Контакт

Политика

Груевски од Трново: На Илинден го славиме народот

Објавено пред

Народот е силата која ја создава, брани и развива државата. Денеска го славиме народот на Македонија, затоа што тој ги извојувал победите, тоа била окосницата која давала сила, разум и енергија на лидерите. Тоа биле македонските херои кои обезбедувале продор на македонското дело, рече во вторникот претседателот на владејачката ВМРО ДПМНЕ. Никола Груевски на собирот по повод Илинден во потпелистерското село Трново.

dobivaj vesti na viber

„Знам дека македонскиот народ едвај чека да добие шанса да се произнесе за она што го гледа во изминатиот период, да го даде својот глас, да излезе на слободни и фер избори, да каже дека граѓаните на Македонија се господари на ова парче земја“, рече Груевски.

Земјата се ослободува со храброст и љубов, но голема и успешна станува со дела, рече Груевски, посочувајќи дека до последен атом ќе работи на исполнување на што повеќе ветувања.

„Победата, слободата, напредокот, развојот и успехот се нашата финална цел. До неа се доаѓа со почитување и спроведување на основните вредности“, порача Груевски во обраќањето по повод националниот празник 2-ри Август

Истакна дека Македонија, како и секогаш досега, ќе излезе уште посилна и пообединета.

„Ние Македонците, одовде на Илинден порачуваме дека Македонија, како и досега низ историјата одовде ќе излезе уште посилна, уште поуспешна, економски посилна и пообединета. Да ни е за многу години и векови праникот Илинден!“, рече Груевски честитајќи има го празникот на сите граѓани на Македонија./крај/мф/аш

Извор: Макфакс

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Левица во Корча, Албанија: Остро се спротивставуваме на агресивната и бескурпулозна дипломатска офанзива на Бугарија во Албанија

На денешната средба одржана во Горица / Корча (Албанија), организирана од Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), политичката партија Левица...

Македонија5 часа

Со извикување „Правда за Фросина“, „Секој еден може да е следен“ огромна колона граѓани маршираше за Фросина во Неготино

Огромна колона револтирани граѓани денес во Неготино излегоа на протестен марш за смртно прегазената Фросина Кулакова. Извикуваа „Правда за Фросина“,...

Топ6 часа

Ѝ кажал дека внукот прегазил дете и ѝ зел 5000 евра за да не оди в затвор, лажен полицаец измамил 91-годишна скопјанка

91-годишна скопјанка вчера во полиција пријавила дека била измамена за 5.000 евра од лажен полицаец кој ѝ побарал пари за...

Топ7 часа

Полицијата откри малолетници кои се забавуваат во кафулиња во Охрид по полноќ, пријави ќе добијат газдите

Ноќеска охридската полиција направи акциска контрола за откривање малолетници кои престојуваат подолго од законски дозволеното време во повеќе угостителски објекти...

Топ10 часа

Фатен бегалец баран со потерница за кражба

Вчера во 12.00 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го привеле С.М.(47) од Кичево, кој бил баран по...

Регион11 часа

Тлото на Санторини не мирува, серија од 20 земјотреси се регистрирани на грчкиот остров

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 9.16 часот во Грција, на Санторини каде...

Македонија13 часа

Таткото на Фросина до родителите на Васил: „Изразувате сочувство по 9 дена, немате вистинско каење, создадовте убиец“

По вчерашната прес-конференција на која родителите на возачот Васил Јованов кој смртно ја прегази Фросина Кулакова изјазија сочувство за загубата,...

Македонија13 часа

Автоматска пушка со дрвен кундак и рамка со 14 куршуми најдени во куќа во село Ложани

Струшкото обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела...

Свет15 часа

Деца починаа од предизвик на „Тик ток“, родителите ја тужат социјалната мрежа

Родителите на четворица британски тинејџери го тужеа „Тик ток“ поради смртта на нивните деца, тврдејќи дека била резултат на натпревар...

Македонија1 ден

Васил доби 3 години и 10 месеци затвор за претходното дело, соопштија од Апелација

Апелациониот суд во Скопје на нејавна седница ја одби како неоснована жалбата на Васил Јованов, за претходното кривично дело каде...

Македонија1 ден

Медиумите имаат право да објавуваат информации поврзани со јавни личности, особено ако тие се релевантни за јавноста, велат од АЗЛП за разрешената директорка на „Козле“

Директорката на Клиниката за белодрбони и респираторни заболувања кај децата „Козле“, д-р Каролина Симоновска, претходно испрати соопштение до медиумите со кое...

Македонија1 ден

Сите дојави за бомби, без исклучок, се лажни, тоа се очекувани хибридни напади, ќе има нови протоколи за МВР и за училиштата, вели Мицкоски

Полицијата и училиштата до крајот на денот ќе добијат нови насоки за постапување по дојави за бомби откога утрово многу...

Македонија1 ден

Филков: На сторителите што трет пат ќе се најдат на суд за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол ќе им биде одземена возачката дозвола

Министерството за правда смета дека постои сериозна потреба за понатамошно разгледување и анализа на постојната законска регулатива. Фокусирани сме на...

Македонија1 ден

Јаневска за дојавите за бомби: Апелираме до наставниците за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси креирани од МОН

Апелираме до наставниците и другите вработени во училиштата за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси што се креирани...

Скопје2 дена

МВР: Проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави

Министерството за внатрешни работи извести дека по мноштвото пристигнати пријави за наводно подметнати експлозивни направи во повеќе основни и средни...

Македонија2 дена

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

На 54-годишна возраст почина Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“. Тој беше осуден на 12 години затвор,...

Македонија2 дена

Обвинение против четири лица инволвирани во изведбата на проектот за фасада и илуминација на зградата на Владата

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен...

Скопје2 дена

Нормализирана наставата во училиштата во Скопје по дојавите за бомби

По утринските дојави за бомби во шест основни училишта во општина Аеродром, тимови на МВР веднаш излегоа на терен и...

Регион2 дена

Вучиќ: Курти цело време има наполнетa пушка и сака да пука во Србите

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека премиерот на Косово Албин Курти, секогаш има наполнета пушка и сака да пука...

Европа2 дена

Човекот што најверојатно ќе го наследи Шолц: Ова повеќе не е Америка што ја знаеме

Фридрих Мерц (ЦДУ), конзервативниот фаворит за нов германски канцелар, изрази загриженост за насоката во која се движат САД во вториот...