Политика
Груевски: Народот на 11-ти декември ќе ја разреши кризата

Единствената сила доволно моќна да ја спаси нашата држава сте вие, народот на Македонија, порача во неделата вечерта од предизборниот митинг во Скопје, Никола Груевски, челника на владејачката ВМРО-ДПМНЕ која ја предводи коалицијата За подобра Македонија изрзувајќи уверување дека избирачите на денот на изборите на 11-ти декември ќе се определат за ставање крај на две ипол годишната политичка криза во земјата, за што, како што рече, е потребна масовна поддршка за коалицијата што ја предводи.
„Сакам овој голем митинг да го започнам со изразување на голема благодарност на нашите пријатели од меѓународната заедница, министерот за надворешни работи на Австрија и потпретседателот на Европската народна партија, кои дојдоа тука денес, специјално допатуваа да ни изразат поддршка во пресрет на овие избори и заедно да докажеме дека Македонија има европска перспектива, и дека местото на Македонија е во ЕУ и НАТО, и да им покажат на сите скептици дека заеднички можеме тоа да го сториме, Македонија да оди напред и да почне една нова ера за нашата земја„, порача на самиот почеток од своето обраќање на големиот митинг во Скопје лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Претходно шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц заблагодарувајќи се на поканата оцени дека денешниот собирв е „мошне импресивен“
„Особено сме среќни што е Македонија на добар пат кон ЕУ. Ние сме многу среќни што Македонија е многу важен партнер за нас во Австрија“, истакна австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц високо оценувајќи ја поддршката што Македонија ја дала во изминатите две години на бегалската криза која беше голем предизвик за Австрија.
„Во 2015 година 90.000 бегалци дојдоа во Австрија, а преку милион ја минаа нашата држава. Без вашата влада немаше да бидеме во состојба да ја затвориме балканската рута. Многу сум ви благодарен што не подржавте во оваа особено тешка состојба за нас“, рече Курц посакувајќи од името на неговата партија
во името на мојата австриска народна партија, многу многу среќа на целата партија и многу енергија во вашата изборна кампања.
Тобијас Зек, потпретседател на EPP во својот говор рече дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ “не е обична програма, тоа е програма за иднината на Македонија“. „Ако се определите за Никола Груевски и оваа партија, се определувате за иднината во НАТО и ЕУ“, порача Зек.
Во продолжение од својот говор Груевски им се заблагодари на претставниците на партиите кои учествуваат во коалицијата За подобра Македонија, искажувајќи верба во „во пријателството и партнерството базирано на заеднички вредности и идеали“.
Груевски порача дека продолжуваат заедно напред по новата голема победа на овие избори која ќе ја добијат, продолжуваат со реформи и силно темпо во новото историско време пред нас да работиме сплотено за интересите на нашата држава и народ, Македонците, Албанците, Србите, Ромите, Власите, Бошњаците и сите останати. Имаме уште многу работа, рече Груевски, пред нас се уште многу предизвици кои заедно со нашиот народ ќе ги надминеме.
„Сигурен сум, се сеќавате на нашиот огромен митинг на 18-ти мај на истото ова место, митинг според многумина прогласен за најголем во историјата на државата, кога реки народ од сите страни на државата и главниот град доаѓаа кон ова место, горди и со високо кренати глави. Сите тие луѓе дојдоа тогаш со една работа во своето срце – љубов кон државата! Знаејќи јасно што е што, и кој е кој, што и се случува на државата и свесни дека од секој од вас зависи во каква насока ќе оди државата! Свесни за неправдите, но и сигурни во тоа во што сите вие верувате! Просперитетна Македонија, земја на напредок и реформи, држава на соживот, земја без кризи туку со решенија! Дојде време за крај на кризата“, рече Груевски.
Нагласи дека овие избори на 11-ти декември се тој крај, и оти колку некој и да сака да биде поинаку, мнозинството кое ќе застане зад коалцијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе стави крај на кризата.
„Сите ние заедно, сложно и обединето, оваа коалиција која прерасна во големо движење, кое се спротиставува на се она што се случуваше во нашата земја и сака напредок! Вложени се милиони евра во ова сценарио и кампања на опозицијата.Тие што вложувале во ова, не и мислат добро на државата и на вас, и вие го знаете тоа! Тие кои ја водат кампањата со опозицијата се истите тие кои се одговорни за кризата во државата, што се одговорни за тоа зошто нашата држава тапка во место во евро и евроатланските интеграции, и кои имаат лоши планови за нашата држава, тука е и опозицијата која е алатка во ова сценарио и чие работење вие е познато многу добро. Ја знаете опозицијата, ги познавате и Заев и Шекеринска, нивното богатење и криминално работење се реалноста која ја оптеретува Македонија, нивната ароганција, снобизам и потценување кон нашиот народ се нешто што некој го искористи за да проба да не закрви, додека ние молчевме и трпеливо го чекавме денот кога ќе се соочиме на избори, кога народот ќе си ја одбрани државата свесни дека народот е главниот столб на оваа држава и тој ќе го отплетка јазолот на оваа криза“, рече Груевски.
Единствената сила доволно моќна да ја спаси државата е народот на Македонија, порачаво продолжение Груевски, кој ја предводи кандидатската листа во Изборната единица 4 каде директно ќе се соочи со челникот на опозициската СДСМ Зоран Заев.
„Играње со теми како двојазичност на целата територија и кантонизација, и нудење работи кои некој не ни сонувал дека може да ги добие ниту преку војна, коцкање на нашите надворешно политички позиции преку кодошење на нашата држава секаде во странство, криминали на локално и државно ниво, неработење и покрај тоа што се по 20 години во политиката, лажни ветувања и потценување на народот се работи кои тие ги носат со себе. Говорат за слобода на медиуми, а корумпираат, купуваат и притискаат медиуми, говорат за корупција, а не можат да се одглават од тендери и перење општински пари по принципот едно ваму едно таму. Тоа е истата гарнитура која уништуваше фабрики кои ние сега со проектот Рестартирање на компаниите – Жртви на транзицијата се подготвуваме да ги обновиме. Бркаа инвеститори за да ги заштитат нивните олигарси, а работни места да се отворат беше мисловна именка“, рече Груевски.
Потсети дека станува збор за истите тие луѓе кои ја уништиле средната класа, се збогатиле лично, и тврделе дека некои прашања не заслужуваат одговор.
„Паралелно направија армија од платени протестирачи и систем кој е марионета и работи за сите освен за сопствениот народ. Единствените кои можат да им пратат јасна порака на нив и да го запрат нивното дивеење и продлабочување на кризата, сте вие народот на Македониј. Единствената сила доволно моќна да ја спаси нашата држава сте вие, народот на Македонија. Единствените доволно храбри да им се спротистават, сте вие граѓаните на Македонија“, рече Груевски во својот говор на митингот пред Собранието на Република Македонија.
Во продолжение челникот на ВМРО-ДПМНЕ осврнувајќи се на она што досега го постигнала владата, ја претстави обемната изборна програма при што прецизно ги претстави мерките за привлекување инвестиции и подобрување на животниот стандард на граѓаните./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Средба Османи – Џејн

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес оствари средба со амбасадорката на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ами Ларсон Џејн.
Во фокусот на средбата беа повеќе теми, пред сè, актуелните претседавања на Шведска со Европската Унија и на Република Северна Македонија со ОБСЕ, зачленувањето на Шведска во НАТО и безбедносната состојба на европскиот континент, претседавањето на Шведска со ИХРА и соработката во билатералната и мултилатералната сфера, како и најновиот развој на состојбите во регионот на ЈИЕ.
Во својство на претседавач со ОБСЕ, министерот Османи информира за приоритетите на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ и се заблагодари за шведската продуктивна соработка и поддршка во рамките на ОБСЕ-тројката.
Министерот Османи се заблагодари за шведската континуирана поддршка за интеграција на Северна Македонија и на Западен Балкан во целина во EУ.
Потсетувајќи дека при последното претседавање на Шведска со Советот (во втората половина на 2009 година), нашата земја ги доби визната либерализација и првата препорака на ЕК за почеток на пристапните преговори, изрази уверување дека со својата прагматична и политика ориентирана кон резултати сегашното претседавање на Шведска исто така ќе остави позитивен белег во европската траекторија на нашата земја.
Македонија
(Видео) Николова: Новите инвестиции и работни места доказ за успешните политики на СДСМ

„Владата предводена од СДСМ преку навремени и одговорни економски политики успеа да се справи со последиците од глобалната економска и енергетска криза. Во најкризната година во Европа платите продолжија да растат, продолжи и зголемувањето на нови странски инвестиции и нови работни места“, рече на денешната прес-конференција Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.
Таа напомена „2022 година ја завршивме со 2.300 нови работни места и над 430 милиони евра нови инвестиции во ТИР-зоните, каде што добиваат плати, кои, генерално, се повисоки од државниот просек. Речиси 16.300 наши сограѓани работат во компаниите во индустриските зони во целата држава. Извозот од ТИР-зоните во 2022 година достигна 3,7 милијарди евра, што, меѓу другото, се должи и на новоотворените работни места“.
„Според првичните анализи, на секој 1 денар вложен од државата компаниите вратиле 4 денари назад во буџетот, што значи дека за разлика од претходно, сега имаме инвестиции што носат поголема додадена вредност и за државата и за граѓаните. Со одговорен пристап овој тренд треба да продолжи и во оваа 2023 година за што показател е новата инвестиција од 400 милиони евра на компанијата ‘Магна мехатроникс’, која почна со подготовки за изградба на нова фабрика. Оваа, но и другите странски инвестиции предвидени за периодот, позитивно ќе влијаат врз раст на просечната плата, која првпат во историјата изнесува над 33.000 денари“, рече Николова.
Македонија
Таравари повикува на смирување на тензиите меѓу Северна Македонија и Бугарија

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, повика да се дејствува смирено и да се смират тензиите во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, кои ескалираа по несаканите инциденти во Охрид.
Истакнувајќи дека овие настани се следат со големо внимание и загриженост, Таравари преку објава на „Твитер“ ги повика институциите да се воздржат од изјави што водат кон дополнителни тензии.
„Вознемирен од зголемувањето на политичките тензии меѓу Северна Македонија и Бугарија, ги повикувам нашите институции да се воздржат од изјави што водат кон дополнителни тензии и да се ангажираат конструктивно да придонесат во спроведувањето на договорот за добрососедство и европската интеграција на земјата“, пишува Таравари.
Concerned about rising political tensions between 🇲🇰-🇧🇬. I call on our institutions to refrain from statements that lead to further tensions and to engage in a constructive way that contributes to the implementation of the agreement on good-neighbourliness and 🇪🇺 integration. pic.twitter.com/wqwdtJvuCe
— Arben Taravari (@TaravariArben) January 27, 2023