека некој го мами и потценува“, заклучи Груевски./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Средба Османи – Џејн

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес оствари средба со амбасадорката на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ами Ларсон Џејн.
Во фокусот на средбата беа повеќе теми, пред сè, актуелните претседавања на Шведска со Европската Унија и на Република Северна Македонија со ОБСЕ, зачленувањето на Шведска во НАТО и безбедносната состојба на европскиот континент, претседавањето на Шведска со ИХРА и соработката во билатералната и мултилатералната сфера, како и најновиот развој на состојбите во регионот на ЈИЕ.
Во својство на претседавач со ОБСЕ, министерот Османи информира за приоритетите на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ и се заблагодари за шведската продуктивна соработка и поддршка во рамките на ОБСЕ-тројката.
Министерот Османи се заблагодари за шведската континуирана поддршка за интеграција на Северна Македонија и на Западен Балкан во целина во EУ.
Потсетувајќи дека при последното претседавање на Шведска со Советот (во втората половина на 2009 година), нашата земја ги доби визната либерализација и првата препорака на ЕК за почеток на пристапните преговори, изрази уверување дека со својата прагматична и политика ориентирана кон резултати сегашното претседавање на Шведска исто така ќе остави позитивен белег во европската траекторија на нашата земја.
Македонија
(Видео) Николова: Новите инвестиции и работни места доказ за успешните политики на СДСМ

„Владата предводена од СДСМ преку навремени и одговорни економски политики успеа да се справи со последиците од глобалната економска и енергетска криза. Во најкризната година во Европа платите продолжија да растат, продолжи и зголемувањето на нови странски инвестиции и нови работни места“, рече на денешната прес-конференција Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.
Таа напомена „2022 година ја завршивме со 2.300 нови работни места и над 430 милиони евра нови инвестиции во ТИР-зоните, каде што добиваат плати, кои, генерално, се повисоки од државниот просек. Речиси 16.300 наши сограѓани работат во компаниите во индустриските зони во целата држава. Извозот од ТИР-зоните во 2022 година достигна 3,7 милијарди евра, што, меѓу другото, се должи и на новоотворените работни места“.
„Според првичните анализи, на секој 1 денар вложен од државата компаниите вратиле 4 денари назад во буџетот, што значи дека за разлика од претходно, сега имаме инвестиции што носат поголема додадена вредност и за државата и за граѓаните. Со одговорен пристап овој тренд треба да продолжи и во оваа 2023 година за што показател е новата инвестиција од 400 милиони евра на компанијата ‘Магна мехатроникс’, која почна со подготовки за изградба на нова фабрика. Оваа, но и другите странски инвестиции предвидени за периодот, позитивно ќе влијаат врз раст на просечната плата, која првпат во историјата изнесува над 33.000 денари“, рече Николова.
Македонија
Таравари повикува на смирување на тензиите меѓу Северна Македонија и Бугарија

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, повика да се дејствува смирено и да се смират тензиите во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, кои ескалираа по несаканите инциденти во Охрид.
Истакнувајќи дека овие настани се следат со големо внимание и загриженост, Таравари преку објава на „Твитер“ ги повика институциите да се воздржат од изјави што водат кон дополнителни тензии.
„Вознемирен од зголемувањето на политичките тензии меѓу Северна Македонија и Бугарија, ги повикувам нашите институции да се воздржат од изјави што водат кон дополнителни тензии и да се ангажираат конструктивно да придонесат во спроведувањето на договорот за добрососедство и европската интеграција на земјата“, пишува Таравари.
Concerned about rising political tensions between 🇲🇰-🇧🇬. I call on our institutions to refrain from statements that lead to further tensions and to engage in a constructive way that contributes to the implementation of the agreement on good-neighbourliness and 🇪🇺 integration. pic.twitter.com/wqwdtJvuCe
— Arben Taravari (@TaravariArben) January 27, 2023