Контакт

Политика

Груевски во САД за подобрување на позицијата на Македонија

Објавено пред

Обезбедување подобри позиции за Македонија, но и зајакнување на релациите меѓу Македонија и САД се целите на посетата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на САД, каде оствари повеќе средби со истакнати конгресмени, сенатори и политичари.

dobivaj vesti na viber

Груевски заедно со партиската делегација во чиј состав се пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и Владимир Ѓорчев во американскиот Конгрес остварија средба со конгресменот Кристофер Смит.На средбата се разговарало за актуелната политичка состојба, за состојбата со мигрантите како и стратешката определба на државата за членство во НАТО. „Груевски ги образложи приоритетите на Република Македонија во насока на нејзино целосно интегрирање во НАТО алијансата. Стана збор и за престојните избори како единствен излез од наметната политичка криза.     Конгресменот Кристофер Смит изрази силна поддршка на Република Македонија и на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во справувањето со предизвиците и реализација на стратешките интереси за интегрирање во НАТО“, соопштија од партијата.„Цврсто сум уверен дека Македонија треба да стане членка на НАТО веднаш. Со сигурност ги исполни критериумите, со извонредно лидерство на Груевски. Имав многу добар состанок разговарајќи за овие прашања, и мислам дека државата ќе биде додадена вредност во Алијансата, лојален партнер и пријател. Државата треба да стане членка што поскоро и следниот претседател на САД ова прашање треба да го стави во приоритетите“, рекол СмитГруевски, оствари средба и со доскорешниот заменик државен секретар и поранешен потсекретар за политички прашања во американскиот Стејт департмент, Венди Шерман, како и со Елен Ташер која беше потсекретар на Хилари Клинтон и долгогодишен конгресмен на државата Калифорнија. На средбите се разговараше за исполнување на стратешките определби на Македонија, можностите за дополнително интензивирање и јакнење на пријателството меѓу двете држави, кое освен политичка компонента содржи и огромен економски потенцијал.Претседателот Никола Груевски заедно со партиската делегација на ВМРО-ДПМНЕ присуствуваше на вечера со повеќе конгресмени, сенатори, луѓе кои имаат влијание врз јавното мислење и личности од политичкиот живот на САД. На вечерата присуствуваа Дејмон Вилсон, извршен потпретседател на Атланскиот совет која е единствена граѓанска организација на НАТО, Мајкл Верц потпретседател на центарот за американски прогрес, која е една од највлијателните организации во САД, Мајкл Михан, шеф на американското тело за набљудување на медиумите,  Даниел Сервер и Мајкл Хелтшел професори од Џон Хопкинс Универзитетот, како и други луѓе од политичкиот живот на САД.„Деновиве тука во Вашингтон имав повеќе средби со повеќе политичари, конгресмени, сенатори, но и креирачи на јавното мислење, пријатели на Македонија, луѓе кои што на некој начин се поврзани со Македонија и политиките на Македонија и се трудам да дадам што повеќе информации за состојбите во нашата држава, за предизвиците со кој што таа се соочува, за нашите аспирации за членство во НАТО. Мигрантската криза предизвикува чести прашања, како и политичката криза низ која што поминуваме, изборите кои што претстојат”, рекол Груевски по вечерата. Контекстот во кој Груевски се среќава со овие луѓе е  обезбедување на подобри позиции за Македонија, но и за зајакнување на реалациите помеѓу Македонија и САД. „Правиме сé што е во наша моќ да пренесеме што повеќе информации да објасниме што повеќе работи кои не се доволно објаснети и секако да размениме информации и идеи за идните чекори, за идните предизвици и начините како тие предизвици да се надминат, пред се во Македонија и во насока на зајакнување на односите со САД“, изјави Груевски./крај/мф/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Возачот кој ја усмрти Фросина на „Партизанска“ возел под дејство на алкохол, без возачка и поминал на црвено светло

Дваесетгодишникот кој синоќа усмрти 22-годишна девојка на Партизанска, управувал возило на неговиот татко, без возачка дозвола, а бил и под...

Економија3 часа

Мицкоски: Го разбирам бојкотот на граѓаните на маркети, а јавноста ќе дознае како функционери на СДСМ манипулирале со пресметките

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека легитимно право е на граѓаните да изразат револт...

Свет6 часа

(Видео) „Во оваа несреќа нема преживеани“: полека исчезнува надежта за семејствата по судирот на патничкиот авион и американскиот воен хеликоптер

Се стравува дека голем број луѓе загинале кога патничкиот авион на „Американ ерлајнс“ се судрил со хеликоптерот на американската армија...

Македонија7 часа

Гаши за смената во Судскиот совет: Досега неколкупати сме избрзале, сега сакаме да дојдеме до издржливо решение

Собранискиот спикер Африм Гаши оценува дека во правосудството се потребни подлабоки реформи, но дека треба да се внимава. „На сите...

Македонија9 часа

Пријавете мито во полиција, во Здравство или на клиниките, повика Таравари откога хирург беше фатен со бележани 150 евра

Министерот за здравство Арбен Таравари ги повика граѓаните да привајат доколку од нив се бара мито за вршење услуги во...

Свет9 часа

(Видео) Се појави нова снимка од судирот меѓу патничкиот авион и хеликоптерот над Вашингтон

Регионален патнички авион на „Американ ерлајнс“ се судри во воздух со хеликоптер „блек хок“ на американската армија во близина на...

Топ9 часа

Финансиската полиција поднесе две кривични пријави до ОJO Струмица за даночно затајување

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Струмица поденсе кривична пријава против К.Х поради основано сомнение дека го сторил...

Топ10 часа

22-годишна девојка усмртена кај „Партизанска“, ја прегазил 20-годишник

Вчера 22-годишна девојка била удрена од автомобил на булеварот „Партизански одреди“. Подлегнала на повредите и починала на лице место. Несреќата...

Свет11 часа

(Видео) Во авионот што се урна во Вашингтон се наоѓале и поранешни светски шампиони во уметничко лизгање

Руските уметнички лизгачи и тренери Евгенија Шишкова и Вадим Наумов биле во авионот на „Американ ерлајнс“, кој се урна во...

Македонија12 часа

Успешно пронајдено изгубено лице на планината Скопска Црна Гора

Синоќа, беше успешно пронајдено изгубено лице на планината Скопска Црна Гора во координирана акција на АМСМ, МВР и на ЦУК,...

Свет13 часа

Трамп очаен по падот на патничкиот авион во Вашингтон: „Не е добро!“

Американскиот претседател Доналд Трамп е информиран дека патнички авион се урнал во Вашингтон, откако авионот се судрил со воен хеликоптер....

Свет13 часа

(Видео) Што сними „Флајтрадар“ за фаталниот лет за Вашингтон: Авион се урна во заледена река по судир со хеликоптер

Најмалку 18 лица загинаа кога авион на летот АА5342 од Вичита до Вашингтон се судри со воен хеликоптер при слетување...

Свет14 часа

(Видео) Најмалку 18 тела се пронајдени по авионската несреќа во САД

Според извештајот од САД, службите за итни случаи извлекле најмалку 18 тела. Цитирајќи полициски функционер, Си-Би-Ес Њуз додаде дека сè...

Свет14 часа

Поранешен американски сенатор осуден на 11 години затвор за корупција

Поранешниот американски сенатор Боб Менендез (71) е осуден на 11 години федерален затвор под обвинение за мито, изнуда и корупција....

Свет14 часа

(Видео) Патнички авион се урна по судир со воен хеликоптер над Вашингтон, снимен моментот на падот

Регионален патнички авион на „Американ ерлајнс“ се судри во воздух со хеликоптер на американската армија „Блек Хок“ во близина на...

Македонија1 ден

Битолски хирург извршил операција, па побарал 150 евра да се почести, доставена мерка за притвор

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело примање поткуп од член...

Македонија1 ден

Ригорозни контроли за цените во два големи синџир-маркета од денес, инспекторите ќе утврдуваат дали ги изигрувале законите

Во пресрет на најавениот бојкот на маркетите поради лажно намалените цени, премиерот Христијан Мицкоски извести дека од денес се почнати...

Регион1 ден

Падна владата, но не и Вучиќ, кој владее со Србија, вели полскиот премиер

Полскиот премиер Доналд Туск ги негира наводите дека во Србија избувнала вознемирувачка криза, која исто така е опасна за безбедноста...

Македонија1 ден

Кривична против поранешен помошник-министер и против раководител во МВР за незаконски јавни набавки

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Ж. Т....

Македонија1 ден

Да му се забрани влез во Македонија на Додик и на други спорни лица од регионот, бара ЛДП

„Со настапот на Свечената академија посветена на празникот Свети Сава, со која се одбележува денот на српската заедница во Македонија...