Контакт

Политика

Груевски: СДСМ ги кочaт процесите свесни дека ќе бидат поразени на изборите

Објавено пред

Во најголемата опозициска партија СДСМ се свесни дека ќе ги изгубат предвремените парламентарни избори во април следната година, изјави премиерот и челник на владејачката ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во интервјуто во вечерниот Дневник за телевизијата Канал 5, во кое додаде дека ниту како влада, ниту како партија ќе прават пречки за комплетирањето на тимот на Специјалната обвинителка Катица Јанева којашто треба да ги истражува предметите од ткн „бомби“ на опозицијата од прислушувани телефонски разговори на високи државни функционери.

dobivaj vesti na viber

Премиерот Никола Груевски смета дека доаѓањето на еврокомесарот Јоханес Хан е сосема непотребно.

„Тоа го изнуди СДСМ со вештачко блокирање на разговорите по неколку закони. Овие закони за коишто тој сега ќе дојде, практично можевме самите да ги поминеме. Тие вештачки најдоа начин една стручна расправа, дебата и меѓу јавните обвинители, исто така, најдоа начин повторно да го блокираат процесот, прво борејќи се ако може да се најде повторно начин да избегаат од изборите, бидејќи тоа е сега нивната главна цел тие се свесни дека ќе загубат на следните избори и за нив тие не се многу посакувани колку и да го говорат обратното, затоа што како што ние нарачуваме анкети за расположението на граѓаните така и тие го прават тоа, и тие се доволно свесни што ги очекува во април“, рече премиерот Никола Груевски.

Според него, втората причина за доаѓањето на Хан во понеделник во Скопје, е СДСМ повторно да го сврти вниманието на јавноста кон себе.

„Кога доаѓа комесарот Хан, СДСМ доаѓа до израз на некој начин, затоа што тие не можат во меѓувреме да дојдат до израз со проекти, идеи со предлози за реформи, со предлози за подобрување на животот на граѓаните или со некоја конструктивна идеа. Тоа не е нивното главно поле на битка. Тие тука губат од нас, не се снаоѓаат. Немаат доволно капацитети за да нé победат на тоа поле. Нивната борба постојано ја пренесуваат на друго поле, на поле на деструкција, на кризи, на заглавувања некакви па доаѓа некој од надвор да не смирува, да ни помогне, да ни олеснува и тогаш тие доаѓаат до израз и повеќе се присутни во јавноста. Тоа се двете причини поради коишто тие го закочија процесот, едното ако може ова да биде уште една причина да се одложат изборите, второ ако не се успее барем да се дојде до израз со доаѓањето на Јоханес Хан којшто, еве ,на некој начин ќе се обиде да го олесни процесот за навреме да се завршат работите кој што следуваат, а тоа се законот за измени за Законот на влада со кој треба да се овозможат оние заменици министри, министри што треба да влезат во владата“, рече Груевски.

Истакна притоа дека досега од СДСМ нема добиено предлог ниту за министер, ниту за заменик министер во владата која треба да го организира предвремените избори.

Груевски, натаму во интервјуто се осврна и на ситуацијата со тимот на специјалната обвинителка, порачувајќи дека ниту како влада, ниту како партија ќе претставуваат пречка за функционирањето на оваа институција и оти очекуваат таа што побрзо да дејствува

„Жал мие што уште на почеток специјалната јавна обвинителка Катица Јанева се судри со фелата, колегите јавни обвинители. Тие реагираат на некои работи, како бројноста на тимот, надоместоците, и реагираат оние кои работат во обвинителството за организиран криминал каде има многу тешки случаи, убиства, случаи за дрога, за членови на Исламската држава. Нивниот буџет е десет пати помал од буџетот на Јанева. Јас го гледам револтот… Не би сакал да заземам страна, оти ова е чувствително прашање“, рече премиерот Груевски.

Посочи на две работи кои се загрижувачки „Едната е што Јанева ги повика обвинителите кои се избрани да не дадат заклетва. Тоа загрижува, бидејќи тоа е законска процедура и законска обврска, и кога прв човек ќе повика свои соработници да не го почитуваат законот, бидејќи сите очекуваме дека таа најмногу ќе ги почитува законите. Со тоа се поставува прашањето дали станува збор за личност која самата нема да ги почитува законите. Втора е фактот што Јанева во еден ден даде изјава дека ќе работи со 7 обвинители, а следниот ден комплетно ја промени одлуката за да и бидат избрани сите 14“, истакна.

„Дали тоа значи дека некој дејствувал на нејзиното мислење и дали таа независно ги носи одлуките. Нова е и нема искуство. ќе го примиме ова како почетнички грешки и ќе следиме нејзината работа“, додаде Груевски.

Порача дека неговата партија ВМРО-ДПМНЕ со нетрпение очекува Јанева да започне со работа, бидејќи, како што потенцираше, немаат направено незаконски дела и сакаат тоа да се потврди што побрзо, и додаде дека е во нивен интерес што поскоро да започне со работа.

„Ние нема да бидеме пречка како Влада или партија во однос на нејзиното непречено работење и ќе излеземе во пресрет на сите барања“, рече Груевски

Груевски потсети дека во преговорите на политичките партии за идниот закон за избори беше прашањето на гласањето на иселениците.

„Една од работите на која сериозно се атакуваше беше дијаспората. Се бараше да нема претставник во парламентот од дијаспората и тука се кршеа копјата. Единствена причина беше тоа што 90 отсто од дијаспората на минатите избори гласаше за ВМРО-ДПМНЕ и ги поддржа политиките. Успеавме со одреден компромис да го здржиме гласањето на дијаспората и таа да има претставници во парламентот. Втора работа е тоа што успеавме да ја отфрлиме онаа чудно и несвојствено барање за бадентер при гласање во ДИК“, реќе Груевски додавајќи дека биле направени други комбинаторики, кои можеби „не се најидеални, но се далеку подобри од она што претходно се нудеше“, гласањето во ДИК да биде суспендирано преку гласовите на партиите на заедниците.

Премиерот Никола Груевски оцени и дека голем срам ѝ е нанесен на земјата од изјавите на лидерот на опозицијата Зоран Заев со неговите изјави во врска со негавата неодамнешна посета на Израел и средба со тамошни високи личности.

„Се случи голем срам за државата. Политичар кој претендира за премиерска позиција да замине во странство и да ја брука државата. Невистини зборуваше… Моите информации говорат дека по случката имале координација (тајната служба) Мосад и министерствата за надворешни и за внатрешни работи на Израел, за тоа како да постапат бидејќи првпат се соочуваат со ваква работа, по излегување од зградата на владата човекот што го примиле да дава јавна невистинита изјава“, истакна Груевски.

Според него, срамот е уште поголем затоа што и покрај тоа што беше фатен во лага, а неговата изјава беше директно демантирана од потпретседателот на израелската Влада, челникот на СДСМ „ниту му се извинил на Израел, ниту на граѓаните на Македонија за срамот кој им го нанесе“.

„Ако Заев дозволува во една таква сериозна држава да говори такви лаги, што ли да очекуваме ние во Македонија од него, и како опозиционер и како претендент за премиер. Тој покажува дека не е дозреан за градоначалник, а камоли за некоја државна институција. Како секој граѓанин ќе може да му верува на него, кога излегува од состаноци со врвнилуѓе од една пријателска држава и ја лаже сопствената јавност, додава Груевски и додаде дека на Израел ќе мора да му се даде извинување за изјавата на Заев, бидејќи иако е опозиционер, како висок политички функционер сепак ја претставува земјата./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот....

Топ7 часа

Уапсен жител на Богданци за убиство на сопствената мајка

Полицијата уапси 39-годишен жител на Богданци, осомничен за убиство на сопствената мајка. Според информациите од МВР,  денеска во Полициската канцеларија...

Македонија9 часа

Уапсено лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје

Полициски службеници од МВР денеска (12 јануари 2026 година) во 12:40 часот на улицата Кирил и Методиј во Скопје го...

Македонија11 часа

Како членка на НАТО, не ни прилегаат технички влади, а предвремените избори носат нестабилност, рече Гаши

Претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека е поборник на идејата за одржување редовни избори, оценувајќи дека честите предвремени избори...

Култура11 часа

„Една битка по друга“, „Хамнет“ и „Адолесценција“ доминираа на Златните глобуси

Во неделата беа доделени престижните награди Златен глобус. Филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another) беше прогласен за...

Македонија12 часа

Непознати глутници се појавија преку ноќ – пронајдени улични кучиња од Албанија во Скопје, се бара истрага и проверка на безбедносните камери

Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...

Македонија13 часа

Водата се повлекува во повеќе региони, дел од патиштата затворени поради поплави, одрони и снег

Центарот за управување со кризи информира дека по обилните врнежи, состојбата на терен е стабилизирана во дел од регионите, а...

Македонија15 часа

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...

Македонија15 часа

Минусни температури низ целата земја, на Попова Шапка измерени -16 степени

Утрово најстудено било на Попова Шапка кадешто се измерени -16 степени целзиусови, -14 било во Mаврови Анови, -13 во Kрушево,...

Свет17 часа

Трамп: Иран нè контактираше за преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со...

Свет17 часа

Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп

Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата...

Свет17 часа

Телеграф: Лондон планира да испрати војници на Гренланд, Велика Британија: Тоа е поради Русија

Велика Британија вчера соопшти дека дискусиите со другите членки на НАТО за одбивање на руската активност на Арктикот се „рутински“,...

Македонија17 часа

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа17 часа

Русите го замрзнуваат Киев, Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка

Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев остануваат без греење по разорниот руски напад во петок наутро, соопштија локалните власти....

Македонија1 ден

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени...

Свет1 ден

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет1 ден

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет2 дена

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет2 дена

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...